Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски

    Колку само нема врска, ама како да ви кажам дека лажат или го прават ова само за некои исклучоци.
    Мојата другарка е дете без родители, и двата родители и се починати живее со 70 годишна баба, ај што не и дадоа пари, дури и сама си го плати мастерот.
    9.5 просек има на Економски факултет Скопје, положи со сите поени на испитот за државна администрација, од Септември месец само ја лажат на интевјуа дека е втора, никад не е прва на ранг листа.
    Имаш време, млада си, ќе те вработиме, а што праиме тоа што ако не дај боже умре баба и, нема да има вода и струја да плати. ДО КОГА?

    Убави бајки кажува владата, барем да ги исполнува, а не само да залажува луѓе кои поима немаат и не гледаат како се работите во пракса. И јас ќе ја подржев прва оваа работа да беше вистинска, ама не е, од лично искуство знам дека не е.

    Вие не би биле гневни и бесни да сте во таква ситуација? Ама на многумина им е сеедно, зашто ви се далеку од очите тие луѓе.
     
    На imelda, bubamara12345, Edie.S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Да,да Corto што ти одговара тоа реплицираш,за друго се Копи Пасте а?
    Сваќаш ти многу добро,амa на некои им е подобро да изиграваат поети ,зарем не ?!
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.758
    Допаѓања:
    141.733
    Јас мислам дека деца без родители се сметаат оние во дом кои немаат ниту старатели. Другарка ти има старател кој се нафатил да ја чува. Тоа се разлини категоии. Зборувам за децата од дом.
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Деца без родители се деца без родители, да умре баба и она ќе биде сама, без разлика на тоа што се нашил старател да ја чува.
    Другарка ми не мислиш дека ги заслужуваат овие работи поеднакво како и тие од дом, и сите како нив?
    А ако тоа е доволен изговор-класификацијата не си дете без родители дека имаш старател е срамота.
    Нема голема разлика од тие деца што се по домови, ситна е разликата.
    Како и да е, кога нема ни еден жив родител e дете без родители. Не за жабе се вика старател не родител.
    Пак ќе речам, важи само за поединци, не за сите и тоа е тоа што најмногу ми смета.
    Постот не е за премиерот, за друго е темата, знам дека е офтопик, ама морав да напишам зашто вакви делумични добри дела најмногу ме нервираат.
     
    На bubamara12345 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  5. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Има голема разлика од тоа да останеш без родители коишто починале, а друго е цел живот да ги немаш во дом. Сега не се фаќај за поедини примери, туку генерално гледано. Деца без родители од дом немаат СВОЈА ПРИВАТНА КУЌА, СТАН, ИМОТ, НЕМААТ НИШТО ! Твоја другарка има куќа, стан или што знам каде живее. Голема е разликата. Барем најголем дел од тие што завршиле без родители во текот на животот се обезбедени станбено. Денес најтешко е да се обезбедиш станбено, затоа што е и најскапо.
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Мислам се праите глупи со сила, само за да пофалите некој, т.е знаеме кој во случајот.
    Да бевте вие на тоа место немаше така да зборите.
    Не планирам више дополнително да откривам што како ама работите не се така лесни и фини како шт Валенце ти ги пишуваш со леснотија во една реченица, сепак не се работи за мој живот само посочив пример од стварноста како работите не фукнционираат како што бајковито ни ги прикажуваат на ТВ.
    Искрено очекував вакви коментари, ама немојте да се правите после светски добричини и многу разумни, кога ни малку не сте.

    Во Словенија, Америка и многу други држави, децата а самохрани родители имаат огромни првилегии и права, а кај нас со тоа што има старател како да којзне колку му е решен животот и олеснет.

    Барем нека биде нагласено, дека е тие САМО ОД ДОМОВИ, а не да ги уверуваат дека сит деца имаат такво прво, а после кога ќе дојде маца на вратнца, пу пу не важи.

    Колку сакате тврдете дека тоа не е исто, ама искрено само многу нечовечна особа може со леснотија од типот не сте под таа класификација да ги отфрли тие луѓе.
     
    На bubamara12345, makedonkamak и Ashling им се допаѓа ова.
  7. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Hipster, не е тоа поентата некого да фалиме, туку да гледаме реално. Социјални станови за деца без родители од домови се градат во сите најдобро уредени социјални држави . Не сме го ние измислиле ова, туку тој модел на пример од Скандинавија се применува кај нас. Нормално дека ќе има неправди, а твојата другарка со таков капацитет на знаење верувај дека бргу ќе најде работа. Незнам ни зошто воопшто аплицира за државна администрација?! Нека проба по приватни фирми, банки и слично. Сигурно ќе успее.

    Поентата ми е дека кога деца ќе изгубат родители и кога баба, дедо, вујко ќе ги чува тие пак имаат свој имот, куќа, стан, земјиште коешто го наследиле од своите родители. Децата од домот немаат ништо, а знаеме денес како тешко се стига до свој личен имот. Дете од дом кога излегува на улица нема буквално ништо, а твојата другарка има барем свој личен дом што е и огромната и круцијална разлика, а тоа е НЕ Е НА УЛИЦА !

    Било кој да прави вакви проекти јас ќе го поддржувам.

    Не не споредувај нас со Америка, Скандинавија, Британија и сличните. Ние не сме толку економски моќни сето тоа да го издржиме ни приближно.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    А со кој да се споредуваме со Уганда?

    Кон што се стремиме ние кон полошо или подобро.

    И ти реков, ама не читаш ти никогаш, туку само тоа што тебе те инетресира, животната приказна е таква, да ни тоа стабено прашање не и е обезбедено, ама не планирам да објаснувам или да докажувам што како.

    Не сте им во кожа за да знаете како им е, зашто пред избори се се ветува, тогаш важи за сите и за се, ама кога ќе поминат изборите и ќе дојдат делата никаде ги нема сите политичари.

    Ви велам уппорно не слушате, одете видете ги тие деца, дали од домови, или некои кои се со старатели да ви кажат дали се тоа што владата ветила исполнила, па после џиткајте се како на водици по крстот.

    Не сте ми јасни, како да работите во влада или сте лично премиеров па така скокате на невидено и нечуено.
    Ќе бранам нешто што сум го искусила и видела со свои очи, и тогаш ќе речам браво и подршка.
    Додека работите се вакви како што се сега, само мачкање на очи и предизборни патки зза гласови, ништо друго.

    Единствено нешто со што се сложувам со тебе дека не е само државна администрација спасот, фала богу дека ќе се најде нешто друго, ама иритира фактот кога се изнапикаа партиски неписмени војничиња на места на луѓе кои повеќе ги заслужиле, само немале книшка па се небитни.
    Можеби тебе не ти смета, ама мене ми смета ужасно, од која и страна да е направено.
    Не заборајте дека има луѓе кои немаат книшки ни вакви ни такви, ние сме тие кои го кркаат стапот на крај.
     
    На bubamara12345 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  9. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    На децата без родители им се плаќа школување и стан им се дава, да тоа е добро. Но зарем не треба тоа да биде обврска на државата, место ПР кој се употребува и злоупотребува толку многу што веќе ми се гади.
    Да, одат министрите и премиерот да се сликаат со овие деца и кога се мали, да им делат пакетчиња, да покажуваат колкава е нивната грижа - а само поразговарајте со некое од овие деца , па ке видите колку навистина надлежните се грижат за нив... Жално е, а уште пожално што веќе 7 години сме сведоци на една силна пропаганда , која пере мозоци - очигледно.

    Субвенции за земјоделците, ахам да, пред некој ден бев кај дедо ми и баба ми во село, едниот комшија ќе ја затвора фармата бидејќи вели -„ не врви работата“, друг годинава се жали за тутунот и за цената, додека еве признавам, дури и јас мислев дека тече мед и млеко. Е па не било така.
    За здравството и милионската насовремена опрема - да не збориме, пукнаа скандалите, и тоа се чини е само почеток.
    На телевизиите кај нас животот изгледа прекрасно, но во реалноста.. е па проценете само.
    На почетокот на мадндатот, верував дека овој премиер ќе стори нешто, осум години подоцна се прашувам во која дупка ќе се крие половина од владата заедно со нејзиниот водач кога ќе се разоткријат нечистите работи. А ги има, многу...
     
    На bubamara12345, makedonkamak и MIA-SK им се допаѓа ова.
  10. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Veronika, политичари одат и во Шведска, Јапонија, Австрија, Швајцарија да се сликаат кога отвораат нешто ново и тоа функционира така секаде во светот. Не сме ние измислиле топла вода, па да го има само кај нас.

    Меркел се сликаше со деца за Нова Година како им дарува пакетчиња. Се е тоа дел од политичка пропаганда за превласт и владеење. Политиката е нечиста работа и тоа треба сите да го сфатите. Не постојат добри политичари, туку лоши и помалку лоши.

    Во Македонија не тече мед и млеко ни приближно и тоа никој не го негира.

    Добиваат земјоделците субвенции не се секирај ти и не се фаќај за поедини примери, а тоа што кај нас повеќето земјоделци се тотални аутсајдери кога станува збор за бизнис е друга работа. Денес земјоделството не е само да произведеш храна, туку да знаеш и да ја продадеш, а кај нас повеќето земјоделци се тотално необразовани и незнаат воопшто за маркетинг како функционира сето тоа. Но, од друга страна има земјоделци што се наполнија со пари, механизација, нови штали, производство и се останато, затоа што следат трендови. Кај нас земјоделските факултети зјаат празни, а сите се на економски и правни што се тотално непродуктивни области. Ајде сите во банки да работиме? Се дур не се ориентираме како образование на продуктивното ќе тапкаме во место.

    Здравството не се средува преку ноќ. Една Словенија има проблеми во здравството , а камоли ние. Но, факт е дека се вложија пари во реновирање на болници, опрема, едукација на кадар, испраќање на доктори на дообуки во Америка. Во наредните 4 години ќе се изгради нов клинички центар во Скопје и Штип, а ќе се изградат сигурно затоа што се предвидени со буџетот.

    За мито, корупција, скандали нека си одговара секој за кого ќе се докаже истотот. Тодоров даде тендер на мајката на Талевска. Тоа функционира кај сите влади и ќе функционира секогаш. Затоа и тие се борат за власт.

    Не е поентата во тоа да се фали само владата, туку и да не се оцрнува само. Има многу добри проекти направено и никој не ги пофали, а има и лоши проекти секако.

    Вие живеете во илузија дека некогаш се ќе биде среќно и весело. Нема, а ниту ќе постои политичар којшто ќе ги среди сите тие работи. Една Америка има преку 20 милиони луѓе ( не ме држете за збор можеби се и повеќе) коишто немаат здравствено и социјално уредување. Ги има таквите во Британија, Франција и секаде.
     
    На glosipgirl, misel23 и Elissa им се допаѓа ова.
  11. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
  12. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Добра забелешка. Викаш побезбедно ќе биде да фалам и да возвишувам?! :))
     
    На bubamara12345 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.758
    Допаѓања:
    141.733
    Деца без родители и родителска грижа е поим кој се употребува во законодавството, а конкретна дефиниција нема. Сепак, се подразбираат децата кои немаат ниту родител ниту старател, ниту било каков начин на помош од возрасно лице кое прифатило да им биде старател.
    Откако овие деца ке се најдат во дом, истите можат да бидат посвоени од старател (случајот да речеме на Весна Бејби која стана старател на две деца). Можеби и нема да бидат посвоени, бидејќи од разни причини (најчесто ромчиња, болни, или повозрасни деца) остануваат во домовите. Тие немаат никој во својот живот, ниту баби и дедовци, кои би ја вршеле старателската улога.
    Е сега, бидејќи Весна Бејби ја врше старателската улога кај две деца (не ми земајте за зло што ја посочувам неа, но најмедиумски е експонирана) дали сметаш дека треба и на тие деца да им се дава кеш од државата? Кога некој се сложил да им биде старател?
    Истото е и со другарка ти, нејзе баба и и е старател, она нејзе ке ја наследи, од нејзината пензија живее, има љубов од роднина, од старател.
    За разлика од неа, овие дечиња што се родиле од мајки кои не ги сакале и ги дале во дом, од родители кои починале а никој не сакал да ги земе (како бба и на другарка ти) они се сами на светов. Они кога сакаат чоколатце, не можат да речат, дај бабо. Кога баба и на другарка ти ке умре, ке и го остави нејзе наследството. Децава немаат од кого да наследат и да останат да живеат дома. Они пред неколку години живееа на улица. Буквално. Затоа, треба да се внимава што значи дете од дом, и дете кое живее со свој старател. Разлика има огромна.
     
  14. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    луѓе очигледно не сите гледате еднакво на работите што се случуваат, за едни е се розово и прекрасно, а за тој што си има мака и не е партиски обоен ееее и те како макта од километар ја гледа, затоа што секојдневно гледа што се случува и на какви бариери наидува од власта......е за некои кои се истомисленици на владејачката партија е работата е одма посјајна, да не залажуваме ...сите што имаат членски книшкии на вмро сите горе-доле се вработени по институцивее и нормално овде ако треба ке се тепаат со сите што различно милслат од нив, и јас да бав вработена или некој од моето семејство и јас ке грачев и ке го бранев премиерот, ама реално не е така.јас како академски граѓанин партиски необоен јас наидувам на секакви бариери од владата кога е во прашање вработување....еве пример-јас сум конкурирала до сега на многу конкурси и за државни институции и не, значи секаде каде сум сметала дека су мквалификувана сум аплицирала, значи задоволени сите критериуми за вработување, арно ама секаде мене прво ми бараа книшка од вмро и колку сум бил активн акако член за време на избори и слично и главна апрепорака на главниот на вмро од мојот град, пошто тој бил тој што одлучувал за сите вработувања, замоја несреќа ајде така да кажам јас го немам тоа искуство со партијата дотична а се друго исполнував јас неможам да влезам никаде на работа, е баш токму за тоа јас седам дома-јас енсакам партија ни ништо таква ми е струката моја каде не се признава партија и слично, мене ова ми личи н а дискриминација и немој после овде да ми се фалите дека се е убаво и цветна како пролетно цвеќе- може за некои да е така а за некои како мене а ги има илјадници млади лица не е баш сјајно. друга работа еве од мој пример-јас аплицирам во една институција небитно која за приправнички стаж и ок се и јас аплицирам со сите потребни документи во септември месец......и ок чекам одгвор денес утре нема и јас мислам сигурно е завршена работав штом не се јавија за да ми евентуално доплнам нешто?и вчера кај 12 часот ми се јавуваат од институцијата и ми викаат значи после 5 месеци, документуте не се комлетни треба да доставиш следново- уверение за државјанство, извод од матична книга не постар од 6 месеци-значи ново и не се изводите трајни како што кажува владата, уверение за лекарско--боже свашта од кој аспект треа тоа незнам 2000 денари најмалку е тоа, уверение за забрана на дејност дека не ми е изречена- 400-500 денари, потврда дека не ми е одземена деловнат способност-200 денари, уверение за завршен мастер и факултет оргинал или заверенаа на нотар-500 денари најмалку, 1000 денари уплата за што ке ми разгледаат документите и така мене ми требаат околу 100 евра за да ми упишат обичен стаж за адвокат....ок с етоа арно ама во септември не ги бараа овие сите документи ги бараа тие што јас ги поднесов, а зошто мене никој не ми одговори и не ме заведе за тој обичен стаж во септември месец туку сег апосле 5 месеци со новите давачки што ги напишав значи треба буџетот јас да го полнам зошто- за кефот од владата ....јас да сум била можеби дете со некој инвалидитет а сепак сум завршила правен факултет ке требаше по лекри да одам и сите да видат и разберат оти сум инвалид поради наведените документи се иде до израз нееднаквоста на сите деца, и дискриминација на децата што имаат некој инвалидитет а завршиле факултет...е така владата залажува и прави филмови демек еза младината на Mакедонија.....зошто се потребние сите тие документи д ајас ги извадам, ако сум била нездрва особасо одземена или огранижена деловна способност ке завршев ли јас мастер студии, зосштое лекарското уверение -??? за ако бев несаглам болна или ваква таква како ке завршев????изводот и државјанството д авадам ново ког аимам пред една година вадено нови???? зошто е сето тоа за да плаќам на некого да ужива....дали мене некој ме прашал дали јас имам да платам за сите тие документи ----ајде груески нека ми каже пошто е премир на сите граѓани-е затоа младит еод нашава земја си бараат спас во друг држави--затоа се вадат бугарски пасоши -спас се бара од оваа бедотија овде...да не се залажуваме овде состојбата е лоша, а посебно за нас малдите...овде правите филмови колку сакате ова е реалноста-се извинувам на долгиов пост, ама ве читам подолго време и затоа ви пишав ова да не се залажуваме и филозофираме напразно како некои овде.
     
    На lady.v, Irrepleceable, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Те сфаќам Македонкамак. Не им е лесно на младите. Тоа што не те известиле е пропуст на нашата “ефикасна“ администрација. Тоа се неспособни партиски војници и од многуте контакти можам да кажам дека на прсти се бројат вредни луѓе во администрација. И да се вработи млад човек кога ќе рмба по цел ден(како мене за едвај 200 евра) ќе се демотивира. Со тие пари не се прави ништо во животот. Тоа е само гол живот. И кога ќе чујам наталитет, коса ми се крева. Имаме премногу давачки непотребни. Како на пример МТВ плаќаат луѓе и дома и во дуќан, а не ја гледаат воопшто. Тоа е чист грабеж на народот. Колку пати луѓе се пожалиле дека за некој си стар данок им стига од УЈП решение и ете ти 2 пати ќе го платат. Од Македонски шуми тие 1600 абер немаат да почнат со работа. Јас па мислев дека како по Рамковен се негде на платен список, ама не се. Тие што ги знам, а се примени и се партиски луѓе, кажуваат дека нема уште ни работа, ни пари.
     
    На lady.v и makedonkamak им се допаѓа ова.
  16. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Tанјамм ти барем гледаш и сваќаш што е со државата наша, што ни се случува....не само тука розови филозофии читам, па не е се така убаво, јас пишав од мое искуство, на моја кожа што сум осетила значи не е нешто напишано само од туку така, како некои мислења овде. Jас во септември аплицирав по тогашните барања, ме разбираш, а не после 5 месеци одговор добивам по нови правила и документација????па кај го има тоа, те молам кажими зошто јас да плаќам за сите тие документи што ги наведов, зошто да давам пари уште- за некој маката на моите родители дај ја јаде...јас немам да платам лично мои средества, треба моите да ми платат за буџетот да се полни-да земаат плата господата од администрациија кои нишај врата земај плата еее тоа е поентата на сета работа....и да моите јас знам како ме исшколувале за да јас имам соодветно образование, ама јас а има 100000 како мене седат дома како будали и чекаат мама и тато да им дадат,да одамво бутик д аработам или маркет за 8000 денари со мастер студиии завршено се со висок просек....е ова само во Mакедонија го има, никаде другде.
     
    На Andrianaaaaa, lady.v и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Оти да не и зошто е чудно? :^) Со каков капацитет на знаење е нормално да се работи во државна? :wasntme:
     
    На Hipster и makedonkamak им се допаѓа ова.
  18. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    Искрено не знам што очекувате од држава која е самостојна 22 години и која за време на транзицијата е буквално испокрадена(заклучно до 2001 или 2004 не ме факајте за збор) инкасирани се само 20% не е можно за неколку години како со магично стапче да се направи рај за живеачка...
    Премиерот се труди човекот ајде бидете фер и кажете кој има направено повеќе од него до сега? Никој
     
  19. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    Од вакви мислења како ова погоре ние ке си останеме засекогаш мизерни.
    Ете јас ке ти кажам,ама џабе јас можам сто пати да си кажам кога некој си лета на небо со 10.000 денари да рани фамилија, поарно нешто отколку ништо...
    Абе човек, мислиш дека сега не се кради?! Во мојот град засега 50% е се испокрадено од роднињето на почитуваниот наш премиер од братучедине подобро кажано, еден куп приватни фирми ги зеде сите на оние кои што им тргна добро бизнисот...
    Не сум баба Ванѓа, ама сигурна сум дека твоите родители биле избркани од работа во тој период, па затоа сега ти е се во полза, бидеќи сте задоволни со едни умрени 10.000. И за крај, кога заминувале повеќе Македонци во странство, сега или порано?! Ај ти се молам пријави ми мислење дека не можиме да се соочиме со фактот- вистината ;) :hai:
     
    На makedonkamak, Andrianaaaaa и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    Ке останеме мизерни бидејќи очекувате да имате живот ко у Швајцарија и многу се смеем ко се споредувате... Инаку транзиција е периодот кога се вршело приватизацја на се што е државно и за тие пари зборам колку би ни била подруга државава кога би се инкасирала барем прлиближна сума до вредноста. А ти оправаш за сасвим трето за прватини бизниси за одземање... ама ајде еве пак ке прашам кој друг премиер има постигнато колку него ?
    Друга ствар утна со предвидувањето... Знаеш како велат од две зла избери го помалото ама Македонче тоа е... убаво си кажа па барем соочисе со фактот-вистина иии ке заборавев да сега но од проста причина што сега има безвизен режим ако заборави што е многу нормално.