Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.454
    Зошто да има тема за Бране?
    Овде нема тема Никола Груевски, или се лажам?
    Има Премиерот на Р.М.
    Е сега он е премиер и за него се дискутира. Кога ќе дојде друг, тој ќе биде на мета во темава. Што не е јасно или спорно?
    Каде во насловот се спомнува Бране, па едно две од уста не го вадите, исто како И Гвујо ваш што прави. Кошмар ви е очигледно. Темата е премиерот и крај. Без придружни фигури.
    Ќе отвараме тема за секој политичар?
    Или вие немате веќе како да го браните премиерот, па по неговиот терк, да се скрене вниманието, барате тема да се отвори за личност, обичен политичар во МК?
    Ајде тогаш за сите политичари, мислам, стварно е нејасна работата.
    Темава е премиерот, неговите ,,успеси,, или НЕУСПЕСИ, или ИЗВЛЕЧЕТЕ ГО ПРЕМИЕРОТ ОД ГО*МНА?
    Шо на секој муабет дали направил или не вие го спомнувате Бране?
     
    На JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    па премиер на владата е Никола Груевски како сакаш да го именуваме?не ми е јасно и да го нарекуваме во цела тема премиерот(се знае на кој се однесува) никој не рече да отвораме тема за сите политичари
    а што се однесува до повикувањето на Бране уште од самиот почеток на темата се правеше споредба на двете партии и на двата премиери затоа и интензивно се коментирана на темата се разбира...
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Последен пат коментирам на темава затоа што нема сврха ниту ме инспирира, ама Миме, отворено прашање до тебе - кој дел од она што го пишав не го разбра. Јас мислам македонски зборев а не кинески :?:
    А зошто да ја отворам? :D Не ми се дискутира за Бране. Не е премиер, не ми е вујко, нит ми е најбољи другар, нит ништо у животов.

    Очигледно некои работи иако се кажани многу јасно, ќе останат засекогаш несфатени од некои луѓе - а јас навистина почнувам во моментов да се чудам, ама онака солидно зошто побогу? Па не зборам во ребуси ниту енигматично се изразувам.

    Ах боже :headbang: Ај чао!
     
    На julie77, JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.454
    Пирамитке и јас мислев дека совршено јасно, и на најобичен можен начин објаснив зошто се дискутира за дотичниот Гвуевски, ама што е работата што не можат или нејќат да сфатат, не ми е јасно.
    Значи Миме, не реков да го ословуваш со Премиер, викај го и татичко ако сакаш, ама темава е за ПРЕМИЕРОТ НА Р.М. А дикутираме за Гвујо затоа што за жал, тој е моментално премиер. Кога ќе биде друг премиер, во истава тема ќе зборуваме за него, и за неговите грешки и негрешки. Што бараме во тема за ПРЕМИЕРОТ да зборуваме за друг :?: ?
    Тоа би му дошло нешто малку како оф топик. Не?
     
    На BoaVista, JuLleE и Phyramide им се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    пирамида јас мн.добро те разбрав а ако напишеше на кинески ќе те замолев да ми преведиш несакам да навлегвам во конфликт но ќе те цитирам дека и самата рече зошто не би се коментирало еве за Бранко Црвенковски или за некои други икс личности јас најдобро намерно пишав дека ако сакате нека се отвори тема нема проблем и нека се дискутира и за Бранко како бивши премиер и кој има да кажи за него нека кажува и за него ќе има и позитивнио и негативни коментари како и овде...
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    па која е тогаш причината што навлегваш во дискусија и мене не ми е јасно коментираме за Груевски оти тој е премиер затоа и за него се зборува доколку беше Радмила Шекеринска или Бранко Црвенковски премиер за нив ќе се зборуваше незнам која е причината што ме цитирате или само во дискусија безпричински сакате да навлезете :x
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Нема зошто да навлагаш у конфликт, нит е ова арена, нит сме ние лавови :D (ете ти, шо да праам битно е животново за нас по се изгледа :D )

    Значи на овој дел мислеше? Не го разбра?
    Ајде уште еднаш - Зошто некој би зборувал на темава за Бранко Црвенковски?
    Со други зборови, зошто некој во темата која носи наслов Премиер би спомнувал некој кој НЕ Е премиер?
    Со други зборови, не - зошто НЕ БИ збореле за Бране туку зошто БИ збореле за Бране?
    Ме конташ сеа? Или у брзање си додаде едно зборче во мојот пост? :)

    Енца објасни многу убаво - тоа е оф топик.

    Ако не сум разбрана ниту пак сега, тогаш само ќе речам :x
     
    На enca.69 и BoaVista им се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Се изначитав доста глупости на темава, на кои просто да не знаеш дал да се смееш или да плачеш, ама за плачење ќе да е работава.
    Го пишувам овој пост како последен на темава, без да реплицирам на некого, а очекувам да ми реплицирате зошто докажавте дека она што е битно за вас е кој го напишал последниот коментар.

    Вам не ви е битно дали коментарите ви се издржани или не, битно е да реплицирате последни и на тој начин си го полните празното его, и демек испаѓате победници, демек вие некого замолчувате, а уствари не гледате дека повеќето од феминките се оградуваат од дискусија зошто стварно им е преку глава да слушаат и читаат партиски мегафони, послушници и потрчковци и да се докажуваат со луѓе чии мислења немаат суштина, туку се копи пејст на Бумбар, Латас итн. Основниот проблем на сите вас ви е желбата за препукување и желбата да се докажете демек вие сте тие кои ги разбирате работите, а од мислењата на повеќето од вас се гледа дека немате и некои општи познавања, а не па разбирање.

    Извинете за искреноста, ама таков впечаток ми имаат оставено повеќето од вас, секако секоја чест на ретките исклучоци со кои можеш да водиш нормална дискусија, без да ја вртат во оној правец кои им одговара, без да пишуваат рекла казала итн.

    Па сега повелете, напаѓајте слободно, не заборавајте да ги употребите вашите добропознати епитети колку сме очајни и такви слични ствари, а ние ви ветуваме дека нема да ви реплицираме, за да конечно го наполните вашето его и да излезете најпаметни ;)
    Поздрав :*
     
    На Annath, esperanca, Blanca и 4 други им се допаѓа ова.
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.454
    Па добро бе мајку му. Па навлагаме во дискусија за Гвуевски, а вие низ цела тема го спомнувате Бране, аман бре, точно, за Бране ќе се зборуваше тука ако беше премиер, ама не е, и затоа во темава ќе го критикуваме, а вие фалете го Гвуевски, ама без Бранко алибито.
    Зошто во оваа тема го спомнувате Бранко?
    Тоа ве прашувавме цело време.
    ЦЦццццццццццццц.......
    ВТФ диар лорд??????????????????
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    јас те КОНтАМ многу добро ајде да се издразам вака што да правам и не не сум во брзање туку за да се отвори тема за Бране реков оти упорно упорно коментирате на темата и како го браниме ние Груевски или изиграваме дрвени адвокати негови и ред др.работи па златни еве ви го човекот на тацна помалку или повеќе прави нешто работи сега му почна новиот мандат резултатите од долгогодишното владеење на Бране ги видовме дајте да видиме човекот до крај што ќе направи т.е Груевски велите да ги ставиме на една страна позитивните и на друга страна негативните работи и тоа го правиме упорно велиме дека дека во државата неможат да цветаат рози за толку кратко време се разбира ние не го ставивме човекот во стаклено ѕвоно но човекот видливо работи.
    Затоа ви реков отворете тема за Бранко ќе има коментари и кој ќе бранат и кој ќе напаѓаат а не некој да не прозиваат како адвокати на Груевски бидејќи истите тие на тема за Црвенковски ќе бидат негови адвокати
    тоа ми беше муабететот...
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Бранко е споменуван како од едните така и од другите , и нормално е да биде , сепак тој е дел од политичката сцена во земјава веќе 20 години , па нема ништо чудно во тоа неговите поддржувачи да отворат тема во која ќе се дискутира за него , особено затоа што оваа се турка во погрешна насока , како на пример сега ... Не мора новата тема да се вика Бранко Црвенковски , ете нека се вика поранешните премиери на државата... или опозициските партии во државата и нивната политика .... Но , повторно ќе речам најлогично е темата да ја отворат оние на кои им се допаѓа таа политика ...
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.454
    Е добро де, што терате упорно оф топик каква тема да се отвори?
    Ние ви кажавме дека нема зошто тука во секој пост како паралела на Гвујо, за кого се однесува темава моментално, да го спомнувате Бране.
     
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    A што има врска ако е спомнуван Бранко?Кога веке ги оцрнуваа делата кои ги направил Груевски ние вракаме со прашање што направил пак негововиот противник?Дискусија е ова.Темата е за Груевски,точно ама не може цело време сите постови да се содржат добар е и лош е,мора барем да има некоја смисла сево ова.што е целта ако постојано се коментира што правел а што не.
     
  14. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Девојки, Бранко беше 8 години Премиер на Македонија, и 5 години Претседател, а Македонија е независна 20 години, значи 13 години тој бил на кормилото. Па како побогу очекувате да НЕ се спомене тука?? Неминовно е да се прават разлики и споредби меѓу НЕГО и кој било друг политичар, и да беше тема за Љубчо, пак ќе се споредуваше со Бранко, тоа е насекаде низ Македонија, не само во оваа наша тема ПРЕМИЕРОТ НА РМ која патем, јас ја отворив минатото лето.

    Ако толку ви смета името на Бранко тука, во оваа тема, ќе отвориме друга, но тој се спомнувал и ЌЕ се спомнува! А ние не можеме да му го забраниме тоа на никој.

    Ми падна во очи еден коментар, дека имало компјутери ама ете БИЛЕ РАСИПАНИ! А тоа е оној типичен Македонски синдром, ем има нешто, ем не му чини! Јас добив компјутер на училиште во 4та година средно, цела година компјутерот работеше нормално и исправно, но јас многу добро го чував и плус- го делев со ученик од прва смена, различна струка.
    Кога се запишав на факултет плаќав државна партиципација од 250 евра, а сега веќе намалена е на 100 евра. Кога бев средно, патував. Плаќав 2500 денари месечно, сега средношколците од мојот крај не плаќаат ниту денар.

    Не ми е намерата да укажувам веќе што се добро имам видено од моменталната власт, а се разбира, не е се розово. Но коментарите дека Грујо е Бог и светец и што уште не, не држат место.
    Еднаш го сменавме знамето, сакате сега и името?? Нека падне Грујо, ќе имаме ново име, како што имаме ново знаме, место она со 16 краци.
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.817
    Пол:
    Женски
    Па на пример се коментира за неговите достигнувања, за тоа со што се сложувате, со што не, толку работи човекот, а да немате за што да коментирате е трагично(кога веќе нели, ја следите политикава).
    Всушност тоа е темата. А за друго, отворете нови теми, па не мора се да се сврстува во една тема и да се прави каша попара.
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Епа баш дека темата е премиер, ќе зборуваме за премиерот, поранешен, сегашен и иден и ако веќе го фалиме и критикуваме го правиме тоа со причини кои ги наведуваме, а некои споредуваат не бил добар порано било подобро, кога веќе порано било подобро со друг премиер може да се објасни издржано зошто било подобро, по што толку се истакнал претходниот премиер и сл. Овде не му правиме биографија на сегашниов премиер туку ја коментираме работата на Премиерот на РМ. Сега е еден, пред него имаше друг, после нив ќе има трет и тн. Ако зборуваме за Никола ке зборуваме и за Бранко станко...

    Зошто кога вас не ви одговара некој да кажува убаво за некој премиер вие одма се откажувате од дискусија, демек последен пост ви е веќе не се навраќате на темава и пак упорно доаѓате и ништо различно не кажувате освен навреди. Можеби зошто немате аргументи за да докажете дека порано било подобро. Бидејќи вие сте тие што одите контра и на крај не признавате, и немајќи друг излез се откажувате од дискусија, ако имавте што да кажете освен да навредувате не знаејќи друго да објасните ќе дискутиравте.

    Сега повторно ќе се откажете од дискусија, знам, за последен пат ќе искоментирате 8) , баш ме интересира дали сега ќе имате со што да го одбраните поранешниот премиер за кој толку пекате или повторно ќе плукате по сегашниов.
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Енца ма па нели Бранко е крив за се!? И за минатото и сегашноста богами и за иднината. Па мора да има дежурен кривец, кога сите други се прави. :wasntme:
     
    На esperanca, JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.454
    А ти мислиш дека упорно нешто кажуваш?
    И вистина мислиш дека твоите мислења се издржани, а нашите не, па немаме што да кажеме па бегаме?
    Во тој случај штета, точно, не сме толку паметни, немаме издржани аргументи, само ти ги имаш, остани со здравје со нарцисоидното мислење за себе.
    Само да знаеш, повлекувањето во поголем случај е одраз дека карши себе имаш неквалитетен противник за дискусија, кој млати празна слама, а го дигнал носот и мили дека небото му е лимит. Како беше она, со писмен ќе се разбереш, со неписмен исто, ама од полуписмен бог да те чува.
    Старите рекле, попаметниот попушта, а има вистина во многу стари поговорки.
    Ајт пријатно.Победивте.
    Носте го Гвуичко по домче. :hai:
    Едит - Џули, диктатурата и начинот на функционирање на фирерот ги зафатила и поклониците, он не го вади Бране од уста, исто и тие. Кошмар им е. И треба да им биде. Дури и речникот им е сличен на неговиот, ние би рекле прост, тие народен :lol: .
    Стварно немам живци за полуписмен, и на едно око слеп народ.
    Нека бркаат работа, најголем доказ е тоа што темата е Премиерот на РМ, со вовед за сегашниот, а не ПРЕМИЕРИТЕ, ама Бране има посед на топка 60% во темава :lol: . Фрустрација, шта чеш. :lol:
     
    На Annath, Masnoli01, green.eyes и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Ми падна во очи еден коментар, дека имало компјутери ама ете БИЛЕ РАСИПАНИ! А тоа е оној типичен Македонски синдром, ем има нешто, ем не му чини! Јас добив компјутер на училиште во 4та година средно, цела година компјутерот работеше нормално и исправно, но јас многу добро го чував и плус- го делев со ученик од прва смена, различна струка.
    Да ова е мој коментар и апсолутно стојам зад тоа.Додека јас бев средно(завршив во една од поелитните гимназии во градов) компјутерите ни служеа за криење и правење муабети зад монитор.Но гледам дека и до лани не се сменила ситуацијата,бидејки лани сестрами заврши и истото беше,а може сега од септември е др приказна.И како да не коментирам,кога е така?Зар искината блуза ке ти служи и ке ја носиш? Да,ама ако има шанси да се сошие.Исто и со ова,џабе е проект кога нема фајде од тоа.
    И страшна е сликава низ темава,иако реков не пишувам,читам и се чудам колку сте спремни вмро да убиете некој,значи несмее негативен коментар да иде на салтото на Грујо ваш,најголем маж????
    Да ве потсетам,неможете добескрај со коментари,едно што ја губи темава смислата,а второ што морате да си стаите во глава дека секој има право на свое мислење!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Гледам само на кавги ви тргнало, стварно нема цел ова препирање, на крај нема да има никаков успех дискусијата, за едни Н.Г. е дежурен кривец за други Б.Ц. е дежурен кривец, тоа нема да се промени и така. Па ај ако сакате ова нека биде тема за пофалби за премиерот Н.Г. а отворете друга тема за пофалби на поранешниот премиер Б.Ц. само така може да се усогласиме. Така едни ќе си бидат нарцисоидни во оваа тема, а вие за да не бидете нарцисоидни како што бевте тука, отворете си катче за б.ц. и таму пренесете си ја нарцисоидноста.