Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    Баш така.Знаеш како викаат каков народ таква ДРЖАВА. Да беше полициска држава за криминалците,ќе беше супер.Он направи полициска држава за обичниот народ да плаќа казни за глупости
     
    На ibanez му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^ ок секој си има став. А да ве прашам, што мислите во другите држави не плаќаат казни.
    Таму е бетер, барем за казните кога зборуваме.
    Прост пример: Сингапур не смееш мастика да џвакаш одма казна. Куче не смееш да чуваш - одма казна.
    Германија - ако не ти е искосена тревата според законот - одма казнај (ејјј трева-сопствен двор на куќа)
    И уште многу други примери. Мислам стварно е глупо да се жалиме.

    А што е најтрагично сакаме ред во државата, епа кога на наш народ со убаво не му доаѓа памет - најдобро е да се удрипо џебот.

    Ова не го зборам од аспект на плав/црвени или незнам како определени. Ова го зборам за однесувањето на нашиот народ.
     
  3. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Не зборувам јас за такви казни.

    Кога викам полициска држава, мислам на тоа што чувствувам страв да кажам јавно нешто против оваа власт. Тоа што , кога сум во автобус и правам муабет “против’’ Груевски го стишувам тонот.
    Чувствувам страв да кажам нешто против таа нивна вмро-вска компанија , утреден на татко ми фирма ќе му затворат - е за вакви “казни’’ зборувам.

    Не сум определена инаку, и никогаш нема да бидам.
    Не поддржувам никого, ама гласам против нив само поради ова.
     
    На viktorija.manevaa, Filiposka, lady.v и 3 други им се допаѓа ова.
  4. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Сакам само да прашам нешто и сметам дека оваа тема е најпогодна. Дали има некаков начин да се стапи во контакт со премиерот? На пример има ли некој е-mail или нешто слично. Доколу некој нешто знае, може да ми испрати и во ЛП, а јас ќе му бидам благодарна од тука до небото и назад :)
     
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Истото прашање како и Merlin...Препратете ми и мене доколку постои било каков начин да се стапи во контакт со него. :)
     
  6. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    Без навреди, ова е само моето мислење! :!: :)
    Се согласувам во бројчево! И јас имам на почеток добро мислење, ама после му се виде листинското лице и стварно сите проекти и се се перење на пари!
     
    На lady.v му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Пред некој период многумина од вас забележаа дека имам контрадикторен став околу темава но, сега дефинитивно се согласувам со вас.
    Постојат толку млади студентни кои штотуку завршиле со своите студии, некои и магистрирале, а впрочем ја заслужиле својата диплома а седат дома и се прашуваат себе си каде згрешиле без апсолутно никаква причина. Притоа заборавајки дека главната вина е токму во државата, пардон владата која спроведува квази политика во која ние граѓаните сме буквално марионети со кои може да се манипулира. Само забораваат дека таа манипулација е толку привидна, а преземените стратегии се толку клише што веќе народот е свесен, а за воља на вистината и одамна ѓи има согледано и почувствувано рестрикциите ниските доходи и низата неповолности на сопствена кожа.
    За ова се да стане уште по трагично, иднината која мене лично ме очекува како една млада индивидуа која наместо да се радува на успехот гледа со страв и колебање кон иднината. Стравот станува уште поголем во оној момент кога ќе помислам на некои околности кои би ми одмогнале за сепак да не успеам успешно да го завршам фалкутетот. Ќе работам како хигиеничар или можеби градежник? :^) Страв ми е од самата помисла. Првенствено на доходот кој го добиваат луѓето чија професија е токму тоа. Исто така мора да ја споменам и инспекцијата за труд и социјална политика која и те како го деградира трудот на обичниот работник до таа мера што постојат луѓе кои работат по II смени, :fubar: односно 14 часа и меѓудругото работните викенди и празници не им се воопшто платени. Пример за тоа е мојата мајка.
    Јас се извинувам на офф топик темата но револтирана сум дури и премногу.

    Единствено нешто кое ми се допаѓа...ете така да кажам, е што името Македонија не го променија или ,,продадоа'' што голема би била веројатноста да биде одлика на опозициската СДСМ.
    Ова е таа причина поради која бар за влакно повеќе ја почитувам оваа партија.
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Пред некој период многумина од вас забележаа дека имам контрадикторен став околу темава но, сега дефинитивно се согласувам со вас.
    Постојат толку млади студентни кои штотуку завршиле со своите студии, некои и магистрирале, а впрочем ја заслужиле својата диплома а седат дома и се прашуваат себе си каде згрешиле без апсолутно никаква причина. Притоа заборавајки дека главната вина е токму во државата, пардон владата која спроведува квази политика во која ние граѓаните сме буквално марионети со кои може да се манипулира. Само забораваат дека таа манипулација е толку привидна, а преземените стратегии се толку клише што веќе народот е свесен, а за воља на вистината и одамна ѓи има согледано и почувствувано рестрикциите ниските доходи и низата неповолности на сопствена кожа.
    За ова се да стане уште по трагично, иднината која мене лично ме очекува како една млада индивидуа која наместо да се радува на успехот гледа со страв и колебање кон иднината. Стравот станува уште поголем во оној момент кога ќе помислам на некои околности кои би ми одмогнале за сепак да не успеам успешно да го завршам фалкутетот. Ќе работам како хигиеничар или можеби градежник? :^) Страв ми е од самата помисла. Првенствено на доходот кој го добиваат луѓето чија професија е токму тоа. Исто така мора да ја споменам и инспекцијата за труд и социјална политика која покрај тоа што не се труди да му помогне на работникот при остварување на своите права, истовремено го деградира трудот на обичниот работник до таа мера што постојат луѓе кои работат по II смени, :fubar: односно 14 часа и меѓудругото работните викенди и празници не им се воопшто платени. Пример за тоа е мојата мајка.
    Јас се извинувам на офф топик темата но, револтирана сум дури и премногу.

    Единствено нешто кое ми се допаѓа...ете така да кажам, е што името Македонија не го променија или ,,продадоа'' што голема би била веројатноста да биде одлика на опозициската СДСМ.
    Ова е таа причина поради која бар за влакно повеќе ја почитувам оваа партија.
     
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Одвај чекам да престани да биди премиер или некој „спасител“ да се потруди околу тоа или за голема среќа на сите ако само престани да биди прмиер и понатаму е здрав и жив да стани затвореник. :D ова од срце го посакувам. Оти го „обожавам“.
     
    На malecka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    @Valerin
    На поклонет коњ заби не му се бројат, знаеш како е.
    Што мислевте во партија ко директори ќе ве вработат?

    Од една страна супер е владата, ги вработила твоите, и сега кога го почувствува повратниот ефект од тоа, оп, не ги поддржуваш веќе. Туку ај, late is better than never, барем си се опаметила.
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Dafuq? :^)
    Каква врска има тоа со ова што го напишав?
    Која си ти мене да ми судиш? Ние и вака и онака со години едвај парче леб вадиме што се вели, каков висок доход какви бакарчи. Само разиката е во тоа што кога беше СДСМ на власт се живо се приватизираше и луѓето остнаа без работа. Кога дојде ВМРО колку-толку малку од малку пркнавме. И тие пари што ѓи зимаат моите не се повеќе од 6-7 илјади веќе со години, не се секирај. Единствено тој период се понадевав дека мој близок роднина ќе вработат кој искрено и заслужува за трудот кој го има вложено, а реално не му е потребна партиската милостина за да ја добие бидејки вложил сопствени напори за да заслужи. Тоа не се случи и јас ја согледав реалноста на настаните па генерално го сменив мислењето. Не реков јас никаде дека сум богата и имам не знам колку пари па сум задоволна само кажав реално дека ако морам повторно да гласам ќе гласам за нив а не за СДСМ и Бранко пропалицата. |(
     
    На Beatriche19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Па и јас не реков дека си богата де, впрочем мојот одговор нема никаква врска со твојата финансиска состојба. И ѓ не е исто со г.
    А да ти судам не можам бидејќи лично не те познавам.
     
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Не ама испадна..Беше задоволна и еве ти сега, виде што доби? :?: Во тој контекст го сфатив твоето цитирање, прости ако грешам.
    Секако дека не ме познаваш за да ми судиш, но напишаното ме поттикна да мислам така.
     
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Поентата беше, што многумина, меѓу кои и ти претходно, очекуваат партиска книшка да ги вработи ама вработување она обезбедување за цел живот. Епа нече мочи ове ночи.
    Мајка ти добила работа од владата, сите дома среќни и задоволни (помалку или повеќе), ја величате владата, со други зборови како што ти имаа претходно кажано, сте се задоволиле со трошки. Арно ама по некој месец мама мора да работи по 2 смени и нема кој да го забележи тоа, особено не дечките од инспекција за труд и социјална политика. Видиш, тоа е така бидејќи и тие исто како и мајка ти се вработени со врски и едноставно не се замараат бидејќи си имале јака врска или едноставно, газдата на мајка ти им е пријател.
    Јас не велам дека мајка ти лошо работи и слично, ама тоа твое претходно поддржување на таквиот начин на вработување носи последици, кои за жал и на свој грб си ги почувствувала, а и понатаму ќе ги чувствуваме сите.
     
    На Ana.brojka, angelina1, Dazzle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    А можеш да ми кажеш како "премиерот" ќе го одбрани името?
    И мислиш дека тој се прашува дали ќе го задржи истото или ќе го промени името?
    Ако ние во Македонија имаме еден достоен живот(а тоа подразбира европски плати) за живеење,искрено мене а мислам дека и повеќето така размислуваат,не ми е битно дали ќе биде Македонија или Вардаска или пак некоја друга Македонија.
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Oh universe, why? |(
    Океј, ако тебе не ти е битно, мене ми е. |( Ради 10001 причина за која сега ме мрзи да пишувам реферати а повеќето би ме сфатиле. И никој нема да го брани името, бидејки за среќа сеуште не сме дошле до таа фаза.
     
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Тебе ти е логично на овој или оној начин дека вработените во инспекција на труд прават така.
    Но, се лажеш! Бидејки пред точно 6 месеци мој пријател кој е ситна риба во морето, нема апсолутно никакви врски ѓи побара своите права како работник и му беа дадени откако се интервенираше.
    Така да не може да ме убедиш во тоа, мада делумно си може во право. Овде секој со секого се знае и голема е веројатноста за неколкумина да биде направен исклучок но, како што кажав не значи дека и секогаш ќе биде так. Бидејки пак ќе ти кажам, јас лично знам случаи во кои биле корегирани грешките во интерес на работникот а работодавецот имаше добиено отказ.
    Конкретно за случајот на мајка ми, не е само таа работник и не може да се бори, рацете и се врзани бидејки нејзините колеги како прво несакаат да покренат иницијатива за да си ѓи побараат правата. Дури и тие се задоволни на некој начин што работат по II смени што мене искрено ми е чудно...Но, тоа не е важно.
    Поентата ми беше, да кога ќе решиш да напишеш нешто убаво размисли уште еднаш.
    Патем што требаше да направиме според тебе Nymeria во овие тешки времиња? Ние сме 4-члено семејство во кое не работеше никој во времето на Црвенковски. Промената на партијата практично ни беше единствениот излез од кризата. Кажи ми, ти во ваков случај попрво би извадила членска книшка или би умирала од глад? Што би избрала? Те молам, биди искрена!

    Меѓудругото обезбедување за цел живот јас никогаш не сум споменала, а искрено не сум ни мислела дека е можно да имаме со оглед на ситуацијата.
    Сепак е ова Македонија и мене ми е многу јасно како стојат работите овде.
     
  18. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Искрено ако земам секој месец на први плата и тоа рековме европска ама ич нема да се секирам како ќе се викаме и никој нема да се замара со политика како што ние тоа го правиме..........затоа што на запад не ни знаат некогаш и кој им е премиер
    А муабетот беше друго што очигледно ти не го разбра...........значи ние не го задржуваме имево поради премиерот,туку го задржуваме сеуште затоа што на некој од "горе" не му дошло на агенда за менување.........а кога ќе дојде верувај дека и нашиот "мил" ни премиер на "тешко срце" ќе се откаже од него.......оти нема да ЗАВИСИ ОД НЕГО дали сака или не да го смени.
    И заради таа "среќа" ние сеуште тапкаме во место и ќе тапкаме уште многу,многу години.
     
    На DeMelo и Annath им се допаѓа ова.
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Види, до некаде го оправдувам тоа влегување во партија само кога си во тесно, последна сламка за надеж и слично, во случај како што биле твоите, немале од каде па морало во партија, само што, таквите луѓе не се страсни поддржувачи на партија, не ја величат на секое ќоше, туку онака, си работат и си ќутат.
    Проблемот е што на повеќето тука, им е подобро нешто отколку ништо, па макар и нештото било за нијанса подобро од ништото. И така ем скоро ништо не добиле ем насекаде трубат како партијата ова партијата она. Епа додека сите се задоволуваат со нијанси и со нешта, нека си ги продаваат газовите во партија.
    За твоите, и за било кои, луѓе во години, кои веќе немаат толкав избор како што имале на 20 години, пак до некаде ги разбирам зошто се вклучуваат во партија. Од друга страна пак, е меч со две острици.
    Ме нервираат слепи овци, бел ден не виделе а упорно ја величат партијата, наместо секој да се труди да исплива на површината, тие се занимаваат со камчиња на дното.
     
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Епа знам и мене тоа сега ме иритира. Ама таквите најверојатно се запослени на добро работно место и зимаат солидна плата па затоа членската книшка не им е некој голем проблем бидејки логично е и да си имаат јаки врски, па во случај утре и да се смени власта, тие секако нема да бидат толку загрозени, за разлика од оние кои се мачат за мочани 6 илјади, да ми простиш на израз. Немаат никој и никаде и буквално се потчинуваат на власта и молат како дете за коштанче на коледе.
    Тоа тие го прават оти мораат, не дека сакаат, верувај ми. Знам по моите дома, кои имаат завшено високо образование а сепак немаат работа. Зошто? Бидејки владата наложила така. Ништо поарно не беше и за времето додека на власт беше Црвенковски, само полошо. Но, за воља на вистинита и сега е далеку од бајно. Владата од една страна лажно не гали а од другата ни ѓи врзува рацете.
    Додека наивните кои веруваат во нив и се со крстот на чело |( не знам, само се надевам дека ѓи има во се помал број.
    Тешко си на нас со вакви големи умови како Црвенковски, Груевски итн. од нив државата ни пропадна. Понекогаш имам чувство како да се натпреваруваат кој повеќе ќе ѓи уништи надежите на народот за подобра иднина.
    Еве на пр. ова простетиве, |( што беа речиси секој ден. Човек не можеше да се врати навреме дома. Ама од една страна се радувам што народот не е глупав, сепак е свесен и доволно силен за да застане и да си ѓи побара своите права по секоја цена.

    Башка сега за избориве, кажи ми што да правам? Несакам да гласам, ама кога ќе помислам дека албанците од ден на ден се повеќе стануваат мнозинство ( не дискриминирам никого меѓутоа сепак така е ), си велам во себе подобро ваков избор отколку никаков, бидејки тогаш иднината директно ќе си ја зацртам со темно мастило.
     
    На bubica13 му/ѝ се допаѓа ова.