Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Текстот од CNN немаше ни да го дознаам ако не беа нашите портали кои бараат секаков текст што ќе им покачи посета, верувам дека 90% воопшто не го ни прочитале туку само го пренесуваат без поим да имаат што пишува внатре.

    Ми смета што било кој странски медиум нешто да напише (макар и глупост) нашите медиуми од тоа прават слон небаре вест на годината станала, смешни сме со таков став :).
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Хахахахахахаха....само колку си ме изнасмеал.. нашиот јужен сосед е полош од нас во економска положба? Леле дечко,аман. Се извинувам за оф топикот ама Грција веке излезе од кризата големите сили и помогнаа сега на ред сме ние... Слатко ме изнасмеа. Во позитивна смисла.
     
  3. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Нека продолжат други да зборат колку сиромашни сме биле, ние и натаму ќе си живееме супер. :D

    Која сиромаштијааааа бреее што ви е? :P Нели гледате кафичите, рестораните секогаш полни, дискотеки full, коли се возат на сите страни, на фб не можете да се испофалите кој подалеку патувал итн. во Македонија нема сиромаштија има само кукање. ;) Кукање од разбирливи причини. :D Ако се пофалиш дека добро ти оди ќе си направиш 2 проблеми: одредена група ќе ти љубомори и ќе гледа да те уништи, а другата група ќе бидат лешинари, мршојадци и паразити кои ќе орбитираат околу тебе надевајќи се да им фрлиш некоја коска како куче. :D
     
    На daylight, Valeriya, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Некогаш се прашувам дали сум во подфорум политика или во подфорум хумор. Свесни сте колку сте параноични? Едните ги плаќале, другите ги плаќале да бидат контра, та некои заговори, па требало експерти да пишуваат во темите (ич не се секирајте, сега Грујо и Заев ќе дојдат да ни покоментираат малку), абе смешки.

    Инаку на тие кои не им е јасно како може некој што плука да не биде етикетиран како припадник на една партија додека друг што ја брани истата е етикетиран, сетете се дека претходно сами се изјаснивте дека ја поддржувате таа партија, никој тука не ви лепи етикети, сами си ги истакнавте (посебно Вале срцката).

    А во Македонија дека нема сиромаштија, има и тоа како, само што не е сиромаштијата на улица Македонија, туку копа по ниви. Покрај тоа, ние сме еден така глупав народ што леб нема да јадеме ама важно ќе се сликаме на кафе во Арабеска, да не гледаат луѓе.
     
    На Azriel1, Mama25, lana.del-rey и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Лесно е да ти биде капата настрана и се да коментираш така ноншалантно сместен во твојата удобна државна фотеља, под неа партиската книшка и мирни и весели до пензија.
    Никогаш нема да ги сфаќам озбилно луѓето кои само фалат без низ мала доза на резерва, критика или анализа на настаните, кои со трошки се наситуваат а колачот само на сон го гледаат.
    Се е океј и да си партиски определен и да имаш почит кон одредена партија, да ги браниш нивните ставови, да ги делиш нивните размислувања, ама да се правиме наудрени, слепи при очи глупави при мозок и до толку самобендисани дека тие и тие партии се совршени, безгрешни, нивните лидери се божества, треба навистина да имаме проблем со разумот и самопочитта. Ние себе си не се почитуваме што дозволуваме да бидеме слика без тон, личност без карактер, само статистички податок, глас +1 за моќниците и нивните поудобни фотељи.
    Се сфаќам само ова не. Па мајку му стара не ги измисливме ние партиите и партиските членови, митинзи, плакати, и остали реквизити. Ама испаѓа дека од сега почнаа политиката, од кај нас и од кај оваа влада, до сега не постоеше тоа,па ај тоа и економијата исто. Враќа задруги, измуислени во вашиот омразен комунизам, професори се фаќаат за глава, до сега ги преименуваа во труги облици сега јово на ново, плукни не важи.
    Мене ситуацијата во држава ми е летаргична, толку сме селф абосорт, ни англиската кралица не може да ни се фати.
    Ние, ние и само ние, како да сами опстојуваме на планетава, и само ние сме битни. Или небаре сме некоја моќна сила, а не пеа земја на кој ни името не саакат точно да и го кажат.

    Премиерот ни е најдобар, се нај, кај смееме ние обични поданици да не се согласиме со него или да имаме различен став.
    Во 2014 нека си додеки титулата доживотен премиер, секако од него подобар немаме!
     
    На lolyta777, Florenca, LaraSolare и 4 други им се допаѓа ова.
  6. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Обично не коментирам на теми поврзани со актуелните политички настани во Македонија со оглед на фактот дека долго време живеам надвор од државата и сметам дека не е местото да коментирам, меѓутоа две-три работи ме наведоа да го напишам овој коментар.

    1) Неколку коментари беа исполнети со таква исламофобија и омраза кон друга вера што практично се граничат со говор на омраза.
    Не разбирам што верската припадност на некои форумџики има врска со темата?
    А тоа со влезот на капитал од земји каде насението е предоминантно (или исклучиво) од исламска вероисповед делува крајно детски. И смешно. Не знаев дека е катастрофа што шеик го поседува Манчестер Сити? А дали тоа значи дека не треба да се дозволи ни влез на капитал од на пр. Кина? Пошто и тие не се христијани?
    Многу ксенофобија во неколку реда зборови.
    Некако коментаторот сам себеси се побива во сопствените коментари.Читано од страна делува овака: Симпатизер сум на една партија и мразам муслимани, ама не ми е проблем да влеземе во коалиција со нив за да мојата партија остане на власт.
    Двојни стандарди.
    И тие муабети за заговори од запад и слично, мислам навистина :D Цела држава дечиња па дојде учителката од надвор и ги истегна за ушињата.

    2) Она што се провлекува низ коментарите дека нема криза во Македонија затоа што кафичите се полни. Македонците само кукале и се жалеле ама полни со пари излегувале и имале нови коли.
    Повторно крајно еднострана обсервација.
    Како човек кој може целата атмосфера да ја набљудува од страна ќе ви кажам само едно нешто. Полните кафичи не ја отсликуваат реалната ситуација за беспарицата. Кои полни кафичи? 10-на во центарот. 10 кафичи и 20 кафани тешко дека можат да ја отсликат реалната економска ситуација на граѓаните. Што се 30, или еве да речеме 50 полни места во град каде живее скоро 40% од населението на државата + странците. Секој од жителите да пие во просек по 1 кафе седмично и еднаш во месецот да седне на една кременадла и пиво, повторно сите (атрактивни) места ќе бидат полни. А ако некој го смета за луксуз пиењето на едно до две кафиња седмично, тогаш :D :rofl:
    Одговорот е едноставен - ако Американците се задолжуваат за нова кола (која средната класа ја менува на отприлика 5 години) и куќа од соништата (three bedroom, two bathroom), Македонците се задолжуват за да пијат кафиња, да седнат во кафана, шопингче во Солун, 10 дена во Грција и евентуално нова кола. Ретко кој зема станбен кредит. Ене слободно читнете ја темата за снаи и свекрви па ќе видите колкав процент од населението живее во заедница со родителите на еден од сопружниците.
    Во превод, просечниот Македонец се задолжува на кратки патеки за поситни задоволства. Т.е. се задолжува за да може да си го дозволи она што во некои други земји можеш да си го дозволиш од плата, и не ти треба кредит. И повторно е задолжен до гуша.
    Гледам по пријатели и роднини дека и со солидни примања е практично невозможно да се купи стан. Во САД дом купуваат уште на 26 години. Да, тоа е нешто помал дом (Starter home) ама сепак е твој личен дом. Колку 26 годишници во Македонија сами од сопствена плата си купиле стан?
    Е затоа се кафичите полни.
     
    На tessie и Nymeria им се допаѓа ова.
  7. MeSofija

    MeSofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    90
    http://www.youtube.com/watch?v=2AMfzr1WRZY

    Без коментар дали се слуша премиерот што зборува ццц.. Зар нема советници некој што го советува што се кажува на прес
    САД ја подржуваат Америка ццц.. :tmi:
    Сите имаат премиер па еве и ние
    Неверојатен гаф и сега уште да каже некој дека се случува хахаха :rofl:
     
    На fifi16 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    За мене е досега најдобриот премиер на Македонија. Посебно ми се допаѓа проектот Скопје 2014. Ни заличе Скопје на метропола. Ни донесе доста инвестиции.
    Се на се, доста ја среди државата. Предтоа мизерија бевме.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    А колку заработи нашиот драг премиер за Македонија 2014? :^)
    Гледајте сител најсреќна и најбогата држава сме само напред :tmi:
     
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ^ Целово мислење е напишано во Сител :D. Се гледа дека е напишано колку да боде очи, од тие платените од штаб :D.
     
  11. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Сериозен си?!?!?!?!?! :fubar:
     
  12. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Зошто не преземе нешто и за околните градови нека инвестира и во друг грат, не само во Скопје се лутат скопјаните провинија им се населила и им презема работа па морат и провинција да бараат работа да си ги прехранат дечињата морат во скопје посто провинциските градови со години наназат се замрени ништо не е променето и тоа сто имаше успејаа да стават катанец.
     
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Најсериозен сум. Тоа е мое мислење.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    На мене ми е супер, на тој што не му е нека се пресели во друга држава. Се буните сите за спомениците, а сте виделе ли во Фиренца, во Верона, Милано итн...колку споменици има? |(
    Како зборите ко Скопје да е единствен град во светот со толку многу споменици.
    Штом сте против Груевски кажете тогаш што направија претходните влади?
    Бранко кога беше на власт најголем криминал се правеше, вработеноста беше 0 и ред други работи...
     
  15. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Блазеси кога тебе ти е супер. Ама за жал на повеќето не им е. Секојдневно се соочувам со народ кој за да го помине месецот мора да штеди на јадење или греење. Тоа веќе не е достоен живот . Да немаш за јадење или основни човекови потреби. Јас само знам дека подобро се живееше пред да дојде на власт ова влада. Кога слушам на вести како е се супер , напред одиме , а никој тоа не го чувствува. Напротив , ваква беда немало нкогаш. Не ме интересира дали има споменици или не , дали некој краде или не. Народот е на работ на егзистенција.
    A што се однесува до спомениците во Фиренца , Верона ... да , има , ама тоа се споменици секој од своето време . Секој споменик има своја историја и значение. Овие нашиве се само вештачки натрупани , колку еве и ние да имаме споменици.
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Јас до сега не сум сретнал некој човек да се жали немам пари за леб, за живеачка итн...
    Секоја втора кола е мерцедес, бмв...
    Становите во Џеваир скоро распродадени во двете кули.
    Трговските се преполни со луѓе.
    Те молам не ми кажувај прикаски луѓево немале пари. Јас до сега не сум видел некој да умрел за леб.
     
  17. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    1.Сигурно се дружиш само со лица од власта, па затоа никој не ти се жали дека нема пари.
    2.Колку посто од народов вози мерцедес, бмв - 5%, 10%? Останатите возат коли што се стари 10-15 години.
    3.Становите во Џеваир се продаваат само на муслимани (турци, албанци од МКД и Косово), затоа се продадени!
    4.Трговските се полни со луѓе кои само се шетаат (за да се стоплат-за да не трошат струја за греење дома), а не да купуваат. Не ги гледај тие 10-20% тинејџерки што купуваат-нивните родители се мачат за да им го овозможат тоа.
    5.Не си видел затоа што живееш во Скопје. Оди малце во внатрешноста и види како тие живеат - со плата од 9.000 денари, без инфраструктура, со катастрофални болници и училишта.......


    Очигледно тебе главен извор на информации ти се прес-конференциите на ВМРО!
    Уствари, сигурна сум дека на ТВ гледаш само Сител, па Латас, Ивона, Јанко, Мирка и Миленко ти се идоли!
     
    На Florenca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.162
    Пол:
    Женски
    Сигурно ли имаш 23 години како што ти пишува на профилот? Оти некако, не ми се чиниш созреан... не ја гледаш или не сакаш да ја видиш реалната ситуација во државава, ама нека ти биде... убаво е да има некој што се надева дека Македонија ќе биде успешна држава ;)
     
    На Florenca му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Тотално сум разочарана од партиските вработувања што се случуваат пред мои очи за тоа мн.пати имам разговарано и дискутирано но за жал секогаш излегува онаа народната,KADE STO IMA SILA NEMA PRAVDINA за споменици и др.работи нема да навлегувам има мн .за дискусија сепак тука е и министерството за култура и одредени критериуми во државата едноставно мора да се исполнат...
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.762
    Допаѓања:
    141.761
    Да се самоцитирам. Не е битно од која партија е, битно е дека не гледам сиромаштија. Јас не се дружам со сите овие по хотеливе.