фејсбук не е некој медиум, ама еве ти + 4000 луѓе кои не се задоволни со исплатата http://www.facebook.com/group.php?gid=3 ... ref=search
Реков нема,ама срцево не ме држи а да не пишам. Работава е даваат нешто за наше добро,купуваат гласови. Не направат ништо за пензионерите,зошто не прават ништо? И да за пензиите , на дедо ми кој е од едно прилепско село,никогаш не му каснела пензијата. *А и покачена му е.
Не сакам да влевам повеќе во дискусија за мене тој е добро поставен (иако има неколку негативни страни ) , за разлика од претходните , јас му се поклонувам . Не може на сите социјално загрозени семејства да му даде стан тоа е факт. А и треба малку и ние како луѓе да се потрудиме. А не некој седнале дома и се плачат нема работа , има работа можеби е мала платата ама сепак за да се помине месецот има . Само македончето сака голема пара да земи со малку труд е тоа го нема никаде во светот. Поздрав
http://247wallst.com/2010/06/23/the-fif ... the-world/ Macedonia’s 33.8% unemployment rate is the world’s highest.
убаво вие си кажувате за груевски и компанија...Ама што да речат приватниците? Дали сте свесни колку трошкови има еден приватник,значи сопствена фирма,дали знаете месецот колку пари одат поради некои нови глупави закони на груевски???? Лесно е вие да си бистрите политики ама татко ми секој месец ко ќе дава пари за државата за глупости е не е лесно баш. Добро во ред сигурно со тие пари ви ги плајчаат стипендиите итн
Ауу,ме мрзи да читам големо е,ама видов една табела и се потсетив. -Зар мислиш дека Македонија има повеќе невработени од Бангладеш,Џибути,Боливија,Нигерија,Узбекистан...? Не би рекла.Ако беше така ќе бевме една од најсиромашните држави. -Чудно,во една книга пишува дека просечен граѓанин во МКД годишно во просек зема околу 1500 долари. Не знам баш дека сме први.
Гледаш Ферхунде вика погоре дека не влевала повеќе во дискусија и дека му се поклонува на премиерот... Знаеш ли julie, што е поентата на сето ова???? Што некои луѓе не знаат што се маркетиншки трикови, незнаат дека, не се бира начин да се перат мозоците на обичните граѓани Само тоа се прави на толку умешен начин , што повеќето граѓани за жал паѓаат на тие трикови Кога читам некои постови погоре, незнам дали да плачам или да се смеам, озбилно ти кажувам
preetygirl-J зарем сите исто размислуваме? секако дека не . има некој што не го сакаат има некој што го сакаат. како и да е јас не сум политички определена и никогаш нема да бидам но незнам што сакате од нашиов премиер повеќе има и лоши страни како и секој човек , краде и тој како и сите политичари но не секој прави многу за државата (како него). Кој и да дојде на власт нема да оди кон подобро може само кон полошо да појди. Ќе бидам офтопик но сакам да ви поставам прашање што мислите за предвремените избори ДА ИЛИ НЕ?
Јооој што се случило со темава.... Зошто сте ја тргнале во друг правец!??? Па вие тука држава водите! Оставете нека се расправаат опозицијата и позицијата за ова! а не ние! ова е форум да се дружиме! не за да расправаме кој е подобар! Притигрл, не се впуштај во вакви дискусии, остави ги овие работи настрана! Верувам во твоите факти, но терба сите да знаат дека ОВА Е ПОЛИТИКА!!! нема чесност и искрени намери во тоа!
А бе Кукличке, патиштата не се ниту интернационални, ниту на некој му беше гајле за патот ПП-Крушево, си побара градоначалникот Ристески пари, си доби, го направи. Дај те молам од каде странците врват на магистрала Прилеп Крушево, а? За тоа со роднината со книшката, ај барем за мене прашај го дали не му одговара и така, да зема плата, барем нека даде отказ на некој ќе му треба работата, се ќе направаи за да ја добие. Имам двајца роднини кои се привремено вработени, редовно земаат плата! Здравството.досега ако беше така, сега не чини оти друг е на власт...или не прочита што ти кажав за татко ми, а? И за девојката која тврди дека сопствена фирма чинела богатсво-е па чини, доста секој може да биде ДООЕЛ, или па било каква форма на претпријатие, а продава само две мастики и влошки. И за тоа дека премиерот не бил убав нити со став, во ред, и мене не ми се допаѓа физички, ама жалам, не се сите убави ко господинот Црвенковски!!! Пензијата на баба ми беше 3 600, земјоделска, наследена од дедо ми, сега баб ми зема 5 700 некаде, редовно на 4-5. И ај да ве израдувам, еве мене лично што не ми се допаѓа кај политиката на премиерот-студиите, дисперзирани, вакви такви, битно диплома да се земе. Ние сме 2 000 000, не може сите да сме екстрапаметни и учени. Ама тоа е. САмо која од вас рече дека универзитетот Св. Кирил и Методиј бил најнај, аман бе луѓе, ко само таму да се учи, ние во Прилеп, или на педагошки, технички во Битола на рака петки ни пишуваат. Аман! Не сте само вие во СК, не се секирајте, има многу и други граѓани на државава ни наша насушена кои се одликуваат со доста вредно образование, паметни, успешни се. За крај, тоа што го болдирав во постот на кукличка, е така е, ама ај де, нека се постават и другите политичари така, па нека му го земат местото. јас нема да се бунам. Одма ќе гласам за тој што ќе се постави исто и кој ќе знае да ги убеди граѓаните.
Kate21 Само мала реплика ќе дадам на твојов пост Мислиш дека имаат исто знаење, некој што завршил информатика на ПМФ или Машински факс во Скопје или некој што истото го студирал во Крива Паланка да речеме(пример само наведувам) И во Штип слушам имало да се студира биологија....Епа , ајде еве до сите дипломирани во Штип на биологија нека дојдат да го измерат своето знаење со моето(јас на ПМФ имам завршено)...Има како телиња да ме гледаат... Оваа барем тема не ја чепкајте тука, на друго место ќе дискутираме за ова...
Кате остави ги... на слеп очи не се отвараат. Таков ти е народот македонски... се нешто не му чини. Ниту јас велам дека сум ПРЕзадоволна од владава, најповеќе во образованието и не ценењето на нашиот кадар... ама кога гледам дека барем на некои полиња се покажаа во ред, зошто да критикувам...
Па Прити, јас убаво кажав, на факултетите од СВ. Климент зборувам, за новите убаво кажав дека сум скептик, не вреди секаде, не сме ние 15 милиони... Нека не се навреди некој, ова си е мое мислење, единствената работа која премиерот ја потфрли е тоа што го уназади образованието со воведување безброј нови смерови, отворање факултети кај стаса, иако е тоа можеби по малку позитвино заради оние кои немаа услови да одат во друг град. Сепак малку сме, не може која мајка изгубила син барајте го на факултет. Сепак се оди кон тоа дека секој човек, со што и да се занимава мора да има и добри и лоши последици зад него. Lolipop, јас не се ни обидувам да ги убедувам, само кажувам како јас гледам на сегашнава ситуација и на „предизвиците“ што ги има премерот и владата. Далеку од тоа дека сум јас презадоволна, ама тоа што ми се пружа сега, мене и на моите, не било до пред 2006тата...
Па не ни треба да се обидувате да отварате очи на некого како што велиш,зашто ако веќе зборуваме за отварање очи народот е заслепен до немајкаде.А нели секој кажува свое мислење така да некој фали,а некој критикува. А Кате што се однесува до Универзитето во Битола,заборавив да го спомнам.Не мислев на него кога споменав квалитет на образование,мислев на новоотворените
Не може во целост владата да се обвинува за хаосот во ново отворените факултети. Да, таа ги отворила, ама јас ако сум строг и изграден професор, нема да дозволам туку така некој да поминува и да му ставам 10ки на лепи очи. Значи сепак поголемиот удел го имаат професорите. Elygj не си кажала повеќе факти од мене, ти си го кажа твоето гледиште во врска со премиерот, како нема фаца, не знаел да води економска политика... тоа душо не се факти...