Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Неморал ли е тоа што немам пари за семејство, имам само за мене, колку месецот да го поминам. Што треба да бидам крава и да седам дома да раѓам по 10 деца?
     
  2. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667

    Валерија јас им се воодушевувам на ваквите ОПТИМИСТИ како тебе. Не, ти не си реалист, ти си БАРОКЕН ОПТИМИСТ бре девојко. Филипоска убаво кажа, спомениците не се овде и сега за да ни го разубават градот и државата во која бројот на бездомници, гладни, и сиромаси се зголемува секој ден пропорционално со сумата на парите кои државата ги пере преку спомениците и ЖАЛНИТЕ врби од кои ми се преврака се у стомак. Владата, т.е премиерот, пошо темава е конкретно за него ќе беше добра ако наместо да ни го "разубавува" градот со бронза и коњи, кои во ситуацијава не се ни малку приоритетни, ќе инвестираше во проекти кои ќе отвореа нови работни места, ќе ги помигнеше малку повеќе најранливите семејства, ќе привлечеше некоја странска инвестиција. Ако веќе решила да троши нели? Ама сега малку јасно ти е дека владата не троши разумно туку ПЕРЕ пари м? И не реков дека ситуацијата во македонија некогаш била совршена, далеку од тоа, ама денес е бедна. Секој втор човек се жали, секој втор како минува времето паѓа се пониско и пониско. Мислиш не револтира некој кој нема на децата да му даде 10 денари за во школо, да гледа како премиерот секој ден сече ленти и засукан фрла лопати за некои проекти шо на ниеден граѓанин нема да му донесат ништо добро. Мислиш дека некој гладен, со долгови и проблеми до гуша ке отиде и ќе се восхитува на новите музеи, коњаници, војсководци и што уште не. Не бе, тој човек ќе биде среќен кога ќе виде дека премиерот сече лента на нешто што ќе биде продуктивно, нешто шо на некој, кој и да е ќе му донесе малку пари.
    И не збори колку биле луѓето најдени или не, отвори некои статистички податоци, светски и регионални о остани со широко отворени очи коа ќе сфатиш македонија дали е мизерна и у коа категорија спага у последните 5, 6 год. :bow:
     
    На Annath и Filiposka им се допаѓа ова.
  3. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Не е неморал Тања.Ова не се однесуваше конкретно на тебе, немој погрешно да ме сфатиш дека имам нешто против тебе.Јас сум млада и гледам како живеат поголемиот дел од девојчиња моја генерација.Буквално скокање од кревет во кревет и никаква одговорност за животот.Имам буквално примери на мои блиски познанички коишто до 19 години имаат спиено со 30 души и тоа поголемиот дел женети мажи.Не е само одговорноста во тие девојчиња, туку и во самите мажи Македонци.Младата генерација Македонци тотално се испуштени од страна на родителите.Излези само по Скопје и види колку девојчиња само се проституираат со Албанци и немаат грам срам и образ во себе.На овие теми има доста да се зборува, не е само ова проблемот :)
    Покажи ми статистика на луѓе што умреле од глад во Македонија?Ајде сабота прошетка со мене да ми покажеш кои се тие се повеќе и повеќе сиромашни, гладни и бездомници?Само немој да се запрепастиш од полните кафани, кафе барови, полните трговски центри, новите автомобил, распродадените станови и ред други работи.Македонија не е Германија или Шведска, но не е ни Зимбабве.Не претерувајте со анализите :)

    Земи и види статистика колку станови се продадени, колку автомобили се купени овој месец и ќе видиш колку народот “гладува“.Никој не тврди дека во Македонија нема сиромаштија, но не во тој степен што вие сакате да ја прикажете.Фактите друго говорат.
     
  4. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    ^^Валерија а ние треба да чекаме да умрат од глад па таква статистика да ти барам јас тебе? а? А у сабота може, ќе дојдам и ќе видиме КОИ тие шо ги полнат кафаните и каква позиција имат у државата. Оти пред едно 5 год и татко ми ги полнеше кафаните секој викенд ама сеа поскромно, по дома јаде. Зошо упорно одиш со главата у ѕид, дај малку погледни околу себе, види на колку семејства животот им станал мизерен и направи разлика пред и во времето на чичко Коле, па пиши ми.
     
  5. cinderelka

    cinderelka Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    14
    вие сакате моменталниот премиер да оствари се за овие 6 години власт,а претгодните 15 се крадело и не се поместиле работите од мртва точка?е драги мои не може така,а и нема волшебно стапче па преку нок ние да сме како високоразвиените земји.што е постигнато доста за време на неговава власт е постигнато,се што ке се каже против тоа е само терање инает.а за градењето на споменици и ред такви работи,па редно време беше да заличи скопје на убав главен град,затоа што предходно имавме најбатал главен град... ајде поздрав и отворете очи малце ;)
     
  6. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    ^^^поискрадена македонија до сеа не била, ама нејсе.секој со свое мислење и толкување. Секоја почит на вас на кои ви е убаво во ова време во Македонија. Радосна сум за вас ;)
     
    На danielka0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Девојко значи овде секој си го казува своето мислење и никого не треба да се навредува или не треба да се вреѓате тоа што некој има различно мислење од ВАШЕТО,јас никого на навредив и не дозволувам и мене некој да ме навредува.
    А што се однесува за спомениците јас пишав дека поголемиот број од нив не се од наша историја значи читај убаво мене не ми сметаат спомениците од типот на Никола,Гоце,Јане и другите како нив напротив јас се гордеам со таквите херои и не знам ти како заклучи од мојот коментар дека јас не ја почитувам нашата нација,нашата религија или својата земја.
    Ама не можам да кажам и нема тоа никогаш да го оправдам дека сите тие споменици се потребни како од типот на Јустинијан, Прометеј сакаш со или без гаќи,златни коњи,шмизли итн пошто се многу накотени човек не може се да запамти.
    А од друга страна да има многу ѓто одат на шопинг во грција и оставаат тон пари таму ама тоа се БОГАТИТЕ а од друга страна има СИРОМАСИ кои работат за бедни 5000 ден. а има и почести примери во моето место кога и нашите МАКЕДОНЦИ почнуваат да чепкаат по контињери да земат нешто што останало поздраво и појестливо е тоа е ЖАЛНО и тоа не може да го оправдам а и не знам како може тоа некој само така да го проголта оти од партија му кажале дека во Македонија се живее подобро :fubar:
    Еј дојдоја до тој степен да на кажан виц за Груевски,Ставревски или кој и да е од нашата бескорисна влада тие да реплицираат :?: бог да чува.
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Не е неморал Тања.Ова не се однесуваше конкретно на тебе, немој погрешно да ме сфатиш дека имам нешто против тебе.Јас сум млада и гледам како живеат поголемиот дел од девојчиња моја генерација.Буквално скокање од кревет во кревет и никаква одговорност за животот.Имам буквално примери на мои блиски познанички коишто до 19 години имаат спиено со 30 души и тоа поголемиот дел женети мажи.Не е само одговорноста во тие девојчиња, туку и во самите мажи Македонци.Младата генерација Македонци тотално се испуштени од страна на родителите.Излези само по Скопје и види колку девојчиња само се проституираат со Албанци и немаат грам срам и образ во себе.На овие теми има доста да се зборува, не е само ова проблемот :)

    А дали знаеш бре ти чупе за што се проституираат тие млади што ги спомнуваш?
    ЗА ПАРИ чупе за пари оти секој сака попристоен живот да живее а не да мизерува и да талка од споменик до споменик пошто нема работа и цел ден може да ги врти ЦЕНЕТИТЕ споменици.
    Како ние ќе го зголемуваме наталитетот што од нас го бара ценетиот ни премиер кога или двајцата не работат или работи само едниот родител,или треба да се издржуваат од пензијата од едниот родител и на кого побргу ќе им стаса таа пензија?
    И да има многу да се зборува и не е само овај проблем ама може да се зборува со разумни луѓе а сето поинакво зборување може да оди до степен на навреди и ништо повеќе..........затоа што кога нема нешто поконкретно да се понуди одма се оди на варијанта а што направи Бранко? Мене не ме интересира што правел Бранко туку ме интересира што прави тој што е на позиција а не тој што е на опозиција и затоа заминал таму затоа што ништо не правел а РЕАЛНО се надевам дека истото и сега ЌЕ СЕ СЛУЧИ
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Да овдека во мојот град девојчиња по 16 год одат во мотел со млади Албанци женети и се знае за пари. До тука ни е дојдено општеството. Општо ништо не е во ред. Јас приватен живот жртвувам, дружење си скратувам, излегување за да имам некоја пара нешто да сочувам и да заработам повеќе. Овдека за просечен живот треба добро да се измачиш. А што да кажат луѓето вом мали места каде и да работиш џабе е кога даваат плата 5-6000. Со тие пари свои трошоци човек не може да покрие.
     
  10. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Целиот проект Скопје 2014 е само проект да се стопира албанизацијата на Скопје којашто е неминовна, но некој е слеп на тоа очигледно.Центарот на Скопје пред 7-8 години беше дувло на Албанци и диви таксисти од Тетово и Гостивар.Личевме на Палестина.Кога доаѓа турист од страна се прашува ова на Техеран ли личи или на Скопје.Скопје , град со тесни улици, булевари, разрушени комунистички згради прерасна во модерен град со широки булевари, нови трговски центри, згради, нови автобуси и многу други работи.Сакам да кажам зборувајте со факти, а не со шаблон муабети. :



    Ме изнасмеа Валерија...Па центарот на Скопје никогаш не бил дувло на албанци и диви таксисти...Туку безбедно збиралиште на млад свет...Ефтин такси превоз....Сега неможе така..Знаеме во чива сопственост се таксисти така д акој сака мора дебело да плати..хахахха...
    А кај вас во штаб не ги признавате Гостивар, Тетово, Дебар и Чаир дека се во Македонија...Затоа таму не се издаваат фискални сметки и има диви таксисти...Зашто таму не ја стопирате албанизацијата..Мислам баш во центарот на Скопје проектот ,,стопирање на албанизација,, немаше потреба...
    За жал вашиот фамозен проект, обичниот народ го нарекува ,,пералница на пари,,,...Не сме ние овде ниту прости ниту глупи, па да не знаеме колку чини една врба, за вие да не лажете и правите луди...
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Не знам од каде муабетов за девојки кој со кого одел. Мислам дека повеќе зборува за воспитувањето од дома, или невоспитувањето. Можеби недостаток на родителски совет, додека децата сами дома растат, а родителите работат по 12 саати па немаат време да им посветат ним.

    Јас би рекла, се спомнаа странските инвестиции. Каде се тука домашните фирми? Ако си никој и ништо не можеш да опстоиш. Дали знаете дека парите на фирми ги држи државата. Наместо тековно работење, фирмите се во криза од неизмирените побарувања и долгови како спрема другите толку повеќе и спрема државата. Колку доцнат исплатите на боледувањата, трудничкото?
    Зошто бре државата отиде дури до Кина и Украина да купува автобуси? Зошто не се стимулираше домашното, Санос произведуваат многу добри автобуси. Да се дочека во друга држава да се возиш во македонски автобус, а овде парите на други ќе ги даваме. Наместо македонските работници да оствареа ќар од градските потреби, леб јадат кинезите на наша сметка.

    Скопје можеби изгледа убав колку што изгледа кичест. Бликаме на триумфалната порта, па додека визниот режим пак ни тропа на врата, се радуваме затоа што ете, нема да можеме да патуваме низ Европа, ама ќе ја имаме Европа во центарот на градот.
    Јас не знам само колку улици по колку пати се асфалтираа претходнава година. Ама секојдневно сум сведок на некои шупелки, блиски до власта очигледно, кои на улица шахтите ги направиле повисоко од патот. Оди бањај се бре, Венеција. Кај мене во село, уличка не поголема од 500метри ја асфалтираа (зборувам за уличка тесна меѓу куќи, како за една кола) па имаше свечено отварање и сечење ленти. :tmi: Тоа е тоа перење пари.
    Ваучери за студенти еднаш, па сега уште еднаш пред избори...демек видете колку сме дарежливи.
    Не дека нема нешто добро, да се разбереме. Колку што идеме напред идеме и назад. Ама неоспорен факт е дека сдсм владееше во времиња пост Југославија и не може до толку да се прави споредба.
    Мене тоа што најмногу ме фрустрира во оваа власт е мачкањето очи. Демек види стварно врбава 200.000евра. Кој идиотизам е, на протест, да одиш со контра протест. Едни протестираат против покачување на цените, а други пред вратата на опозицијата протестираат дека за тоа Бранко е крив. Не знаеш дали да се смееш, да ги жалиш, или да им се придружиш ако добро им плаќаат. Ете тоа е таа поделеност на народот. Демек за овие контрапротестантите цените не се покачиле? Зошто не се сплотат во едно за тоа што вистински ги мачи. Добра власт не се гради со пофалби.
    А за цените? Од кај да почнам бре :tmi:

    Кога дојде Грујо на власт поддржував некои негови одлуки, ама како минува времево одвратен ми станува со плитките и глупави такозвани инвестиции што ги прави, а од кои ќаруваат само поединци. Беше спомнато нешто, нови апарати во здравството? А фактот што за да дојдеш до тој апарат на снимање треба да чекаш 6месеци, а за обична контрола да прошеташ низ тројца специјалисти? Кој го има тоа време да шета од болница во болница? Колку што сме болни, па и од работа не се отсуствува. Казниво е и боледување да ти дадат, а никој не ти ги плаќа дневниците додека шеташ по болниците. Знаете ли како е во државна болница? Не дај Боже да се најдете да лежите. Таму од болен, поболен стануваш. Тоа се основни работи кои од почеток се средуваат, а не за на крај да се остават...

    се распишав :tmi: За Грујо, нека излезе на дуел со било кој политичар, па ќе кажам нешто. Доста беа пишани реферати од позадина.
     
    На KuklickaSk, imelda, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Танјамм, точно дека има некои што се проституираат за пари, но те уверувам дека поголемиот дел од нив тоа го прават, затоа што немаат грам срам и образ на себе и веќе цел град им се изнаредил.
    Има сиромашни Албанки и Турчинки, не живееш помеѓу нив не ги знаеш, но зошто тие не го прават тоа што Македонките го прават?Сепак е до воспитување и културата којашто кај овие млади девојчиња е катастрофална.Зошто сиромашни Албанки не се продаваат на богати Македонци ако мислиш дека е тоа проблемот?Не, такви нема никогаш да сретнеш, затоа што тие имаат образ, чест и си ја сакаат својата нација за разлика од нас.Ние сме бедни, тоа е факт.Немој да те чуди после зошто сите Албанци нас Македонките не сметаат за лесни курви.Тоа е факт.Колку Албанки и Турчинки знаеш наркоманки?А, погледни кај нас колку има девојчиња што се дрогираат.Не е се до финансиите, туку има и друга страна :)

    Јас знам како наши девојки се однесуваат кога одат на одмор, кога патуваат во странство сами.Ти е срам да ги гледаш, но тоа е тоа.Не се однесува ова за тебе, туку зборам општо.
     
  13. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Твоите муабети се празна слама и не вредат за реплицирање искрено, али еве ќе ти кажам.За новите апарати во здравството не е крив Груевски и не е крив тој , затоа што овој народ деценски е мрзелив.Плус, за новите апарати нема стручен кадар да работи и се пратени на обука.Треба време.До пред тоа болниците работеа со опрема стара 40 години.Кај се тие пари за апаратите, реновирање на болниците, за амбулатните коли цели 15 години, а плаќаме данок за нив?Зошто не ја пофали владата дека многу болници во Македонија се реновираат комплетно и дека добија нови апарати, нови амбулатни коли ред други работи.Имаме најкорумпирани лекари и доктори на овој свет.И за тоа ли е крив Груевски?Тоа не е од вчера, туку генерации наназад.


    Зошто тогаш владата на Груевски добива перфектни оценки од европската комисија за напредокот на Македонија?Збори со факти, а не со празни муабети :)


    Да, во Скопје се направија еден куп нови булевари, нови проширени улици, нови паркови, нови облакодери, градот доби нови 200 автобуси и ред други многу работи за коишто вие или се правите слепи или така ви одговара да зборите.Секој странец што дојде во Скопје кажа дека многу му се допаѓа новиот изглед, али вие за се и сешто станавте експерти тука.Јас набројав илјада проекти коишто ги направи владата на Груевски, а ти ми зборуваш едни смешни работи тука.Sorry што го кажувам ова.

    Народот колку и да се труе со пропаганда сепак 5 пати по ред народот гласа за Груевски , затоа што после 15 години народот гледа резултати.Не е перфектен, има мани, се случувале афери, се перат пари како и во секоја влада на светот, како и во секој бизнис на светот, но како што кажав го бирам помалото зло од поголемото.
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Валерија, јасно ни е на сите колку е саат, само едно одоговри ми, добивате пари по мислење или по саат?
    Јас би ти препорачала да си бараш по мислење, зашто по саат некако не ми оди рачуницата ;)
    Поздрав!
     
    На vesni4kaaa, KuklickaSk, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.169
    Пол:
    Женски
    Тука не е темата за тоа со колку мажи спиеле девојките, тука темата е премиерот. Верувајте, допрва ќе ги осетиме последиците, полоши времиња доаѓаат. Се крадело отсекогаш, и во времето на СФРЈ и во времето на Бранко, и на Љубчо и на не знам веќе кој, ама ова што сега се прави, апла крадење го немало досега. Или може така ми се чини?

    Валерија, ти и сите останати што сте воодушевени од премиерот и неговата политика, ќе видиме како ќе ви биде кога реалноста ќе ви залепи силна шлаканица, па нема ни да знаете како се викате. Тоа што Европа го фали Грујо, мене не ми значи ама баш ништо. Не си видела ти што значи сиромаштија, и не мора човек да умре од глад за да се докаже дека во Мк има сиромашни луѓе. Колку само секојдневно копаат по контејнери во потрага за корка леб? Оди прошетај по Источна Македонија, излези малку од Скопје, па ќе видиш. Не дека во Скопје нема, ама заслепени сте од грандиозниот Центар и од розевите очила што ви го засенуваат погледот на реалноста.
    А тие што имаат пари за одмори и кафани, да не зборувам за невидени луксузи од коли и телефони - прашај ги колку нивните родители или тие самите ќаруваат од перењето пари што на големо се спроведува токму сега. А не би ме чудело мене и ти да си една од нив, па сега плукаш по некои си таму девојки што спиеле со не знам кого. Тоа си е нивна работа, што мајка ме интересира нивниот приватен живот?
     
    На KuklickaSk, julie77, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    ^^А зошто се инвестира во МКД, зошто странците отвораат фабрики тука кај нас, а не во својата или во некоја друга соседна земја?
    Затоа што во МКД има ефтина работна сила, ете зошто. :!:
    Оди да те видам најди некаде на друго место ваква работна сила, некои кои ќе се кршат и шинуваат од работа 8 часа за 200 евра. Ефективна работа 7ч и 30 мин., половина час пауза и 2 ч. натака-навака пат. Оди издржи да те видам, дома доаѓаш скапан за 200 евра.
    А истата фабрика само во друга држава работникот го плаќа 3-4 пати повеќе минимум.
    Ама ако немаш избор ќе стискаш заби и ќе ринташ.

    Ете тоа е Македончето, сиромашно па трпи и работи, па после не знае каде и што му прават децата.....мртов уморен доаѓа дома, ринта за тие деца, да им подмири трошкови, а не ги ни видел, стиска од плата до плата, живее од кредити и позајмици исто како и цела држава.

    Толку, немам време и плус си ветив на себе си дека нема повеќе да коментирам во политички теми.
     
    На lunicka, imelda, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    ^ Мила (Валерија), да беше објективна, немаше толку моето мислење да ти слегне на душа. Тие работи што ти ги набројуваш се чиста слика, а под сликата калот :) Она како под черичето што си ги гураме нечистотиите, за пред гости да изгледа убаво :)
    Не знам зошто се трудеше да ми реплицираш штом не заслужувам. Ама еве, штом ми се обрати и јас да ти се обратам лично, бидејќи ништо не ми кажа. На форумов се обраќаш само на теми што имаат политичка конотација, а во нив секогаш си за подобро зло нели т.е. владејачката партија. Не сакам да се спуштам, не ми доликува, само сакам да ви пренесам дека, не ви се малку парите што ги издвојувате на партиски реклами, па почнавте и по форуми да се фалите за сработеното :D Најискрено, без да те навредам, затоа што немам таква цел, не те познавам, може си ми и роднина нели, добра душа имаш како и да е, ама нешто цврсто во мене вели дека не си ни женско. Ете така, интуиција. За другото, прашај си во партија да ти дадат списоци од статистика.
    Лесно ви е на вас, што сте си вработени од партија :)
    Ај на здравје од здрава дискусија во глупава препирка.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Што е јасно?А, зошто вие тука глумите аполитично кога не сте?Симпатизирате и сте гласачи на некоја партија, а во случајот опозиционата.Како овдека сите викаат не ги интересираат партии, а Сдсм добива 200 000 гласови?Од кого се тие гласови, од марсовци?Зошто само се фолирате не ми е јасно?Зошто неможам јас да бидам симпатизер на Вмро и да ги подржувам, а ти да смееш да плукаш по нив?Зошто јас сум партиски потрчко, а ти не си?Можеби и на тебе ти плаќаат по час тука да збориш против Груевски нели дечко?

    Не е само финтата да плукаш, туку збори со факти и анализи, а не со празни муабети.
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Поминете нез Чаир денес и запрашајте се која влада го дозволила тоа. Магариња во сопствена држава. Се за мирот и толеранцијата. Јеее!
     
  20. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Шетав и шетам по Источна Македонија.Баш пред две недели бев во Крива Паланка.Убави куќи, средени дворови, доста нови автомобили, а плус на излезот од Крива Паланка видов преку 40 нови започнати огромни куќи.Кавадарци, Неготино, Штип, Велес, Струмица, Гевгелија и други места многу убаво се средија и направија последните години.Многу убави градови станаа.

    Зошто јас не плукам по градоначалникот на Струмица кога дава резултати?Зошто не сум лицемерна и да кажам дека е лош ако е од Сдсм?Колку и да пере пари сепак народот таму ги гледа неговите резултати, а чист политичар нема никаде.

    Крадел и Бранко?Наброј ми еден негов проект по што го знаеш.Кој, 150 000 државјанства на Ш***ри, 5 факсификувани избори , нелегална приватизација којашто не запомнила Европа.Што?

    Народот ги гледа резултатите и затоа го гласа Груевски, а Сдсм викаше дека ќе се распаднеме, али ете гледаш сеуште постоиме.

    Има сиромаштија во Македонија, ама не во тој степен во којшто вие сакате да ја прикажете.Најмалку вие имате право да зборите за сиромаштија, затоа што не сте и први сте тука за фалење кога одите на одмор и шетате.Тоа е лицемерие.Не се однесуваше ова на тебе, туку конкретно на многу девојки.

    И да, има врска тоа каква е младината во Македонија.Затоа и им боде во очи Груевски кога сака да стави некој ред.