1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Кој му даде, Венди? -Јас сигурно не. Сдсм присуствуваа на свечената седница, што значи имаат почит и према празникот, и према државата. :) Упорно го вртиш муабетот на сдсм. :)
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465

    Некој најави бојкот :?: кој беше да не знаеш ич не ми текнува :wasntme: ... И не беа на ЦЕНТРАЛНАТА ПРОСЛАВА ПОШО ТОА БЕШЕ ПОЕНТАВА ;)

    туку ајт одам јас да јадам нешто а и до душа прсти ме заболеа немам типкано одамна воолку ... Вие сте 2 :D ќе се вратам да продолжиме :rofl:
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Ја пре би рекла манипулација, а не интелегенција, ама ај ;)
    Туку имаше и СДСМ програма, па нели се препираа по телевизии кој од кого ја препишал.
    Имаше Венди имаше, само кој сака да ја види ;) Па плус онака кога ќе си свариш кафенце и наполитанка, па кога ќе си седнеш убаво да си ја прочиташ :D :lol: :rofl:
    Мала шала, за наполитанките де ;)


    Грешка, централната прослава НЕ БЕШЕ ПОЕНТАТА, поентата беше Свечената седница, а прославата беше митинг на власта организиран и платен со народни пари ;)
     
    На enca.69 и esperanca им се допаѓа ова.
  4. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Нема да веруваш ама имам од тие наполитанки :D моиве се комуњари па земале . Пред некој ден ги видов забегале во фиока ...
    Ајт да не одам оф топик ...
    Одамна немало дискусија ама квалитетна без разлика што не се сложуваме додека држиме ниво добро е :) :hai:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Па нормално дека ќе најават бојкот, несакаат да присуствуваат на промоции на Владата. Ниту пак да бидат дел од кичот. Не беше централна прослава, беше партиска прослава. Сама потврди назад со муабетот за Киро.
     
    На enca.69, JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Хахаха абе и Вмро требаше да даваат барем кафе, не мора наполитанки, барем да не заспиеме дури им ја читаме програмата :lol: :D
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.205
    Венди, велиш дека за Брашнаров ти се насолзиле очите, се жртвувал за Македонија, а го заборавиле.
    А нели ти се насолозија очите кога Грујо ги амнестираше убијците на Македонците кои пред 10 години загинаа борејќи се за нас, за мене и за тебе конкретно, бидејќи тоа беше во најблиско минато.

    Друго, Вмро го заборава периодот на партизаните и Тито бидејќи биле комуњари, а тие ни подарија слобода после најлошата Втора светска војна, ни дадоа држава. Си учела 7 години историја, па немора да ти објаснувам што значеше Втората светска војна за човештвото.
    Киро ни овозможи отцепување без војна. Да влезеше ЈНА во Македонија, пустош ќе направеше. Нејкам ни да помислам. Јас, а и ти тогаш бевме деца. Замисли низ се што ќе поминавме. И на Киро никаква почит бидејќи бил СДСМ. Еве и ти ги делиш луѓето на Вмро и СДСМ.

    Прославата беше партиска, тоа е факт. Грујо мислиш митинг држеше. Нејкам да мрчам, ама ако го гледавте преносот на Сител по повод пречекот на кошаркарите ќе забележете дека и тоа беше испартизирано. Секој втор збор на Ивона беше упатен за пофалби за спомениците и автобусите.

    Не делат на патриоти и предавници. Зар ако не си Вмро, тоа значи дека не си ја сакаш државата?
    Ни продаваат патриотизам, се манипулира со народот, се прават себепромоции и милион реклами, но никако дела.

    Залажување- главна каратеристика на владеењето на Грујо.
    Тие учебници кои никако не ги вадите од уста, се катастрофално неквалитетни, секако дека неколку книги ќе скинеш до крај на години. Колку и да внимаваш на нив. И на крај ги плаќаш дупло, отколку што можеш да ги купеш на старо, како јас што правев, во мое време.
    Компјутерите, не ги ни користат. Ете ги, искршени стојат во училниците. Исто како кинеските автобуси, колку очи да замачкат.
    Факултет во секој град, ама за ништо не ги бива. Со кое знаење ќе се стекнеш на факултет каде предават професори кои предавале во основно училиште, професори кои никогаш не докторирале.
    И овој проект е само да се замачкат очи. Повеќе студенти, помалку невработени.

    Скопје 2014 несакам ни да го коментирам. Кај нас болниците се распаѓаат, глувци и бубачки лазаат по ходниците, ама битно на секој чекор споменик има.

    Се повеќе млади ја напуштаат земјава, одат на работа во странство, секој бара начин да побегне од оваа мизерија.
    И сте се запарашале, ако е толку убаво овде и ако овој премиер е најдобриот досега, како што вие милувате да искоментирате, дали народот ќе бега од сопствениот дом?
    Или и за тоа е Бранко крив?

    Состојбата кај нас никогаш не била полоша. Кога Вмро дојде на власт народот имаше надеж дека некој ќе ја оправи државата, ама наместо тоа тие ја уште толку ја уништија.
    СДСМ за своите грешки си ја доби казната, ги изгуби изборите во 2006. Вмро, истото ги чека. Кога и да е, само да не биде предоцна!
     
    На Annath, BoaVista, G.G и 3 други им се допаѓа ова.
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Не знам ни сама колку пати се продискутира за таа амнестија еве по не знам ни сама кој пат . Не не оправдувам сум против тоа . Чекорот е ужасен ама освен фотеља се вмеша и Америка како и секогаш како и во се ...
    Не го земав примерот со знамињата на Бранко попусто читни погоре .
    Освен тоа сите велите терористите кога командирот Али амети ви е во парламент ;) . И токму безгрешните СДСМ беа во коалиција а имаше и уште еден обид за коалција сега или не ?
    Само малку не беше предлогот на СДСМ ДО ДУИ да се ставо али аметоски претседател на Македонија ? :^) Да го кажеше ова ВМРО не знам што ќе викавте .

    Поделбата е таква ко што е . Па и не сум слушнала некој од СДСМ да ги спомне Војводите . За Киро кажав никад нема да му спорам за успехот а и пропустот со референца БЈРМ која требала да остане во живот 3 месеци . Таа грешка ја плаќаме мноооооооогу скапо :!: .

    Кинеските автобуси ? !
    Дај бе Јуле е ова ти се вика барање влакно во јајце или што би рекле старине на кус пес опашка
    бараш.Кинески или не кинески знам дека автобусите се :up: .
    Тие од СДСМ подобри беа во право си германско произвотство :lol: .
    Книгите ?
    Работни само се купуваат не знам за тебе ама јас пошо ја немав таа среќа ние НЕМАВМЕ КНИГИ учев од скрипти лист по лист .
    Компијутерите
    Да не треба Никола да им ги воспита децата да не ги кршат ? Тоа што требаше направи .Зошто дремат градоначалниците , директорите не е вината само во Груески .
    Факултети ?
    Е сеа за ова претера :?: ќе испадне неписмени предаваат може не е ист квалитет ама нели во ваква сиромаштија светнаа .А и знам многу факултети кај што предаваат професори од Скопје .

    Оделе во странство ?
    А кога не оделе ? :^)
     
    На kikikikirika и bubemconia им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.205
    Аман бре Венди, дај одговори ми, ама без да ги вмешаш СДСМ во твојот пост.
    Контраaргумнет ти е како беше во времето на СДСМ.
    Јас не барам влакно во јајцето, јас зборувам како што е.
    Ај да ги оставам автобусите и книгите, ами високите сметки и се поголемите трошоци, а платите мизерни?
    Велиш и порано се селиле. Не велам дека не е така, ама сега е дури и загрижувачки.
    Еве ти една компарација. Во времето, некаде од 2000 до 2007, кога јас почнав да излегувам, кога јас бев средно, градот беш полн со народ. Кафичите преполни.
    Во последните 3-4 години е мизерно. Беда, сиромаштија, градот е празен, сите бегаат надвор од земјата. Оние кои останале или се партиски војници вработени во администрација или луѓе кои работат за плата од 6000 ден. и едвај го минат месецот.
    Мене оваа воопшто не ми говори дека во Македонија има солиден премиер кој добро си ја работи работата.
    И неможеш да знаеш дали СДСМ ќе го стореше истото со амнестијата или ќе беше полошо. Ова ти доаѓа како рекла казала муабетот. Вмро го сторија тоа и готово.
    Нели и Вмро не коалицираа со терористите, ама за пуста фотеља дури и пензии ќе им дадат.
    Темата не е за Во времето на СДСМ и сега, ами за Премиерот на РМ, па затоа не коментирам ниту за владеењто на СДСМ и Бранко.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ок ај вака Јуле постави точно кратко јасно прашање ќе пробам да одговорам ама аман да не биде некое од минатите пошо сама на себе си досадив на исти прашања исти одговори ...
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.205
    Прашањето е јасно, зарем ваквите состојби во Македонија зборуваат за добар Премиер?
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    Сите што го бранат Груевски е зашто мама и тато им се добро вработени, темата сама кажува.Еден-двајца се само што го бранат зашто им се допаѓа навистина неговата политика.

    Туку, ај за година, две, три ќе видиме што ќе пишувате на темата, кога вистински ќе почнеме да ги осеќаме последиците, СИТЕ :hai:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    хахахахахахахах,па татко ми не е вработен од страна на Грујо,тој работи во странство исто ко и мајка ми,и останатите рондини кои се таму.Па пак го подржуваат.Не ти држи тоа вода.Барај нешто друго ;)

    Какви последици ке има?да слушнам?Досега јас немам осетено последици а веке одамна е на власт.И тоа не ти држи вода. ;)


    Kакви состојби?Те молам биди поконкретна. :!:
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Ќе ги осетиш и тоа како, кога ќе почне да се отплаќа кредитот. Само немој тогаш да ни прелетнеш кај мама и тате и да не оставиш нас на милост и немилост сами да се справуваме :lol:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Oфи,од секогаш било вака,немој да мислеш дека и пред Груевски не била ваква ситуацијата.Од секогаш се селиле во други земји.
    Кај мајка ми и татко ми?Па јас јасно им кажав дека не мрдам од Македонија па макар и со кран да ме вадат.Си стојам на моето.

    И во странство не тече мед и млеко,ај сега да не ја спомнувам ситуацијата на татко ми и на братучед ми таму каква е.Полоша од овде.Ама ке кажам само едно нешто:Што ако работеше 4 години за еден тип од која една година не сакаше да му плака па мораше човекот на црно да работи за да дојде до некој денар.За останатото во некоја друга прилика ке зборам ама повторувам и во странство не цветаат рози и не тече мед и млеко.
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Никогаш досега не сме имале толкав надворешен долг! никогаш не постоело такво задушување на демократијата со примеси на диктатура, која не е во целост спроведена и се надевам дека нема ни да биде. Никогаш не постоело трошење на пари за курташак проследено со огромна пералница за пари. :!:
    Било лошо, се случила приватизацијата, која патем морала да се случи затоа што морало цел државен имот да премине во приватен (не се разбирам многу околу ова). Транзиторна земја бевме и сеуште сме, нека не ве залажуваат дека транзицијата се случувала само во 90тите. Така да, сите тие политичари од 90та па се до сега се транзиторни политичари, а не само едните како што ве лажат таму по Сител оној лешперон Латас шо го мразам повише и од Грујо.
    Назад зборував за тоа бесцелно задолжување и фуцкање пари на глупости, наместо да се вложат во нешто поразумно што на сите ќе ни донесеше благодет. Од 2015та почнува да се исплаќа кредитот, па тогаш ќе видиме дали нема да почувствувате никакви последици. :)
     
    На Annath, lolyta777, crazyinlove19 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Премиерот Груевски со сопругата Боркица на прием кај Барак и Мишел Обама


    Американскиот претседател го одржа свечениот прием во пресрет на Генералното собрание на ОН. Фотографијата е снимена во Националната библиотека во Њујорк, каде што американскиот претседател традиционално одржува собир на сите светски лидери кои учествуваат на Генералното собрание на ОН. Меѓу гостите беа и македонскиот премиер и неговата сопруга.
    Извор ВЕЧЕР
    Боркица ми е секогаш средена, супер е. За тоа се окезил толку Обама дека се слика со Боркица :)
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Aбе сме немале,ама за се постои прв пат.Можеби тогаш ке биде тешко,јас не викам ништо,ама може до тогаш ке добијам на лото па нема да се замарам :D сега за сега сум задоволна па за натаму ке видиме.Не викам дека ако не дојде некој друг на власт нема да биде лошо.Можеби ке биде илјада пати подобро или пак полошо.Груевски си ја врши работата според некои добро според некои лошо.

    И сега ако заминувале во странство не значи дека е само заради ситуацијата.Баба ми и дедо ми и пред него биле во странство а исто и други кои ми се роднини.Нема врска.
    А за трошење пари,хехехе па види и мене да ми се дадат пари или на некој друг може пак да ги потроши за некоја глупост а не да ги вложи на пример во некоја бизнис работа.Тоа е тоа,не можеме постојано да се жалеме зошто некаде е илјада пати полошо од овдешната ситуација.
     
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Абре луѓе, ние тука очи си копаме поради нив, политичарите, а тие заедно седат на кафе, заедно одат на ручек, се дружат. И самиот Влатко Ѓорчев, мислам дека се викаше, кажа дека имал пријатели од Сдсм со кои се друже, пие кафе, руча. Абе не’ еб*т у здрав мозок. Гајле им е.
     
    На julie77 и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    Баш ми е драго Пеликуна што така убаво те насмеав ;)
    Се надевам ќе останеш така патриотски настроена и кога ќе ти дојде жешко под нозе :)
    Па уште како тажно ни ја претстави ситуацијата со татко ти, ти што си мислела, во странство само нас не чекаат да им работиме и убаво да не плаќаат :D
    А патем, зашто татко ти и роднините ти отишле во странство и толку се мачат, кога се е така розово кај нас? :wasntme: Нека си се вратат тука, одма ќе си најдат работа, ем дома, ем таму нема да треба на црно да работат :)
     
    На Danilela и enca.69 им се допаѓа ова.