Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    PussyHunter, ЗОШТО кога некој размислува различно од власта, дава конструктивни критики (поддржани со факти), одма му лепите етикета дека е опозиционер?!? Зарем не смее човек да размислува со своја глава (без влијание на сител,канал5,мтв)?
    BTW, не знам од каде ти е тоа дека јас го величам Бранко?!? Слободно прочитај ги сите мои политички ставови по форумиве и ако најдеш 1 позитивен збор да сум кажала за Бранко,ќе те частам што сакаш! Напротив,има огроооомен број на работи што ги направи оваа власт за кои заслужува 10+! Така нека продолжат-да привлекуваат многу нови странски инвестиции,да реновираат улици,училишта,градинки,да купуваат опрема за болниците,да обезбедуваат кредити со ниски каматни стапки за фирмите и сл.
    Но, не можам да оправдам: огромни задолжувања кои се исклучиво наменети за споменици,врби,фонтани и бродови во Вардар,за плажи и сл. кога има над 30% невработеност и кога народот нема леб да јаде; не ги оправдувам популистичките мерки (2-3 дена пред избори да се платат субвенции на земјоделците, стипендии на студентите и да се зголемат пензиите); да се купуваат гласови за бедни 500 денари,брашно,зејтин; да се користат закани (нема да им се исплаќаат пензии,стипендии,ин-витро ако не гласаат за нив), итн,итн. Ова не е прифатливо во 21 век!!!
     
    На lady.v му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас слушнав од човек добро упатен во оваа работа дека Груевски пред изборите ги собрал сите кандидати за градоначалници на состанок и им рекол да ветуваат само она што се сигурни дека ќе го исполнат.
    Е па ако е така, јас му пуштам рака!
     
  3. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Изгледа ти не ме сфати добро.Никаде јас не наведов дека ти се продаваш,туку само го продолжив муабетот кој ти го започна од моја гледна точка,не знам зошто тоа е толку погрешно.Ниту пак барав објаснување за кои гласале твоите,не ме интересира.
    Објасни ми во кој контекст ти е муабетот за луѓето кои се само од корист,бидејќи не видов никаде да се поколопи со она што јас го кажав.

    Кажи ми,свесна ли си колку луѓе без образование има и колку социјални случаеви?Имаш ли барем некоја бројка на памет?Не знам ни јас,ама знам дека се многу,и тоа е лошото разбираш?
    Баш тие луѓе некаде формираат мнозинство со нивните гласови,одлучуваат.
    Секоја чест на муабетот дека цел месец би истуркале со брашното.Алал да ти е,само храната е?
    Кажи ми колку години имаш?Ако си постара од мене,не сфаќам како можеш да размислуваш вака.
    Знаеш ли ти на колку социјални случаеви им беше укинато социјалното,и тоа без никакво објаснување?Ако не знаеш јас добро знам и за таа ситуација..
    На некои им го укина па сеа им даде по 500че,и офците задоволни се а?
    Ниско,ниско.
     
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Има луѓе кои едвај чекаат да им се подаде нешто. Е, за тоа зборував.
    Задоволни се. Немаат образование, на едно најдолно можно ниво се спаднати и задоволни се со се што ќе им се подаде. И најчесто тие кои јас ги знам се млади луѓе, ама останале без перспектива. :!:
    Не велам дека тоа е добро, наведов веќе дека уште пониски се тие кои на тој начин добиваат гласови и не реков дека го оправдувам.

    Ете, јас и ти не би се продале. Ама ги има и такви.
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Зошто мене никој не ми даде брашно и 500 денари? :doh:
    И сега за КОЈ да гласам јас, вака непоткупена?
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Да ти кажам право и јас се осетив запоставена, зарем мојот глас не вреди ништо? Ни еден локум бре :|
    штета не можам клипот од к-15 да го најдам :D

    за премиеров иначе, крајно антипатичен во секој смисол. Користи мн. долни стратегии за задржување гласови, и не дека до толку ми сметаат, туку ем го смета народот за глупав, ем го прави глупав затоа што некој и му верува па го прифаќа тоа како единствена вистина. Имам многу, ама не ми е денес до политика.
     
    На lady.v, Mishela и Moira им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    ^^ Да не бидам неблагодарна, јас ќарив пиво (дека немаше сокче, па затоа :wasntme: ), ама не го испив, дали ова ме вбројува во невини :^)
    [​IMG]

    Кравче, не знам кое видео го бараше, ама го најдов ова, за да не бидам оф топик, нели ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=_P69ljnyTJw

    Од секоја 4 члена фамилија ќе има по 5-6 вработени-б.ц. , ама новиот се ќе исправи
    http://www.youtube.com/watch?v=SpnUkbPCtFg
     
    На kravce и slavica999 им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Ништо, ние изгледа ќе треба групно да си ги собериме поклоните и една торта да направиме, оти вака посебно ништо не правиме. Ни за едно кафе немаме!
     
  10. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Не сум ниту за премиеров ни за Бранко, меѓутоа ви тврдам дека Вмро дпмне многу пари даде низ градовиве за да победи нивниот градоначалник. Саботата пред изборите членови на вмро оделе по селата со торби пари ( така барем се зборува, а не се зборува без причина ) за да гласаат за нив. А и чудно е тоа што на овие избори имаше голема излезност...
     
  11. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Нема да му се свиѓа моето милење. Ама ич. На почетокот кога дојде абе млад демократ абе личен, кога збори од устата мислиш мед му тече. Малку требаше за да исплива на површината неговата манипулативна природа. Не знам зашто кампањата не му се вика : мачкам очи и фарбам фасади.
    Овие другиве па не се ништо подобро, море и полошо. Одамна немам видено асален човек во политика кај нас. Све покварено бре лецемерно, крвопијци, едно ти давам две ти земам работава. :^)
     
    На karenin, lady.v и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Можеби поетот прави некаква (ненамерна) компарација?


    Како пропадна Пасок


    Партијата која неприкосновено владееше со земјата цели три децении, денеска има само 6 процентна поддршка меѓу Грците.


    Панеленското социјалистичко движење (Пасок) доминираше на грчкатааполитичка сцена откако дојде на власт, во 1981-ва година.

    "Денеска е тешко некому да му објасниш дека го поддржуваш Пасок," вели една студентка за БиБиСи. "Тој збор звучи некако валкано".

    Партијата денеска се одржува во живот благодарејќи на тоа што влезе во владеачката коалиција но ретко кој очекуваа таа да успее да ја воскресне старата слава.

    Пасок денеска во Грција ја има улогата на главен виновник за сè лошо што се случуваше во земјата во последните 40 години а пред извесно време кулминираше со сеопшта криза..

    А во златното партиско време на Андреас Папандреу уживаше поддршка на половина електорат. "Папандреу беше генијалец а нашата врска со Пасок беше речиси љубовна. Го сакавме тој сон за слобода и подобра иднина," вели Сифис Валиракис, еден од основачите на партијата кој денеска е разочаран од оствареното.

    Пасок ја модернизираше Грција, ја внесе во Европа, ја збогати а потоа ја упропасти со лошо водење. Денеска тоа е банкротирана земја во која царува корупцијата и клиентелизмот кој асоцира и на Пасок и на Неа Демократија.

    "Пасок не може да биде виновен за сите лоши работи но како доминантна партија во голем период, сега ја стигнува казната", оценува еден политички аналитичар.

    Веројатно најголемиот грев е создавањето на огромниот монструм наречен јавен сектор кој креираше десетици илјади нови работни места кои главно беа пополнувани со партиски фанови.
     
  13. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Еве јас тука да кажам да не ме има на телевизија,бидејќи и така само телма може да ме даде се друго е на власта нели.
    Јас не сум политички определена ,ама овие го претераа.
    Вчера на врата ми пратија др да ги прегледа моите наводно пензионери биле,завчера слушнав од блиска особа како се зборело зошто не сум гласала дека имам бебе немало кој да ми го чува ,а моите не можеле сами да отидат до месна заедница бидејќи биле болни.
    Можеби и дома знаат што јадам и колку пати во вц одам а.
    Епа ебати државата сето продадени души за еден глас .
    Ете сега има митинг на мојата улица ,актуелниот ми градоначалник ке говори оносно пак ќе лаже .
    Изреволтирана сум бидејќи ништо не направи за мојата населба, едвај една градинка која ја градеше сто години и ја пушти пред избори,а што е најтрагично нема место за многу деца од околината а не па од малку подалеку абе жива катастрофа.Да не збориме дека нема ни една месара ,а пошта и банка на два километри а за деца место да си поиграат научна фантастика ставил две љуљашки и две клупи кој попрво да седне .
    А простор за изградба не дека нема туку кој да го лапне да го гради е работата ,уште не се решиле изгледа .
    Уште многу има и да се збори и да се кажува но кој те слуша ,овде да си напишам да си олеснам душичка само тоа ми преостана.
    И да :!: во недела очекувам лимузина за моите и бејбиситерка за малиов за да одам на гласање :puke:

    Ова го пишав во друга тема но местото му е тука.
    А за власта наречена премиер ,убаво си работат луѓето,градат и крадат од наши пари, само јас сум крива што не до зволувам да бидам во стадото овци ,па да верувам и правам што ќе ми кажат па да си се вработам партиски и да не делам памет по форуми ,туку да си ставам розеви очила да си го гледам Скопје 2014 како цвета .
     
    На xoxo.Martina и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  14. Beatriche19

    Beatriche19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    89
    Ајде сите зборите вака така за Груевски не чинело....Па добро бе мајкуму стара кој чини? Ајде пишете кого треба да го стаиме за премиер?

    и шо беше поентава сеа со ова? Не сватив шо сакаш да кажеш
    Треба да ги жалиме дека се многу "УГНЕТЕНИ"
    ајде молимти се
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    за неколку години јас ќе бидам премиер на државата!! :D
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Најубав ми е. Најубаво ми зборува. Увек.
     
  17. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    86
    Па убав е ..малце не ми се бендисува како оди али затоа ми се бендисува како работи,предобар е !!!
     
    На Pufce27 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pufce27

    Pufce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    88
    најдобар подобар и да сакаме нема ;)
     
    На koritsaki и kikav им се допаѓа ова.
  19. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Евентуално, можеби тој што е лидер на Џибути ќе да е подобар :tmi:
     
    На lady.v му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mushtikla

    mushtikla Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    елементарна непогода за Mакедонија,искомплексирано човече
     
    На Tanjamm, angelina1 и lady.v им се допаѓа ова.