Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    Епа, зошто студираш едноставно ти? Зошто не си се вработиш некаде за 8.000? Ако ми одговориш, частам ручек :D
     
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Не студирам, дипломирав. И да сакав да се вработам во администрација, ќе го сторев тоа до сега, вака или онака. Ама ете не сакам администрација и тоа е тоа. Кои можности ќе ги имам за развој и напредување во кариерата ако работам во администрација? Не се гледам таму. Други се моите желби и планови :)
     
  3. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Груевски доби два мандати по ред на тотално чисти и фер избори. И ако има повторно избори пак ќе победи. И колку поутепана опозиција ќе имаме уште толку ќе победува.

    Срамота е да се каже дека неговите претходници Бранко, Бучко, Хари К, ЉуБчо направиле нешто повеќе од него освен дрпање и продавање на државава.
    Грујо има механизми и знае како храбро да се опира на Грчките условувања за името и Бугарското долго најавувано вето за наш влез во ЕУ (сите чекаме да видиме кога ќе ни го постават и каков шамар ќе примат дури тогаш Бугариштата). Штрумфовите Грујо знае да ги држи на контролиран оглав и ДУИ ги направи тивки како бубачки во владата што не беше случај со претходните премиери кои им даваа се што на овие ќе им текнеше. Се потруди да направи и направи доста функционални објекти од граѓански и национален интерес (сали, паркинзи, театри, школи, стадиони, игралишта, музеи, по некој пат, болници,...), владата дава субвенции, да речеме дека пробуваат да ја намалат невработеноста и можеби успеале ама 1-2%, не како што лажат они со нивните бројки. Све е тоа направено со наши пари нормално, ама зар претходните влади немаа народски пари на располагање, а ништо не видовме од нив. Секако дека мора да има некоја матна зделка во неговото работење, па ако опозицијата некогаш дојде на власт нека суди, казнува, затвара.

    Све додека Зоки-Зоране си ги гледа своите приватни бизниси , а гајле му е за СДС и уште дозволува да го контролира Бранко, а Стефчо си мисли дека не може му нико ништа, Грујо ќе победува со екстремна разлика.
    Тој е најдобриот избор засега...

    ...у ствари најдобриот е Боркица :geek:
     
  4. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    Многу гледате Сител ТВ ... :D
    Nati.P сепак твоите планови некако поскапо ми делуваат од 20.000 во администрација, што во МК ке си го сонуваш тоа само ;)
     
  5. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Е ова мало морген. Тивки се баш затоа што добиваат се што сакаат полека.
    И јас мислам никој нормален не вика дека тие претходниците на Груевски биле во нешто подобри, сосема друга е поентата. Ама овде нели има неколку души видливо партиски определени па не може да се води нормална и објективна дискусија.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Така е, затоа и реков не сакам администрација. А да бидеме реални, ако правиме муабет за развој и кариера, Македонија и не нуди некакви можности :)
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Natti ете сама стана кнтрадикторна.
    Прво не направи пола народ идиоти пошо никој не знаеме да работиме, никој не сме способни да отвориме бизнис пошто немаме или образование или не знаеме како понатаму,и затоа не ќе успееле тука, дека све е океј и со отворање фирми, па после никој не му се работи за 8000, што лично гледам и по тебе дека нема да ти се работи за толкава пара,ама народов е мрзлив не сака од дома да го мрдни газот од јутра до сутра.
    За на крај да кажеш дека Македонија не нуди развој на кариера.
    Кој тоа Македонија? Имево Македонија или власта,која треба и да го овозможи тој развој на кариера,а не да го оневозможи.


    corto.maltese
    Ајде ајде кажи од кој штаб те пратија :D
     
    На Azriel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Како на пример...?

    Во тема посветена на нашиот лидер :D и нормално е да има политичка пристрасност или одбивност па затоа и не треба да се очекува објективна дискусија. Колку и да се труди некој да биде реален и објективен секогаш ќе биде контриран од некој закоравен комуњар или дпмне-овец.

    И да,
    или
    има ли креативност бе во вас, млади луѓе сте.

    Стварно не знам што да кажам на вакви мислења [​IMG]
     
  9. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Сериозно ти ова прашуваш? Пример бившиот терорист aктуелен министер за одбрана и неговите колеги исто на високи државни функции; пример тоа што администрација врие и врие од нив, постојано нови влегуваат, дури и министерства кои ги водат Македонци вријат од вработени рамковни; пример тоа што се дозволи Џеваир да продава станови на Косовари во досега главно чиста општина, ете ти пример. Како бубачки биле. Фино им е, па си ќутат. Кога ќе им затреба нешто или кога и најмала желба нема да им биде исполнета пак ќе претепаат некое дете, пак ќе запалат некој автобус или ќе искршат некој споменик, лесно за тоа, и онака никој од нив нема да одговара отпосле.

    Тоа за необјективноста на одредени веќе и самата го заклучив, ама не значи дека е во ред некој како слеп за стап да се држи за партиски доктрини и да убедува во нешто поради свои сопствени афинитети или одбивности кога реалноста кажува сосема друго.
     
  10. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Зошто контрадикторна? Кај пишав јас дека пола народ се идиоти? Кај пишав дека пола народ не е способен? Не ми ги извртувај зборовите, те молам. Објаснувањето за фирмите што го дадов беше со сосема друга намера, не реков дека народот не е способен. А да бидеме реални, зборувам за повозрасната генерација, ретки се оние кои стварно се стручни и образовани. Остај ги младите, сега сите завршуваат, сите имаат дипломи, ама колку реално се обучени? Колку реално се стручни? Од некаде мора да се почне, не може веднаш сите да бидеме директори и министри. И би работела за 8000, да.
     
  11. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    Па не си мораааалаааа да дајеш лова за факс, али сепак во вас се парите :P
     
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Хаха, епа од вакви џаболебари не не бидува :D :D
    И после Грујо ни бил крив, овој ни бил крив, оној... Нема преку леб погача :?:
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Eве во која смисла не направи идиоти,цитирам
    Значи не можи да речиш фирма каков-таков да остварува профит? Колку да е профит 1000 денари месечно тебе ќе ти биде задоволителен профит?
    Значи чисти пари само 1000 денари,ама битно профит е тоа за фирмата.
    Ако имаш фамилија за гледање, незнам дали вака ќе е исплатливо или не.

    Не можеш работиве да ги гледаш теоретски, дека профитот е профит макар и еден денар.
    Не ти извртувам зборови, само пробувам да сфатам како размислуваш.

    За стручност и обученост е друга тема, која апсолутно не зависи од степенот на образование.
    Све е до стекнување пракса, контактите со другите.
    Јас тврдам дека луѓе колку што можат да те научат на животни лекции без разлика дали се за бизнис, љубов, семејство итн, не може ни една книга, ни една диплома.
    Фала богу дека се потребни, но не толку неопходни.
    Можеш да прочиташ 100 книги и пак да не ти е јасно што да направиш, се додека не се најде некој што веќе го работи тоа и да ти објасни што е.
    Се надевам дека ме сфаќаш што сакам да ти кажам.
    Наредно, кој е крив што образованието не ни дозволило практична настава?
    Зборувам за настава, преку цела година во склоп на предавањата, а не 1 месец да им вариш кафе на вработени.
    Добро ова не е вина само на премиерот,ама да ако е толку за пофалба треба да се тргни од образовниот систем.
    Целосна реформа таму да се направи.
    А, знаеш што направи?
    Увеза компјутери од Кина демек ќе правам програма компјутер за секое дете, наставата да се одвивала преку компјутери што беше тотален промашај и крајно неизводливо бидејќи ЕДЕН професор(не вклучувајќи оние по информатика ) од 50 во едно школо дали знаеше каде се уклучува компјутерот,а не да држи настава.
    Полоша политичка одлука во живот не сум видела.
    Настрана што тука беше дадена енормна сума на пари,за на крај компјутерите да седат во складот на сите училишта после колку 5 години?
    Жално.
    Тоа ја чинеше државата пари, нас не чинеше пари.
    Пошо од наши пари, од мој леб ги плаќаме тие пари.

    Наредно, како дозволуваат да постои толкава корупција?
    Па ќе дозволат утре ќе им донесат минимум по 10 гласачи.
    За џабе не викаат сиромавиот дупло плаќа.

    Не викам дека е најлош, не викам дека немало полоши зборувам за општата живеачка во Македонија како изгледа.
    Ако не ме веруваш излези на улица и прашај кој било рандом човек, дали подобро се живеело пред 10 годни или сега.
    Не можиш упорно да правиш нешто што буди незадоволство кај народот, без притоа око да ти трепне, ама битно ќе ги уцениш со работно место и нема да писнат.
    Тоа е притисок.
    Се фалат направиле преку незнам колку км патишта.
    Кои патишта кога се случија којзае колку сообраќајни несреќи на црни точки што ги викаат? Таму што не интервенираат? Или ќе направат еден маалски сокак и доволно е.
    Патот Битола-Ресен знаеш дека преку 1 година се правеше? Знаеш кој катастрофа пат е? А, знаеш дека на некој му е секојдневие тој пат?
    И све понатаму.

    Значи сума сумарум, можеби отидов предалеку и кажав повеќе отколку она што ти ми реплицира, ама ме сфати.

    И да,ако работам а знам дека 50% од мојата заработка ќе оди за државата за некое идно нејзино ветување, нема потреба да работам кога тоа нема да ми ги покрие основните трошкови неопходни за живот.
     
    На Azriel1 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  14. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Фала на примерите, ама не ти чинат ;)
    Терористи во владата и на високи функции имаше уште 2002 кога СДСМ влезе во коалиција со нив. Ништо ново.
    Рамковни вработувања имаше уште од 2002. Ништо ново и ништо екстра побарано од сегашнава влада. Џеваир Холдинг е приватна компанија и нејзината политика на работење има приоритети какви што се најверојатно на секоја друга фирма-пари и заработка. Што мајка бара владата во работата на приватна компанија?

    Мислев на покрупни барања од типот на федерализација, втор официјален јазик на цела територија на РМ, промена на химна, знаме или национален грб, битни уставни промени, претседател македонски албанец, нивно учество и големо влијание во одлучување по прашањето за името, и други битни барања кои (дел од нив) Зоки Заев е спремен да им ги пружи. Ама нема врска...терајте си муабет...
     
  15. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Kортo, знаев кој одговор ќе го добијам и моја грешка беше што ти реплицирав, како програмирани сте со тие СДС-Заев-Бранко, не ни очекував нешто друго да кажеш. Нема везе, терај си со муабетот, толку знаеш и ти. А и очигледно освен партијата ништо друго во оваа држава не те интересира.
     
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Зошто упорно наметнувате свое мислење? Зошто мислите дека само вие сте во право? Ако другите имаат различно мислење од вашето, не мора упорно и упорно да наметнувате свое.

    Ashling убаво знам како живеев јас и моите пред 10 години, а како сега. И во никој случај не можеш да кажеш дека тогаш се живеело подобро. Немој, те молам. Моите не се ниту партиски војници, ниту функционери. Пред 10 години немав пари да си купам една чоколада. Ако ми дадеа 100 денари бев среќна. Моите седеа дома без работа и едвај врзуваа крај со крај, што не е ситуација денес. И како да речам дека денес ми е полошо од пред 10 години?

    Муабетот за малите бизниси, нивното поттикнување преку самовработувањето (кое патем е актуелно деновиве), половина од нив ги земаа парите и не додржаа ни една година, ги затворија. Не може туку така да се даваат на невработени, кои ете немаат друга работа па ќе си играат претприемачи и бизнисмени. За ова голем минус и за премиерот и за владата.
    Татко ми е самовработен, и верувај дека е многу многу позадоволен од порано, работи лично за него. Фирмата е релативно нова, точно. Ама за овие две години, верувај, дека никогаш не бил со празен џеб. Остварува доволно приходи за да ги покрие давачките за фирмата, да плати придонеси, плата, радиодифузна такса. И пак останува нешто плус. Значи профит има. Кога татко ми (кој го сметам за многу реален и приземен човек, и кој нема високо образование, туку средно, во сосема друга дејност од оваа што ја работи денес) е задоволен и кога јас лично гледам како стојат работите, како можам да кажам дека сега се живее полошо од пред 10 години? Подобро живееме од пред 10 години, барем ние.
    Профитот според мене е релативна работа. Ти можеби се задоволуваш со профит од милион или повеќе. Јас не. А прашање е и колкав профит може да остварат микро и малите бизниси. Секако дека не можеш да очекуваш големи профити од микро бизнис, нели?
    И пак не разбирам каде јас ве направив идиоти :?: Реалноста е таа, не мора да се согласиш со мене :)
     
  17. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Ама ајде,прашај како е во Тетово,дури и на вебот го извадија мак.јазик,прашај како им било пoрано како сега.Ај да направиме попис,вработени албанци пред 10г и сега,што шема е тој Секретеријатот?По 200 или 400 огласи наеднаш,не е се во уставни барања тие добија реални барања.Полна уста мирна глава
     
  18. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    Nati.P Јас не се сложувам со тебе, и не е реалноста таа.
    Ете јас,живеев поубаво порано,се ми беше дозволено,а сега? Приватници сме, и само јас си знам колку не искина Груевски со неговата политика. А ти предпоставувам дека не се разбираш во оваа работа, претпоставувам дека твоите се на државна плата, затоа го имаш ова мислење како и многумина...
    Бре бре...таа била реалноста, абе чекај малце...кај трчаш...
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Прочитај ми го мислењето убаво. Реков дека татко ми се самовработи, што значи дека не е на државна плата. Мајка ми исто, вработена е во приватна фирма и не е на државна плата. Можеби немам години и години искуство, ама гледам што и како е. Она што го учев, еве сега го имам и практично.
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Се живее полошо од порано. Македонија станува се понебезбедна за живеење. Не сакам да мислам како им е на Македонците во Тетово и Гостивар, еве ги има на форум нека ни пишат како таму се живее. Се е скапо, пари се помалку. Само картиме, кратиме на се што може и кај ќе ни е крајот? И да државата ги краде граѓаните како сака со со сметки за МТВ преку извршители и со некои стари сметки од пред 5-6 год наводно неплатени. За тоа дома чуваме сметка по сметка дека е се платено. Нема иднина овдека за младите, тоа е факт. Не ме смејте со 8000 плата дека ќе гледате фамилија и ќе имате волја за работа. Толку чини една сметка во зима за струја. А што ќе ви јадат децата?
     
    На bubamara12345, Youknow и angelina1 им се допаѓа ова.