Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    ^ Па немаш само две опции за гласање. Дај им шанса на помалите партии кога веќе си решила да излезеш на гласање. Има добри опции далеку подобри од двете најголеми во моментов политички партии, само не им даваме шанса и сме заглавени помеѓу овие две, дека ако не се едните, ќе бидат другите итн.
     
  2. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Мене само не ми е јасно зошто народот како слеп за стап се фанал за ЕУ а државиве во неа банкротираат.Ако е толку добро таму зошто Британија сака да излезе од неа.Грција,Шпанија,Франција.....-банкрот.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Оф бре Офи бреее :lol: , за социјалистичка ли да гласаат, за Ѕинго што со неговите две раце Кратово го изградил |( , за дом ли, за либерална ли? Всушност, кога добро ќе погледне човек, па има само две партии, левица и десница, сите други, што ги викаш ти помали партии, се во коалиција со едните или со другите, и постојат само како зборче на лист хартија, поврзано со една од двете големи партии.
    И ниедна од тие помали партии не се издвојува на изборите, туку тргува со своите мал број на гласови со двете најголеми партии, услуга за услуга. Туку, мислам дека на овие локални избори дури нема да има потреба многу од тргување, многу слаба опозиција има.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Морам да искоментирам. Ни под принуда на пиштол не би гласала за Бранко. Бранко ја направи приватизацијата на фирмите и мајка ми остана без работа.Ги уништи големите фабрики како Алумина, Охис и ред други.И мајка ми од нервоза се разболе и почина.
    Кој што сака нека каже јас на оваа власт освен превише споменици немам замерка. И ке гласам за нив.
    И пред некое време се зачленив и во партија зошто наскоро ке останам без работа и барем преку нив се надевам ке добијам некаква работа.
     
    На Beatriche19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Калина, жал ми е за мајка ти.
    Јас па со години се нервирам и трпам како волонтер, и тоа за време на оваа партија. До сега виновник фактор беше партијата, сега се други непобедливи фактори. Ни едните ни другите не можам да ги смислам, сакам само да избегам од државава. Ако може некој да помогне да избегам во Канада, Австралија, Н.Зеланд, Шведска или слично нормално место за живеење, доживотно ќе му бидам благодарна. Убаво кружеше една слика на фб-тие со двојки бегаат од часови, одличните бегаат од државата, или нешто слично беше ама поентата беше таа. Нека се сликаат сите и од позиција и од опозиција, само за тоа ги бива, да се шминкаат за сликање. За избори ќе излезам на гласање, но само за да ги искажам моите уметнички способности, можеби ќе земам и мрсни боички, освен ако некој мој не го стават на листа за советници, ама само до 2-3 место :lol:
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Всушност, никој не може да ни биде крив, ниту ВМРО ниту СДСМ за тие партиски вработувања и отпуштања, освен ние самите. Колку од нас сме наведнале глава пред секое вакво вработување, пред секој корупциски акт? Народот ја гласа власта, ерго, народот е крив. А Македонија изобилува со трули души.
    Знаете како беше тоа, не мора да учествуваш директно во некој злостор за да бидеш виновникот, сносуваш вина и доколку не направиш ништо за да го спречиш.
     
    На Hipster, Hipica, bubica13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    Јас на пример верувам во Достоинство како што предходните избори верував дека сдсм треба да добијат уште една шанса, која јас лично со мојата лева рака им ја дадов. Не ми е битно што се во коалиција со сдсм, сметам дека мораа да го направат тоа за да се помрднат од мртва точка. И од дново на душава верувам дека Стојанче Ангелов е чесен човек и пред се Македонец со мадиња, исто како што верувам дека се моментално единствената партија која стварно заслужува да биде слушната, заслужува шанса и се бори за нешто, а не само за фотеља и пари. И затоа ќе гласам за нив.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Како што кажа Нумериа, членството во партија навистина на многу луѓе им е последната надеж, ама тоа е проблемот во Македонија, што ако немаш појаки врски неможеш ниту работа да добиеш, ниту на факултет нешто на пример. Не се цени знаењето воопшто. Се молам никогаш да не бидам принудена да чекам на партија да ми обезбеди работа бидејќи побекогаш стварно нема друг начин. :(
    Сестра ми е таков случај, поштено се пријави на конкурс, бараше работа и вработија човек што дипломирал две години после неа, што за малце и квадрат не пишал и кому му помагала во подговтовките за факултетот. Се разочара и проба преку партијата. Некои се вработија така, ама за неа тешко пак.

    Он топик, премиерот мислам дека направи нешто повеќе за оваа држава, има подобрувања. Краде-нека краде, важно е да прави нешто. И мала сум за да гласам, може ич нема ни да гласам кога ќе дојде време, не ме интересира политиката ама после неговиот мандат дури и јас осетив некаква помош од еден поинаков аспект. Го направи средното задолжително со тоа имам и бесплатен превоз инаку би морала да давам 100 денари дневно, а јас со тие пари јадам во школо и + ми остануваат, дадоа книги што исто е голема помош за мене-на почетокот на годината, наместо голем дел од пензијата на татко ми да отидат за книги. Друга работа е покачувањето на пензиите, што сега е 4 000 повеќе од времето кога студирала сестра ми, пред 5-6 години.
    За тоа што многу голем број студираат и исто дека после завршувањето ќе нема каде да се вработат, не го пофалувам баш ама барем партиципацијата не е повеќе од 200 евра на државен. :worried:

    Мислам дека барем каде-каде е поарен од Црвенковски бидејќи никако не можам да го разберам. Се најде толкав голем експерт по економија да кажува за буџетот кога Светска Банка пресметала дека на Македонија може да и се дадат кредити. :x
    За спомениците-дека трошок биле. А, што се предвремените избори? Дупли трошоци. Мислам дека и во СДС има луѓе со здрава свест што треба да се откажат од следењето на човеков. Некои и се откажаа.
     
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    До некаде се согласувам со тебе Warrior, ама сепак не е доволно. Од една страна дава некој допринес, колку да ни замачка очи, додека од друга страна одзема дупло повеќе. Да си бидеме реални...
    Возрасните арно велат...Ние работиме за пензионерите. Бидејки нивните пензии се зголемија, како и слободните денови за возење по градскиот превоз.
    Не велам дека тие не се луѓе и немаат права, но во овој случај ние сепак сме дискриминираме. Бидејки возрасните од 40 години, не се исти како порано. Полни со елан и енергија како што биле нашите баби и дедовци во нивно време, туку утепани од работа. :|
    Башка минималните плати веќе со години стојат на истата сума додека на лешинарите од влада им се зголемува додека си го прчат гзот на фотељите и тепаат драгоцено време.
    Тоа не е во ред. Ние, идните генерации би требало да го промениме тоа.
     
  10. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    804
    а зарем заслужува тој предавник да го носи името премиер? :^)

    Предавник+(лажен)Патриот=Премиер :x
     
    На angelina1 и lady.v им се допаѓа ова.
  11. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Каков таков си владее 7 год. ќе владее уште најмалку 2 ако нема предвремени избори, си зема 1500 евра минимум плата и константно ја носи косата нагоре и никогаш не сум го видел неизбричен хехе. :D
    Од друга страна БЦ, “државник“, беше горд претседател на БЈРМ, име кое сам го избра на државата каква перверзија хаха ццц циркуси... :D
    Ма не им се замарам на двајцата не зависам од ниедна партија и никој не може да ме уценува. :muscle:
    А тие што си го дале газот под кирија нека одработуваат сега за избори и нека се под притисок и закани од двете партии. :D
     
  12. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски

    Сеуште си многу млада, затоа и вака размислуваш! Но, ќе правиме муабет кога овие ќе си заминат од власт и кога ќе се направи ревизија на се што направиле, тогаш многу работи ќе ги сфатиш. Но, касно ќе биде за сите нас...за жал!
    Инаку,се што е овозможено се од кредити кои ти, твоите деца, внуци и правнуци ќе треба да ги враќаат. Но,народот не размислува долгорочно, се задоволува со многу малце-премногу е осиромашен во последниве години и затоа толку лесно го продава својот глас на изборите (за 1 кило брашно, за 1 литар зејтин, за бедни 500 денари).
     
  13. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Јас нема да коментирам за тоа каков политичар е, дали краде, лаже...... Би го пофалила за тоа каков семеен човек е. На сите манифестации.......со сопругата, на која искрено и се восхитувам, права дама е. И дечињата ми се мн мили.
    Баш вчера гледав слики во Сити мол, маскирани малите...
    Од овој аспект само пофални зборови.
     
  14. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Класично опозиционерско размислување. Наместо да и кажеш браво на девојката што има свое резонско размислување за политичките случувања, ти и кажуваш дека тоа што го мислела не требало така, туку поинаку. [​IMG]
    Абе помина времето на Бранко, готово е веќе! Не е ни Груевски идеален, ама барем нема срања како што имаше во 90-тите години. Доста со тие приказни дека така морало да биде или нема да сме постоеле како држава, тоа само за наивни се таквите оправдувања и срања што БЦ ги правел. Нека не се ни он прави многу паметен сега, кога во 90-тите години он си ја присвои Македонија како да е негова држава и правеше што сакаше, а после и неговата партија од 2002-2006.
    Груевски гради, ама и краде, точно е тоа. :D А кој не би крадел да е на власт и му се укаже таква прилика, доста глумиме лажен морал. ;) Ама и покрај тоа (к)(г)радење, доста работи се направија во оваа држава од 2006 год. па наваму. Тие приказни за кредити држат до негде вода, ама да не правиме дека готово уште малку и ќе пропаднеме заради нив. Да бевме до толку во гуша со кредити, зар уште ќе ни позајмуваа светската банка и ммф, мислете логично малку. Точно е дека тие сакаат да даваат кредити на држави и да ги заглавуваат, ама селективно ги даваат кредитите каде што има реална шанса да им бидат вратени и од каматата да профитираат.
    Не би сакал позиционерски да бидам сфатен :D, јас сум неутрален момак ама имам свои гледишта. :) Од 2006-та наваму не се смени името на државата, не се смени знамето, немаше ТАТ режиран од власта, сето тоа се случуваше во 90-тите. :D А исто така и многу министри во периодот 2002-2006 од владата на СДСМ сега бегаат во странство како пи*ки заради криминалот што го правеле. Ќе видиме како ќе биде, ќе дојде друга власт кога-тогаш не е спорно тоа, ќе се покаже што прави/правела оваа влада, ама мислам дека не е толку страшно за да се каже дека ја уништува државата. Притисок, уцени, закани има и ќе има од секоја партија. Епа така ви е кога си го давате газот под кирија, не се жалете после! Ако партијата ве вработила, после маста ќе ви ја извади кога ќе дојдат избори, што мислите... Да сумирам за крај, оваа влада краде, ама и гради, создава дела кажано со нивниот речник. :D Додека СДСМ само крадеше.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Размислувате ли вие дека има луѓе на кои тие вреќа брашно и бедните 500 денари им значат? Многу им е гајле кој ќе биде на власт, гледаат децата да си ги нахранат.
    Има и такви, кои гледаат само да искористат од партијата, и тие најсикрено - најубаво си поминуваат од сите. Од тука земи, од другите земи, и многу им е гајле. А пак не гласаат.
    Не сум од ниедни што ги споменав.

    Размислувате ли дека секоја земја во светот, секоја, дури и најголемите сили земаат кредити? Која држава опстојува сама на светов? Мора да има задолжувања.

    Во времето на сегашната опозиција уште посиромашни биле.

    Ловецу на мачиња, се согласувам до збор со се што кажа. Еве, еден комшија што доби работно место преку партија мора да дава илјадарка месечно или нешто слично, не ме фаќајте за збор. А за време на избори, тие се тие што трчат.

    Политиката е нешто што највеќе го мразам. Ги разединува луѓето како никоја друга институција или случка. И најлошо е што мои соученици се најзатрескани во политика.
    Се борам со сите сили да станам некој и нешто, да не морам леб да вадам преку партија додека таму некаде некој умриа од нервози бидејќи јас сум му го земала местото. Немам право на глас, а и кога би имала не би гласала. Само ги согледувам работите од лична перспектива. За вас можеби ништо не е да ви ги платат книгите, ама за некои семејства е многу. Стварно многу значи. Не сум во лоша финансиска состојба, ама со оглед на тоа дека има полоши и од моето семејство, далеку полоши, сигурна сум дека и тие се благодарни како мене.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Јас ќе те цитирам поради првиот пасус кој што ти е напишан.
    Муабетот е поради 500ден и вреќата со брашно нели.Мене тоа ми е ниско,ниско дури и повеќе од тоа.Знам дека е време на сиромашија и се,ама боже мили колку денови ќе преживееш со тие пари и таа вреќа брашно,да бидеме реални м?
    Знам дека ќе кажеш,дека за некој што нема ништо и ова малку е доволно,ама чекај.
    Ова е продавање на твоето право на глас,комотно си се продаваш.Неможеш ти 4год додека тие што ти ги дале парите се на власт,да преживееш со тоа.
    Мене да ме прашаш,знаеш кога ви прифатила пари?
    Кога оној што ќе ми ги понуди ќе ми даде доволно за да имам за живот 4год додека е на власт,ете така.
    А не 500ден,на некои луѓе многу пари им требаат не 500ки.Ама секој со своето.
     
    На eliesaab и Mishela им се допаѓа ова.
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Јас овој човек го обожавам,му се восхитувам...едноставно супер е.Со дела се си докажа.Направи многу работи кои некој не ни помислил да ги направи...Семеен човек,со народот наопуштено си се однесува,цврст став има...се што е потребно.
    И не само премиер туку треба и претседател да биде.Барем според мене,мое мислење си кажувам за човекот и не барам никакви коментари или критики. :lol:
     
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Прочитај прво убаво и до крај.
    Не реков дека јас се продавам. Моите гласаа за независен кандидат ете, ако е до толку работата.
    Ама тие најсиромашните случаи, најзагрозени цел месец можат да истуркаат со таа вреќа брашно. Тоа се луѓе без образование и социјални случаи. На таквите ниедна власт не им е од корист па го продаваат својот глас. И не им замерувам. Но, не реков дека јас би го продала тоа мое право што не сакам ни да го имам за пет стотки.
    Ниски не се тие случаи како горенаведените што ги прифаќаат петте стотки туку тие што ја искористуваат нивната состојба.
    А уште пониски ми се тие луѓе кои што можат да постигнат нешто, а не сакаат туку се само од корист.

    И кога веќе еден ден ќе застапувам една идеологија, ќе ја застапувам.
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Луѓе се извинувам што се мешам во муабетот, ама просто сум изненадена колку нормално гледате и коментирате за давањето пари, брашно, зејтин и др за глас на избори.
    Па добро бе каде тоа ние живееме??? И зошто тогаш воопшто има избори???

    Давањето пари, брашно, зејтин и сл. за гласање е кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 5 години. Исто и примањето :!:

    Тешко на државава во која поткупот, заканите и уцените за гласање станаа јавна и нормална работа, а не кривични дела. И после ние сме имале фер и демократски избори :x
    Жално, навистина.
     
    На eliesaab, Edie.S, WarriorAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  20. flowerred

    flowerred Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    34
    Лично јас имам позитивно мислење за него и владеачката ВМРО-ДПМНЕ пошто направија многу за Македонија и за мојот град ако некои работи ни фалат и секако има сиромаштија многу околу нас ДА.Ама да се запрашаме како ни беше пред тоа да не бевме нешто поарно од ова сега?..Многу полошо беше,сепак секој си има право на свое мислење
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.