значи притигрл овие "штотуку дипломираните пресони на завидни позиции" очигледно е дека подобро си ја вршат работата од " искусните функционери на СДСМ" за канализациите и патиштата ( тоа барем ти треба да го знаеш бидејки си така компетентна за политика) е должна општината не владата и притигрл ти вчера мене ме опоменуваше дека одам оффтопик што ги спомнувам претходните премиери а сега ти тука ми мешаш претседатели, цивили, шпиони и сл. се извинувам пак што сум оффтопик
Види preety girl, јас немам 28 години како тебе, него 15 и секако дека не пишуваме на форумот на исто ниво. Целта ми беше да кажам дека не го поддржувам премиерот воопшто, а не да пишувам реферати за политика.
1. 460 милиони евра за субвенции за земјоделците во период 2007-2012. Само за пример, тутунарите лани добија евро за килограм тутун, оваа година ќе добијат евро ипол; 2. Зајакната борба против организираниот криминал. Сведоци сме на многу акции од тој тип Метастаза, Змиско око, Фаланга..... 3. Најнизок рамен данок за инвеститори во Европа од 10 % ; 4. Нови ренген системи за царината за полесно откривање на шверц на роба 5. Проект за самовработување: 6 милиони евра за невработени лица во висина од макс. 3000 евра/лице со камата 1% годишно; 6. Реформиран катастар; 7. Компјутер за секое дете, бесплатен интернет, бесплатни учебници... 8. Подршка за спортот, нови спортски сали, пензии за спортистите; 9. 125 сипендии за информатичарите, 5000ден/лице; 10. Електронски „шалтери“ да се спречи чекањето и корупцијата; 11. Задоволни пензионери, пензиите покачени за 5-20% ; 12. Реформи во културата, разбивање на креативните монополи во творештвото, промоцијата на млади глумци, режисери, вајари, ликовни уметници, творци... Кој сака да негира, нека повели.
Во ред Ова се веќе аргументи Почитувам многу ваков начин на дискусија Ама, Лолипоп, замисли онака хипотетички само - ај да ги ставиме на вага за мерење, твоите аргументи и моите аргументи..Пазии, двете имаме постови со аргументи и факти(го почитувам твојот пост ) И ако ги ставиме еве замисли на вага, каков ќе биде резултатот: 1. двете страни подеднакво тежат (значи колку направила владата добро , исто толку и лошо) 2. Или едната страна ќе тежи повеќе??? Мојата или твојата ? Што мислиш??? Иначе секоја чест за постот, зашто се гледа дека знаеш како се одвива дискусија, а не трабуњаш што ќе ти падне на памет како некои тука
Eeee сега се гледа и твојата аналитичност , токму со ова прашање??? И го очекував ова прашање .... Најискрено не можам соодветен одговор да дадам, зашто многу нешта ми се конфузни на таа тема. Најпрво, во рамките на СДСМ имаше многу внатрешно партиски турбуленции, поделби, па и трансфери на еден политичар од една во друга партија Па, во моментов се прашувам - има ли трета опција во РМ??? Сега триста работи ми се вртат во глава...Еве се сетив и на партијава на Љубе што ја формираше.....Само едно ќе кажам тука - и јас и ти настапивме со аргументи и факти . Ниту јас можам да ги побијам твоите аргументи, ниту ти моите...Ама сепак ќе речам, аргументите за деструктивната политика на грујо, повеќе тежат и побројни се..Не дека јас сум ги навела, па сега јас сум во право, туку објективно гледано, така ми се чини
ОК... Првата и втората твоја точка одат на мојот тас од вагата... 3та и 4та точка... признав и за Бранко дека е најдобриот оратор во државава, признавам има СДСМ добри политичари Шеќеринска, Макрадули, Заев, Фрчковски...сите со способност за реторика и елоквенција... Прашањето е дали имаат дадено некаков добар придонес за државава?????? 5та точка не се вага бидејќи претседателот не е дел од Владата, тој служи само да посетува други замји, да се смешка и да се ракува со колегите претседатели... ако каже збор-два тоа е бонус. Потоа, политиката е од секогаш во сите сектори на дејност, не е тоа ништо ново, партизација и непотизам имало и ќе има... еве да кажеме точкава ти се поништува со борбата на владата против организираниот криминал. Законот признавам не е за сите еднаков, ама пак ни тоа не е нешто made in Nikola’s goverment. На случајот со нашиве во Хаг не му е овде местото, си го кажав моето мислење во истоимената тема. За тоа дека први на листата секаде се оние со партиска книшка, потврдувам дека е точно... и јас на сличен начин си добивам секоја година место во студентски ( немам јас книшка, но близок пријател е во сојузот )... Не е праведно, но нормално е дека ќе имаат привилегии оние што трчале за позицијата... утре и СДСМ да дојде на власт нема да вработува луѓе со вмровска книшка. Така ти е тоа, тркалото се врти, некогаш си горе, некогаш долу... Па срцка, чиј тас тежи повеќе?????
Е, ај вака да ја заклучиме дискусијава Со следново прашање - ЗАШТО МАКЕДОНИЈА ТОНЕ , СЕ ПОДЛАБОКО И ПОДЛАБОКО??? Ама имајќи во предвид дека грујо е главниот бос кај нас ( батали и судство и МВР и претседател и јавно обвинителство и све ...) Зашто не оди напред Македонија???
притигрл никој овде ништо не кажува на памет само премногу ме испровоцира мене лично иако не се однесуваше на мене постот во сакам да кажам : значи толку ме испровоцира што морав да прокоментирам ..... и ај те молам немој "твоите аргументи" ги добивме по кај знај колку време и пола од нив беа оффтопик... и ако некој е малолетен не значи дека не прати политика - напротив јас баш пратам и знам што се случува и сега и до 2006 и не напишав аргументи затоа што прво ги чекав твоите а сега лилпоп ги напишала само ќе додадам и за Скопје 2014 дека како проект ако се оствари е голем плус зошто стварно Скопје не изгледа на она што треба да изгледа и е за нигде и со тоа ќе се зголеми бројот на туристи а со тоа и ред други работи .. и ќе те замолам ако е возможно да прекинеш со навредите
Кикеее, немој да се лутиш, губиш од убавина Моментално со Лолипоп дискутирам, не улетувај како гром од ведро небо со смешни постови...Да се разбираа малолетните во политика ќе имаа право на глас, девојче..И ај наведи , Кике моја, што те навредив толку, па ај да ти се извинам...
Не држам монолози...Туку на оваа тема дискутирам само со ликови кои се подобро упатени во политика, кои аргументирано коментираат и реплицираат... Поздравче, а на други теми ееее ако сакате до сабајле ќе си муабетиме, нема проблем...
Знам дека многу подобро се разбираш од мене во политика, ама некако нервира тоа што пишуваш дека не сме знаеле реченица да сврземе и слично..
па не побарав да ми се извиниш само побарав да прекинеш со навредите, знам дека не се однесуваа за мене пошто после тоа јас влетав во дискусијата, ама сепак ова за кој и да е наменето било која "малолетничка" да го прочита би се чувствувала понижено не значи дека ако немаш 18 не се разбираш од политика и дека не знаеш реченица да сврзиш тоа се ПРЕДРАСУДИ срцка, а од твоја страна и мала дискриминација кон нас, а тоа што немаме право да гласаме не значи дека немаме право на мислење што ако можеше за миг ќе ни го одземеше... и не сакав да улетувам само сакав дати објаснам дека повредуваш некој со твоите постови, ама за жал неуспешно
Viki44e Кај е твојот пост, поткрепен со аргументи и факти, што рече дека ќе го напишеш??? Не го гледам на темава Види ги на Лолипоп постовите и моите постови за политика, па може ќе увидиш барем малку, што значи терминот ДИСКУСИЈА ... И не се прави паметна дека, не бил твојот беден и смешен коментар за мене наменет, пошто и со шуплива глава да е некој , ќе види дека тоа за мене се однесуваше И уште нешто - викаш ќе си ме удостоела со реплика Драга моја, јас тебе те удостојувам , што ти враќам на бедните и смешни постови . поздрав и среќни празници
И јас сум за, колку и да спориме, ниту ти ќе ме убедиш мене, ниту јас тебе. Јас инаку не сум политички определена, само ме нервира сето она напаѓење на човекот, кој сепак мислам дека добро си ја врши работата. Убава агенда имаше владата, само некако мислам дека се прецени со рокот за кој мислеше дека ќе ги заврши работите... А не смее да се заборави и фактот дека се соочија со проблем кој другите влади го немаа, т.е. ГРЦИЈА . П.С. Зошто мислам дека не е Груевски најголемиот бос кај нас, туку дека има многу помоќни луѓе кои стојат зад него и му дикитираат
Некои аргументи се веќе наведени во др.постови но сепак ќе ги споменам... 1.Покачување на пензиите... 2.Укинување на визниот режим...голем чекор напред..големи бенефиции во транспортот.. 3.Македонија се наоѓа на 3то место во светот по спроведените реформи за водење бизнис.. 4.Субвенции за земјоделците..нивно зголемување со цел поттикнување на земјоделството... 5.Проект ''Регулторна гилотина''- поедноставување и изнајдување на решенија за поуспешен бизнис. 6.Подобрување во образованието,бесплатни учебници,компјутер за секое дете,бесплатно и задолжително средно образование,намалување на партиципациите на државните факултети.. 7.Стипендии на државните факултети.. 8.Малку постари успеси (но во рамките на функциите на Груевски) *Денационализација-враќање на имотите.. *Регулирање на долгот кон семејствата со т.н.заробени девизи.. *Реформа на платниот промет... 9.Успеси во борбата против криминалот и корупцијата..Операцијата ''Пепел'' против тутнската мафија,случајот ''Изгрев'',како и операцијата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.Во економскиот криминал расчистени преку 900 случаи.. Акции против недозволената трговија со наркотици... 10.Подобрување на патната инфраструктура...локални и регионални патишта..поголема безбедност.. Не планирам да филозофирам и слично..Ова мислам дека е доволно..И ќе прекинам да пишувам..затоа што сите твои постови наликуваат на препукување па не сакам и оваа тема да биде заклучена..Поздрав
Лолипоп, мислам дека знам за кој мислиш дека е поголем бос од Грујо Ај, прати ми ЛП Мислам ако сакаш прати ми или па напиши тука, што има врска...Чисто дилемите да ги расчистиме, онака
Знам, оф топик ова ама ај... дај доста се аргументиравте и реплициравте на темава која ја однесовте сосемна во друг правец. Велам јас не е политика за жени . И, едно ќе молам, имајте бон-тон и култура, не навредувајте, барем не тука, ниту форумџики, ама ниту политичарите. Теле, не теле, тој е претседател, Иванов. И само тоа можам сега да ви кажам инаку мразам политички дискусии- нашата држава е парламентарна, што значи одлуките ги носи парламентот, неговите членови, претседателот има улога на Англиска кралица, значи, говор на манифестации, средби со делегации. Значи освен војската под негова директива нема ништо. И ај, веќе почнав, да си кажам и јас. Мислењето за Груевски досега ми е позитивно, макар што имам и јас свои негодувања на одредени работи. Политиката кај нас е таква каква што е, и сигурно јас не очекувам за пет-шест години Македонија да биде Дубаи. Многу работи треба да се поправат. Мноооооогу! За мене досега имало доста позитивни работи, од кои некои и ми се лично врзани за моето семејство, и сигурно нема да се жалам, кога не сум ни видела подобро од ова. Кај нас работава е ако ти дава оти дава, ако не дај оти не даваш, битно еда се плука. Има и мани премиерот, фала богу, ете на пример со ваучерите за апсолвентите, даде две години, за нас нема. и со ништо не можам да го оправдам тоа. АМа сепак јас ги гледам позитивните работи, ете Викиче и Лолипоп доволно кажаа. Не барам никој да се правда или осудува, секој има право на свое мислење. Само без навреди.