1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    И Николче и неговата влада, се сите заебанти и трчилажи... тоа го имам лично искусено, а не сакам да опишувам како, оти до утре сабајле нема да стигнам да допишам, а почнувајќи од телефонските повици со закани за да се гласа за него, се до работи поврзани со МВР и МНР, и тие ќе ти речат дека нештото го бојат во црно, и оп.... изненада во 5 до 12 дефинитивно одлучиле да остане бело... Јас не сум партиски определена, и искрено, јас сметам дека никој од кандидатите за власт не вредел... Јас не се сеќавам да ние воопшто сме имале добра влада... А то за да се прикрие перењето на пари, мора да се гради, секако. Сето ова што го кажав, го имам видено и искусено, а со црно и бело значењето е симболичко, оти не сакам во јавност да ги изнесувам проблемите што ги имав од неговата влада, односно од МНР и МВР. Не сакам да навредувам, ниту да полеминизирам со било кој, и уште еднаш ќе нагласам, не сум политички определена, ниту сметам дека било кој до сега ја заслужил власта, секако некој е за, некој против, јас само го изразив своето мислење. Позз
     
    На Saki15, Sunnybun, Rubiii и 2 други им се допаѓа ова.
  2. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Јас лицно јас не сум од ниедна палтија ама ИМА ЛОГОПЕДИ ВО ОВАА НАША ДЛЖАВА, НЕ Е ДО ТОЛКУ... :!:
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    963
    Груевски како човек можда и не е така лош, меѓутоа опкружен е со гадни луѓе, некојси квази интелектуалци кои одвај завршиле факултет и не виделе мака во животот. Студирале во странство.....пфффф....на некој универзитет од трет ред, ама пак затоа поминале покрај оксфорд и кембриџ. Моите родители се партиски определени, меѓутоа јас немам партиска книшка, не одам на митинзи и такви случување, во штабови и сл. Никогаш тоа нема да си го дозволам, нема да се девалвирам самата себеси и да дозволам некој да ми ја потценува интелегенцијата. Која бе црна идеологија, ништо на никој не му е свето.
    Јас скренав од темата...И да не бидам оф топик, премиерот е само марионета, има друг премиер во сенка кој ги влече сите конци.
     
    На julie77 и silvice им се допаѓа ова.
  4. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    ти нема што да се замараш што ќе ти каже некој друг :) овие форуми се отворени за коментирање и секој да си ги изразува своите мислења. еве како на пример јас да искоментирам нешто. јас заа овој премиер мислам дека е за никаде. значи не го бидува за ништоооо. не знае една реченица да сврзи а камоли па да биде премиер на државата.
     
    На Lola-M му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Премиерот на РМ ? Мислам за ова не вреди да се зборува. Евај чекам да се смени оваа влада.
     
  6. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Во тој поглед ако дискутираш си овца, ако не дискутираш пак си овца.
    Така иде тоа..

    Само пази, еднаш искоментираш овде на темиве во подфорумов нешто и има такви после не те пуштаат:rofl:
     
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Абе да вредеа до толку политичарите наши не ке дојдевме до ова дереџе . Ни Груевски ниту пак некој од СДСМ ..

    Сите ми се некако за корист и невино перење пари ...

    Груевски и луѓето негови арно си стрпаа купче у џеб ...
     
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Абе да вредеа до толку политичарите наши не ке дојдевме до ова дереџе . Ни Груевски ниту пак некој од СДСМ ..

    Сите ми се некако за корист и невино перење пари ...

    Груевски и луѓето негови арно си стрпаа купче у џеб ...
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Подршка за Груевски да ја тргнат буквата “Р’’ од азбуката.

    Извинете за офф топик, морав :wasntme:
     
    На Name, TS-310 и rajna-vojvoda им се допаѓа ова.
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Премиерот на РМ - исто срање друго паковање како сите можни политичари во државичево.
     
  11. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Срам нека му е на премиеров.... ниту сочувство не изрази, ниту излезе да даде изјава за убиството.... Наместо тоа праќа на МПЦ Велигденски честитки....
     
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    тој кизне кај е зашетан си ужива некаде за жив го нема страмота
     
  13. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Тој нека си ужива, ние ќе живееме со страв. ;)
     
  14. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Не сум ни за ВМРО ни за СДСМ, туку за оние кои ми создаваат поубав и помирен живот.
    Се надевам дека Груевски крајно сериозно ќе ги сфати последниве настани и ќе ја организира целата влада, т.е министри да дејствуваат во правец на стабилизација и враќање на релативниот досегашен мир и соживот во нивните рамки и ингиренции, се додека ситуацијава не ескалирала до степен кој верувам ни тој, ни целиот народ не го посакува.
    Залудни се намалувањето на партиципациите на факултетите, бесплатниот превоз, субвенции за земјоделците, евентуалните странски инвестиции, жичари и споменици, ако нема кој да се радува на нив и спокојно да чекори по своите маалски улички.
    До таму сме моментално.
    Искрено, се надевам и очекувам промени, бидејки доволно сме силни и можеме.
     
  16. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    е точно со тоа се сложувам ни вмро ни сдсм не се перфектни а народот само сака некој ке ја подобри државата :)
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    4.311
    Интелегентен и мошне способен политичар но делумно со погрешни приоритети.
     
  18. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Овој текст го напишав претходната недела, но има врска со владата... за да не биде офф топик, да напоменам дека владата зачи груевски :)



    Единствена Македонија

    Македонија е држава која имала и позитивни и негативни моменти. Има многу различни мислења во врска со тоа што мора да се спровeде и направи. Македонија е држава со граѓани кои се македонци, албаци, срби и други. Тоа значи дека има многу култури во Македонија. Културата е секаде ралична, во неа се совпаѓа и гледната точна на каде ќе продолжи иднината на Македонија. Како што СДСМ и ВМРО се многу различни партии, така и македонците се различни.

    Македонија имала многу проблеми во минатото, но и сега. Владата која некогаш ја имавме, имаше проблеми, но исто така и ветувања кои не биле исполнети. Секоја влада е иста, без разлика на нејзините постапки, секогаш ќе биде инфлуенсирана на народот, а тој е секогаш ист. Доколку граѓаните на македонија се реализираat на каков е животот сега, тогаш, иднината ќе биде подобра. Меѓутоа, владата мора да ги истакне проблемите на Македонија и да истакне што всушност мора да се подобри. Засега, луѓета немаат знаење за тоа. СЕПАК, ако владата не дава знаење за тоа, учебниците и родителите мораат. Се почнува од рана возраст. Иако учебниците се од министерството за образование, владата мора да се грижи за знаењето.

    Има многу стереотипи за Македонскиот Народ, како што е лагата. Најмногу што ВМРО сакаше е сила. За да се постигне силата, мора да се докаже дека таа партија е најдобра и најуспешна. ВМРО не го покажа на најдобар начин. Имаше многу ветувања кои не беа исполнети. Исто така, анкетите биле местени, тоа е најнизок начин за де се постигне силата. Кога граѓаните ја гледаат таа анкета, се двоумат, одат со другите. Тие не се истакнуваат за својот став.

    Откако ВМРО ја доби силата и власта, многу грешки беа направени. Има и минимални и максимални грешки. Владата реши да помогне на постарите граѓани, но на чуден начин. Пари беа дадени за нив за да престојат во Банско. Тие биле голема сума на пари, но сепак, биле потрошени на луксуз кој не бил потребен.

    Скопје 2014 би требало да биде модернизација на главниот град, но, тој потег е исто така намалување на буџетите на Македонија. Додека високите сметки за струја и ниските плати остануваат, владата се грижи за модернизацијата на Македонија. Цели 31 проценти од грашаните се невработени. Бројот на невработени лица кои сеуште бараат работа е помал од официјалниот. Лицата кои активно барале работа се намалува. Овие години, се во Македонија е со врски. Знаење, диплома и потенцијал не се важни. Ова е многу лош начин на вработување.

    Уште еден голем проблем кои беше во Македонија беше кампањата ТРЕТО ДЕТЕ. Владата ветуваше како и секогаш, сепак, ништо не се случи, немаше подобрување. Владата вети дека ќе има финансиско осигурување за третото дете во македонските семејство. Како што владата не превзема ништо, трошоците, сметките и секојдневните потреби се зголемија, така и бројот на незадоволни и несреќни граѓани.

    Ако животот во Македонија во оглед на врските за работа остане, тогаш мора и позитивните ефекти да дејствуваат. Туризмот за Македонија не е популарен и промотивен. Луѓето во други континенети немаат знаење за Македонија. Имаме прекрасни дестинации кои се добри за туризам. Тоа мора да се промовира. Луѓето ќе имаат повеќе знаење за нас, исто така и интерес. Со туризам, и Македонија ќе биде повисоко финансиско ниво.

    Со многу подобрениа во Македонија, можеме да постигнеме повисок стандард и подобар и поубав живот.
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    па вака како добра човек ми се гледа :lol: :lol:

    па мислам дека добро оди сега за сега,се гради и се тоа но сепак претепува некаде...
    треба да мисли и за иднината али да не не снајде некое лошо нешто....
     
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    За Груевки и неговите добри и лоши страни сум коментирала. Мене ми е интересно општото мислење и неговиот рејтинг за кој тој толку многу се грижи.

    Анкетите коментирани од властаПрво мене ми е глупа изјавата од ВМРО која почнува со ‘‘Рејтингот на премиерот...‘‘. Знам дека во западните држави се замараат политичариве со ова ама наш Грујо мислам оти насабајле кога станува прво рејтинг проверува после моча. И таман му падне рејтингот одма нешто превзема (ко к*рот да му паднал). Значи ли тоа дека цела држава треба да се моли да му падне рејтингот на Груевски за да тој превземе нешто?

    Анкетите коментирани од опозицијата Овие пак на тема Анкети за жалење се. Прво велат за анкетите пред избори намсетени се, ги губат изборите велат наместени се и изборите. Е на последниве избори немаше можност за местење па велат народот бил оценуван. Сакаат да кажат дека 440 000 луге биле уценети :o ? Ма немој да ме ј**еш бре.
    Да се вратам на анкетите и опозицијата. Значи опозицијата вели анкетите се наместени. Точно е дека Павел Шатев е под диригентска палка на Груевски ама споредете ги бе луге резултатите од избори и видете колку се слагаат со анкетите. Има само 1-2% отстапки, нема ни толку. Точно ги предвидеа пратеничките места на двете партии. Па видете бре луге колку фанови на фб има Бранко колку има Груевски. Е сега ке кажете ФБ не е релевантен фактор за оценување.Само за информација, од сите анкети верувале или не, за последниве избори најточна била анкетата на Фејсбук. Кога ке се собере средна вредност од анкетата на поддржувачите на СДСМ и оние на ВМРО-ДПМНЕ се добивала точност од резултатите во гласањето , со грешка од неколку промилји. Дури и на една анкета како што е оваа погоре (Фемина) 49% ја поддржуваат политиката на Груевски а 51% не. Или и овде некој им се заканува и ги тера девојките позитивно да гласаат.

    Сума сумарум-Груевски кога помалку кога повеке ја има поддршката од народот, тоа е факт. А таа поддршка не може да ја има човек кој е диктатор, неписмен, ненароден, кој не направил ништо, ккој ја донел македонија на питачки стап. Народот гледа спас во Груевски е сега дали греши со тоа или не времето ке покаже.
     
    На Nati.P и gerdanche им се допаѓа ова.