Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Wow,за влакно,па колку толку пак имаат доверба граганите во него.А сега уште повеке..

    ДА ЖИВЕЕ ГРУЕВСКИ
     
    На Hopeful и LittleDevil им се допаѓа ова.
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Нееее,не заработувале благодарение на укредени пари ко сега,туку благодарение на странски фирми во ск ;) Е во странска фирма месечна плата е толку. Исто ко платата на таткото на другарка,кој работеше во др странска фирма и имаше 2000 евра.Е сега,нема такви фирми,ама ете имаме свашта друго,па ке се снаогаме.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.398
    Допаѓања:
    17.618
    Пол:
    Женски
    Хаха, порано имало изобилство од странски инвестиции, сега ме насмеа.
    Ај прашај го пак татко ти да не погреши со цифриве па и во евра ти се, за тоа време се научна фантастика за чесно работење.
     
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Ти смеј се колку сакаш,мене ништо не ми значи,а татко ми според неговото образование,имал и премали примања(зборам за овие СПОРНИ,што ти брцнаа во очи 3000 евра),со оглед дека кариерата ја започнал во директорска фотеља,а сигурно неговите родители домакинка и работник,не му ја наместиле ;) За твоја информација,мајками во 2000 година ,работеше во странска фирма и жената што вареше кафе имаше само плата од 400 евра.Сега еве и во времето на грујо,пријателка наша работи во странска фирма(која е гз и гаќи со вмро и фирмава) и си зима плата од 1000 евра.Тие се платите во странски фирми,незнам како не си чула до сега. :)
     
  5. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.455
    Нејќев веќе на темава, ама морам ова :rofl:
    Како СИТЕ РОДНИНИ твои во време на Бране имале, за нивните па дури и на вас да ви купуваат, само твоите немале? :?: Да не не е до Бране? :lol:
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    И јас си реков не се мешам повеќе, но starbucks убаво кажала, татко и работел во државна фирма, и земал 1000 денари. Не се правете дека не сфаќате. Јас сум била мала тоа време, но знам дека и ние сме живееле со една мизерна плата, од која требало да се плати вода, струја.. Храна за мене, брат ми.
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.398
    Допаѓања:
    17.618
    Пол:
    Женски
    Кажи кои се тие странски фирми да си ја пробаме среќата ;)
    Пак со цифрите нешто не штима за тоа време ама ај нека ти биде. Бравос ако татко ти успеал сам. И денес успеваат луѓе сами, тоа не е причина да фалам некого, особено премиер. За успехот на татко ти не е заслужен премиерот тогашен како и самата што кажа, сам успеал нели. Исто така и во денешно време некој може да успее без заслуга на премиер. Како што спомна и самата сега ваша пријателка зема 1000 евра е малку да не се тоа сигурно премиерот е крив за тоа, пријателката преку врски со премиерот зима 1000 евра во странска фирма :rofl:
    Не знам веќе што да кажам освен да си се смеам иако тебе ништо не ти значи :lol:
    Оправдано очекувам контра реплика да не ми е залудно пишувањето а и да се насмееме малце. Покрај тоа со репликиве се осеќам како во собрание.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.455
    А СИТЕ РОДНИНИ?
     
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    :D Оф леле Боже и пет годишни деца на партиски послушници и платеници почнаа да пишуваат на форуми. Од ова што си го напишала после на другиве се гледа дека се работи за испрано мозоче кое гледа единствено за своето г*зе и за г*зовите на постарите членови на нејзиното семејство. Не вреди да ти се реплицира ама ајде за последен пат... Е вака девојче, прво и прво тоа за крстењето не беше за тебе наменето, да си знаела да читаш убаво ќе видеше од каде почнувам тебе да ти се обраќам.Второ престани да го извртуваш она јас што го пишувам не ни знаеш како да го извртиш, делува малоумно. Јас само реагирам на она поназад што го пишувале твоите сопартијци ама пошто вие врска си немате од координираност пишувате кој што ќе стигне и каде ќе стигне па самите себе се деградирате. Да има криза од есента 2008 ама јас зборувам за големиот бум :o кој според тие твоите ќе се случи за некоја година ако остане Груевски на власт и од кој само Македонија ќе била погодена, зашто нели ако го смениме името ќе одиме во ЕУ и се ќе биде топ, па кризава која патем е најмалку изразена во Македонија, као ќе исчезне |( . За името, јас само знам дека не е променето и дека официјалната политика на Владата е неменување на уставното име и тоа е доволно, ако стане збор за менување тогаш ќе терам поинаков разговор. Диктатура и диктатор не знаеш што, е не залажувај се себе си , да знаеше немаше да се брукаш тука, прво, второ и тоа не ти беше тебе лично наменето, ама ајде. И оди таму восхитувај се на твојот цар Бране, сонувај дека кога ќе пораснеш ќе бидеш како него, а овде да реплицираш на форуми не те бива, и ајде :hai: па-па, всушност и немаше да се навраќам на темава да не се најдеше некоја "паметна" како тебе да ме цитира и да се дрзнува да го омаловажува моето мислење кое патем е поиздржано и попоткрепено од нејзиното.
     
    На starbucks и Rubiii им се допаѓа ова.
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Некои од нив имаа приватен бизнис или работеа приватно, па нормално ќе имаат повеќе пари. Јас го кажав она што мајка ми ми го кажува скоро секој ден. Да ја слушаш мајка ти како ти кажува дека немала пари едно млеко да ти купе, боли и тоа како. Сакаш верувај, сакаш не исто ми се фаќа. И баш не е смешно ова што го пишувам, ама од вас не очекувам друго. Само некој кој не поминал низ ова, може да се смее.

    Можеби и погрешно се изразив. Не сите, но повеќето роднини.
     
    На antilla и LittleDevil им се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Сега сфакам зошто се повеке се оградуваат од темава,и ова е мој последен пост,не бидејки немам што да кажам или ме заќутивте,туку зошто сум степен поинтелигентна и ја знам поговорката попаметниот попушта.Јас имам мое мислење,вие ваше,секој со својата среќа по свој пат,никогаш неможеме да кажеме дека сме 100% сигурни за нешто.Искажав мн нешта што нетреба,и сигурно непланирам да ги отркивам фирмите,таа на татко ми е позната ширум светов,т.е тој бренд,и иако таа на мајками беше еден проект,од големо значење на државава,зборуван и на тв,и беше во времето на Љупчо Георгиевски,со што се потврдува мојата констатација кажана и поназад,дека јас не сум обожавател на Бранко,како тука некои присутни на Грујо,едноставно сум незадоволна од условите за живеење последниве 3 години,и секоја година е полошо,а вие исмејувајте се и зборете што сакате,ама тоа е и ке е мое мислење,се додека невидам подобрувања реални.
    И за крај еден прост пример,дека сончогледот се врти кон сонцето(т.е секој се врти кон тоа од кое има корист).Мој другар беше сдсм до смрт,ама мајкаму ја поставија директорка пред 2 години,дечково незнае колку облека има,коли,телефони,па сега го брани вмро како да му се очи.
    И го разбирам,си го живее животот,односно има ЌАР од таа корелација и љубов(да речам).
    Се надевам животот ви пружил мн благодети откако е грујо на власт,како другаров,иако таа група е мн мала,останатите се сиромашни,очајни и заслепени негови подржувачи.
    пс.Антила мн убаво од тебе што имаш ВИИИИСОКО мислење за себе,ама дај симни се и на земјава шетни малце,ко за промена од облаците ;)
    Како што реков,времето ке покаже кој бил во право.Поздрав!
     
  12. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Многу убаво се сеќавам на времето кога беше Бране на власт и знам како е да се живее со една мизерна плата. Баш кај нас во Кичево имаше отпуштања на многу работници меѓу кои беше и татко ми и на нивно место вработувани беа албанци. Немој некој да ми рече дека се живеело поубаво во тоа време зашто знам како е, многу добро знам како е, како живееја сдсмовчињата во тоа време, еве и денес за време на вмро јас ќе кажам дека кај нас во градот тие истите се најимашни секој со свој бизнис (а како го почнале не правиме муабет), додека сите останати пополека се опоравуваме од тоа време и почнуваме по малку да излагаме од долговите во кои влеговме за време на владеење на сдсм. Затоа го почитувам премиерот, затоа што работи за народот за нас обичните луѓе, а не само за олигарсите кои единствена цел им е да си го принаполнат џебот :fubar:
     
    На mime87, Abeja, antilla и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.398
    Допаѓања:
    17.618
    Пол:
    Женски
    Епа ете, и самата кажуваш дека и тогаш и сега имало такви луѓе што имаат повеќе и што имаат помалку. Ама не е во тоа работата, зашто секогаш ќе има таква класна поделеност.
    Да беше барем пола степен по интелигентна ќе направеше некој компромис во муабетов, немаше остро да ги осудуваш тие што не мислат како тебе туку ќе комуницираше на интелигентно ниво.
    Сега сфаќаш дека тие што се оградуваат од темава се оградуваат поради фактот дека неможат да го докажат со факти она кое го бранат.
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    259.934
    Се оградуваат оти неможат да излезат на крај со одредени членки, кои не дискутираат, не прифаќаат мислење, туку се поставени како адвокати на нашиот ни премиер.
    Таквите личности се оградуваат од секакви политички дискусии бидејќи со личности кои се вмроовски настроени едноставно не се дикутира!
    Се знае како завршуваат дискусиите, Грујо е Бог, а Бране е дежурниот виновник!
     
    На Offspring, enca.69, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.398
    Допаѓања:
    17.618
    Пол:
    Женски
    Еј на ова не ми текнало :rofl:
    Ајде бе пофалете го вие бране што направил, па ако сте во право сигурно нема да речеме не е така ако е така, како што правите вие што само вреѓате некого а не ги признавате и придобивките. Ете тука е проблемот, што вие сте тие кои не ги прифаќаат пофалбите на премиерот а сакате некој да ги прифати вашите со ништо неиздржани навреди. Да имаше материјал за б.ц. да се дискутира со задоволство ќе ви се придружевме. Ама и вие самите не знаете што позитивно да изнесете од тоа владеење.
    Со задоволство би му била адвокат на премиерот, тоа ми е и професија па ако некој има врски нека ме извести по лп :lol:
     
    На antilla, Hopeful и LittleDevil им се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.818
    Значи, да повториме уште еднаш.
    Наслов на темата: Премиерот на РМ.
    Премиер на РМ: Никола Груевски

    Со секоја почит, но зошто некој би зборувал на темата за Лени Кравиц? Или за Џорџ Буш? Или еве за Бранко Црвенковски?! ;)
     
    На BoaVista и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.455
    Па тогаш и сега е исто, некој кој е со власта, си дреме во државна администрација и све по ред, си зима парички, децата негови имаат, а некој кој не е со власта, му бараат членска книшка да се запосли, и ако не сака, или ете не е член, тогаш неговите деца немаат ни млеко ни леб. И сега?
    Ти ако си плачела тогаш, и велиш дека е од Бранко, мислиш дека нечии деца денес не плачат за леб и млеко? Знаеш колку денес има такви? И нивните мајки ги боли. И мене ќе ме боли во иднина, и сега? На тие Грујо им е крив. Или ти сега имаш па многу ти е гајле за другите? Значи и тогаш како сега, некој имал, некој немал. Ти си се трeфнала тогаш да немаш. И ај не користете све и свашта, и секакви неиздржани глупости пишувате. Демек тогаш имало деца што плачат за млеко, денес нема. ГЛУПОСТИ ВО БОЈА. Ама секој си кажува за периодот кога него лично го боли, како што јас сега моментално сум погодена од режимот на диктаторот, пошто цели 2 години ми бараа да извадам книшка за да се вработам. Ама нормално не извадив, боље и гладна него со тоа ѓаволско пусулче.
    За среќа и јас се вработив приватно, како твоите роднини тогаш. И? И јас мизерував тие 2 години со 20 дипломи, и сметам дека со право можам да го нарекувам како сакам, и дами се лоши кога некој го велича. Денес не само што децата плачат за млеко, ќе плачат и за лекови, од реформите, нели во здравството, каде секој невработен ќе нема картони.
    Тропајте деца додека уште вашите ви носат, кога ќе излезете да барате работа за некоја година, тогаш со вас ќе разговарам.
     
    На green.eyes, Offspring, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    259.934
    Да не се самоцетирам, ќе те замолам да го прочиташ уште еднаш моето мислење, па тогаш коментирај.
    И кога ќе цитираш, не цитирај онака како што тебе ти одговара, и не ми го вади мислењето од контекст.
    Само се потврди она што го пишав.
    Самата се стави во групата на членки на кои алудирав во мојот пост.
    Повеќе не би коментирала ништо.
    Доволно кажав!
    Ти благодарам што докажа дека сум во право со моето мислење!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    2.465
    Едни ќе го сакаат други не, едни ќе го почитуваат други не... од оваа или онаа прчинина. Значи не може секој да има исто мислење за премиерот (како и за се друго), и крај на оваа тема нема.

    Може да се зборува што направил или што не направил тој па од тоа да се заклучи каков е. А ако се гледа од политичка страна, се знае дека за тие од ВМРО ќе е светец, а за тие од СДСМ ќе е ѓубре.
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Па комотно отворете тема за Бранко Црвенковски верувам дека ќе има многу што да се каже за време на неговото владеење и да се продискутира или можеби ќе се отвори тема по 3 години ако дојдат господата на власт и ако почнат да прават нешто корисно задржавата можеби ќе има што да се коментира кој знае... :|
     
    На softqueen и Miss-Perfect им се допаѓа ова.