Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Не летајте многу по Гвујо. Не е тој толку способен или олмајти Гад колку што леѓата му ги чува и со него манипулира како сака неговиот братучед. Да не го спомнувам кој е го знаете, и врапците веќе знаат. Најлесно е со мижи да ти баам муабети, па после со уцени и притисок да се манипулира народ (поголем процент неписмен или полу писмен, ограничен итн.).... Само ајде еднаш, два пати, три пати власт ... ама се има крај. Кругот се врти. Никој не е вечно горе. Но падот е многу лош после. :geek:
    Ајт, толку од мене. И не ми реплицирајте ве молам, само си кажувам свое мислење.
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Грујо знае кај да подмачка си има стратегија човекот . Итар е и тоа многу . Знааеше од старт што сакаше да постигне . За разлика од Бране не го гледа светот од висина , не е надмен , буквално СИТЕ КАТЕГОРИИ и КЛАСИ ги собра крај себе . Тоа на Бране не му одеше . Да бидеме искрени , Бране е поппретставително човече и блабла ама овој испадна попаметен .
    Како успеа Никола ?
    Успеа со тоа што знае што пали кај народот. Ги прибра пензионерите , земјоделците (во најголем дел ) за невработените кои почнуваат бизнис има многу бенефиции , многу олеснувања , кредити , партиски вработувања .
    Ако на тоа се додаде Визна Либерализација кој е и те како важен чекор дури самата коалција на мое пријатно изненадување му честиташе на Груески . Зголемување на платите во администрација , градење ( спортси сали , патишта , училишта -модернизирање на истите , Скопје изградба на градов , споменици ствар укуса , бесплатен превоз за пензионериве, бесплатни бањи , модернизирање на здравство се купија многу апарати ...
    А не дај Боже на еден болен не му дошло до тоа кој е на власт туку гледа како да преживее .
    Уште една многу битна работа што му упали на Груески
    ПАТРИОТИЗАМ дали е искрен или не знам ама знам дека мене ми игра и те како битна улога во одлуката кого да заокружам на избори .
    Мене тоа ми е слаба точка . Ете еве се за избришеме од Неславното минато на СДСМ самиот факт што според мене ја газат историјата не ми дава да им дадам глас .
    Странски новински агенции светски познати предвидоа и пораз на СДСМ пред избори не на основна на посебни анкети туку на самиот факт што Македонците ( во најголем дел не го даваат името ) Нели Никола се согласува а Бране викаше дека мора да се гледа напред дека мора да биде ПРОМЕНА .И вети влез во ЕУ за како беше 3 месеци ? :?:
    Прво тоа НЕ Е МОЖНО и е НЕРЕАЛНО а освен тоа како би се договорил спор кој се воде 20 години за 3 месеци ? Да се вратам кај новинскиве агенции , причината ја најдоа што во јавноста а така и е , Груески е претставен како ПАТРИОТ а Бране ПРЕДАВНИК ете ја легендарната поделба на ПАТРИОТИ И ПРЕДАВНИЦИ |( .

    Ова е политика а политиката е *урва си била е и ќе биде ...
    Само знаете што .
    Жал ми е за поделбата на народот , жал ми е за толку создадени непријателства за сметка на Груески и Црвенкоски и фотељи а ги знам многу .
    Па да му *бам мајката 2 милиона сме бре , уште да се цепкаме фали :@ ете ова ме нервира , што очи копаме за политика се друго може да поднесам .

    Досега само два пати осетив што е ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА првиот пат кога отидоа сите во Букурешт на самиотот акј што требаше да добиеме препорака за преговори . За прв пат рамо до рамо застанаа Бране и Николче . За прва пат сложно . Поразот и неуспехот без заеднички . Ама битно се обидоа .
    Вториот пат сега со кошаркава , Трајко Велјаноски , Груески , и Јани Макрадули заедно ?
    Тоа не се гледа секој ден .
    Е јас во таква Македонија сакам да живеам . Нормално е да има смена на власт нормално е да се контраме ама НЕ Е НОРМАЛНО очи да си вадиме . :!:
     
    На kikikikirika, OzzyAngel, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Незнам Венди баш, кој ја измени историјата, особено современава од пред 20 години па наваму. Ај сети се на прославата. Каде беше споменуван Киро Глигоров како еден од основачите и најзаслужните за Самостојна Македонија? Беше ли одликуван и почесен (освен од ОМД што му дојдоа дома) со нешто?
    Дали како жив сведок на 20 години независност тој беше на прославата? Му даде ли некој збор? -Не, туку само Грујо млатеше празна слама едно 40 минути чиниш митинг си држи, а што е најтрагично, тој бил студент или средношколец кога се формирала државава во 91ва. Смешно.

    И дали според тебе е во ред тоа што тој манипулира со пензионерите, наместо студентите да бидат главен фактор во ова општество, тој сака и невладините организации да ги вметне под своја палка после протестите за Мартин Нешковски. Демек сака гласот на младината да го задуши, само и единствено за да не го критикуваат.

    За лустрацијата, како е можно бе, само оние што го критикуваат да се најдат на листата за лустрација, тн Соросоиди почнувајќи од Милчин, а да нема ниту еден, ама ниту еден единствен од редовите на Дпмне. И сето тоа спектакуларно изведено. Ајде се затвори А1, сега и критичарите ли ќе ги затвараат?
    Неубави работи, човекот неможе да истрпи критика.
     
    На JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  4. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    А мори девојче зарем не гледаш дека ВИЕ плукате а НЕ, (да не речем вака ама ај)..... НИЕ?
    И во ред имаш твое мислење ок никој не ти спори...ама ВИЕ плукате и вреѓате се што не е ВМРОВСКО и згора на се неможете да го спомнете Груевски во ниеден пост без да го спомнете Бранко!!!! Аман не е темава за Бранко за Груевски е ако го сакате толку бранко отворете си тема за него и плукајте колку и да сакате гледм посекако повеќе сте запознаени со Бранко отколку со тој Вашиот а би требало обратно да е нели....!
    Па да му се сневиди страв ми е на Гугал ако напишам Никола Груевски дека Бранко ќе ми излези.

    Ајде доста ќе ве молам...ако некој не ја поддржува владата како Вас 100% не значи дека е СДСМ.... или комуњар и ВМРОВЦИТЕ НЕМААТ ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО НА МАКЕДОНИЈА и баш тоа е тоа што најмногу ме иритира и што е најголем грев од Ваша страна..... тоа сите ќе го платиме таа ВАША МАЛОУНОСТ. Па како бре што мислите Македонија е на ВМРОВЦИТЕ само??? Ма ви се молам....не е точно..Македонија е на МАКЕДОНЦИТЕ а јас сум една од нив и иако не ја поддржувам оваа влада и СУМ опозиција...да ми извините ама си ја сакам државата и народот за разлика од многу ВМРОВЦИ кои сакаат да им изумре пола народ ...т.е. тие што се опозиција....као демек предавници сме биле.....срамота...кој ве учи така бре!? За разлика од Вас јас си го сакам цел народ, го почитувам Вашето мислење колку и да е небулозно и апсурдно ( пример дека Македонија е само на ВМРОВЦИТЕ ) и не пропагирам ако е некој ВМРО да биде стрелан јавно на плоштад.
    А за Вашиот Грујо...што сите се чукате во гради...за сите Вас имам само едно прашање и сакам да ми го одговорите: ЗАШТО КОГА СЕ ПЕНЕЕТЕ КОЛКУ Е ТОЈ НАЈ НАЈ НОКОЈ ОД ВАС НЕ ГИ СПОМНУВА АМНЕСТИРАНИТЕ УБИЈЦИ КОИ ШТО ГИ АМНЕСТИРА БАШ ОВОЈ СУПЕРМЕНОВ НАШ!? ЗАШТО НЕ ГИ СПОМНУВАТЕ....ЗНАЧИ ВО ЦЕЛ СВЕТ САМО ЗЛОСТОРСТВАТА ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО НИКОГАШ НЕ ЗАСТАРУВААТ И МОРААТ ДА ИМААТ СУДСКА РАЗВРСКА А КАЈ НАС ЅВЕРОВИ СЕ АМНЕСТИРААТ? Чекам одговор а на останатите...што се чудите бре кога амнестираат ѕверови...со тоа само им се дава пример на господата наклонети кон ДПМНЕ дека утре можат и да не колат и дерат затоа што нели кај нас тие што колат и дерат ги ослободуваат....така да не се чудете зашто наваму ни оди народот.
    Така да до сите ќе ви кажам вака: ЛЕЛЕ ЛУЃЕ ШТО НИ НАПРАВИЈА!!!
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Оффспринг
    една работа пред ВМРО ние историја си немавме ... Да да мислам имавме ама ја немавме џабе ти историја кога се вртевме во круг , кога не знаевме кој е предавник (говорам за поодмината историја за Предавници во вистинска смисла на зборот ) Само во мозокот ни беше нашишано едно нешто МАКЕДОНИЈА МОРА ВО ЕУ !!!
    Не е битно кој се борел за ова парче чии се овие заслуги . Ете земјава ни падна од небо :tmi: .
    Што се однесува на прославата точно е Глигоров ко да не ни бил никогаш претседател . Ама рака на срце и тој си одбра страна ;) . Не можеш да очекуваш почест од ВМРовец кога го гледаат со нивнен најголем противник дури и птиците знаат дека Глигоров одамна направи трансфер од неопределен во СДСМ па и на собири е забележан . Не се само овие криви . Да беше паметен достоинствено као прав господон немаше потреба што на 80 години да одбира страни демек утре претседател ќе го стават . Јас не го поднесувам човеков поштувам се што направил за тоа еве вакво :bow: ама за изјавата што ја постирав и тоа што немаше ама баш никаква потреба од страна партиска . :!:

    Вчера во ситниите саати имаше реприза на КОД можам да кажам се засрамив од себеси ...
    Имаше емисија за Голи Оток , јас имам учено Историја добри 7 години еее во тие 7 години јас не знаевкој е Панко Брашнаров се до вчера . Кога слушнав кога видов посакав земја да се отвори . Срамота и греота е жими се :tmi: . А сега искрено колку од нас знаат за него , кој е човеков што заслуга имал и која жртва ја дал ?
    Срамота ете толку ќе кажам ... Тешко ми падна на душичкава ете тоа ти е НЕПРАВДА .
    (ако некој знае подробно што бидна за премештајот на останките на Брашнаров од Хрватска во Македонија ќе го замолам да пише во соодветан тема пошо страшно ме интересира ) На крајот од емисијата видов споменик на него . Изграден ни повеќе ни помалку туку од Груески . Признавам да не знаев кој е ќе решев еј кој е овој жити се секој го плеснале на плоштад аман |( .
    Е сега поенатав ми е не кој ја менува туку кој ја БРИШЕ историјата ?
    Мислиш дека ќе дојде ден кога Бранко би им одал почест на овие ?

    Масноли
    Мора да реагирам ...
    Зошто мислиш дека вмровците сакале да им умре народот ? :o :^) Дај те молам знам дека си политички писмена затоа и ме :x .
    За амнестијата сум се изјаснила барењм 5 пати . Тоа не го правдам ама одамна не решаваме ние решава АМЕРИКА впрочем сега да кажам дека Бранко им ги даде знамињата ? ! :^)
    Кога знаеме зошто попушти и се согласи и прифати . Јас не го поднесувам очито ама сега греота за тоа да бидам нереална . Тврдам дека Бранко ќе го направеше истото ТВРДАМ дека и во амнестијата се помеша АМЕРИКА !!!
     
    На kikikikirika и starbucks им се допаѓа ова.
  6. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Читам, читам и не ми се верува. Грујо направи ова, направи она. Е што толку направи бе овој ваш идол Грујо? :?:
    Едно е*ено Скопје 2014, кое за година две, на сите низ нос ќе ни излегне. Кога ќе треба ние од нашите џебови и тие пари што ги имаме да ги вадиме и да ги даваме за спомениците на патриот Грујо, е тогаш сакам да ве видам дали ќе бидете толку силни како сега. :?:
    Како тргнале работите ќе ја стигнеме состојбата во Грција а и ќе ја надминеме, во тоа ни малку не се сомневам.
    Одите ли вие во продавница? Гледате ли дека сите производи поскапеа?
    Сметките ненормално високи особено струјата и водата. :tmi: Триста даноци имзислија. Да се плати данок на ова, данок на она.
    А платите катастрофа. Мизерни 5000 илјадарки. Е за што да се попрво тие пари за вода и струја, за даноците на Грујо или за храна? :?:
    Нели сме сите исто луѓе? Не треба ли сите да се храниме убаво, да носиме убава облека, да возиме убави коли, да имаме по 5,6 стана? Или само администрацијата и тие покрај нив треба да живеат, а за другите баш ги гајле. Ако имаат да јадат нека јадат, а ако немаат ништо, нека гладуваат.
    Си ја продаде држвата на албанците .Сега што сакаат од неа, тоа си прават. Што посакаат за желба, Грујо како Дедо Мраз им ја исполнува. Повеќе права од нас имаат, што е за срам. :x
    Е мил премиере, така како што вие ја водите државата, не се просперира, туку се тоне се подолу и подолу.
     
    На Annath, JuLleE, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Да ти ја кажам најпозитивната работа од тоа владеење? Најпозитивниот производ од тоа време???
    Тоа е всушност најнегативна работа од тоа време..али ете вие го гледате како позитивна:
    ДРАГА МОЈА...ДИРЕКТЕН ПРОИЗВОД НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА БРАНКО ЦРВЕНКОВСИ Е ТОКМУ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ОНОЈ НА КОЈ ТИ МУ СЕ ПОКЛОНУВАШ ( условно кажано )!
    Ова ти е чиста вистина и ако не ти е јасно прашај некој што бил роден тогаш и што бил барем 15-16 годишен а не во пелени или во градинка ...или у т*****и како вас...е било кој поупатен ќе ти го каже ова: Дека Никола Груевски е Директен производ на Бранко Црвенковски!!!! ( и знам дека грешно ќе ме сфати ќе мисли Грујо бил СДСМ...ама ај мрза ми е да и објаснувам сега белки некој друг ќе ме надополн оти глава ме боли од "ПАТРИОТИВЕ" ). Попозитивно за тебе и сите вас...АМИН! Задоволна?
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Не коментирам за премиерот што БИЛ, ниту за тој што ЌЕ биде, туку ќе коментирам за сегашниот.
    Не ме интересира од која партија е, каква функција има во партијата, го гледам само како премиер на РМ.
    И според тоа како си ја врши таа функција, само две добри работи среди-безвизниот режим и отварањето на многуте факултети, барем во време на безпарица и преживување, нема да се даваат пари децата да одат да студираат во други градови. Другото се е :Down:
    А сосем друго прашање е што потоа со сите тие дипломирани инженери? :| :?: Факултетот стана како средно што било порано.
    И ќораво и сакато завршува факултет (таков е изразот) :fubar: :fubar: :fubar:
     
  9. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Драга Моја!!
    Се имам изјаснато за ова и вака ќе ти кажам: Многу пати го иам ова прашање за амнестијата поставено и секој пат иам нагласено дека за одговор не сакам ни да чујам И БРАНКО ТАКА ЌЕ НАПРАЕШЕ! Аман бре девојче јас да сте на власт ама неможете иднина да предвидувате и мисли да читате.....претерувате.... ЗНАЧИ ЗАПАМТИ и ти и сите вие што си ја љубите власта: НЕ Е БРАНКО ВО ПРАШАЊЕ...ТОЈ НЕ АМНЕСТИРА НИКОЈ...АЛОО НИКОЛА Е ВО ПРАШАЊЕ ТОЈ Е ПРЕМИЕР ЗА НЕГО Е ТЕМАВА. Аман остајте го Бранко. Ако си ти толку паметна можам и јас да изигравам магаре со сила и да ти речам: Е ПА БРАНКО НАМЕРНО ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ ЗА ДА НЕ ПАДНЕ ОВА НА НЕГОВ ГРБ! Да е обратно Вие ова ќе го кажете си знаеш ти тоа!
    И аман одговори ми на прашањето без Бранко и Ве молам сите прекинете со Бранко..особено вие властопослушниците.....затоа што со секоја компарација на Грујо со Бранко верувајте дека не го величите Вашиот него само признавате дури и ВИЕ дека е за никаде и дека не чини па демек тој е лош ама има и полош од него..Бранко! сами се лупате од земја.
    А за другото...оди малце на други форуми, следи малце контактни емисии, читај весници и ќе видиш безброј коментари па дури и цели постови на форуми како твоите..од ВМРО ..значи поддржувачи на власта јавно повикуваат да биде стрелан секој што е пред се СДСМ а после општо опозиција....И аман де па Миленко Ваш Неделковски има здружение ЈАВНО оформено за ЛИКВИДАЦИЈА НА НЕИСТОМИСЛЕНИЦИТЕ СО ВЛАСТА! Информирај се после кажувај...и размисли колку е тоа убаво и во ред.
    И ниеден мој коментар не е неиздржан...и тврдам дека ВМРОВЦИТЕ си даваат ЕКСКЛУЗИВНО право на МАКЕДОНИЈА оти тие се нели ПАТРИОТИ...а другите предавници...а тоа драга моја не го измисли народот него дирекно од штабот на ДПМНЕ! Енд оф дискашн! Друго нешто не јасно имаш?
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ова го пишувам по втор пат.

    Исто како што Киро Глигоров го смени името во БЈРМ за наша безбедност, така и Груевски ги помилува овие за наша безбедност, зашто повторно може да се повтори тоа од пред 10 години, па ги знаеме какви се Албанциве. Ова компарација е на место, не превртувајте очи. Сега не ве боли тоа што имаме проблеми со името, заради тој што ни го смени, а не‘ боле тоа што ги амнестирале овие. Дај размислите малце, ако веќе зборувате за ова.
     
    На manja666, OzzyAngel и blond им се допаѓа ова.
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465

    Еј Масноли знаеш што ако мора да бирам смртна казна боље би избрала да ме стрелаат него да ме јадат жива па добро бе нели потпреседателот ваш повика на КАНИБАЛИЗАМ !!! :lol:
    Како што гледаш и моите ставови се издржани и аудиовизуелно докажани
    http://www.youtube.com/watch?v=zkllQcVvo18


    Овој беше во затвор или јас сум сонувала нешто ? Овој го беше аболициран од Бране или ја докажа правдата :wasntme: :?: .
    Пошо нели вмровциве повикувале на ликвидација секој ден слушам се убива по еден од сдсм :wasntme: :tmi: . Рекла казала муабети ај најди ми изјава од лидерот наш што повикува на РАЗДОР на јадење живи луѓе ...
    Боже ова е мизерија во боја :x
     
    На kikikikirika и starbucks им се допаѓа ова.
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Венди дека е итар се согласувам, иако нели на прв поглед не изгледа како таков. За попаметен не се согласувам.

    Според мене Грујо во 2006 година победи само и само заради тоа што СДСМ не знаеше како да ги искористи 4 години власт кои ги доби од народот. Значи Вмро не победи толку заради ВМРО туку заради лошите потези на СДСМ во тоа време. Тогаш народот виде спас во Грујо кој на почетокот многу наивно делуваше и настапуваше во јавноста, народски што би рекле вие.

    За она што е Груевски денес, најава беа предвремените парламентарни избори во 2008 година. Е тие избори ги доби реално и по заслуга, ама од тие избори неговата политика почна да оди во надолна линија. Човекот доби апсолутна власт во државата и се изгуби. Незнаеше веќе кај оди и кај тера. Во тоа време почнаа етикетирањата на предавници и патриоти, уште во тоа време една група на новинари беа наречени соросоиди и предавници зошто во тоа време беа единствени кои се осудуваа да пишат или кажат нешто против Грујо. Тоа што се случуваше тогаш, беше блага најава на она на кое сме сведоци денес.

    Од 2010 година Груевски почна да ја губи довербата кај народот, зошто да бидеме реални подобрувања немаше. Да залажувања (во стилот на ќе ти качам пензија 500 денари, а ваму ќе ти ги земам преку покачен животен стандард и цени) имаше, ама подобрувања посебно во битните сегменти немаше. Невработеноста си остана иста и покрај агресивната кампања за знењето е сила и моќ, со што поттикна и ќораво и сакато да се запише на факултет само затоа што студентите не се водат во заводот како невработени. Но што ќе се случи кога сите тие студенти ќе дипломираат? Тогаш нема да може да се скрие вистинската бројка на невработени.

    Рејтингот посебно многу му падна по последната година, што и реално се виде на изборниот резултат, ама и тогаш преку агресивната медиумска кампања, тој успеваше да го убеди нардот демек уште ужива доверба и сл.

    Што значи кога вака реално ќе си размислиш и кога ќе треба да го опишеш владеењето на Грујо во неколку збора тоа би било вака - агресивна медиумска кампања, политичка и селективна борба со неистомисленици, мали залажувања за подобрување, а подобрувањето никако да дојде, долгометражни говори полни себепромоција и фалење за тоа колку работиш и остваруваш, и на крај удирање по она на кое што секој народ е најслаб, а тоа е патриотизмот. Само што и со тоа го претера, па сега не само патриоти, туку и најголеми националисти станавме. А на македонскиот народ никогаш национализмот не му бил одлика.

    Ама знае кај да удри, народот по тоа се пали, иако тоа повеќе ни одмага отколку што ни помага. И наместо да не носи напред кон Европа, каде што се сите држави, тој не враќа во времето на Александар. Правеа скандали и со Фуере и со други европретавници и народот им викаше браво. Сето тоа се одрази негативно на нашите евроинтеграции, ама сето тоа на него му донесе гласови. Значи врти сучи, на Груевски се му се врти околу гласовите. Па да, што има тој да се умилкува на Европа, кога Европа не го гласа? Не е битно што таму ни е иднината, битни се гласовите и власта. ништо друго. Јас верувам дека да е до него работата, тој никад нема ни да не внесе во ЕУ и Нато. Не сака човекот, тоа е јасно ко бел ден.

    За визната либерализација се согласувам дека е добра работа, ама напишав и претходно ќе напишам и сега, евроинтеграциите се долгорчен процес кој Македонија го води од 1996 година па навака, од тогаш се исполнуваат услови за почеток на преговори и безвизен режим, затоа таа заслуга не може да се препише само на еден политичар или на една власт.

    Скопје 2014, се изјаснив повеќе пати, според мене најпромашено нешто што може да се случи од повеќе аспекти. Прво не е само Скопје град во Р.М, точно дека е главен град, ама не може се да биде сконцентрирано во Скопје. Второ, големи пари се испраа од проектот, трето не е приоритет, четврто, испомешано, иснафрлано, хаотично, и петто - лично мене освен Воинот на коњ другите споменици не ми се допаѓаат ич.

    И за крај, и така забегав со должината на постот, гледам ве боли за Панко Брашнаров и сите други од историјава наша, само се чудам како не ве боли бре за оние масакрираните тетовчани на кој ни гробот не им се знае? И нема да ме чуди да после две три години Грујо и на нив им изгради по еден споменик, чисто да им оддаде почит де, нема врска што неговата влада им ги амнестираше убијците.

    А историјата Венди, никој не ја брише. Кој сака да ја знае наоѓа начин и дознава. За тоа не ти треба ни код ни ништо. Ама како почнавте со дискусијата ќе испадне дека Грујо не само што ја пишува неговата историја, туку почнал да се занимава со пишување и на историјата која одамна некој ја запишал. И да, тоа биле Панко Брашнаров, Гоце Делчев, Даме Груев итн, ама никако Грујо.
     
    На Annath, enca.69, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Воопшто не е битно дали Киро завзел некоја страна кога тој бил еден од најзаслужните за Самостојна Македонија, за што впрочем и беше прославата. Со ова што го кажуваш за страните дека Киро завзел страна на Сдсм па затоа не присуствувал и не бил одликуван, само ја потврдуваш тезата дека прославата си беше партиска и за промовирање на некои си нивни проекти како и монолог-митинг од страна на премиерот.

    Панко Брашнаров е Велешанец, еве јас го знам, и знам за вчерашната емисија КОД која не ја гледав, само разбрав дека ги нашле коските во гробница во Хрватска, но тука не биле само неговите коски, имало и на други.
    Панко има споменик во Велес во близина каде што јас живеам, го имам постирано и во темата, тој споменик го направи во 2004та (мислам дека беше) тогашниот градоначалник на Велес кој беше од редовите на сдсм.

    Груевски ги амнестираше терористите заради свои лични интереси и за да не му избега од коалиција ДУИ. Тоа беше ултиматумот, амнестирај ги ако сакаш Влада, исто и за јазиците и знамињата беше едно од ултиматумите за креирање на Влада.
    Ако беше толкав патриот каков што се прави, ќе одбиеше, нели има достоинтво. Не мешајте војна аман, туку така божем е тоа. Плус тоа амнестирање не беше прифатено ниту од страна на меѓународната заедница и исто така и меѓународното право. Што значи и да дошло до војна (а немаше да дојде), ние ќе бевме тие што ќе имавме поддршка од меѓународната заедница. Крај краева, за 4 хашки случаи не се прави војна, туку така да им прдне. Војната во 2001ва беше за права на Албанците, со тој Рамковен договор што се потпиша тогаш ние се обврзавме дека ќе ги исполнуваме нивните барања, како 25% (мислам) да имаат застапеност во джавната администрација и уште некои таму. Во тоа време беше премиер Љубчо, за кој рака на срце имам доза на почит, и мислам да не му се случеше 2001ва човекот ќе си ја продолжеше кариерата како еден од најдобрите премиери, ако не и најдобар. Во негово време имавме најмал надворешен долг, како и пораст на БДП. И имаше некоја колегијалност по основ на некои тешки прашања во тоа време, кога требаше да се потпишува рамковниот договор се обединија и тогашната Власт и тогашната опозиција и заеднички донесоа одлука, што не е случај сега.
    Еве го споменикот од Панко Брашнаров, веднаш пред Касарната.
    [​IMG]
     
    На JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Венди банална е споредбата за помилувањето на Заев со амнестијата на терористи од повеќе причини, а основна е што тие дела се опфатени во Женевските конвенции кои ние ги имаме ратификувано и се дел од нашето внатрешно право и според кои конвенции тие дела не застаруваат и не можат да подлежат на акт на амнестија. Ама затоа нашето ни парламентарно мнозинство се повика на автентичното толкување на Законот за амнестија и ги амнестираа. Второ споредбава е банална зошто делата немаат врска едно со друго. Ако е така секој претседател на држава помилува затвореници на денот на армијата, ај ако не и тие да ги сврстиме во оваа група.
     
    На Annath, JuLleE и Cia-ra им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Венди, кога сме веќе кај гаф-изјавите, еве една прајслес изјава, ни помалку ни повеќе, туку од нашиот Претседател.

    http://www.youtube.com/watch?v=b8KaaKoXOpw
     
  16. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Леле тии...... еве ти кратко и јасно!

    Во нашата партија значи еве ти...СДСМ...има демократија...секој има право да си каже што мисли дури и да го критикува некој внатре во партијата за разлика од кај вас што сте построени и како ќе ви каже фирерот така....е кај нас не е така..ако му се јадат луге на Заев нека повели.....мене не ми е до тоа дојдено јас искрено сакам да го видам народов обединет и среќен ама за жал дури постојат вакви како тебе ...тоа нема да го дочекам...оти..лидерот Ваш убаво ве има потковано....за тоа ала да му е! И да лидерот Ваш работи преку такви војници како тебе....сфаќаш....значи секоја изјава од било кој ВМРОВЕЦ ( чест на оние што не се пијани или што отрезнале ) е изјава од Вашиот лидер.....тоа не ти е јасно!!!! Така да почни од Латас, Мирка, Миленко, Јанко, секој еден министер, пратеник....ама се тоа е МИСЛАЊЕ И СТАВ НА ВАШИОТ ЛИДЕР.... а верувај неам време сега да ти постирам тука сите ГНАСНИ РАБОТИ ШТО СЕ КАЖАНО И ОД НЕГО ЛИЧНО И ОД ОВИЕ ПИУНИТЕ НЕГОВИ и за крај...прочитај се и ти...прочитај си ги исопартијките твои......и тоа се ставови на ЛИДЕРОТ ВАШ!
    А ако не си приметила се само луѓе од СДСМ се лустрираат, се бркаат од работа се ставаат во затвори буквално се уништуваат...па извини значи ти се имаш осетено излажана од страна на твоите затоа што сеуште не е стрелан нико и затоа што не е најдено досега леш на некој од СДСМ па се чудиш тука а? Изиграно се осеќаш???? Аууу страшно!
    Оф леле што си доживеав. Браво дете...ќе биде од тебе нешто....АМА ШТО!?
     
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Боа да не беше итар немаше на власт да остане 7 години ...
    Значи итар е те како , народов јест да е некогаш глуп ама да ти успева да останеш на власт и да имаш пак најголем рејтинг . Поточно никогаш не се дигнал некој над него мора да е нешто посебно :wasntme: .

    Да медимуска кампања имаше и то поприлично добра а и успешна . А кога нема со што да се пофалиш и што да рекламираш џабе ти реклами . Па нели Никола куцаше книги и тоа дебелки со програма во 100 чекори ...
    Ама за тоа време пошо нели СДСМ не млати празна слама ...
    Даваше локум и кафе за глас :lol: се гледа имале стратегија .
    Што се однесува на кризата таа беше СВЕТСКА и само Господ можеше да ја запре . А според многу анализи Македонија од регинонот најдобро помина ...
    Што да се каже за Грција нели е во ЕУ ? ! Така да не добро супер поминавме .
    Тетовчаните ко рече дека не не боли ? :^)
    Реков не го правдам тоа потегот ми спои жици ...
    Ама не можам да тврдам дали тоа го направи само за позиција или некој помеша конци тука на пример Америка . Пошо нели одма скокнаа да честитаат дојдоа тука и не тапшаа по рамо .

    За Панко Брашнаров ...
    Да беше СДСМ одамна ќе беше мртов во секоја смисла на зборот . Ако не нешто друго некој од ВМРО се поздзамислил се смилувал и решил да одаде почест . За разлика од некои :wasntme: . Починат 1951 значи ептен долго време на СДСМ да реши да превземе нешто во врска со ова .
    Ама си имале попаметни работи луѓето .
    ВМРО не ги заборава за разлика од СДСМ еее во тоа е клучнава разлика ;) .

    Оффспринг

    Ако беа светци ВМРО ќе беа во црква . Одбрал страна епа марш е работа . Впрочем не знам што толку се чудите кога одамна Историјата е подлена
    Дистинкцијата иде вака ....
    Партизани ( СДСМ ) комуњари
    Овие војводите , независноста , поборци за Независна Македонија , Александар Македонски , Знамето на Вергина (некогашно наше знаме ) , сите што се бореле за ослободување на македонскиот народ од Османлиите 550 идат на контото на ВМРО ...

    Забележувате нешто ? :wasntme:
    Јас на пример дека СДСМ ги заболе само за Тито и комуњарите :wasntme: |( .

    И Љубчо не ми го спомнувај тој на клада треба да се стави !!! :devil: .
    И исправка за Брашнаров најден е точниот гроб упс не е гроб туку е закопан настрана од гробиштата на пат :| . Без никаква почест
     
    На kikikikirika и starbucks им се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Значи докажа и потврди деека прославата беше партиска. :) Ако тие не го почитуваат еден од најзаслужните за Самостојноста, онда нека им е на честа, да не бил тој може сега Македонија ќе беше некоја Вукојебина, зашто со тогашна ЈНА немало заебанција. Што ќе се случело ако ЈНА навлегла во Македонија? :) Се сеќавате ли на војните по распадот на Југославија? Војната во Босна е една од најгрозоморните војни досега на светот. Да не сакавте нам тоа да ни се случи? Крај краева, тогашна ЈНА не е ни налик на денешната АРМ, АРМ е жива смешка во споредба. Ние се отцепивме единствени без војна и на мирен начин од Југославија, останатите сите знаеме што правеа. И покрај тоа, сега по 20 години пак сме многу поназад од останатите бивши Југословенски држави, кои претрпеа и војни.
    Тие поделби, комуњари (сдсм) партизани, се знае кој ги прави, а Александар Македонски си нема апсолутно никаква допирна точка со Вмро, тој живеел пред нашата ера во која немало ни В од Вмро.
     
    На enca.69, JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Абре Венди па медиумската кампања на Груевски цело време се вртеше околу Бранко :lol:
    Каков материјал какви бакрачи, битното беше да не се заборави што направил бране, па и ,,стечајци,, тепачи од улица собираа демек да сведчат ;) А за манифестите, отчетите, програми во 100 чекори, ееее колку ти душа сака, ама да не ги отвориш внатре и да прочиташ, сите копи пејст еден од друг.

    За Грција, мое мислење дека не треба да се смееме многу, како сме тргнале натаму идеме :( Само што Грција е во ЕУ па ја вадат другите држави со позајмици и слични ствари, а нас пустите, кој ќе не вади, така сами ќе си потонеме, со се спомениците :(

    А за Панко Брашнаров :clap: :clap: :clap:
    Еве и него успеаа да го исполитизираат, како што политизираа све живо и диво. Од историски личности, преку кошаркари до пејачи, све брате мили исполитизираа и све е нивно, вмровско |( Само бре незнам како некој може уште да се пали на вакви работи и политички игри?
     
    На Annath, enca.69, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Видиш на вмроивциве им текнало тоа што не им текнало на сдомвциве интелегенција шта чеш ...
    Камо среќа да го "исполитизираше " СДСМ само порано да го донесеа кај што припаѓа .
    Дали се повторувала програмата не знам не сум ја читала целосно не можам да коментирам ама дури и да било исто пак се напишало .
    Јас од СДСМ знам само пенкала , кафе , наполитанки , запалки и капчиња ....


    Кој му даде партиска нота ? ? ?

    Никола Груески кој како легитимен премиер одржи говор и дојде кремот на власта многу нормално ? Или пак господата од СДСМ што не дојдоа на прослава ? :^)
    Алоооо бе имаат памет ете колку се паметни :fubar: . Ова само кај нас се може и после се чудиме што не негираат сите што се мајтапат со нас . Албанците за тоа секоја чест кога треба да добијат нешто за заедничко добро од 545656 страни една се создава ...
    Кај нас ? :tmi:
    СДСМ сами си придонесоа само ВМРО да валдее на прославата а за тоа никој не им е крив ;)

    Крај краева се покажа респектот кон ДРЖАВАВА кој го имаат исправка немаат !
     
    На kikikikirika и BlackSwan5 им се допаѓа ова.