Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Discussion in 'Политика и настани' started by OzzyAngel, Jun 11, 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 vote(s)
    42.4%
  2. Негативно

    636 vote(s)
    57.6%
  1. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Joined:
    Oct 27, 2011
    Messages:
    423
    Likes Received:
    308
    Gender:
    Female
    Еве постара сум од тебе 10 години , па ти кажувам...Во мое време на твои години таксито не беше луксуз, пијачките беа нормални цени, животот во Скопје беше поубав и побезбеден...Храната беше ефтина...Па тоа е точно дека сите учени станаа и бараат државна работа, затоа што само тоа е сигурност и само таа постои и функционира... Последниве 5 годинисе отвориа факултети во секој град..А дали работни места се отворија во тие градови, за да ги згрижат тие студенти по завршувањето..Или единствено што стана е партиската книшка услов за вработување ..Никогаш не било добро, но никогаш не било полошо...Стопанството тоне..Задолжувањата се поголеми..Владее страв..Ужас и мизерија...Немојте да ми се дичите со споменикот на Тодор Александров и со тон пари фрлени за врбиштана во Вардар...Стравот и гладот секојдневно е помасовен во насата Македонија...
    Се сложувам со се...Браво за коментарот...Но тешко кај нашиов исполитизиран народ...Розевите очила ќе ги извадат еден ден, но се плашам дека ќе биде предоцна за сите..
     
  2. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2010
    Messages:
    1,258
    Likes Received:
    426

    Никогаш нема да се случи тоа да сфатиме дека сме едно, како што ги наброја. Никогаш. Секој си ја брка својата работа, својот опстанок, живот. Такво време дојде или ќе земаш или ќе ти земаат. Трето нема.
    Како што пишав состојбата е лоша. Малку контрадикторно одиш во болдираните реченици. Сега глупи сме или не сме? Глупи сме или паметни сме имаме здрав разум ама не прават глупи? Народот се бори за да преживи. Кој како знае и умее. Кога гледа за својот опстанок и со малку ќе се задоволи, зошто повеќе не може да добие. Или малку или воопшто. И ДА: во нашава земја има само богати и сиромашни.

    И што да правиме за да се освестиме? Јас ти и уште 100-тина што ќе направиме? Ништо. Ние сме никој и ништо во државава, а за во светов ич муабет не правам.
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,808
    Likes Received:
    52,974
    И сега као треба да ни биде подобро? Кажи им го тоа на тешките случаи
    Трн треба да е во око на секој човек не на партија. Не знам зошто потреба ова да се погледне пак од партиски аспект. Јас не сум ни за едните ни за другите.
    Искрено, типично вмровски. Кога ќе им се пререче нешто и тие -а во времето на Бране да не беше подобро.- Не сме во времето на Бране бре, гледаме како е сега и овде, критикуваме сегашна власт не мината.
    Дали пред 15год беше нормално да се види дете со нож или пиштол во ранец?

    И кои луѓе ги има оваа власт? Министерон за економија, здравство, одбрана, внатрешни работи??? |(
     
    Annath and Hipster like this.
  4. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    181
    Ако мислиш на македонски државјани, така може и во право си, ама инаку не е ова Америка па сите доселеници од Европа, Африка и Азија да бидат една нација.
     
  5. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Joined:
    Sep 28, 2011
    Messages:
    225
    Likes Received:
    88
    Извини немора да значи ако имам добро мислење за премиерот имам вработено некој или пак фрижидерот ми е полн за твоја информација мојот татко за времето на Бранко Црвенковски замина во странство за да може да ми биде подобро мене и на моите бидејќи за негово време направи пустош од нашата држава, и да ке продолжи моето мислење да биде добро за премиерот јас од мојот став не одстапувам за некои како вас, нормално дека ке има и споменици и се пола од вас се исликавте по нив а ги плукавте па после имало ваква невработеност таква невработеност па ќе има нашиот народ се научи да чека на државата, еден пример пред некое време мој комшија заврши лекар му понудија работа во болница па тој се преценува до вчера појма немал завршил тука така па вика јас за 20 илјади не работам. Епа ако не сакаш ке седиш дома а не да зборувате дека имало немало невработеност нашиот народ е лежи лебу да те јадам сите сакат диретори право по 60 илјади плата, ако сака да работи и ако сака пари за почеток ќе работи и за 20. Ви се допаѓа кога ке одите во Парис и кога ја гледате ајфеловата кула и другите знаменитости што ги има таму, или пак во Рим, каде што има исто така споменици и сите туристи се сликаат а во Државите кој ги поседуваат се гордеат со нив. А кажете ми кога ке дојде некој во Скопје и кога ке видеше како изгледа главниот град што ке каже дај ве молам нешто што е убаво да го оскарнавиме ние граѓаните на сопствената држава. И за крај секој си има сопствено мислење јас го почитувам моето, ги почитувам и другите па нормлано зошто е демократија секој да каже што мисли ама никогаш не дозволувам некој да ми суди, и извинете на долгото образложување но морав затоа што пред да судиш некому треба да знаеш како му било. :!: :)
     
  6. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2010
    Messages:
    1,258
    Likes Received:
    426
    Не велам дека треба да ни биде подобро, читав коментари како само во нашава земја имало беда и сиромаштија и тн. Секаде е така, не гледајте само пред нос што се случува, погледнете малку пошироко. За ова ми беше наведен коментарот.

    Ова за спомениците, не знам точно кој политичар беше мислам од албанска партија кажуваше како кога би бил на власт железото од спомениците ќе го топел, ќе ги рушел ќе правел ова ќе правел тоа. Немам сега време на интернет да барам кој кажуваше така, ако те интересира побарај. Можеби и веќе имаш слушнато. Ете на него се трн во око спомениците и на овие од останатите партии.

    Типично-нетипично вмровски-така е. Никаде не пишав за сегашната власт ниту пак зазедов одбранбен став за неа. Туку напротив, пишав како е тешко денес да се преживи во нашава земја. Без разлика дали си во партија или не.

    И за последново, да нормално беше. И јас сум од Скопје ама имам фамилија во западна Македонија, и тогаш и пред 20 години, а и сега луѓето во тие делови со страв живеат. И тогаш имало пресметки на етничка основа и денес има.
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,423
    Gender:
    Female
    Глупи глупи, СМЕ!
    Додуша јас не се ставам у таа категорија, молим.
    Зашто, бидејќи не дозволувам никој да ме влече за нос, и да ми кажува како стојат работите, сама си формирам мислење за работите,не ми треба некој друг да ме убеди како е и што е.
    И не,добри 50 посто немаат здрав разум, имаат партиски разум. И се глупи, прости и НЕОБРАЗОВАНИ!
    Ти можеше да вртиш колку сакаш, пак си остана со ништо не кажано.
    Јас тебе не ти ја сваќам целата на моето цитирање?
    Мојата поента ако не си ја сватила е дека додека не се описмени наслението и да се разбуди од хибернација у која е западнат тешко ќе имаме напредок и ќе излеземе од ситуацијава.
    Зашто никој не е будала дане те лаже и краде кога гледа дека ми дозовлуваш.
    И сватете, никој политичар кај нас не мисли добро, се покажало до сега.
    Како е во другите земји незнам, ама очигледно повеќе прават отоколку што крадат.
    Нашиве ја претераа.
    И немојте со глупите муебети секогаш ќе има сиромаштија и беда, сваќате дека во македонија нема веќе средна класа? Ако и воопшто знаете што е средна класа.
    И да а пошто сите си мислите за себе, нели индивидуализам, замисли се, дали ти живееш подобро него порано?
    На твоите дома платата им порасна?
    Се намалија ли цените на нешто?
    Се намали ја цените за школкување?
    Имаат ли некакви бенефиции студентите?
    И едноставно дали ти имаш некакви подобрувања во твојот живот и животен стил?
    Размисли за овие прашања, ама убаво,па после кажи дали е се океј, и работава и не е така очајна.
    Поентава на целов муабет не мие да навредувам некако, туку само реално да сватите дека додека ве делат а предавници и патриоти, НЕ раскаруваат меѓу себеќе пропаднеме и други ќе ни ја земат државата.
    Мене тоа ме нерива кај нашите партии, а и богами кај луѓето.
    Албанците колку и да се од различни партии, кога треба да се борат за исти права, заедно се.
    А ние?
    Ние да можеме ќе се истепаме дали се брако или грујо!
    Нај страшно и најтешко ни е на нас партиски неоптеделените и независини од никого.
    За нас на никој не го боли да ми простите на вулагризими!
     
  8. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Joined:
    May 27, 2012
    Messages:
    125
    Likes Received:
    216
    Gender:
    Female
    Јас колку што знам секој има право на свое мислење,така да нема зошто да се забрани темата за било кој.

    Јас се чудам како може некој од една страна да ги гледа работите толку розово,а од другата страна некој да ги гледа толку црно.Ни едните,ни другите сте во право.
    Да,во државава ништо не е совршено,има голема сиромаштија,многу дипломи служат само за украс и многу соништа заради ситуацијава остануваат неостварени.Но ве молам немојте да пишувате работи кои прават дека нам ни е полошо од Африка,кога не е се така црно.
    Нам ни треба време,ние сме релативно млада држава,ни треба да сфатиме дека партијата не ни е брат,туку брат ни е тој со којшто се расправаме во моментот за истата.Да,се сложувам дека не треба да се задоволиме со овие услови,ама пак од друга страна не правиме ништо друго освен што си дикутираме меѓусебе за ситуацијата.

    Јас сум растена во место каде што албанците секој ден стануваа се побројни,така да знам како е во тие места.После 2001 тензиите воопшто не стивнаа,туку умешно се прикриваа.И сега кога дојде оваа власт и почна да им дозволува се’ повеќе,тие си земаа сила и сега ќе не газат,ќе им се плашиме.Е така е,ама сме им дозволиле да е така.Немојте да ме разберете погрешно,некои од нив ми се другари,ама мислам дека она што тие го бараат е апсурдно.Тие сакаат да имаат власт над нас и ние да се тргнеме од нивниот пат.И секако отсекогаш тлее како жарче кое во секој момент ќе се разгори сонот за голема Албанија.
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,278
    Likes Received:
    27,971
    Не можам да си поверувам какви глупости читам и затоа со 10 раце го потпишувам постот на Хипстер дека сме глупи.И ми се повраќа од народов искрено. И се чувствувам обратно од рекламана за горд Македонец, зошто СЕ СРАМАМ што сум родена и што живеам во вакво општество. И сите што го поддржувате премиерот, напишете барем 1 причина зошто е оваа влада добра, а тоа да не е затоа што вашите или вие сте вработени партиски. Само тогаш можеби ќе може да се развие дискусија која нема да биде само ограничен поглед на семејниот буџет

    И чисто информативно
    Владата ги подгрева меѓуетничките тензии преку ширње на национализам ! Секојдневно! Секаде!
    Владата организираше МАРШ НА ЖИВОТОТ!!!!! Како анти протест на Маршот за толеранција. На што личеше тоа?
    Владините медиуми не пренесуваат вест дека сите доктори штрајкуваат! Односно пренесуваат лажни информации и шират заблуди!

    За некоја година, во затвор ќе одат сите што вака пишуваат против премиерот.
     
    Annath, Hipster and danielka0507 like this.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Joined:
    May 7, 2010
    Messages:
    6,488
    Likes Received:
    24,077
    Па ќе гледам во странство нормално затоа што тоа се обележја стари на градовите со години и векови, а не ова нов имиџ создаваме сега. Создаваат нешто што не било својствено за Скопје што никогаш не постоелно, а они сега сакаат да прават култура и архитектура, ахм... тогаш што не ја направат модерна архитектурата, а не барокна :^)
    Прво треба да се среди внатрешноста болниците и училиштата па после да се мисли на декорирање на градот. Да, од надвор се е убаво замачкано не дај боже да влезеш во некоја болница или некое школо на кое му паѓа кровот. :^)
     
    Annath and Angel.girl like this.
  11. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Joined:
    Sep 28, 2011
    Messages:
    225
    Likes Received:
    88
    Па и тие споменици што ги има во другите држави некогаш биле градени, правени не изникнале сами, така да за 100 години и кај нас ке велат дека се стари и дека ја одбележуват нашата историја и држава,и култура. :)
     
  12. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2011
    Messages:
    669
    Likes Received:
    667
    Ligavka
    ^^ама знаеш што историјата е поделена на периоди, етапи, ран, сред, предмодерен, модерен, постмодерен период. И жално е шо у другите држави сето тоа го направиле у некој средн век тие твои фамозни споменици, а нашиве еве дури у постмодерен. Ама јбг тие у другите држави ке бидат секогаш ПОСТАРИ од нашите и ќе го носат белегот во времето во кое изникнале.Jас си се прашувам некогаш здравје детето кога ќе ме праша од кој век се музеиве, зградиве, споменициве и што уште не у скопје, па и да биде начитано историја и прошетано, шо ќе му објаснам.Сине ни секогаш сме биле така по неколку векови наназад и фала богу шо се најде некој да ни ги дигне споменициве, оти незнам како ќе преживеевме. Жално е шо премиерот ни наш не врати неколку векови уназад, па наместо да прави работи шо се прават сега,у 21 век, он не врати у 17 век и праве работи шо се правеле у баркот. Браво за нашиот барок премиер и нашата барокна преубава и розева држава, фабрики нема, патишта чат-пат, а енергетски системи па ич. Убаво е, му се дивам на Гоцета качен на коњ и на Јустенијан у сред плоштад, се си мислам да можат сами ке си изгалопират од плоштад :clap:
     
    mims-89 likes this.
  13. LaBella

    LaBella Популарен член

    Joined:
    Nov 6, 2010
    Messages:
    1,053
    Likes Received:
    1,102
    Gender:
    Female
    Премногу гледате ТВ Сител вие што викате дека цвета државава
    Ставам само еден потпис на постот на Hipster и немам што да коментирам понатака :bow:
     
    danielka0507 and Hipster like this.
  14. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    384
    Likes Received:
    261
    Gender:
    Female
    Ligavka
    Како ја одбележуваат нашата историја,држава и култура кога поголемиот број од тие споменици одбележуваат некоја друга историја и култура.
    На народот не му требаат споменици за да преживее туку му треба работа,а од спомениците не се живее, тоа гладните нема да ги нахрани а тие за жал се се повеќе и повеќе
    Тие споменици не се со цел изградени да разубават тука за да се исперат пари колку што може повеќе,не гледате дека цифрата потрошена на овие споменици од ден во ден се повеќе расте?
    А кога почнуваат да градат тие беа категорични дека буџетот за спомениците нема да се зголемува,ама очигледано апетитите по повеќе и повеќе пари драстично се зголемиле
     
    Annath likes this.
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2009
    Messages:
    1,329
    Likes Received:
    1,196
    Мене ме интересира економијата, сега, ДЕНЕС а не пред 15 години.
    И се додека невработеноста е повисока од 10 проценти не признавам ни влада, ни премиер ниту пак опозиција.
    И ми се гади од спомениците кои се обележје на синдром на пониска вредност.
     
  16. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Joined:
    Sep 28, 2011
    Messages:
    225
    Likes Received:
    88
    Ти за премиер па ке видиме, како ке ја водиш државата без навреда би ти одело 100%, премногу се навлековме овде да зборуваме во оваа тема дајте нешто друго да прокоментираме, тука се знае ти вака мислиш јас така мислам никогаш сите нема да се согласиме на едни ќе им биде добро на другите не така да тие што се соодветни за тоа нека си го работат, тоа а дали ке се тие или другите јас знам дека моите родители пак ке носат дома но мислењето ми останува позитивно во секој случај :)
     
  17. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2012
    Messages:
    195
    Likes Received:
    63
    Филиповска, дај те молам не зборувај глупости тука и муабет за мали деца :) Кои споменици се од туѓа историја?Даме Груев, Јане Сандански, Гоце Делчев, Цар Самуил, Ченто, Асном, зградите коишто постоеле пред земјотресот во Скопје?Кои, ајде наброј ми ги?

    Народот овдека не гладува и те молам немој веќе со исти тие шаблон муабет коишто ги повторувате те истите девојки тука.Како што гледаш најпосетувана тема тука на форумот е диета, а како од толку гладување стигнавте да се здебелите?На секои пет минути се фалите кај сте биле на одмор, што с купивте од последниот шопинг, се фалите што ви е следно на план, ама кога ќе се спомне Груевски, спомениците, патриотизмот, Македонија веднаш немате леб да јадете и гладувате.Дај ве молам престанете со тоа лицемерие, дволичност и шаблон муабети.Терминот “гладување“ е многу погрешно сфатен во Македонија и страшно многу се злоупотребува во дневно политички цели.Ако за тебе е гладување тоа што Македонците оставиле 500 милиони евра во Грција за летување, а не одеа само таму, туку еден куп и во Шпанија, Венеција, Хрватска, Турција тогаш ти имаш очигледно многу голем проблем со фактите.Јас многу добро ги знам тие таквите што гладуваат, а секој месец ново фустанче, цел ден се по кафиња, шетање, студираат, трошат пари на кредит, али битно они се многу изгладнети.Едвај се движат поради гладот.

    И да, земи учи малку од Албанците.Денес цел Чаир и Бутел е со албански знамиња, секоја втора Албанка што ја видов носеше маица Албанија.Учи како тие си ја почитуваат својата нација, својата религија, својата држава и се држат меѓу себе, затоа и не газат кај стигнат.Ние и на она малку што го имаме знаеме да се измочаме на него.Прости на изразот!.Затоа и никогаш нема да не биде, а и не треба да не биде, затоа што не сме заслужиле да имаме држава како народ.
     
  18. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2012
    Messages:
    195
    Likes Received:
    63
    Во Македонија нема 32’% невработеност.Тоа се само податоци коишто се пријавени дека не работат, а всушност најголемиот дел од нив работат свои бизниси, на црно, на печалба надвор и ред други работи.

    Синдром на пониска вредност имаш ти, па затоа те гази кој стигне тука во Македонија.Те молам воспитај си ги така и твоите деца да имаат пониска вредност и нив да ги гази некој.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,142
    Валерија какво е ова навредување од твоја страна?Кој е тој бизнисмен што се води невработен?Па луд ли е стаж да не си уплаќа?Нема логика ова што го збориш. Во оваа држава кој ги сака спомениците нека ги плаќа каматите од кредитите на Ставрески и Груевски. На крај во оваа трула држава ќе останат такви портокалови само и секој ден ќе се тепаат по автобуси со нецивилизираните на Ахмети. Нема иднина, тоа е факт.
    Филиповска, дај те молам не зборувај глупости тука и муабет за мали деца :) Кои споменици се од туѓа историја?Даме Груев, Јане Сандански, Гоце Делчев, Цар Самуил, Ченто, Асном, зградите коишто постоеле пред земјотресот во Скопје?Кои, ајде наброј ми ги?

    Народот овдека не гладува и те молам немој веќе со исти тие шаблон муабет коишто ги повторувате те истите девојки тука.Како што гледаш најпосетувана тема тука на форумот е диета, а како од толку гладување стигнавте да се здебелите?На секои пет минути се фалите кај сте биле на одмор, што с купивте од последниот шопинг, се фалите што ви е следно на план, ама кога ќе се спомне Груевски, спомениците, патриотизмот, Македонија веднаш немате леб да јадете и гладувате.Дај ве молам престанете со тоа лицемерие, дволичност и шаблон муабети.Терминот “гладување“ е многу погрешно сфатен во Македонија и страшно многу се злоупотребува во дневно политички цели.Ако за тебе е гладување тоа што Македонците оставиле 500 милиони евра во Грција за летување, а не одеа само таму, туку еден куп и во Шпанија, Венеција, Хрватска, Турција тогаш ти имаш очигледно многу голем проблем со фактите.Јас многу добро ги знам тие таквите што гладуваат, а секој месец ново фустанче, цел ден се по кафиња, шетање, студираат, трошат пари на кредит, али битно они се многу изгладнети.Едвај се движат поради гладот.

    И да, земи учи малку од Албанците.Денес цел Чаир и Бутел е со албански знамиња, секоја втора Албанка што ја видов носеше маица Албанија.Учи како тие си ја почитуваат својата нација, својата религија, својата држава и се држат меѓу себе, затоа и не газат кај стигнат.Ние и на она малку што го имаме знаеме да се измочаме на него.Прости на изразот!.Затоа и никогаш нема да не биде, а и не треба да не биде, затоа што не сме заслужиле да имаме држава како народ.[/quote

    Валерија така е бидејќи овдека одамна премиер е Ахмети, не Груевски. Доста дискутирате за него не е вреден, тој на Албанците во Сарај им читаше на албански, а ние сме небезбедни на улица. Не продаде ....
     
  20. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2012
    Messages:
    195
    Likes Received:
    63
    Збори со факти, докази , а не со празни муабети. Инфлација и економска криза ги удри сите европски и светски држави, а пред тоа да се случи владата на Груевски го постина најголемиот економски раст во историјата на Македонија кој нормално беше прекинат со рецесијата.Од сите светски влади доби пофалби за своето справување со кризата којашто не ја осетивме драстично како што ја осетија многу држави.


    Нов светски аеродром, нов градски стадион со светски изглед, нова спортска сала со светски норми за одржување на натпревари и првенства, 100 спортски сали низ Македонија за сите училишта, а веќе се прават уште нови, реновирање на многу училишта(сакаш да ти покажам листа на се кои училишта се реновирани во Македонија до темел), отворање на универзитет во Штип со којшто наместо Македонци да одат и да студираат во Бугарија(што беше порано) и да се пишуваат Бугари таму, тие своето образование ќе го стекнат во Македонија, инвестиција во здравството од 80 милиони евра, најнова опрема и технологија во медицинските центри, комплетно реновирање на здравствените установи, веќе се гради нов клинички центар, нови 80 амбулатни возила од најнова технологија, нова ДНК лабараторија којашто ја немавме, 200 автобуси за град Скопје, инвестиции во економијата од 500 милиони евра, цел Бунарик веќе се градат фабрики, 10 најмодерни булевари во Скопје проширени и со светски изглед, градски кеј во Дојран вреден 3 милион евра, автопат до Гевгелија којшто е при крај и фалат уште 32 км, 500 социјални станови веќе изградени и расподелени, субвенции од 110 милиони евра за земјоделците, покачување на пензиите и платите неколку кратно и многу, многу други работи коишто не ги набројав , а ќе ги набројам подоцна.


    Владата на Груевски добива перфектни оценки од европската комисија 5 години по ред за напредокот на Македонија.Ако козата лаже рогот не лаже!Така ли е?Секоја влада има свои мани, но јас секогаш го бирам помалото зло.Македонија 4 пати по ред добива и има фер и регуларни избори првпат спроведени во Македонија без никакви забелешки.Во времето на Бранко сите избори се фалсификуваа , а најголем дебакл беше давањето на 150 000 државјанста на Косовари.


    Кога ти ќе сфатиш дека Албанците ниту сакаат да живеат во оваа држава, ниту ја чувствуваат како своја, а ниту им е гајле за неа.Работат по сите државни институции, а не се ниту тронка лојални на оваа држава.Твоето затворање на очите и глумење либерален тип за да се додворуваш тука на девојки не го менува фактот дека прва прилика Албанците ќе се делат од Македонија.Во последно време Турците и Босанците се повеќе на страна на Албанците поради религијата и заедно шерифуваат.

    Македонците се слепи , глупи и наивни и веруваат во приказни за соживот и мулти-култура.Убиствата на Смилковско езеро изгледа не ни беше доволно да се освестиме од сонот.Ако ни е!
    Еден куп познавам што не се пријавени за невработени, а земаат плата и работат.Таков пример е брат ми во поблиската околина.Не навредувам никого, но молам со факти и докази, а не со навредување на мојот народ, држава и историја.

    Целиот проект Скопје 2014 е само проект да се стопира албанизацијата на Скопје којашто е неминовна, но некој е слеп на тоа очигледно.Центарот на Скопје пред 7-8 години беше дувло на Албанци и диви таксисти од Тетово и Гостивар.Личевме на Палестина.Кога доаѓа турист од страна се прашува ова на Техеран ли личи или на Скопје.Скопје , град со тесни улици, булевари, разрушени комунистички згради прерасна во модерен град со широки булевари, нови трговски центри, згради, нови автобуси и многу други работи.Сакам да кажам зборувајте со факти, а не со шаблон муабети. :)

    Tanjamm, Груевски има направени лоши потези нормално како што беше амнестирањето на Хашките случаи.Тоа беше стварно срамно, но тој не те продал, туку ние самите си се продаваме.Албанците имаат голем наталитет, се држат, имаат нормални и семејни жени за разлика од Македонките , работат сите за исти идеали и верувај дека Груевски држи колку што може.Кога ви ја кажува вистината дека Македонците стануваат малцнство во својата држава поради слабиот наталитет, неморалниот и неодговорниот живот вие го дочекавте на нож. Не е само тој крив за се, туку целиот македонски народ.Не треба да одиш подалеку.Види го само форумот.Скоро 98% од девојките тука ја плукаат својата националност, својата држава и се што е македонско.