Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    После сета таа транзиција, приватизација и слично на Македонија и требаат уште многу години за целосно економски да се стабилизира. Премиерот ни е одличен, за прв пат имаме воркохолик, баш е 24/7. Целосна почит на Премиерот.
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Имаше порано една реклама во која викаа: Најважните работи се напишани со мали букви :)
    Не е минус за владата, ваквата политика уствари им е голем плус, затоа што за многу малку пари што ги даваат за основање бизнис, те откачуваат за наредните три години. Мораш да го одржуваш бизнисот, инаку ќе ги вратиш средствата (ми се чини 80% враќаш, во зависност од тоа во која година си го затворил бизнисот). Во меѓувреме не си осигуран, веќе ништо не ти покрива фондот и автоматски се намалува одливот на такви средства. Освен тоа, те тргаат од листата на невработени, па после Грујо ќе се фали дека ја намалиле стапката на невработеност, а дека програмите за самовработување го поттикнале основањето на мали и средни бизниси во Република Македонија (... и тука ќе извади некоја бројка во проценти).
     
    На Youknow, angelina1, Dvolicen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    Епа значи, јас сум приватник, мајкати работи кај мене, заради Грујо јас пропаѓам, и мајкати заедно со мене. Останува без работа... И пак ке бидеш поддржувач на нашата влада? Да, ете сама ке си одговорам, зошто средна класа не постои во Македонија, или имаете или немате. Трето нема ни да имате некогаш со овој мозок.
     
  4. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    На Македонците допрва ќе им биде се полошо и полошо. Веќе паднавме под 50% од бројот на новородени, а се намалува и нашиот број во севкупната популација. Не е ни битно колку сме, туку колку учествуваме во бројот на новородени, затоа што тие ќе ја кажат иднината на Македонија за 15-20 години кога ќе пораснат.
    Народски кажано колку се помалку не има толку се повеќе ќотек ќе јадеме.

    За тие работи извини Груевски не ти е крив. Богати земји како Франција, Британија, Шведска не можат да се справат со криминалот и имигрантите, па најмалку очекувај од Македонија и Груевски.

    Груевски го спроведе тоа што другите влади на Сдсм и претходното Вмро со чело на Георгиевски си молчеа за да народот е мирен, а тоа се РЕФОРМИ. Сите реформи се болни, тешко, но најголем дел од нив неопходни.

    Голем дел од граѓаните на Куманово се во Авганистан, Ирак и Дубаи со години така? Кој од нив почна приватен бизнис, вложи во фабрика, вработи луѓе? Или сите своите пари ги потрошија во ресторани и шопинг или жените им ги потрошија на маникир, педекири, а некои и на швалери (информации од кумановки што ги знам)?

    Јас 80% од тие што знам дека земале пари за отворање на бизнис си ги потрошија на шопинг во Солун и пиење по кафани. За бизнис драга треба огромен труд, потенцијал, мозок, знаење, трчање лево-десно, борба, падови, кревање, а верувај дека најголем дел од тука не се способни ни до продавница да отидат. Ние сме дефицитарни со кадар. Кај нас највеќе завршуваат правен и економски коишто во најголем дел се непотребни. На фабрики не им треба економски и правници да им филозофираат, туку стручни работници коишто ќе работат во истите. Нам кадарот ни е огромен проблем. Еден од проблемите зошто странски компании не вложуваат во Македонија. Земјоделците ни се некреативни, необразовани, не следат трендови. Секој бизнис, работа е ставена на ризик, таков е капитализмот, но кај нас сеуште така функционира мозокот кај младите “заврши факултет, учи само за висока оценка притоа ништо да не те интересира тоа што си го учел за да се вработиш во администрација“. Факт е дека имаме тотално неуки генерации.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    ^ Ај врати се на Кајгана и таму погњави малце, недостасуваш.

    Сите криви, само оние што во раце имаат средства да се справат со овие проблеми не се.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам како се надоврза на она што јас го пишав.
    Воопшто не беше муабетот дали имаме уки или неуки генерации.
     
  7. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Не се сите криви, туку за бизнис треба и креативност, способност, интелегенција и за тоа мора да се сложиш. Во никоја капиталистичка земја државата не се меша во приватниот бизнис, туку треба да создаде клима, да им обезбеди подобри услови и клима за отворање на бизнис. За тоа мора да се сложиш , нели?

    За ова друго со Кајгана не те копчам искрено, но тоа нема врска со темава.
     
  8. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Копчаш... ама точно, нема врска со темата.
    На твоето прашање, ние не сме ниту сме биле некоја капиталистичка земја пошо не сме имале нормален развоен тек за да стигнеме до тоа.
    Цело време за пример земаш некои морално-дегенерирани створења и ги поистоветуваш со македонскиот народ. А каде сме тука ние нормалните? Ние што немаме никаква вина за она што се случува, со албанизацијата, со пропаднатата економија и т.н, а пак трпиме последици? Што сме ние криви за да читаме попувања од твоја страна? Што е некој поединец на форум моќен да промени во општеството? Народот има можност само да излезе на избори и да гласа за некој сето тоа да го среди. Народот тоа го прави и уште чека резултати.
     
  9. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    ^ Ќе се изначека :D
     
  10. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
  11. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Како единка секако дека ништо не можеш да промениш, но со масовна свест и те како можеме сите да промениме. Не си ти крива, гуку колективно сите сме. Тоа ми е поента. Глупо е да се каже дека за се и сешто е крив Груевски. Јас убаво кажувам дека Груевски не е ни блиску најидеален, но на пазарот нема друга подобра опција од него и затоа победува. Со ваква структура на СДСМ никој не може да му се спротистави искрено. Треба млади интелектуалци, свежи лица на сцената, воркохолици, креативни. Ако седиме дома и не се бориме ништо верувај дека најмалку нешто ќе промениме. Јас сум мајка на ќерка и верувај дека утре кога ќе имаш дете ќе ти се промени свеста за 200% и нема да ти биде баш драго нешто што си го подигал 20 години некој да го малтретира по автобуси, да му свирка по улица, да ја штипе знаеш каде, секој вечер да се враќа со страв дома. Можеби некогаш звучам погрубо кога пишувам, но верувај не е ништо лично спрема тебе или некој друг тука.

    Јас имам роднини во странство и знам таму колку е немилосрден бизнисот, конкуренцијата, партнерството.

    Не го земајте секој пост дека е наменет кон вас лично. Зборувам генерално. Најмалку имам против тебе нешто во животот за да би посветувал лични постови кон тебе.
     
  12. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Јас ништо не сфаќам лично, општо ти кажувам да си го промениш малку речникот кога се обраќаш на пошироки групи, ништо чудно што наидуваш на револт секаде. И не мора сега мелодрами од иднината со ќерки да пишуваме, демек во сегашноста ако се качам у автобус сто посто сум сигурна дека ќе излезам како што сум влегла |(
    Овде сегашноста не е обезбедена, ти за некои деца некогаш и негде пишуваш.
    И патем, не се сите колективно криви, а ти ако имаш свест дека со седење и зборење ништо не се постигнува туку друг е начинот, тогаш зошто стално по форуми плукаш и нафрлаш кривица... те на колективот, те на пијаните малолетнички, на кумановските швалери :D , на Љубчо, на Петко...? Гледаш, и ти бараш на некого да се истресеш.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gorgina

    Gorgina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Милиони светлосни години си далеку од реалноста..........
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.758
    Допаѓања:
    141.733
    Децата без родители од лани, ако се запишани на постдипломски, секој месец добиваат плус 24 000 денари на сметка, а истотот се однесува и на докторски студии. Задолжително се вработуваат и им се даваат супер ефтини станови за да можат од платата да си ги отплатат. Факултетите знаете дека им се без пари.
    Потсетување, до пред неколку години, не знам точно, на 18 години ги бркаа од домот и одеа на улица.
    За да покажеш каков човек си, треба во оваа ситуација да покажеш човечност. Претходните премиери не ни знаеа за овие деца. А државата им е родител, затоа што биле оставени од мајките по пораѓај, им починале родителите или од други причини останале сами.
    И затоа, ако зборувате за човечност, потсетете се кој што направи за оние кои не можат сами. Ние со живи родители кукаме секој ден, како им било на овие деца, кажете ми кога на 18 им викале - надвор од установата????
     
    На Nati.P и Abeja им се допаѓа ова.
  15. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Темава се вика како што се вика и е отворена да ги кажеме нашите лични мислења за премиерот и неговата работа. Од каде заклучи ти дали немам други интереси и што во оваа држава и надвор од неа ме интересира. Сепак ми ласка тоа што ги следиш моите пораки и очекуваш што ќе пишам :P ;)

    Како е во Тетово?
    Како ви беше порано, а како сега?
    Попис не можеме да правиме, не сме Завод за статистика.
    Ова за секретаријатот не го разбирам.

    Не е точно. Никој никаде па ни во проектите за самовработување не дава грант или кредитирање во готови пари. Никој нема да види ни денар од сумата предвидена за самовработување. На новиот биснисмен му се даваат средства за работа, материјали, стока, машини, техника и др. во вредност на побаруваната сума претходно утврдена со изработениот бизнис план.
     
  16. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    Добро е тоа од нивна страна, но другите шо на поѓомити ''имаат'' никој не ги засматрува за луѓе! А за тоа дека ке му поддаде државата едно станче, и дека ке му плати студии тоа е лесен залак за државата, мачкај очи.
     
  17. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Епа не си ласкај. Не знам ништо лично за твоите интереси, ниту што пишуваш на други теми. Само ви го знам менталниот склоп на вас со такви ставови доволно за да знам како ќе реагирате. Друг пат не се мачи да реплицираш за глупости.

    И знаете што? Прекинете да инсинуирате дека некој друг на темава со кого не се согласувате припаѓа на вашата ривалска партија и прекинете веднаш да тргнувате во дефанзива, пред 18 години вака било, у 2002 онака... знаеме веќе убаво како било. Мислам, навреда е. Демек у државава сите сме ретардирани и за ситни трошки водиме кампањи за Мурто или за Курто. Не може човек да изрази став или да каже што не му чини без да му биде налепена етикета на спротивниот табор.
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Токму така.
    Ова е нешто што моментално претставува голем проблем во Македонија.
    Нема поволна клима за да отвориш бизнис.
    Можеби, можеби ако од бизнисот не мора пример да плаќаш кирија или кредит за стан, и твојата рака да рани уште минимум 3ца.
    Оние што немаат партиска позадина или евентуално некоја заштеда,наследство што и да е, не можат да успеат со бизнис.
    Не дека не се паметни, туку бизнс-климата во Македонија е таква каква што е. За да комуницираат бизнисмените во Македонија треба да се независни,а не државата да се смеша во секоја подебела фирма.
    Така и комуницирањето меѓу фирмите е отежнато, зошто некој можи да прави некои заврзлами кои државата ќе му ги прости, но за тоа штета ќе претрпи твојата фирма.
    Еве во бизнисот на моите знаеш кај заглавивме покрај идиотските давачки кон државата? Многу регистрирани фирми, не издаваа фактури бидејќи пу пу беа блиски на власта, робата не можеше да се пријави, а си ограничен и со превоз на истата бидејќи и за да овозможиш превоз треба и за тоа да направиш пари.
    Овдека кој почнал од нула останал на нула.

    Од стечајците купија веќе гласови.
    Се прашувам кои групи на граѓани се следни?
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.758
    Допаѓања:
    141.733
    Te молам објасни ми што е значењето на „поѓомити“, , „засматрува“, за да можам да ти реплицирам.
    Инаку, станче во Скопје е минимум 50 000 евра, наспроти улицата на која остануваа.
    Ако е лесен залак да им платиш студии и секој месец по 24 000 гратис да им даваш оти запишале магистарски, браво за ставот. За мене се тоа многу пари и решавање на животно прашање. Ако за тебе се малку пари, ти завидувам. Јас се убивам од работа за тие пари.
     
  20. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Te молам објасни ми што е значењето на „поѓомити“, , „засматрува“ што сакаш да кажеш дека не разбираш и си ти као културна и литературна и паметна другиве не....па доста или реплицирај или не прави некого некултурен во однос на пишаното....твоиве мислења само се читаат на темава, дај олади малку разбравме дека си од вмро....остави и други да кажат што мислат, ако мислат поразлично од тебе незначи дека со нив нешто не е во ред....аман веке граница некоја да се има на почитување и дебатирање не тука баби и жаби да се мешаат само......или го подржуваш или не г. премиер тоа кажете не бистрите политики само, не ги средиле работите во државата тие што треба па вие тука ке ја оправите работата....оставете ја политиката на политичаритееееее
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.