1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,5%
  2. Негативно

    635 глас(а)
    57,5%
  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    27.822
    Не сакам да се дискутирам и да се препукувам со девојкиве тука, ама ке реплицирам на некои претходни *аргументи*
    1) Пензиите се покачени (за некои 500 денари максимум) , ама каснат како никогаш претходно (знам, затоа што сама сум корисник на пензија)
    2) Визниот режим не е благодарение на Груевски, туку е само одлука на ЕУ и наша шанса која незнаеме да ја искористиме ( некој претходно спомна инвестиции.. Инвестициите во МКД се на најниско можно ниво од осамостојувањето, затоа што никој не сака да инвестира во политички нестабилна земја)
    3) Македонија се наоѓа на 1во место по невработеност на СВЕТСКО ниво
    4) Субвенциите не се делат праведно и не се делат на сите
    5) Спортските сали во училиштата се наплаќаат по саат (кој има пари ке игра баскет..)
    6) во последните 4 години, нема ниту еден ЗАПОЧНАТ проект за реновирање на патишта (значи не зборам за доправување на веке започнато реновирање/изградба)
    7) незнам колку од вас се запознаени, ама оваа влада донесе закон за преслушкување. Тоа е НЕДОЗВОЛИВО во демократско општество
    8) оваа влада донесе закон за недискриминација која не ги опфака хомосексуалците (НЕДОЗВОЛИЛВО во демократско општество)
    9) оваа влада (како и сите претходни) дава стипендии на студентите.. АМА, парите не се исплатени
    10) Пак незнам колку се запознани, ама СЕ КАСНИ ненормално со плати во државна администрација, и во градежните фирма на кои владата им должи милиони евра (за ова несакам дискусија зошто имам личен пример)
    11) Кој не дај боже бил во состојба да оди на клиника знае за катастрофалната состојба . (и за ова имам личен пример) и најискрено на никој не му посакувам да се разболи во државава
    12) Ребаланси на буџетот на секои 2 месеца.. (тоа треба да ви значи нешто)
    13) Никогаш не сме биле подалеку од ЕУ ( Брисел така кажува)
    14) буџетите од локалните власти одат за Скопје 2014 (кое патем речено е сеуште незаконски проект)
    15) + 20.000 партиски вработувања.

    Одличен е Премиерот. Навистина сакам да бидам како него.
     
  2. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    БРАВО ДЕВОЈКО, СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ОВА!!!! :clap: :clap: :clap: Твојот пост само се надоврзува на мојот.......
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ^^^Морам, едноставно морам да ти кажам: пензиите се редовни, кај нас никој се нема пожалено да му задоцнила пензијата, можда е и до поштарот па, не знам, на баба ми тука пензијата редовно веќе со години и иде на 4 или 5. Ама баш секој месец.
    Субвенциите беа распределени на сите, освен на оние кои ја оплескаа работата со лажни доогвори кај тутунарите, посебно за монополот од Струмица, чии луѓе си направиле така добри договори, ко небаре цела Македонија ним им го продаваше тутунот. КАко и да е, сите еве сега веќе дозедоа субвенции.
    Во државната администрација има плати, татко ми редовно си зема, секој месец, оклолу 15, јас сите што ги познавам не се пожалиле на задоцнета плата. Ниту во училишта, ниту во општина, ниту во МВР...не знам јас никаде.
    Ренивирање имаше на целиот пат Прилеп-Крушево, почна минатата есен, заврши еве пред некој де, а тој пат не бил ни чепнат, можда повеќе од десет години. И плус патот за МакедонскиБрод .
    Здравството и онака е за жалење, не е тоа од сега, татко ми пред точно седум години имаше инфаркт, мораше да се потрудиме да си најдеме човек, уствари луѓе, па да му извршат коронографија. И си бараа пари секако!
    И последно, тие 20 000 партиски вработувања, беа и 30 000 кога беше другата влада, другиот премиер.А да не заборавам дека оваа година зедоа решенија доста луѓе од другата страна. Добро е така, а? Значи, заклучок, и тебе да те стават да си премиер, ќе си работиш за тебе и за потесниот круг.
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    1. 500 по 500 се берат
    5.спортиските сали се како што рече се по училиштата и ако се пуштаја сите така да играат ќе немаше каде учениците да играат се случи кај нас в училиште професорот пушти едни циганчиња да играат внатре кога си заминаа фалеа топки, па така да јас тоа го подржувам
    6. за реновирањето на патиштата тоа е работа на општината, а можеш и слободно да дојдеш битола ќе видиш дека сепак има реновирани патишта, а и нови и тоа во оваа и претходната година и оваа година направени (сепак тоа е работа на општината и се е до градоначалникот и колку тој гледа за градот)
    7.се сложувам потполно со ова
    8.јас лично дискриминација од било каков вид да е не подржувам, па затоа и за ова се согласувам со владата
    11. клиниките одсекогаш биле такви и не можи сите проблеми во една пропадната и искрадена држава така наеднаш да се решат, потребно е време
    13. колку што знам условите за ЕУ се исполнети проблемот е само името а ако ти си ја продадеш честа и името за една ЕУ ти подавам рака одма, ама не верувам дека би го направила тоа, а и ако влезевме досега ќе имаше поголеми последици од економската криза и кај нас па вака сега супер е, ќе дојде времето и ние ќе влеземе во ЕУ
    15.партиски вработувања од секогаш имало и ќе има тоа е факт, а и нема врска тоа од која партија си мајка ми не е од никоја пратија и сепак ја примија во државна фирма пред некој месец
    инаку премиерот в споредба со претходните е 5ка
     
  5. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Целиов пост ти е за :clap: ама ова ептен некако ми падна во очи.
    Јој жено што ти е ? Од кај си го слушнала ова молим ти се ?
    Видиш,не знаев дека сме толку напредни,понапредни сме биле и од Африка,Јужна Америка и даље...
    Абре ме насмеа.
    Баш би сакала да те видам во премиерската фотеља.Да бев Груевски одма ќе ти го отстапев местото.
    Да си знаеш само :D :D
     
  6. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Девојкава како што ми се гледа е доста упатена во политика :!: Тоа е нејзино мислење и сега ти се најде со твои 16 години да ја исмејуваш :!: Јој, жено што ти е? - :clap:
     
  7. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Многу жестока дискусија :tmi: Значи јас сум политички неопределена ама сакам реално да ги согледувам работите,така да ќе кажам дека ама ич не ја поддржувам политиката на премиерот.Не сфаќам како може народот да е толку заслепен и да го велича премиерот и владеачката партија :?: Без да правам споредби (бидејќи не е тоа темата) ќе кажам некои работи
    1.Никола Груевски нема харизма и став за да биде лидер(според мене)
    2.Како и секој политичар ветува ама не остварува со тоа што многу ме нервира неговата препотентност и самоувереност со која дава изјави а уствари е како ден јасно дека тоа што го збори не држи вода
    3.Тој е магистер по економија а води катастофална економска политика.Упорно се тврди дека буџетот нема проблеми а буџетската сметка е празна веќе подолго време и има застој во исплатите од трезорска сметка.А како нема да има кога нема капитални инвестиции?Најголем дел од ставките во буџетот се наменети за тековни расходи.Значи пензии кои ,да,се зголемени,ама затоа што на тој начин се придобиваат гласовите на пензионерите како стабилно гласачко тело.И плати за државната администрација,која во најголем процент е вработена со посредство на една партија(без да се дискутира за соодветна стручност и образование).Па како може да се вложуваат огромни суми во проекти какви што се споменици,,статуи.скопје 2014 во земја со загрижувачки процент на невработеност,наместо да се пренасочат средствата во инвестиции кои ќе имаат поврат?Сите вработувања се по партиска линија и после демек намален е бројот на невработени
    4.Точно е дека се отворија дисперзирани студии во речиси секој град,ама мислам дека квалитетот не може да се спореди со квалитетот на Универзитетот Кирил и Методиј.Има некои поволности за студирање и најголем дел од матурантите се запишуваат на факултет и автоматски не влегуваат во и онака големата бројка на невработени
    5.Се градат социјални станови а се даваат на лица кои се вработени во кабинети на министри :tmi: Што да се каже???
    6.Многу е јасно дека ЕУ воопшто не е негова цел.А укинивањето на визниот режим можеше да се случи во мандатот на било кој премиер,зашто не зависи од него
    7:Не гледам никаква борба против криминал и корупција.Не верувам во некакви си акции кога е многу јасно со каква пзоадина се

    И сега ми здодеа пишување,а и доста е :^) Значи тоа е мој став без намера да убедувам никого во тоа што го мислам
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    како прво прити македонија е земјоделска земја и поголемиот дел од луѓето заработуваат од земјоделството и не се трудат да побараат друга работа, а како второ ај малку поубо прочитај го мислењето на розич јужна америка, африка и сл. имаат далеку повеќе невработени од нас и за процентуално зборувам
     
  9. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    :hai: :hai: :hai: Бравоо...И јас го делам истово мислење :rock:
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Elygj..се што ти е кажано во постот си во право..А најмногу се сложувам со првата точка.Ни харизма ни став..Лик да не зборам..Предалеку од тоа што значи да се биде политичар и лидер.Инаку зад него постои некој кој многу повеќе ги држи конците во рака и манипулира со него и политиката..Тоа Прити добро знае. ;)
     
  11. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Хахаха... не се согласувам со целиот пост на elygj а најмногу 5тата точка . Кај нас во Кавадарци беа доделени 30 стана на луѓе што немаат покрив над глава и се социјално загрозени. Тука не си во право и пензиите и платите никогаш не ги задоцниле од искуство ви кажувам. Единствено што ме нервира кога слушам вести на ТВ е кога ќе слушнам дека подрумите имале многу залихи а никој не се замара за лозарите . Тие го даваат грозјето без пари и на крај парите неможат да си ги земат луѓето. Оваа године ќе биде тешка доколку државата не ги отвори границите па така земјоделците да бидат задоволни друг излез нема.И не го бранам премиерот само ги разгледувам работите на реалната страна , можеби сум мала но доволно за да разберам , а во дента секако ќе изгледам вести барем еднаш на било која програма за да видам што се случува.Поздрав
     
  12. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Па Ферхунде ако гледаш вести како не си видела дека човек вработен во кабинет на еден министер добил социјален стан???
     
  13. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    НЕ сум го слушнала тоа а јас кажувам за моојот град општо дека беа стварно правилно доделени становите ... Секако тој има и позитивни и негативни, значи подобар е од опозицијата што имаше само негативни страни. Така да овој е подобар. Секој си има свое мислење нели??
     
  14. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    А, не спомнавме до сега на каков проѕирен и беден начин сакаат гласовите на пензионерите да ги добијат - им дадоа 7 дена без пари на бања да идат(тоа ти е као со свој камен по своја глава.. :rofl: ) и плус во петок без пари да се возат по автобусите..хааааааааааааааааааааа :rofl: :rofl: :rofl: И некои таму на бањите се измрзнале во собите, немало греење :lol:
     
  15. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Ок штом кажуваш за твојот град,нека биде така.Само кажи ми како може електронско бирање по случаен избор демек да биде критериум за правилна поделба?
     
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ц,ц,ц не можете да ги побиете аргументите па измислувате... колку да се кажело нешто... а дали има врска сето тоа што го зборувате не е важно, нели??? Само нешто лошо да се збори.
    Ти кукличе сигурно немаш пензионер дома, затоа не знам зошто коментираш. На баба ми пензијата и се покачи за 2000 денари и стигнува редовно до 5ти најкасно. Јас сум стипендист и парите за стипендии ги пуштија сите, еве уште една рата фали... па Боже мој кога ќе има во буџетот ќе пуштат... Исто и субвенциите се пуштаат, барем кај нас е така, незнам зошто не се најде овде некој да се жали, кога на поштен начин си ја пријавуваат реколтата.
    И тоа за пензионерите... ако не им дојде добро да се возат бесплатно зошто секој петок автобусите се полни со пензионери, а????
    Па уште и елетронското бирање за социјалните станови ви сметало.
    А ти Elygj од што нема што да кажеш, се фаќаш за сламка, као немал фаца за политичар, бил препотентен, незнаел да води економска политика... па уште и немало борба против организиран криминал. Ма дајде ве молам, само нешто да се ломотело... Од вие што сте против кажете ми која личност би ја ставиле на неговото место, што мислите дека ќе ви ги исполни вашите очекувања?????????
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    27.822
    Самата јас сум пензионер. Ако не знаеш, пензија може да зема секој студент чијшто родител е починат, па така и јас земам пензија, и знам што зборувам. Земи процентуално.. На висока пензија (каква што веројатно зема баба ти) може да и се покачи пензија за 2000, ама на некој со мала пензија, покачувањето е минимално. Пензијата треба да е исплатена на 1ви, што никогаш не е случај (а да знаеш колку многу значат тие 5 дена каснење ке знаеш и што кажувам)
    Плус тоа, незнам дали гледаш вести, ама пред секој почеток на месецот, владата продава нови државни обврзници само за да може да ги исплати пензиите ?!
    Верувај дека знам и како се делат и како исплакаат субвенции, ама не сакам да дискутирам за тоа заради лични причини.
    Стипендиите.. Здравје Боже кога ке има пари во буџетот?? Па дали знаеш воопшто што значи за една држава, владата да неможе да исплати мала сума на паари?? (зошто за една влада, парите за стипендија не треба да се никаков товар за буџетот) .. И до сега во 20 години на постоење на државава, не се случило да се закасни со стипендиите. И тебе ако ти фали 1 рата, супер.. Ама прашај ги тие што од оваа година почнаа да земаат пари дали има дојдено и една рата..
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    27.822
    Благодарам, ама не сум доволен патриот за да ја вадам државава од дупката у која е падната.. А за невработеноста..
    Повели, читај..
    http://history-of-macedonia.com/wordpre ... est-world/

    и...

    Unemployment rate__(-Official statistics-)

    .

    FYROM----------31.7 %

    Mali----------30.0 %

    Cameroon----------30.0 %

    Gabon----------21.0 %

    .......

    Turkey----------14.5 %

    Slovenia----------9.4 %

    .......

    European Union--------9.3 %

    Greece----------8.9 %
     
  19. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    На баба ми пензијата и од 5000 и ја покачија на 7000. Од 5 до 5 има 30-31 ден значи не каснат.
    И да јас прва година како земам стипендија.
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    27.822
    Патиштата што се направени, се како што кажав веке започнати проекти со пари од ЕУ или НАТО (повекето се интернационални патишта).
    За 30 000 на другата влада. Еве ти личен пример. Член на моето семејство беше со книшка на сдсм, невработен со години. Пред 4 години зема книшка на вмро, отиде на неколку митинзи, и веднаш доби работа. Приметуваш разлика? Ете баш заради ова Груевски ке остане на власт уште долго. Еден вработен, носи уште минимум 3 гласа (родители, полнолетни деца).И затоа неможе да се дискутира објективно. Затоа што и јас би го бранела груевски кога би имала лична корист и месечни примања благодарение на мојата книшка. Груевски форсира јака медимска пропагада, знае како да се постави кон луѓето и кои информации да ги пласира во јавност. Уште една причина зошто ке остане уште долго на власт.
    За редовните плати. прашај те молам, ако знаеш некој од тие привремено вработени со книшка дали земаат редовно плати?
    И запрашај се зошто, сега, на државна клиника во Скопје, сите солидни доктори се разотидени по приватни клиники?? (сиситна и ремедика најчесто)
    А да, и зошто цитостаци (кои по закон се бесплатни) сега мора да се платат?