Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Во иднина нема да има повеќе Македонци, затоа што и немаме наталитет, принови, деца кажи ги како сакаш, затоа што нашите ајфон генерации се пуштија во блуд, разврат, промискуетност и се останато. Тоа со Бугари е најмал проблем.

    Ако мислиш дека некој политичар кога ќе дојде на власт ќе биде етички, добар, чесен и се останато тогаш ти си во голема заблуда. Хиерархија во општеството одсекогаш постоело и ќе постои, а политичари чесни нема, но како и секогаш ти треба да го одбереш помалото зло за тебе во животот. Земаат огромни пари од дневници, плати, тендери и се останато, па затоа и се борат за функции, но како што и кажав претходно тоа постоело и ќе постои, а мене ми е битно животот да ми е подобар, посреден и се останато. Оваа влада на Груевски победува, затоа што носи многу повеќе резултати од претходните влади, а се дур не се појави нова, свежа партија со нови ликови Вмро ќе владее убедливо.
     
  2. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Зборувам за политички вработените.
    Се сеќавате како порано кога се менуваа владите се менуваа и оние кои беа политички вработени?
    Не дека политичкото вработување е нов поим, постоел и за време на владеењето на другите влади, но никога не зазел толкав размер.
    Така да, во овој момент дури и за 10 000 денари се молат да бидат вработени.
    Во тој однос зборувам дека подобро да ги имаат тие 10 000 денари, бидејќи доколку се смени власта може ќе ги немаат и тие.
    Не сум политички одредена бидејки реално немам кој да поддржам.
    Не можам да ги бодрам СДСМ иако сакам ВМРО да бидат сменети.
    Но, реално на последните избори СДСМ толку лошо се прикажаа, јас немам коментар. Од друга страна, јасно ни е дека медиумите не ја прикажуваат реалната слика во државата и дека партиите во опозиција немаат каде да го искажат своето мислење. Цело време се трошат пари на маркетинг и на кампањи против СДСМ (ова зборувам пред изборите)
    Да ги дадеа тие пари што ги потрошија на маркетинг во некој дом за доенчиња на пример , сигурна сум дека ќе добиеја повеќе гласови.
    Но, пак ке речам сум читала за Тачер, сум читала за Меркел, за Саркози, Буш и сите останати.
    Ваква политика досега не сум сретнала. Оваа диктатура е полоша и од онаа на Hitler.
    Барем Хитлер ги уништуваше другите, ама си ги бранеше Германците.
    Овие ќе не уништат НАС!
    Оди разбери!

    Јасно кажав дека е касно и дека очигледно почнав да сонувам штом почнав да зборувам за етички политичари. Но, не е важно не си ме сфатила добро. Наталитетот е опаднат бидејќи се нема пари!
    Промискуитетноста не е фактор тука. Не си видела очигледно што младите прават во другите држави. Ние јагненца се верувај ми :)
    Факт е дека доколку економските услови ни се подобри, луѓето ќе се решат да имаат повеќе деца.
    Но, како побогу да имаш две, кога не можеш на крај да излезеш ни со едно?
    Фактот што сакаме да имаме Ајфони не треба да биде погрешно протоколкуван. Па, нели сме во 21 век ? Како и другите нормални луѓе во светот сакаме и ние да го имаме најдоброто.
    Оваа партија победува, бидејќи нема друга подобро, тука се согласувам. Но, резултатите не се подобри.
    Верувај ми!
    Го уништија образованието прво! Да не почнувам со другите сектори. Навистина е оваа долга тема.
     
  3. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Што е тоа толку диктатурско кај Груевски? Или тој шаблон стана популарен од Сдсм коишто се светици нели? Не се сеќаваме ние како владееше Бранко, Стојан Андов, Радмила Шеќеринска, Фрчковски, Ѓунер Исмаил, босанчеросите Есад Ракиќ и останати?

    Вие како ја замислувате слободата? Јас упорно тврдам дека на овој народ тука му треба цврста рака инаку нема да постои. Тоа се покажува по дела.

    Политичко вработување постои уште во времето на Југославија кога без комунистичка книшка не си можел да работиш никаде. Не е ова од вчера.

    Не е идеален, нормално постои партиски реваншизам, наместени тендери, буткање на партиски војници и останато. На тоа никој не е слеп, но дека владее диктатура се приказни за мали деца форсирани од опозиција која што нормално мора да лае инаку како би дошла на власт.
    Да беше така како што ти велиш тогаш земјите од Западна Европа ќе имаа најголем наталитет и принови, а не биолошки да изумираат. Мене ич не ми е гајле како живеат тие во Шведска, Данска или Британија. Проблемот е што ние упорно се обидуваме нив да ги копираме во нивниот начин на живот и тоа се рефлектира врз нас. Затоа сме преполни со разводи, брачно малтретирање, промискуетност и се останато. И ќе имаш девојче од само 13 години на токсикологија за Нова Година.

    Погледни кој е денес идол на младината преку музика, филм, серии, па ќе ти биде јасно. Парите се фактор, но најмалку пресуден за се во животот. Најсиромашните земји имаат и најголем наталитет.

    Битни се вредностите и традицијата која ги пропагира едно општество.

    Проблемот е што секој втор има ајфон, а плаче како нема леб да јаде. Или истите тие што тука плачат и изиграваат ендемски жртви први се по фалење што ново си купиле тука на форумот.

    Македонија никогаш и немало квалитетно образование, па некој да го уништил. Точно е дека не е квалитетно, а пред се со порастот на приватни факултети коишто нудат диплома за пари без никаков труд и знаење. Треба и огромна пракса. Самиот степен на размислување на еден наш просечен студент треба да се менува. Тој што завршил факултет незначи по дифолт дека е и квалитетен кадар. Има огромна разлика.
     
  4. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Верувај ми воопшто немам интерес да пратам што зборуваат од опозиција. Општо ја избегнувам темава бидејќи ми се плаче кога зборувам за тоа. Она што го кажав е лично мое мислење врз моменталнава ситуација и верувај ми никој од поличитариве немал влијание на мене бидејќи не ги ни слушам , ниту ги гледам.

    Кажи ми дали е нормално што медиумите немаат право да зборуваат против владата? Па, А1 беше еден од најсилните медиуми и успеаја и го затворија. Нема да навлегувам во деталите дали правилно работеле или не, не ме интересира. Факт е дека во овој момент, медиумите се плашат да бидат објективни.
    Тоа ти е кршење на правото на изразување.

    Образованието го уништија комплетно. Дипломи деновиве се даваат на купче без никакво знаење.
    Нема приемни испити. Имаш колоквиуми, поправни сесии којзнае што.
    95% од запишаните дипломираат. Нормални ли се тие бројки? Колку и да сме паметен народ, верувај ми не сме до толку. Едноставно отворија милион и еден факултет, дисперзиран не знам каков.
    Квотите се ниски, секој може да ги плати, но тоа не треба да значи дека треба секој да го заврши факултетот.
    Сите магистри, доктори се направија, а еден нема говор да даде без да чита!!!!
    Дали тоа ти е тебе нормално?
    Она што го прават со вработувањата? Или имаш врски и си во партија или немаш работа.
    Јас не тврдам дека тоа го немало порано. Го имало и ќе го има. Ама никогаш порано не зазело толку големи размери.
    Единствено позитивно што имам да го кажам за владата е дека се обидуваат да привлечат странски инвестиции ама и тука има еден куп тајни позади тоа. И верувајте ми еден куп пари се тргаат на страна.
    Да сакам еден ден на пример јас со помош да странски инвеститор да инвестирам во Македонија, тврдам дека доколку не го направам тоа по нивните услови дека ќе ме спречат. И ја имаат силата. Си прават што си сакаат.
    Диктатура е и тоа каква! Но, не секој може тоа да го види.
    Да и одговорам на Валерија

    Да, ама знаеш што е разликата? Со тоа што сите имаат диплома, сите мислат дека се квалитетен кадар. Никој нема да ти рече јас ја имам дипломата ама ништо не знам, не ја заслужувам.
    Нема да прифатат да работат работа којашто не е соодветна на дипломата.
    Како да работат во фабрика кога тоа им е испод ниво. Имаат диплома! Прашај што научиле, ништо не знаат.
    Нема повеќе да коментирам , бидејќи мојот коментар нема да има никаква цел.
    Касно е и со право досега сум ги игнорирала ваквите теми, не ми е ни сега јасно зошто воопшто коментирав.
    За наталитетот те молам не зборувај бидејќи глупости кажуваш.
    Сиромашните земји имаат поголем наталитет бидејќи се необразовани.
    Бидејќи живеат во турско , кадешто се мажат на 18 години и најголема цел им е во животот да имаат деца.
    Ако сакаме да бидеме модерна држава мораме да ги прифатиме и последиците кои идат со тоа.
    Глобализацијата е присутна денес и не можеме да ја спречиме. Тоа што Америка има влијание над нас , не е наша кривица ниту пак кривица на владата. Тоа се вика глобализација и со помош на интернетот стигна побрзо и кај нас.
    А, на Америка и е гајле за нас. Ги прима секое лето нашите студенти да чистат соби по хотелите.
    Па види сега кој подобро живее.
     
  5. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Телма, Плус24 како зборуваат против владата? Зошто нив некој не ги затвори?

    Да постои партиски реваншизам постои, но некој да ми го фали тој Торбеш Рамковски којшто прима сомнителни пари од турски( исламски ) извори и ќерка му е мажена за Шиптар најмалку ми треба.

    Кај нас Торбеши од типот на Фијат Цановски и Рамковски ти се најмоќни луѓе во државава , па нека ги сечат во корен искрено. Милиони и милиони евра переше Рамковски, па никому ништо, нели?

    Македонија никогаш и немала квалитетно образование, па некој да го уништува тоа треба да ви биде јасно. Приватните факултети се тие коишто го уништија образованието и давање дипломи за пари.
    Отворање државни факултети и дисперзирани студии се покажа како одличен потег на владата и добродојден. Штипскиот универзитет се развива во многу квалитетен универзитет, а се спречи големо одлевање на младите во Источна Македонија да студираат во Бугарија само затоа што немаат услови да се запишат на скопскиот универзитет. Не секој има пари да живее и студира во Скопје, а ти неможеш на некој да му забраниш да студира. Тогаш ти не студирај, а јас ќе студирам. Може? Ние сме народ кој генерално е многу неписмен и неук, а тоа се гледа по една обична дневна прошетка.

    Тој што сака да учи, студира, да се образува, да се усовршува тоа ќе го направи на секој можен начин и неговиот квалитет и упорност секогаш ќе се избори на пазарот на трудот. Дека треба универзитетите да се стегнат, дека треба чешлање треба, дека треба многу повеќе пракса, а помалку теорија треба, дека треба критериумите да се кренат на многу повисоко ниво треба, но денешните генерации Македонци се само резултат на нивните родители.

    Јас убаво кажав дека младите треба да се преориентираат на технолошки, научни, информатички, медицински, биолошки, хемиски, земјоделски области, а не на економски, правен, финансии, консалтинг и такви професии.
     
  6. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Во право си за се што кажа и целосно се согласувам. Но, сепак немој со вакви расистички изјави против торбешите и албанците. Тоа што се друга националност не значи дека не треба да имаат пари.
    Проблемот во Македонија е што не можеш да зборуваш за преориентирање. Како да учам нешто што не сакам? А тоа го прават нашите. Бидејќи најлесно можеш со Електро работа да најдеш и најмногу пари се прават , ајде тоа ќе учам. Прашај колку од нив навистина го сакаат тоа што го учат
    Забегавме далеку со темава. Рано да се зборува во Македонија за тоа. За студирање на она што го сакаш, а не тоа што е најплатено. Има поголеми проблеми со коишто треба да се соочиме и да ги решиме. Најголемиот проблем што мене ме демотивира е само тоа што некој друг со диплома, а без знаење ќе ми ја земе работата. И се случува секој ден и се повеќе мораш да признаеш. И како сега јас да се борам? Со што кажи ми?
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Да постои партиски реваншизам постои, но некој да ми го фали тој Торбеш Рамковски којшто прима сомнителни пари од турски( исламски ) извори и ќерка му е мажена за Шиптар најмалку ми треба.

    Кај нас Торбеши од типот на Фијат Цановски и Рамковски ти се најмоќни луѓе во државава , па нека ги сечат во корен искрено. Милиони и милиони евра переше Рамковски, па никому ништо, нели?

    По затварањето на фирмите на Рамковски останаа без работа вкупно 800 луѓе (2 тв канали, 3 весници, 1 неделник, хедис, фондацијата) тоа се исто толку фамилии со загрозена егзистенција. Јас работев кај него и сум презадоволна. Плата еднаш не каснела, а секоја година имаше покачување на плата што ги стимулира вработените. 90% од работниците му беа осигурани. Едноставно со мерак одиш на работа. Ќерка му прво беше мажена за Македонец христијанин, а потоа за косовар. Косоварот беше тазе последната година само го гледавме кога Велија беше во притвор.

    Мислиш сител, канал 5 не перат пари? Во сител се мизерија, пола од работниците земаат по 200 евра и со години работат на црно. Таму покачување е научна фантастика. И што има лошо во тоа што е Тобреш? Од такви навреди и диркиминација дека треба да ги сечеме во корен нас во 2002 година 90% Торбеши ни се попишаа Турци и Албанци. Така само ние си губиме. Немам ништо против Торбешите и мислам дека и државата треба да размисли ако се 50.000 во земјава да имаме барем еден министер Торбеш. Тие тоа го заслужуваат.
     
  8. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    KalaV - "Верувај ми воопшто немам интерес да пратам што зборуваат од опозиција. Општо ја избегнувам темава бидејќи ми се плаче кога зборувам за тоа."

    А, и да сакаш да видиш кај ке видиш? На кој канал ? З
    А едно страшно ме интересиера, јас на Сител на секое гледам се зборува за брачеди на Заев, за тендери и триста глупости,арно ама нигде јавно немаат кажано за тоа што го работат Мијалков и Камчев, Рамковски е во затвор, што мешате баби и жаби?! Мијалков сите фирми во цела македонија ги има земено и тој му е брачед на Грујо,па долколку од вас се разбира повеке во ова, нека пише да објасни. Другите мислења не ни ги читам.
    Valerya, чекај.....кој се најмоќни во државата?!?!
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Валерија,најкултурно те молам да престанеш со тој говор на омраза и со навреди према различни националности или религии од твојата.

    Се надевам ќе се појави модератор во темава да ти ги санкционира мислењата.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    темава е поставена за премиерот а не некои си таму Valeriya, KалаK, S-Kа да овде и пишуваат триста чуда, не ја оправиле државава политичари и тие што треба -не овде некој на форумов ке оправа политика аман луѓе....
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Телма и плус 24 не зборуваат против владата, туку зборуваат и за опозицијата.
    Што треба и да е обврска на секој медиум.
    Не треба да постојат опозициски и провладини медиуми. Треба и двете страни да се пренесуваат.
    Затоа не трескај зелени, дека Телма се опозициски медиум, кога не се.

    Рамковски переше милиони евра,никому ништо, човекот е зад решетки.
    Ајде малце да видиме на другата страна.
    Сега актуелна е мајката на Ивона Талевска преку чија фирма поминала милионска(во евра) зделка.
    И не само тоа.
    Пред некое време беа објавени небулозните суми што постојат при јавни набавки.
    МТВ- 100 000 евра за одржување на интернет сајт. Што е сајтов ФБИ,ЦИА,НАСА? Кои доверливи информации ги има, или уште подобро колку реално од овие 100 000 евра се издвојуваат за одржување на сајтот,а колку одат во џебовите на партиските војници?

    Македонија ИМАЛА квалитетно образование.
    Ако ти не комуницираш со постари генерации доктори, правници, економисти итн, тоа не значи дека немала квалитетно образование.
    На времето,мила моја, факултет беше привилегија, не ја имаше секој.
    Порано луѓето со факултет беа ослободувани од воена служба, па сега ти процени своевремено кој луксуз и која привилегија бил факултетот.
    Своевремено толкав бил и напредокот на образовниот систем секаде, интернетот бил мисловна именка.

    Приватните факултети. Приватните факултети се отворија во најпогодно време во кој секој човек кој гледа подалеку и има пари размислува "Зошто да ги давам истите пари на државен факултет(пошо нели задолжително им е да купиш оригинал книга од 2000ки, задолжително имаш непотребни трошкови треба да бидат покриени од партиципацијата),кога можам со истите пари да завршам на приватен и никој да не ме тормози?"
    Да, така е.
    Само што квалитетот ко демек бил различен.
    Не е различен. Излегоја премногу кадри со теоретско знаење. Сите сме овде, на форуми ја оправаме државава, во пракса се криеме ко кртови в дупка. Факт.
     
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Вo склоп на муабетот на Valeriya i Ashling
    Муабет меѓу мајка ми и мајка на моја сокласничка од средно, прашувала на кој факултет се запишав и мајка ми и кажала, на што таа одговорила: „Вашата учи и се запишала, ќе заврши, а ние нашата моравме да ја запишеме на ФОН“.
    Па сега вие размислете :)

    Инаку, не сум многу голем фан на Груевски, меѓутоа од економски аспект, добар е. Ја крена економијата, имаме повеќе странски инвестиции, се отвараат нови работни места, еве се зголемија и пензиите. Големо не само за односот кон студентите. Само тие некако се запоставени, на страна стипендиите.
     
  14. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    Има повеке странски инвестиции,да. Па тие не се будали од Германија тука да инвестираат, за 8.000 пусто македонче што во иста фирма во Германија земаат 1.500 евра, нив им одговара...
    Прва,втора,трета смена, цело време на нозе, заспиваат на шоља шо се вели луѓето... Зошто не инвестира Кромберг & Шуберт на пример да речeме Хрватска,Словенија? прашање на годината..
    Се зголеми пензијата,да ама и се друго. Јадење,пиење,бензин итн итн... Според тебе старите треба да живеат,да се ранат?
    Ама да, поарно нешто отколку ништо... со овој став нема во ЕУ место за нас ;)
    Па сега ти размисли...
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Нати во услови на инфлација, не можеш да правиш муабет за некакво си зголемување на пензиите и плати.
    Чисто за споредба -
    Порано маслото беше 40 денари. Сега е 90. Пензиите ги зголемија за 500 денари.
    Што се промени?

    Како ја поттикна економијата во Македонија преку странски инвестиции?
    Која цел? Странски инвестиции има и во Кина.
    Таму има ефтина работна сила исто како и овде.
    Овде ќе ти работат во фабрика за 150 евра, по 8+ саати во денот, во Германија нема.
    Што е тука странска инвестиција?
    Мене повеќе ми е мачкање очи, него странски инвестиции.

    Штетата се знае каде се направи, со приватизацијата.
    Се затворија премногу Македонски фабрики, фабрики чии пари од Македонија одеа за Македонија, за Македонска потрошувачка.
    Сега јас што можам да купам од Џонсон Мети?
    Е, сега од друга страна, ај што се направи приватизацијава се направи.
    Ама зошто не се поттикнат мали бизниси?
    Не гледајте на МТВ рекламине, кој ќе се осмели да отвори сопствен бизнис треба покрај пример почетни 5000 евра, во првата година да работи со загуба од 10 000 евра зошто УЈП ќе му дише во врат.
    Повеќе давачки има, него приходи.
    Еве во фирмата на моите и сигурно уште многу други- пред 2 години мислам, тоа кога излезе да плаќаме радиодифузна такса, на фирма од трансакциска беа задржани 8000 денари.Во фирма каде што нема ТВ и тогаш незнам дали некој воопшто гледаше МТВ.
    Тие пари требаа да служат за одвивање нормални трансакции,а не државата туку така да си ги собира. После им истекнаа уште триста чуда за плаќање.
    И како се поттикнаа Македонците да водат сопствен бизис?
    Никако.
    Све ни е увезено,а имаме и те каков потенцијал да не увезуваме, барем кога се работи за прехрамбени, па и текстилни производи.

    Така да, не си во право дека е крената економијава во државава.
    Моментално економијата во Македонија го достигна дното.
     
    На Florenca, bubamara12345, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    На вести само инвестиции зборат, а ако е така зошто во Кавадарци 1500 млади отишле на брод да работат, зошто сите одат кон Скопје, зошто штипјани одат во Шведска да возат камиони и цела Источна Македонија? Сфатиле одамна дека со 8000 не се храни фамилија. Сите трошоци за живот се покачени, само платите во приватен сектор се исти.
     
    На Florenca му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Youknow веќе реков дека пензионерите добиваат повеќе права. И да, и тие треба да живеат и да се ранат, зарем тие не се луѓе? Што сакаше да кажеш со ова :?: ?
    Ако секој чека да се вработи во администрација и да зема по 20-30 илјади плата, кај ни е крајот? Има многу луѓе што се на работ на егзистенцијата и работат и ќе работат физичка работа за 8000, немаат сите факултетски дипломи за да чекаат фотеља. Токму тој момент го користат странските фирми. Друга придобивка за нив е рамниот данок, овде плаќаат само 10%, што не е случај во другите држави.

    Со Ashling потполно се согласувам. Штетата се направи со приватизацијата, точно. Се затворија повеќето фирми двигатели на македонската економија. Ама кој ги затвори? Сигурно не беше Груевски, м?
    Мали бизниси се поттикнуваат, прашањето е колку малите претприемачи се спремни и стручни да ги водат? Колку знаат да раководат и да работат? Не е работата само да ги земеш парите, треба да знаеш како да ги вложиш. Со самовработувањето се нудат добри можности, ама тие можности некој треба да знае да ги искористи. Не е точно дека во првата година мора да се работи со загуба, нормално дека ако барем малку претприемачот има познавање од бизнисот, од гранката, ќе оствари профит. Каков - таков, ама ќе го оствари. Дали ќе биде даночен обврзник, од друга страна, зависи од тоа колкав приход ќе оствари. Новоотворените фирми кои што прават приходи до 3 милиони денари не се даночни обврзници и не плаќаат данок. Веќе постоечките фирми кои имаат приходи до 1 милион денари (не ме фаќајте за збор, не сум сигурна дали е до 1 милион или до 1ипол милион) исто не се даночни обврзници. И ова не го зборувам теоретски, татко ми е самовработен веќе две години, па еве две години остварува добивка. Запознаена сум со овие работи практично, а не теоретски.

    Не реков дека економијата е крената, туку малку од малку ја крена, не е како што беше порано, и ти самата тоа го кажа. А за инфлации и слични работи те молам мене барем не ми објаснувај :) Тоа е веќе друга тема на муабет.
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Нати јас никој не бранам, ни едиве ни другиве.
    Сите се исто гомно.
    А, сега тоа што се живее помизерно, се живее.

    40 294 фирми во 2012 година заклучно се со блокирани сметки. Последно пред нецел месец објавија дека се блокираат сметки на уште 6000 нови.
    Jaвниот долг од 30,11,2013 е 2 милијарди 727,8 милиони евра.
    СДСМ си заминаа од власт со јавен долг од 1 милијарда 386,7 милиони евра.
    Во последниве 6 години иселени се 470 000 лица.

    Така да, во право си- ако некој знае да работи, ќе работи и под вакви услови.
    2 години некој да води фирма, не е ништо. Фирмата е релативно нова, нема услови за плаќања на некои придонеси што потекнуваат од кога постои фирмата.
    И да, тешко е да отвориш фирма за еден просечен млад човек, освен ако татко му за 18ти роденден не му купил Ауди А4.
    Не е дека се лоши претприемачи, туку дека немаат пари,а и да имаат не се доволни пред давачките од државава.
    Тоа е.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    Nati.P по се заклучувам дека појма немаш што кажуваш.. :?:
    Како бе ''Ако секој чека да се вработи во администрација и да зема по 20-30 илјади плата, кај ни е крајот?'' Незнам шо сакаш да кажиш... ама смешно во секој поглед,
    со ова ''И да, и тие треба да живеат и да се ранат, зарем тие не се луѓе? Што сакаше да кажеш со ова'' ? сакав да кажам дека не треба младината да умира за старите да живеат!! Jас реков некаде дека не се луѓе?!
    Па кој РАБОТИ во администрација(зборам за луѓе со факултет) па за да расправаш ти за тоа КОЈ ДА НЕ РАБОТИ!!!???
    Во мојот град, 5%.
     
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Сакам да кажам:
    Сега разбра што сакав да кажам?

    Седни помуабети со младинава за тоа кај се гледаат во иднина, кај сакаат да работат? Половината, а можеби и повеќе, ќе ти речат - администрациија. Е со овој став ќе нема место за нас во ЕУ.
    Да не одиме оф топик, моето мислење за премиерот си го кажав :)