Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    За леб не умрел никој , ама зарем треба луѓе да почнат да умираат за да се освестиме ?? Во мојата околина јас не гледам некој да го подобрил својот животен стандард одкако е оваа влада на власт. Напротив многу мои пријатели ги затворија дуќаните , останаа без работа , или со високо образование работат на работни места што се деградирачки за нив , сигурно не затоа што им е многу убаво . Секој се снаоѓа како умее. Борба за живот . Да не се пензионериве многу семејства нема да можат сметките да си ги платат. Незнам каква е твојата околина , ама еве јас го изнесувам овде впечатокот од мојата средина.
     
    На angelina1, theowndemon, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А со што било подобро претходно од сега? Многу ме интересира.

    Со вакви изјави не сте ништо подобри од тие што ги цитирате постојано. Ни сега, а ни претходно било добро.

    .................................................................................................................................................................

    И не знам како може единствен аргумент да ви биде дека немало сиромаштија во државава само затоа што маркетите биле полни и туристичките места низ државава биле резервирани. Погледнете малку подалеку од носето и ќе видите една сосема друга слика.

    Да не излезе дека само плукам и се жалам, зашто секогаш има нешто добро во лошото и обратно. Единствено нешто за што сум среќна и благодарна на оваа влада е што додека сеуште одев на училиште моите не мораа да ми купуваат книги, имав бесплатни и што видно ја намалија партиципацијата на државните факултети па сега можам да учам и да се образувам како човек. Да не беше тоа и ден денес ќе си бев со средно, а факултет ќе ми беше бајка, зашто моите немаат можност за да платат толку голема партиципација, како што беше претходно. А тоа што сега сите се на факултет и што нема работа е друга дискусија. Е, само за тоа можам да кажам дека е добро, а за друго? Доволно е да сме реални за да видиме.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.953
    Допаѓања:
    143.303
    Ваква изјава како на Флоренца може да даде само некој чии блиски биле функционери во претходна влада, па сега ги изгубиле благодетите од тоа.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски

    Еве што беше подобро
    Како прво и мислам најважно , режиските трошоци се зголемени за најмалку три пати . Струјата е сигурно три пати поскапа , да не зборам за водата , сметките за вода беа занемарливи , околу 200-300 денари , а сега се преку 1000. Исто и ѓубретарина. Бензинот , плинот и нафтата се исто така неколкукратно зголемени. А платите и пензиите моооожеби се малку покачени. Со покачувањето на овие трошкови автоматски се покачија цените на сите производи. Порано барем храната беше поевтина . А сега едвај човек да си купи зеленчук и овошје . Месо и кашкавали само за празници. Дрвата за огрев до пред 3-4 години беа до 1500 сега се преку 2000. Книгите биле бесплатни . Секој месец ке купувам книги за моиве деца , ама нека ми ги вратат цените на режиските трошоци.
    Малку беше што ја покачија цената на струјата , па и уште ја укинаа евтината струја на пладне. Може нема да веруваш ама бабичките седат ноќе да готват и перат , пеглаат на евтина струја , затоа што онаа на пладне им ја укинаа.
    А што е најтрагично и јас самата гласав за Груевски уште на првите избори кога дојде на чело на државава , мислејќи дека беше министер за финансии во владата на Георгиевски дека ќе се подобри економијата и воопшто стандардот на народот. За жал секоја година е се полошо и полошо. Никогаш никој во моето семејство не се занимавал со политика . Најлесно е да се каже" сигурно некој близок бил на функција во претходната влада" . Како не бе. :fubar:
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.792
    Допаѓања:
    14.317
    Точно е дека е полошо. Многу трошоци за живот, скапо е се. Се сеќавам 2001 година во маркет со 300 денари можеше да се купат намирници и да се истера некој оброк за семејството( во смисла шише зејтин 55 - 60, батаци имаше од по 80 - 90, нешто зеленчук). Сега со тие пари 1 оброк пристоен немаш за четиричлено семејство. Порано МТВ многумина не плаќавме. Ама сега ни дојде 2100 денари, како ми беше жал фрлени пари во ветар за нешто што не го гледам и не ме интересира. Ама мора ако не од сметка ќе одбијат дупло. Струјата поскапе, превозот меѓуградски и градски, храната, гардеробата, а платата ми е за 1000 поголема од почетничката плата во 2007 година. Само што сега ми останува многу помалку од таа скромна заработка.
     
    На gangstergirl, angelina1, A.d.e.l.a и 2 други им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    некој му потшепнал за нова стратегија на нашиов премиер.... да се појавува во емисии,да дава интервјуа,мада, не политички ама е, по примерот на Обама и сите останати, ние да знаеме за Груевски и надвор од 24/7 што си прави..па, ко да ми се причини/ни се причини на сите сношто или видов/ме дека и во Опуштено премиерот ќе гостувал,па и се смееше во џемерченце... само, не видов кога. Ах.
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    ^Во четврток во 21 и 40 на МТВ ќе го има на Опуштено.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Тенкју тенкју претенќу. :) Ќе го гледам , богами :D
     
    На Florenca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Излези малце надвор да ги погледнеш луѓето, не оние што си навикнат да ги гледаш, оние со кои што си израснал, туку оние кои што не се шетаат таму каде што ти се се навикнал, и да, не заборавај да ги симнеш розевите наочари - облачно е надвор.
    А за спомениците, за вкусови не се дискутира. Мислам дека би требало малку да бидеш поконструктивен во размислувањето.
    Еве еден коментар што го сретнав негде по јутјуб:

     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Хм, порастот на цените не го диктира само Македонија. Кога цените раснат во светот и ние истото го правиме. Ние сме претежно земја која увезува продукти, а помалку извезува. Затоа и цените ни се рефлектираат така. Имаме најевтина струја во Европа, но за наш стандарт е прескапа. Тоа се сложувам.

    Во многу сфери од животот во Македонија според мене е подобрено и тоа се гледа по повеќе работи. Се воведе нов степен на работа и сега народот веќе сака резултати и тоа да го гледа. Не можеш веќе да го лажеш со празни ветувања. Јас не велам дека ВМРО е перфектно, но моментално во Македонија е најдобра опција. Луѓето треба тука да сфатат дека мора и треба да се префокусирате на технолошки, медицински, биолошки и такви науки. Со тоа имате сигурна работа верувај ми. Имаме многу нестручен кадар и тоа е првата забелешка што странските инвеститори ја приметуваат и затоа потешко вложуваат тука.

    Мене ми се допаѓа и некои проекти што се одработуваат за кревање на моралните вредности кај нашата младина (македонска) коишто мора да се сложиме се на очајно ниско ниво. Вчера се што видов по улици животот ми се згади на Нова Година. Мортус пијани девојки се влечат по улици, повраќаат, вриштат. Со таква младина искрено нема да имаме голема иднина.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    Немам никакво мислење.
    Само можам да кажам дека не сум задоволна од тоа како не третираат нас младите.Немаме никаква мотивација,еден куп луѓе си седат дома со своите дипломи од факултет и чекаат за работа.
    Државата е настроена демотиваторски кон младите.
    Да,им се обезбедија бесплатни книги на децава и бесплатен јавен превоз.
    Јас не ги осетив тие бенефити,зошто се случија одкако завршив средно.Ама кој ми е крив,нели. :?:
    Не навлегувам многу во политичкиве муабети,само сакав да дадам свој коментар конкретно за студентите.
    Имав доволно просек за стипендија,но не ја добив.
    Имам студентска легитимација-со која наводно има попусти НЕКАДЕ,ама јас никаде не ја искористив,зошто секогаш го "утнувам" денот на попустот...моја вина повторно :worried:
    Каде е стимулацијата на владата која е насочена кон нас?
    Целта е пред останатите земји да се каже дека ние сме високо образовани,дека сите се запишуваме на факултет и ништо повеќе.Додека пак,во останатите земји,е привилегија да бидеш студент,а кај нас е жално.Освен,ако не си син на некој моќен,кој ќе кажува дека се оди кон подобро.
    Јас единствено гледам политика која се заснова врз градење споменици,и форсирање на пензионерите.
    Не сум политички определена,ама кај и да е ќе треба да станам,зошто сум при крај со факултетот.
    Па нели,кога ќе аплицирам за работа,прво што ќе ме прашаат е дали имам членска книшка... :puke:
    После ќе се дискутира за просек,од кој факултет доаѓам итн.
    Ама ај,едвај чекам да станам пензионер 8)
     
    На Florenca и lady.v им се допаѓа ова.
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Па тој нестручен кадар колку ви треба за да искалкулирате од каде доаѓа?
    Нормално дека кога 90% ќе ги протнат на работа со врски ќе има нестручен кадар. Немало инвестиции, се чуделе странциве. Море добро е што има каде да се прекрстат, барем нешто добро од милионите цркви и верски објекти низ земјава.

    Покрај врскаџиите, никој нема мотивација за подобрување. Ниту студент ниту вработен. И едните и другите се демотивирани од врскаџиите, и да дојдат до работа, тешко дека ќе се врати тој некогашен жар што го имале за истата или дека ќе се покажат којзнае колку, без тој мотив за работа или учење.
    Јас еве, кога се запишав средно, бев премотивирана, со пакет идеи и соништа. Како што поминуваа годините и како што се влошуваше, се повеќе и повеќе спаснуваше таа надеж што ја имав, за ден денеска да немам воопшто ниту надеж дека ќе имам работа ниту мотив за истата.

    Не се секогаш новите генерации виновни, всушност, некој претходно ги направил такви.
    И баш сега овие што се децава ми даваат повеќе надеж отколку нашите генерации. Можеби се некултурни и распуштени, ама рака во оган ставам дека се милион пати похрабри од нас. И сложни. Ако наумат нешто, (што малку е проблем со нивниот памет ама оставам простор за надеж за подобрување во иднина, сепак се млади) сигурно и ќе го остварат.
    А ние од култура што ни беше срам да се побуниме зошто некого примиле на работа со врски, или зошто 5ката на Стојче му била подарена, еве до кај стигнавме.

    Во секој случај, да не ме сфати некој погрешно, не поддржувам некултура.
     
    На Tanjamm и imelda им се допаѓа ова.
  13. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Уф, од овие генерации сега што одат ако очекувам да ме оправат тешко мене. Со девојки коишто се сексуално активни од 13 години, ги носат мортус пијани по клиники, повраќаат на улици, вриштат, немаат грам култура, се облекуваат како проститутки и Шипци, Босанци и Турци им се изнаскокаа како на душеци имаме блескава иднина.


    После вчера што видов се имаме најблескава иднина.

    Да, има милион цркви и верски објекти, али затоа не смеете да ѕуцнете ни еден збор за новите џамии. Многу е лесно да се глупирате и удирате во гради кај Македонци, затоа што по обичај сме мирен и глуп народ. Секој може да не гази, но секако ние највеќе се газиме меѓу себе. Муслиманите многу добро знаат дека џамијата нив ги држи тука силни, али затоа ние можеме на се што е македонско и традиционално да го исплукаме. Модерно е да си хејтер денес и да си главна на шанкови по кафичи. Многу сме еманципирани ние.
     
  14. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Абе зошто нема никој одговорено на анкетата погоре? Што е? Се плашите? Абе ајде...
     
  15. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Срека имаме имаме и прекрасни девојчиња кои одат на литературна секција,двапати неделно на балет,на кино со баба и дедо,на лизгалиште со мама и тато,прекрасни млади умови како младата ни пијанистка од Струмица,генијални умови како Марко Чаласан и уште илјадници такви сонца.Да се живи и здрави!!!

    Битно е да го негуваме позитивизмот и добрата мисла.Со огорченост не се воспитуваат деца.Но на крај секој со своето искуство.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    168

    Ова децава како се однесуваат и изгледаат денес, треба родителите сами да си се преиспитаат. Кога бев јас на таа возраст се знаеше ВО колку часот треба да сум дома, колку и дали се пие и како изгледа девојче на 15 год. Одговорноста за воспитанието е и на општеството, тоа точно ама прво на родителите.
    Изгледа излегов од темава :)
     
  17. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Епа веќе кога почнавте со разговорите за младината:
    http://www.kurir.mk/svet/vesti/1335...i-Pijana-mladina-nemoral-i-zagubeni-vrednosti
    http://kurir.mk/svet/vesti/142032-FOTO-Pijanstvo-nemoral-i-zagubeni-vrednosti
    Знаете која е разликата измеѓу нашата земја и Велика Британија? И кој е сега крив? Секаде е исто. Јас мислам дека е западот крив. Од каде излегуваат сите тие идеи за еманципација?
    [​IMG]
    Не сум антифеминистка ама се си има свои граници.
     
  18. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
  19. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    1.050
    нема да коментирам од политичка страна дали го сакам или не,но ке кажам дека ми се допадна емисијата во која што тој беше гостин,интересно е да се види и друга страна на еден политичар,да се види во поопуштено издание,да се слушне нешто за приватниот живот и сл.Треба и другите вака да ги има во забавна емисија
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.792
    Допаѓања:
    14.317
    Има некои проекти добри да. Ми се допаѓа што отворија градинка во Ранковце, што нудат мерки за вработување, ама лично за мене последниве 2 год ми е многу полоша финансиската состојба од претходно. Се е поскапо, а платата стои во место. Без пари ништо човек не може да си приушти. На лекар не може да појде. Се чудам како им е на 2 невработени во денешно време да растат деца. Страшно, трауми за 3 животи...Не се живее само од приказни дека ќе има инвестиции и дека треба да се преквалификуваме. Со кои пари да се преквалификуваме? И што му вреди преквалификација на некој од Пехчево, Свети Николе, Берово, Каменица кога нема работни места?