Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    108
    После оваа нуклеарна земјоделска бомба што ја погоди нашата држава во Струмица поточно фирмата Геотермика јас би го судел за вршење геноцид врз македонскиот народ и целосно исчезнување од географската карта на светот.
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    38.670
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа премиерот. Добро си ја врши работата. Според мене, најдобриот премиер што сме го имале до сега.
     
  3. Skadrina

    Skadrina Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Toj e najdobroto do sega vo ovaa drzava!!!
     
  4. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Не се разбирам многу многу во политикава, ама мислам дека човечево си ја врши добро работава. Кога имало вакви услови до сега за земјоделциве, за купување станови, за образование? Посебно за образованиево ќе кажам, воведе бесплатни учебници, компјутери за секое дете, го укинаа плаќањето за упис од година на година во средните училишта, дадоа многу стипендии за студирање во Македонија и надвор од неа, а да си зборнеме реално, да ги тупнеш 5000 денари за учебници како порано што беше не е баш евтино ... :/
     
  5. Shopa.holic

    Shopa.holic Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    А дали сте се запрашале од каде му пари за субвенции, за пензии, и за т.н. донации??? ( зборувам за тие со позитивното мислење)...
    Дали сте се запрашале зошто секоја една единка што ќе му застане на патот на нашиов премиер или е в затвор и трагично завршува?
    А дали некој знае точно колку е долгот на нашава сакана ни земја? И колку генерации ќе треба за да се враќа?
    .......
    Ако ги слушаш нашите провладини медиуми кои се нижат секојдневно ќе си мислиш подобра и појака држава од нашава нема и нема појак премиер,а богами ни влада , кои всушност само си го полнат џебчето- и своето и на фамилијата :sweat:
     
    На Anne.B му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    340
    Многу ,многу не ми интересира политика, но не ми треба да се мешам во политички работи за да разберам за каква личност се работи. Досега според мене подобар премиер сме немале, човекот здрачи со позитвина енергија, се труди колку што може а тоа за крадењето.. а се прашувам кој не краде |( ?
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.772
    Допаѓања:
    14.218
    Абе каков добар љуѓе. Па гледате ли што им се случи на Љубе, Велија, Никола Младенов, професионалните војници ни бегаат од државата, учките градат музеи кај ке им текне. Немаме ни безбедност, ни вработувања, ни судство, ни здравство ама баш тонеме. А субвенции па тоа се пари од ЕУ фондови што ги добива државата. Прашајте ги сега земјоделците кои строги критериуми треба да ги исполнуваат. Површините од минимум 3 на 5 декари ги зголемија за да се земе субвенција, тарктори да легализираат, нивите дигитално да ги уцртаат, бизнис план да прават. Абе тоа се трошоци и плус земјоделците не се бинисмени за да се снајдат со толку документи. Се е тоа боза.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Јас сепак сум задоволна од неговата работа..и воопшто од се што досега е направено..горе-доле се има некаков ред..се зголеми свеста кај граѓаните и фирмите да се плаќаат даноците,таксите и др.давачки ( досега даночната култура беше на мизерно ниво ) а тоа е многу важно за опстојувањето на еден државен систем..
    Меѓутоа сметам дека има уште многу работи да се регулираат:
    1.Пред се неопходно е да се зајакнат контролите од страна на трудовата инспекција во приватниот сектор ( каде во голема мера постои експлоатација и злоупотреба на човечкиот труд )
    2.Исто така многу важно нешто за иднината на оваа држава - младината..
    Да се зајакнат контролите и казните за движење и престој во кафиќи и др. објекти на малолетници по 24 :00 часот.
    ( Сите гости кои ни доаѓаат од странство било Германија или САД, се чудат како тоа децава излегуваат до 3-4 часот по полноќ...
    Премиерот задолжително треба да поведе сметка за оваа појава која се провлекува со години..а која негативно влијае врз сите.
    3.Понатаму нешто што исто така е негативност се вештачките вработувања во јавниот и државниот сектор затоа што на тој начин се создава паразит кој полека но сигурно го поткопува системот..
    Мора да се осмислува друг начин да се реши проблемот со невработеноста.
    А инаку за примедбите во врска со тоа дека како држава сме биле заглавени со кредити и заеми..само ќе укажам на тоа дека Македонија од осамостојувањето а и пред тоа беше заглавена во долгови,....се до 2008 се живееше во некоја летаргична стихија, стасус -кво ситуација...не постоеше никаков напредок на ниту едно поле...
    Сега барем се прави нешто,се гради...Скопјево не ни било никогаш поубаво...
    Иако на секоја власт може и мора да и се наоѓаат примедби сепак сметам дека премиерот е единствен премиер од осамостојувањето па до денес кој заслужува повеќе позитивни критики, отколку негативни.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.052
    Допаѓања:
    108.790
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно, најдобар премиер што сме имале што сме имале до сега :)
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Мене лично сега за сега ми е ок. Кога бев средно имав бесплатни учебници, после се намали плаќањето за факултетите, така што барем за мене лично е подобрено нешто откако е он премиер. Е сега за крадење нормално дека сите крадат ама барем сега се гледа нешто од нешто, а порано што се гледаше стварно незнам. :D
    И ми се допаѓа кај него што е решителен, човек со цврст став, култура и образование. Само таква личност може да претставува земја, барем не пцуе и не треска глупости по митинзи. Што е чиста мизерија.

    А тоа дека бил диктатор ми е навистина смешно. Како сакате ред ако не се воведат некои правила. Одете во Русија да видите што е "диктаторство". Ете Русија се' светска сила, кај нив е се под ред и што значи дека се по диктаторство? Не, туку има правила кои се почитуваат.
    Кај нас сите сакаат да прават што ќе им текне, кога ќе се случи нешто државата им е крива, а ако им воведеш правило е диктаторство. Е ај сега погоди им, многу чуден народ сме. :D

    Како и да е супер си е премиеров, а за тоа како одел и како зборел мене ми е навистина ниско да коментирам, и он е човек со мани и доблести, не е вонземјанин. |(
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shopa.holic

    Shopa.holic Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    Ајде спомениците што се на секој чекор и што во нив се „вложени“ многу средства и целиот тој концепт за Скопје 2014, ама во таа слика каде е Македонија 2014?
    Нели е поважно да се инвестира првин во инфраструктура, во здравствени институции и поважни аспекти за животот на граѓаните па потоа да се прават споменици и тоа не само во Скопје туку и во другите градови?!
    Па се жалеле Скопјаниве за одливот на провинцијалци во нивниот град. Да, ама дали тие Скопјани се запрашале како е во другите градови каде што нема никаква инвестиција и нема отворање на работни места?!
    Каде се сите инвеститори од сите владини ролд шоуа ? Да инвестираа сите како што беше најавено , сега ќе цутеше се ( не дека не цути според медиумите наши „неутрални“ )?!
    Епа на крај краева, џебот не се полни со инвестирање во патишта туку во споменици и тие мрачни договори за нивно поставување и креирање.

    И да, точно е дека сите краделе и дека нема чесен политичар итн. ама никогаш немало мачкање на очи до толкав степен колку сега и тргање од патот на секој што ти смета.
     
    На Anne.B, danielka0507, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Премиер ? Што е тоа ? Овој збор не е достоен за Груевски. Тргнувајќи од фактот дека проектот СКОПЈЕ 2014 е само една обична перална на пари, па потоа барањето по 3ти пат да се прегласува во Центар, зошто ? Дека нема да можат да прават што сакаат дека им беше перална ? Колку пари само се фрлени за непотребни работи околу тоа. Добро, има нешто и убаво, али повеќето се безпотребни работи т.е споменици. Згора над тоа, тој е премиер само на Скопје или цела Македонија ? Колку што знам не се грижи за останативе градови толку колку што тоа го прави само за Скопје. Ние што не сме од Скопје ќе умираме, не е проблем.
    Што е со останатите кои им се закануваа за време на избори дека ќе ги избркаат од работни места доколку не соберат по 10 гласачи ?
    И да, лично кај мене дојдоа да поткупат глас за 50Е.. Боже мој, не ја продавам гордоста за нив и едни проклетни 50Е.
    Странски инвестиции.. да, убаво е.. ама кој ? СУБРАТА РОЈ ?! Дај ви се молам, цел свет го знае како превара па кај нас дојде утеха да бара, колку само има измамено.
    А и додека е овој неписмениов на власт лошо ни се пишува. ОДВРАТЕН Е.
     
    На iloveyou29, Anne.B и Antula им се допаѓа ова.
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Премиерот на РМ Никола Груевски :lol:


    Нова Година, Никола Груевски. Случајност на иницијалите? Не би рекол.
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    17.623
    Пол:
    Женски
    ^^ Е ајде сега ти па апокалипса ова она :rofl:
    Тогаш Бил Клинтон - Курбан Бајрам :lol:
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.848
    Допаѓања:
    142.453
    Неговата политика ми ги намали дупло плаќањата за студии. Ме боли онаквата за спомениците, мене ми помогнаа неговите политики. Се додека парите не ги јадат пратеничките за бисери, мене ми е океј со тоа што јас го добивам од владава. Никогаш не сме имале подобар политичар.
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.262
    Допаѓања:
    4.332
    Да, навистина, со неговото владеење т.е. мандат, за Р. Македонија како да започна една поинаква, нова ера - колку успешна или неуспешна, тоа народот нека пресуди.
    И во ова може ако се сака симболика да се најде. За србите испадна баш Курбан, за бошњаците и за албанците од Косово испадна Бајрам.
     
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Николчето Груевски ќе го памтам како човече кое беше премиер во времето кога мене ме одбија за стипендија, иако имав и повеќе од солиден просек. Поради него за прв пат излегов на студенски протест. Тој беше причина да научам дека во светот на возрасните треба да се борам самостојно. И самата, без ничија помош, поднесов приговор и по долго залажување и многу доставени документи им докажав дека мора да ми дадат стипендија. И успеав.

    Овој премиер ќе го памтам по спортските штали, пардон мислев на сали.
    По неговата маленкост која дозволи на Прометеј да му се покрие големиот кок. И на Букефала! Не забораваме, не.

    По вработување на кадри кои не знаат да зборуваат Македонски (не мора граматички и литературно, се прифаќа било како), а не пак истите да се квалификувани и достојни за местото на кое што се пикнати.

    Ќе го памтам за личност која дозволи злосторниците на Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски и Борче Стефановски да останат не осудени од и на тлото Република Македонија.

    Ќе го памтам по некои постојани вработувања на сообраќајци, полицајци и се такво слично, кои никако не успеаа да воведат ред по македонските патишта - толку сообраќајки -, никаков ред и мир во јавниот превоз - толку тепање -, или пак ограничено слободно шетање во паркот, на калето, било каде.

    Позитивни ли се сите црквички во Аеродром, пензиите на дедовците и бабите, сомнителните магистри кои лежат дома а земаат плата по рамковен, смешните трговски центри кои вработуваат НАД 500 нови луѓенца, а само наспроти нив веќе има еден трговски (Бисер) центар кој ќе зјае сиво и напуштено.

    Фиктивни вработувања - алооо алооооо алооо! Смирете се веќе. Знам дел сте биле и во Кочани и во Штип и секаде. Но поминете пак и овој пат не ги гледајте само тие неколку млади убави девојчиња. Погледнете ги нивните мајки и татковци кои пред време се остарени од работа и грижи баш поради нивните ќерки кои како паразити им ги трошат малкуте пари за облека и кафица. А таквите ќерки ги створи токму ова социјално-општествено и тралалалаа Лукас(ц), Цеца, Величествениот уредување. Одлично е тоа што не се сите дел од истото.

    Пролетно ќе вртиме ли нова страница отворена за нов лик или пак исто "..."
     
    На lana.del-rey, esperanca, Taccka и 7 други им се допаѓа ова.
  18. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    За нашиот премиер топ песничка за преговорите со Грција. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=xkBWm25s8FU

    Добар е Грујо, можеби не е совршен, си има свои маани како неможност да каже тврдо “р“ и тоа што нозете му имаат некој агол на девијација од 10-15 степени, но секако е подобар од зајчето кое сака да дојде на власт и сите моркови да ги изеде он и компанијата околу него. :rofl:
     
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Ова! Оваааа!!!
    Значи народов или е премногу глуп и наивен или е самодеструктивен, не знам веќе друго што да кажам. Упорно се гласа или за ВМРО или за СДСМ, а не знам како после се, сеуште толку им веруваат и на едните и на другите. Грујо бил подобар од Бранко... па и цијанид можеби помалку пече од солна киселина ама и двете ќе те убијат ако ги испиеш. Очајно треба ново лице на политичката сцена, било каква принова која има барем малку перспектива, се некои стари хиени се врткаат, те бивши членови на едните, те стари непријатели на другите. Држава е во прашање, а не личен конфликт, па да се гласа за едните за инат од другите. И едните и другите се прават само колку да си го набијат на нос направеното, а за државата, кој ја е** државата.
     
    На Mishela, lana.del-rey, esperanca и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.848
    Допаѓања:
    142.453
    Нозете му имаат агол поради вродена болест која се појавува кај голем број дечиња, некој проблем со карлицата. Не оди така од што се праи фраер, туку оти си има мака. Моја познаничка била со него во болница со години, двајцата од ист проблем. Мислам дека не е за смеење нечија билест. И она не е против твојот пост, само ми текна дека му се смеат за одењето, а не се свесни дека му се смеат за болест што може и на нивните деца да им се случи. Баба ми викаше дека на стар човек се смее, на болен не, оти се враќало тоа на кое се смееш.
    Заев е неспоредлов. После она, живи луѓе има да јадеме, знаеме што ке се случи ако не дај Боже дојде на власт. Сите крв ке плукаме од него. Ми изгледа садистички нагони ко да има.