Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Discussion in 'Политика и настани' started by OzzyAngel, Jun 11, 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 vote(s)
    42.4%
  2. Негативно

    636 vote(s)
    57.6%
  1. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,057
    Likes Received:
    1,821
    Аууу, и ти си веруваш на ова што напиша? Сериозно?! Заев садистички нагони? Груевски ја уништува државава систематски и смислено (или тоа, или е неверојатно ограничен интелектуално и спознајно) го уништува секое достигнување и напредок на Македонците од последниве па скоро 100 години, граба и граба со познатата измамничка парола „А бе ти на себеси си веруваш и на своите очи или на мене кога те лажам“ (нормално, секој чесен Македонец треба нему да му верува додека безочно лаже, инаку е предавник и измамник). И кога гледам какви резонирања има, па си викам, има луѓе и не заслужуваат поарен од него, супер им е... Ама зошто ние другите да страдаме покрај (вмро)-овците со таков ум, е тоа не ми е јасно.
     
    BoaVista and Annath like this.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,762
    Likes Received:
    141,768
    Јас го видов како ги изговараше зборовите. ЖИВИ ЛУЃЕ ИМА ДА ЈАДЕМЕ КОГА ЌЕ ДОЈДЕМЕ ОД ВЛАСТ. Ама Заев не заслужува да се зборува за него, а не верувам дека му треба посебна тема. Ако според тебе вмровците се глупи, за мене комуњарите се канибали.
    Оти знам дека прво што ке направи, ке ме избрка од работа тој или негов потрчко само заради тоа што работам во општина каде градоначалник од време е вмровец. А кога ке се случи ова, бујрум со мене на кафе, па да поверуваш. Иако сдсм власт не добива во следните 10тина години :)
     
    Valeriya and PussyHunter like this.
  3. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Joined:
    Aug 15, 2011
    Messages:
    636
    Likes Received:
    724
    :rock: :rock: :D
    Не сум партиски обоен ниту пристрасен, само сум реален. ;) СДСМ претера и премногу гревови има, готовииииии сеееееееее. Тие се готови уште одамна, ама нема кој да им каже. :D Со тој ебан закон за територијална поделба ја усраа цела Македонија. БЦ нормален ли е бреееееееее што направи, свесен ли е дека како најголем непријател ќе влезе во историјата на Македонија. После 20, 30, 50 години неговото име ќе остане засекогаш црно во македонската историја. Еден глуп потпис на закон само за власт потенцијално ја уништи државата!!! На страна тоа што СДСМ нема намера да се реформира вистински, сите луѓе се исти таму цели 20 години, епа победа на избори не се постигнува така.

    Не е ни ВМРО цвеќе за мирисање, ама дечките го отстранија Љуп(б)чо, му го расплакаа мамичето б'лгарско и сега владеат и уживаат. :D Тоа е права реформа. Отстрани го шефот и сите негови послушници и паразити и поведи ја партијата кон победа.

    Eпа не сум знаел тоа дека е вродена болест, ајде ќе упатам извинување до Илинденска бб. :) Лошо е човек да се смее на нечија маана или болест, така е никогаш не го правам тоа.
    Мислев дека оди така од фраерлук, па во тој стил позитивно смешно ми делува. :)
     
    Daydream and Cka like this.
  4. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Joined:
    Aug 15, 2011
    Messages:
    636
    Likes Received:
    724
    Грујопулос. :rofl:
     
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2011
    Messages:
    758
    Likes Received:
    3,659
    Замисли, ќе го направат потполно истото ВМРО што го направија кога дојдоа на власт. Колку чудно!
     
  6. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2012
    Messages:
    307
    Likes Received:
    406
    politika-i-nastani/zoran-zaev-nov-lider-na-sdsm-t17897/

    Еве посебна тема што значи во секоја може да се пишува без да се споредуваат и без едниот да се користи како алиби за другиот, па може така и ќе се дојде до некој пореален заклучок.
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,166
    Likes Received:
    177,111
    Gender:
    Female
    Гласав негативно зошто не ми изгледа како човек со добри намери во душа. Груевски има лице со црти што секоја би можела да го прочита. Реално ми делува како дволичен човек, човек желен за пари, човек кој сака да користи. Можеби Скопје го направија да изгледа подобро за да има подобра пропаганда, но многу пари се изиграа во спомениците. Сето тоа е непотребно. На Скопје му требаше човек кој ќе каже два три збора кои цел свет ќе ги запомнеше, барем Скопје да си ја зачуваше оригиналноста на својот изглед. Сега веќе незнаеме ни како да се именуваме.
     
  8. swrcii

    swrcii Нов член

    Joined:
    Jul 1, 2010
    Messages:
    723
    Likes Received:
    272
    Факт е дека премиерот Никола Груевски толку вешто го лаже (кутриот) народ кој се задоволува со 10.000 денари плата во Kromberg & Schubert и сличните на неа бидеќи и самите луѓе немаат видено повеке.. Не ми е мислата да навредам некого,напротив многу сме заслепени од затворањето на фирми и други работи во времето на Сдсм и Бранко Црвенковски што на секој нареден слепо веруваме како нешто благо...

    Лично немам ништо против човекот НГ си можел,си направил пари за 10 генерации унапред. Ние ке си седиме со 10.000 денари и ке се задоволиме и ке молчиме само затоа што НЕ сме свесни дека брачедот на господинот Груевски т.е Сашо Мијалков во мојот град кај и да е почна да ги приватизира поликлиниките, стопанска банка и други поголеми фирми онака тивко не јавно како што се случи со БЦ. Не сум јас магаре и уште 80% во мојот град исмејавани од месната на Вмро-Дпмне.
     
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Joined:
    May 24, 2012
    Messages:
    1,047
    Likes Received:
    2,181
    ќе го направат вајда истото што и BMPO на почетокот го има направено,отпуштаа невини луѓе за некои нивни да бидат,тоа е нормално за Mакедонија ,све те исто да се врти во круг,било со која партија.Hародот вонглавно што ќе си изгласа тоа и ќе си добие.
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,253
    Likes Received:
    4,311
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Joined:
    May 25, 2011
    Messages:
    1,307
    Likes Received:
    2,371
    Многу аматерски текст. Ај што не напишале со акронимот туку и го нема јужниот сосед на листата и барем 50 земји што се исти (или полоши) од нас. Пошто е Јапонија веднаш по нас рамо до рамо сме со нив (според текстот).

    Колку да пополнат простор.
     
    Cka likes this.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,762
    Likes Received:
    141,768
    Според бројот на невработени. После нас е Јапонија. Црни сиромаси во Јапонија.
    Дејлајт, читај го цел текст и кликај на следно. Инаку, имавме и поголема невработеност порано. Посебно првата година кога дојде вмро на власт. Правата мерка беше да се одземат 8% од пензионерите кои им беа дадени од сдс предизборно, а втората беше да се избришат лажните вработени во сгенцијата. И се дојде до страшни бројки.
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,423
    Gender:
    Female
    Ако не па Сомалија, Уганда сличните, имаат подобра економија од нас.
    Има право Икс-мен, текстов е многу аматерски, читајте коментари подоле, убаво напишал некој,мислев дека практикантите ги избркале, ама тие уште од дома пишуваат текстови.

    Али па далеку од тоа дека денес има повеќе вработени од порано.
    Далеку од тоа дека имам економски раст, стабилна економија и приватен сектор.
    2 милиони жители, 120 000 администрација, пиши пропало на таа економија и таква економска политика и развој.
     
    tessie, Annath and angelina1 like this.
  14. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2012
    Messages:
    195
    Likes Received:
    63
    На форумот тука има 5-6 девојки што пишуваат во овие теми што се апла за Сдсм или нивните родители се, но ако го пофалиш нешто Груевски или Вмро тогаш си партиски потрчко, лепиш плакати, лигуш и се останато. Значи ти немаш право на мислење и критика, туку само тие имаат право. Тие кога плукаат по Вмро или Груевски тогаш не се партиски потрчковци, не им наредуваат од штаб . Се најчесни, најдобри и најубави.

    Партиски вработувања се горчлив проблем на сиот македонски менталитет всаден уште пред 70 години. Во комунизмот сите работеа само ако го поддржуваат системот или уште подобро си молчат. До пред 6-7 години во скоро сите општини беа вработени само членови на Сдсм, нивните деца, другари, пријатели.

    Таа гарнитура владееше 70 години во Македонија. Груевски не е идеален, има направено катастрофални потези со помилување на Шиптари коишто ќе му стојат на душа цел живот, но моментално Македонија нема подобра и попатриотска струја за којашто повеќето Македонци би се одлучиле.

    Ние едноставно како Македонци немаме кауза и самопочит. Имаме катастрофално национално чувство. Пола членови на форумот незнаат да набројат ни два национални празника, жените се во ненормална хистерија од турски исламски серии. Три Турчинки и две Босанки се најголеми ѕвезди на форумот и сите им се улизгуваат со нивните празници колку биле убави, а истиве едвај македонски знаат да зборуваат. Нели денес е модерно да сме “мулти култи“ и да ги почитуваме различностите, но никако тие да научат да ги почитуваат нашите.

    Мене Македонија ми е над Вмро и Сдсм и кога ќе биде тоа чувство кај сите присутно тогаш можеме да имаме прогрес. Тоа е лудоста. Сдсм ќе отидат и со Шиптари само да наштетат на Вмро, а не гледаат дека штетат и на своите деца. Шиптар, Турчин никогаш нема тоа да го направи.
     
  15. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2012
    Messages:
    307
    Likes Received:
    406
    И таа традиција според тебе треба да продолжи во зависност од тоа кој е на власт?

    Тешко нас во тој случај.

    Или јас сум изгубила контакт со реалноста, или ти. Кои се сите овие луѓе на форумот што ги спомнуваш, можеш да посочиш примери? Јас не знам дека постојат, па ај ти просветли ме.
    Патем, кога сме кај твојата исламофобија, во склоп на надворешни политики, не знам кој ја продава цела држава на Турци, кој им дава тендери и тако даље. Ние овде на форумот можда. За останатото собери два и два ако знаеш.

    Ти треба да разбереш нешто, да беа мнозинството граѓани СДС како ти што си имаш увртено во глава дека затоа е зафркната државата, немаше да губат 8 години по ред на избори. Ама тоа што нешто некогаш не чинело не е оправдание за она што денес не штима.
     
    Hipster likes this.
  16. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2012
    Messages:
    195
    Likes Received:
    63
    Не, нормално!

    Многу е лесно да зборуваме од позиција на форум и да солиме магла, но друго е кога ќе си на власт и кога владееш . Треба да ги земеш во предвид надворешните фактори, притисоци и се останато. Не е само Груевски тој што одлучува, туку и ЕУ, странски амбасади, па ти се закануваат со економски блокади, можат да ти ја дестабилизираат земјата. Со 40 % муслиманско население во државата коешто е претежно многу младо население и допрва ќе расне, а од друга страна гледаш македонско население коешто е претежно старо очекуваш некој дека ќе прави екскурзии на мозокот? Ние не сме во таква ситуација да би биле силни. На жалост многу сме слаби и уште повеќе ќе бидеме во иднина.

    Мојата не е исламофобија, туку е заштита на мојот национален и културолошки идентитет. Сакам МАКЕДОНСКА национална држава, а не турска, албанска , босанска или што ти знам јас. Имаш ли ти друга држава? Која друга држава тебе ќе ти даде официјален јазик македонски, официјални пасоши македонски, македонски телевизии, училишта? Дали си ти свесна ако ја изгубиме државата што се губиме? Мене многу ми е гајле некоја Турчинка што мисли за мене или не. Тие си имаат своја матична држава и онака овде се дојдени со колонизација, убиства и геноциди, али ние паѓаме во трансови на турски серии колку биле тие злато од луѓе.


    Тоа потполно се сложувам дека е катастрофално лошо што се дозволува турски капитал во Македонија да влегува.
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,253
    Likes Received:
    4,311
    Се согласувам XMaN, нема нешто истражување во текстот башка има и пофалби, но интересен е моментот дали ќе речевме дека е колку да пополнат простор доколку насловот гласеше: „Македонија меѓу 5. најдобри економии во светот„? ;)
     
  18. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2012
    Messages:
    307
    Likes Received:
    406
    Епа јас не гледам никакво подобрување, ниту волја да се прекине со тоа. А нели комунистички навики биле.

    Ама не е лесно да живееш во магла која ти не си ја посолил и ни крив ни должен да трпиш омаловажувања во твоја сопствена држава наспроти некои си рамковни. Потешко во секој случај му е на еден таков поеднинец отколку на некој наместен во фотелја. А мене поштеди ме од Запад конспирации и булшит. Не можеш да ме убедиш дека само кај нас водењето политика е толку тешко што мора да се потклекнува на притисоци без притоа да се изнудат никакви придобивки. Исто поштеди ме и од муабети за глупавите турски серии кои еднаш ти кажав веќе дека не ги гледам како и од понатамошниот тек кон кој ја водиш дискусијата, пак ќе почнеш со наталитетот. Јас со тоа воопшто не се слагам, напротив, ги жалам оние деца кои ќе се родат допрва.


    Исто како да ја немам ни оваа.
    Исламофобијата инаку е културолошки синдром на денешницата кој е во пораст од главно оправдани причини.

    Ама некако за тие потези не ти се зборува.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,762
    Likes Received:
    141,768
    Валерија, добро те разбирам што сакаш да кажеш. Денеска е модерно да си хејтер, односно да мразиш се, вклучувајќи ја соствената држава, и нормално, да си и експерт во област која не ја познаваш. За жал, никој од сите пишувачи на колумни и форуми, не е екперт, а се држат до ставот ко слеп за стап.
    Оваа мода на лажни екперти и неоправдани критичари кои мислат дека да си различен е кул, без разлика што не се во право, започна уште кога неколку таканаречени новиначиња почнаа да заработуваат од тоа. Сорос ја објави табелата со тоа колку кеш им дал годинава на опозициските експерти да хејтаат. Само што, затрчаните експерти и хејтери, не се свесни дека некој печали од тоа, па мислат дека е кул да наоѓаш маана на сешто, иако си да речеме медицинска сестра, сепак одлично да се разбираш во макроекономија и надворешна политика, а особено раст на економијата, судир на закони и судска власт.
    И ке речеш, океј, секој може да се чувствува како што сака, па може да е чувствува како експерт по административно право иако има средно електро. Но, некој добива и задача која му е подоцна преброена во штаб - од кој ник, колку мислења има напишани против или за некој. На еден форум таквите ги банираа од прва, ама на повеќето форуми па имаат бенефит од тоа - одвај чекаат избори за некој да се закачи, а они да бројат кликови кои им се основна работа за печалба на реклами, на пример.
    Сепак, пак, на овие вториве, задача им е да подгреваат расправа, бидејќи и тие плата земаат од кликовите.
    Затоа, не влегувај во кругот на помагачи на штабските деца, кои мораат да прикажат како партали ги направиле другите, немој да бидеш самопрогласен екперт по нешто, тое е најлејм и најниско од се(затоа што неамат никаква финансиска сатисфакција за разлика од другите) и немој да потпаѓаш на провокации на форум, оти и на тоа печалат.
    И се разбира, на постов ке речат сите дека никој од нив не е од некој штаб, ама радо би ја смениле власта, ке ми докажуваат колку се паметни и вистински екперти во област за која не ни знаат дека има факултет, и ке се колнат дека денар не зеле од некој сајт за неколку препишани статии и не бореле кликови на аланитикс. Затоа, капата на страна и живеј си без горчини :)
     
  20. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2012
    Messages:
    307
    Likes Received:
    406
    И заборавив во претходниот пост, не се само рамковните неправедно привилегирани, исто сериозна е и работата со полтрончињата, обично неписмени или полуписмени, но задолжително со розови наочарчиња и настрвени на секој кој има свое мислење зашто тоа за нив е несфатливо и неизводливо.
    Овие (толку ограничени што за нив постојат само два табора и следствено тоа секој мора да биде сместен во еден од нив) изгледаат лојални на прв поглед, но вистината е дека кој и да е на власт не им смета, зашто 'рбетот им останува подеднакво еластичен.
    Ама доста беше забегување офтопик, вака ако продолжиме, ќе откривам дека свашта држи земја, разни мекотели и дополнително ќе се разочарувам ;( .
     
    Hipster and Nymeria like this.