Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808

    Па ова е и тема за премиерот, и цело време тоа сака да ви се каже, ама за жал не може само пофалби да има ;)
    А ако сакате само пофалби да ви има, тогаш одговорниот нека ја преименува темата во "Пофалби за премиерот"!!!!!
     
  2. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    И да се отвори нова тема за БЦ гарантирано во неа ќе се пишува за Никола Груески исто колку и за првиов. То е. Црно и бело. Нема друго кај нас, да не се преправаме :wink:
     
    На LittleDevil и starbucks им се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Не овака сега , едно е да не поднесуваш некого разумем :nod: и да го мразиш и да те иритира и да сакаш да го нема и да не се сложуваш со негова политика ...
    Rubiii некаде е бесплатен да ама јас гледам за нас , а кај нас немаа во план да ја пуштат цената така да прилагодувајќи се на нашите услови , мене ми светна намалувањево .


    АМА

    Луѓе мои !!!

    Како е можно од омраза да го закочиш мозокот за разумно расудување? Како подесен да е на ГРУЈО Е ДИКТАТОР , ТОЈ Е СЕ НАЈЛОШО . БРАНЕ Е ЦАР ? ! :^)
    Малку РЕАЛНОСТ ште ве молам :!: .
    Не викам утре да гласате за него , и да се крстите во него ама ? Ова бе ? :tmi: Зошто ги спорите фактите ? Зошто никој од погоре наведените од спротивниот табор не вика направи добри работи ? ЗОшто не вика имам подобри услови патувам без визи , земам поголема плата , заеби ги спомениците еве тие ви преат ама зошто тоа не го викате или помислувате на еден единствен момент ? :?:
    Во ред е да бидете против во ред е да не го сакате па и во Господ не верува и не го сака секој најнормална појава ама малку објективност не е на одмет . :)
    Јас лично го слушнав Господин Бранче на митинг кога рече цитирам ...

    -Јас нема да коалицирам со Албанците
    -Ви ветувам ќе има вработен во секое семејство бедата ќе заврши ...

    И да да ги доби изборите и процветавме |( .

    Еве за крај еден пример . Моја фамилија е СДСМ до гроба ... Значи се крсти во нив активна во партијата ,е на битна функција во истата и дрн дрн ...
    Е сеа ја дигаат платата на персонава за добри 10 000 денари во фирмата кај што работи не било кој туку Грујо или како што милува да го каже Чарли Чаплин . И викам добро се ми е јасно нема ни да се обидам, да те убедувам само кажи ми како ти паднаа 10 000 плус во џеб ...
    Знаев дека ќе го плука ама ај ...
    И се мисли се мотка се мотка и ми вика еее што па јас имам факултет ... :lol: коментарот е сувишен :|
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Драга Енца, како што ти имаш причина да го мразеш Груевски, така јас имам причина да го почитувам, а да го мразам твојот ценет Бране. Причините се знае кои се, ти ги кажа твоите, јас моите. Тоа е целата физолофија на овој муабет, а сега прекинувам со оваа т.н. дискусија.
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Грујо не е диктатор, тоа е факт, ама има доста недемократски подвизи во неговата кариера.
    Работи селективно, тоа е факт. Велија крадел го затвори, ок бе, ама ајде нека го затвори и Ѕинго, зошто тој да се шета на слобода, да ги тероризира луѓето во Кратово практично да им врши диктатура (работат во негови фирми зашто во Кратово Ѕинго поседува скоро се, и не им дава плати ами бонови за да си купуваат јадење од негови продавници). Тоа фер ли е? Нека оди едниот у затвор, ама па нека оди и другиот. Зошто кога на Јанкуловска и рекоа и и приложија докази за сите сомнителни тендери и мучки на Ѕинго, само даде краток одговор, ако има нешто нема да се работи селективно. Епа ајде нека не се раоти, ама кој ќе каже? Полицијата сама по себе ќе отиде да провери? Полицијата е под нивна палка, без нивна наредба не прават ништо, а многу е јасно дека немаат намера да превземат нешто против овој паразит. Значи, се работи селективно и нефер.

    Без визи не патувам, воопшто, не патувам никаде надвор од државава затоа што немам пари, така да, тоа воопшто не ме тангира мене лично.

    И Грујо рече дека нема да амнестира, рече и дека нема да коалицира со нив, па пак го направи тоа, ама болното е тоа што 6 години изигрува најголем патриот, етикетира патриоти и предавници, а на крај тој излегува предавникот. Кога не си нешто поарен подобро молчи. А не на едната страна си патриот, на другата ги амнестираш терористите. И баш Венди, ти пред некое време имаше многу поинакво мислење за тоа случување, ама сега гледам ти се сменило. Чудно :)

    Администрацијата врие од средно образовани, сега во моментов кога скоро секој завршува факултет, еден куп со средно се вработени, додека оние со факултет неможат работа да си најдат. Јас лично имам школска заврши средно исто како и мене, ама работи администрација девојчето и си зема дебела плата. Зошто пак таа да го држи местото на некој по кадарен? Зошто јас да седам дома а таа да зема убава плата кога и двете сме со исто образование само таа има книшка, а јас немам.

    Спомениците кажав дека не ме тангираат воопшто затоа што јас не живеам во Скопје, живеам во Велес, исто така не ме тангира ни за бесплатниот превоз на старци во вторник и петок, појадокот на камен мост, и улицата Македонија стара 100 години, ама ме тангира што сите плаќаме само за они да прават се во Скопје. Сите плаќаме исти даноци, цела држава, но остатоков умира, додека во Скопје се централизира се, сите извори и приливи. Ај сфаќам дека има голем број на жители и скоро цела администрација е таму, ама па ние што сме овде? Ние не плаќаме даноци? Еве пак ќе прашам, зошто бе нас во Велес не ни донесоа 2 автобуса да вртат низ град и пензионерите да одат на пазар без пари во вторник и петок? Зошто баба ми да дава за такси, и таа е пензионерка и таа плаќа исто данок колку што плаќаат Скопјани. Зошто тие да се гоштеваат на камен мост со државни пари, не Скопски, ами државни итн.

    Добро беше тоа со учебниците бесплатни, еве рака на срце, само што имаше големи лапсуси во нив. Инаку добра работа. Нема да лажам или да барам влакно во јајцето. На други добри работи неможам да се сетам моментално, ако се сетам ќе допишам.

    И дајте ве молам, колку се познава дека појма си немате од политика, дека барем еднаш дневно Вести не гледате, ама овде паметувате и мислите дека сте интересни, а назад е вашето, еден куп средношколци по темиве очи вадат, а уште не почувствувале каква курва може да е политиката.
    Ве молам, не за мене, јас знам што се случува, следам, пратам, ама барем не се брукајте, затоа што смешно ни паѓа на нас кои пратиме актуелности да читаме такви небулози од недоволно информирани личности од муабети рекла казала пред кооперација.
    Последново не се однесува на Венди.
     
    На Annath, Rubiii, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    За амнестијата кажав и стојам за тоа беше ужас потег кој никогаш нема да го оправдам , ама знам дека ќе беше исто да беше било кој на негово место значи БИЛО КОЈ крај краева сите се продадоа .

    За некои работи имаш право ...
    Оффспринг за Скопје како метропола да треба да се гради ама треба да живнат и другиве градови за тоа потполно се сложувам :nod: .
    Ама и тоа тешко оди еве прост пример дисперзирани студии ... Каков успех имаат слабо ептен слабо пак сите идат во Скопје .
    Некои по подобри услови некои ете комплекси Живеам у СКОПЈЕ |( а ги има и тоа поприлично многу .
    Ѕинго точно е тој владее со Кратово ... Не е Никола светец при коалицијата на Велија и СДСМ, Никола и Ѕинго секој се снаоѓа . Па одредено време се штитеа Велија и Никола и самиот Велија кажа на прашање зошто се разидовте со Груески тој одговори тој си замина и уствари призна ...
    А чекај зошто тогаш СДСМ еве знаеме дека така ќе беше ако победеше СДСМ на Велија се ќе му беше опростено нели ? :wasntme:
    Не отруја со тие реклами кои заземаа 95 % од програмата за тоа ...
    Излезете да гласате за спас на А1 |(

    Кога гледаш не се ништо подобри и СДСМ .

    А еве мене баш ме интересира овој Груески не чини ај нека биде ама што направо Бранко ? ! Зошто тоа никој не го коментира ...
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    е пак душо изгледа нема многу што да се коментира за Бранко
    никој не го возвишва Груевски ако кажуваме факти за неговото работење, треба да се развиваат и другите градови се разбира ама бре луѓе неможе Груевски ниту било кој друг да биде надзорник 24/7 во секој град има контрола над све и плус да ги држи сите конци во рака па човекот затоа има ставено министри, затоа секој град има градоначалнци па нека се заангажираат нека се потрудат да ги оправдаат галосовите на граѓаните не е све до премиерот градоначаникот на Скопје има голема заслуга кон тоа како изглеад СК денес па :clap: за тие луѓе што работат како него....
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Што имам јас Бранко да го коментирам кога он не е никоја битна фигура во политиката последниве неколку години. Крај краева, кога Бранко беше на власт јас бев црцорец и појма си немав од животот. Ни па додека сум била средношколка не сум се замарала со политика, затоа што едноставно не ми се тиче. Ама сега кога гледам каква курва е политиката неможам да молчам. Зошто да има бе, двојни аршини? Зошто јас да седам дома а девојка со исто образование како моето да работи администрација? Зошто пак некоја со средно да го зафаќа местото на некоја со факултет? Фер ли е тоа?

    За Велија ич не ми чуе, многу ми е гајле впрочем, само и тука има двојни аршини, кога оди едниот во затвор, нека оди и другиот бе, зарем со чесност Ѕинго толку пари собра? Зошто него никој не го чепка?
    И неможете да знаете што би било кога би било, затоа што едноставно не е, и пунто, крај на програмата. Помирете се дека Грујо ги амнестираше. И гледајте како, кажувам целосно мислење за Грујо, ама не, пак очекувате да кажам нешто и за Бранко и упорно сдсм од уста не ги вадите, а тие кутрите опозициона партија од 2006та година која си нема апсолутно никаква моќ во последниве неколку години и последниве неколку одлуки болни. Да не зборувам и за тоа колку сме до гуши заглавени, па тоа е страшна работа, и тоа заглавени за чисти глупости кои никако нема да ги повратат тие позајмени пари. Да не случајно тоа што луѓето го сликаат воинот ќе донесе пари? -Нема.

    Требаше многу поразумно да се вложат кога веќе се земаа. Наместо да се курчат со споменици, можеа да го средат Преспанско, Дојранско и да имаме асален туризам. Можеа да го средат Берово, Охрид, Струга, за да ни се повратат парите назад. Ние немаме никаков туризам, за жалење сме. Друго е кога имаш прилив на пари од страна да се трошат во твојата држава, ќе идеа туристи ќе трошеа тука. Ние барем имаме фини природни богатства, немаше потреба од бронзите во Скопје. Можеа со тие грдни пари што се плуснаа секој еден град да го направеа атрактивен сам по себе, секој град во земјава си има своја историја. Ама не, направија циркуз, направија да бидеме подложни на потсмев.
    И ве молам не ми го пикајте Бранко во устата, несакам да изигрувам како средношколките на форумов и да трескам глупости за кои не сум упатена. Несакам да се бламирам и трескам глупости кога за тоа време појма си немам, освен дека Киро беше претседател.
     
    На green.eyes, Masnoli01, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Дечки што се замарате бе ? Кого го бира народот последниве пет години? Се знае Никола Груевски и тоа три пати по ред..народот е во право.. што и да пробуваме да докажуваме..факт е дека и наредните 4 години Груевски ќе ни е премиер а верувам дека и потоа. Кој губи има право да се лути и да контрира нормално си е тоа. Да живее Никола и да живее Македонијаааа ! :D :D :D
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Типичен муабет од пред кооперација. За вакви муабети зборував назад. Дајте бе, малку посериозно бе луѓе, смешно е, дискусииве се смешни, старци пред кооперација во некое село што ги прават уз пиво или ж`та.
     
    На Phyramide, JuLleE, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Типичен муабет и од ваша страна..неможете да се соочите со реалноста па најлесно е да плукаме по другите..твоето мислење за моето мислење не ме интересира..сепак ти си таа која покажува малограѓанштина и пробува со провокации да омаловажува луѓе. Како што веќе реков јас твоите мислења не ги коментирам затоа што имам свое..не се кријам позади туѓи мислења. Секој има право да си каже што си мисли јас за разлика од тебе го почитувам твоето мислење..поздрав!
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Не го почитуваш, туку настапуваш со провокација, која и воопшто не е пожелна на подфорумов, само ќе разгори тензии. Кој губи има право да плаче - постои во спортот, во политиката не. Бидете среќни бидејќи постојат луѓе да критикуваат, кога ќе престанат да постојат - е тогаш богами лошо ќе биде. И се гледа дека не си упатена, само трескаш муабет од кој појма си немаш, затоа што ако имаше појма, ќе знаеше дека опозиција постои за да ја критикува власта и нејзините грешки, како што впрочем постои во секое нормално демократско општество.
    Ве молам, упатете се па трескајте. Смешно е, читам и се смеам колку сте неупатени и трескате кооперациски муабети. За разлика од да речеме Венди и на времето Вику кои имаа достоинство во коментирањето, и издржана диксусија. Сега само дечишта никнале, појма немаат, чуле а недочуле, ама битно кој губи има право да плаче, смешно...
     
    На JuLleE, BoaVista и ludoto19 им се допаѓа ова.
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Овде не планирам да се расправам со тебе..само ќе си го повторам мислењето..Народот бира-народот избра! И лути се колку сакаш..зошто очигледно е дека се лутиш и паѓаш на провокација..а за упатеност и ти не си мн упатена зошто на темава од твоја страна гледам само контрирање..не е вака-така е..кој и зошто кажал?
    Овде сме сите неупатени, само ти си упатена а факти и аргументи немаш никаде..на крајот на краиштата смешна си само ти.
     
    На kikikikirika и starbucks им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Види вака, јас тебе можам комотно да ти држам предавања иако сум без факултет. Се гледа колку разбираш, се гледа колку поднесуваш критика, и многу ми е јасно дека тоа ви е веќе попримено де :) Алергични сте на критика, веднаш се збирате како пчели на мед, и плукате безврска. Се гледа твојот муабет колку е упатен, за разлика од мојот и на уште неколку овде дури и од да речам спротивниот табор за кои признавам дека имаат издржана дискусија. Сите други сте ветар и магла во подфорумов. Кога не знаете подобро молчете не се посрамотувајте. А кој е твојот аргумен и факт? Освен да живее Груевски затоа што стварно човекот живее? Единствен факт во твоето мислење е тоа, ништо друго. Не се лутам јас воопшто, туку ви се смејам искрено, смешни сте ми.
     
    На JuLleE, ana-banana, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Предавања можам да ти држам јас на тебе со оглед на тоа дека студирам политички науки на Правниот факултет..верувај ми ја знам политиката мн подобро од тебе.. Ќе повторам- Не ме интересира твоето мислење за мене! Факт е тоа што мнозинството на народот во МК го избра Груевски за премиер на Македонија.Три пати по ред! Поголем факт од ова има ли ? .Ако сме ние ветар и магла на форумов ти си прашинка..твоите постови се полни со арогантност и самобендисаност тоа е одлика на несигурни луѓе кои сакаат да се докажуваат пред другите.Овде ставам точка на моето расправање со тебе и не планирам повеќе да продолжувам во ниту еден пост.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Уште едно смешно мислење, во недостиг на аргументи ја анализираш мојата личност :D Тоа што неможеш да ме побиеш е твој проблем, а и јас не верувам дека ти студираш политички науки оти врска немаш. Политички науки оди едуцирај се кај Најубава и читни ги нејзините мислења во подфорумов. :) Ете тоа е студент на политички науки за кој факултет и јас можам да речам дека го студирам, никој овде нема да ми бара доказ дали е навистина :D

    Тоа што народот го избра, зборувам за последниве избори, се знае зошто го избра, и на сите ни е јасно какви притисоци и уцени се случуваа. За предходните избори губеше Сдсм, ама губеше затоа што немаше што да понуди и губеше со причина. А на овие да не беше врзаната администрација да гласа тешко дека ќе победеа и тие фамозни списоци. :)

    Така да, уште еден доказ колку си неупатена и субјективна.
     
    На Annath, JuLleE и ludoto19 им се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Бре, бре која како ќе дојде, ако нема што да каже одма се правда како докторирала на политички науки :lol: И тоа уствари треба да биде доказ дека има некакви познавања од политика. Епа кога мислењата не те претставуваат како високообразована личност мора самиот да си се пофалиш, нели ;)
     
    На ludoto19, JuLleE и Offspring им се допаѓа ова.
  18. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    А за оној возот бугарски и да не зборуваме :D да не беше тој запрашајте се дали ќе ви победеше партијата. Иако победи, тоа не беше победа, тоа беше пораз за вас. Колку бевте, а колку сте сега?! И зошто е тоа така? Можеби затоа што многу бивши вмро-вчиња се збогатиле малку, си купиле поквалитетни очила па прогледале, не се веќе слепи!!!
    Ахх бре, и сами си знаете дека е така, само не знам зошто нас не убедувате... Ама ако, штом така ви е подобро лажете си се самите себе, зошто нас неможете! :D
     
    На JuLleE, Offspring, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ќе иде дискусијава до недоглед ние едни вие друго и се така во круг ...
    Не знам што да кажам секој со свое мислење...
    Нема логика да напнуваме
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.203
    Венди неможе дискусија да се води врз основа на коментари од типот да живее Никола Груевски!
    Секоја чест за тебе, ама одредени членки претераа и темава ја претворија во малски муабети. Нормално дека ќе има спротиставени страни, без тоа не би постоела ниту дискусија, ама не и да се оди надвор од границите.
     
    На Phyramide, Offspring и BoaVista им се допаѓа ова.