Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Discussion in 'Политика и настани' started by OzzyAngel, Jun 11, 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 vote(s)
    42.4%
  2. Негативно

    636 vote(s)
    57.6%
  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2014
    Messages:
    2,210
    Likes Received:
    4,419
    Gender:
    Female
    ама ајде еве пак ке прашам кој друг премиер има постигнато колку него ?
    Никој. Апсолутно никој до сега ме нема толку испокрадено, плус 10 илјади евра во изминативе 4-5 години, знаеш колку се тие пари? Претпоставувам дека не :wasntme:
     
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Joined:
    Apr 16, 2011
    Messages:
    2,013
    Likes Received:
    856
    Мене баш ме интересира како премиерот ти ги украде тие пари, м?
    Се согласувам со misel23, не можеш да споредуваш колку порано се иселувале и колку сега се иселуваат. Порано немавме безвизен режим, немавме work and travel на пример. И овде многу ја гледаат шансата за заминување. Дури и да имало, сигурно не било толку застапено како денес.

    И зошто велиш
    Мислиш дека само тоа што го велиш ти е вистина? Другите не знаат, или нафта пијат :geek: ?
     
  3. Youknow

    Youknow Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2014
    Messages:
    2,210
    Likes Received:
    4,419
    Gender:
    Female
    Ете бе сонце хахаха, ке ти кажам сто пати кажав па ајде и сега за тебе специјално.
    Значи во мојот град приватниците(а воедно и јас) во изминатите 4-5 години бевме искрадени! И-с-к-р-а-д-е-н-и! Во сума од околку 10тина илјади евра плус. Значи ние имаме долг кон државата па можда 80% од заработката, што значи тие 10тина илјади евра плус, го јадиме од инспекции, ете ке ти кажам пример ти ако сакаш вервај ако не,не ни мораш гледам дека до сутра дан да ти се збора нема да сфатиш;
    На пријател на таткоми кој држи кафич,ресторан и слаткарница во центарот на градот, му пуштија инспекција затоа што кај нас во нашата мизерна државичка кои се жедни за пари(најмногу они што ги имаат отповеќе) пуштаат инспекции за денес да речеме да се пишат 10 казни. И тие ни угоре ни удолу, во тој кафичот им пуштиле малолетни деца и им рекле да му дадат пиво мислам, и овие демек не можеме заради инспекција. И во ред, овие си заминале децава а инспекциите ги чекале надвор, и знаеш што направија? Им дадоа пари да си купат алкохол и потоа да одат во истиот кафич да пијат сок. И инспекцијата тап, си влезе внатре им бара лични карти овие немаат и плус малолетни, ај дувајте дување покажа тоа дека имаат пијано фактички како во кафиќот да имаат пијано, и ете ти ги 3.500 евра плус еден месец затворен дуќан, ај сега татко ти нека му ги подмири :D
    Многу се комплицирани овие работи, не сакам да влегвам во детаљи за деца кои и покрај фактот дека имаат завршено факултет незнат 2+2 колку е.
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,391
    Likes Received:
    17,613
    Gender:
    Female
    Немам ништо против никого ама кога сакате да се служите со факти, служете се со ф-а-к-т-и, а не со рекла-казала муабети.
    На пријателот на татко ми, кој патем има кафе бар, му пуштиле демек инспекција па му подметнале малолетни пијани деца, па го казниле со 3.500 евра, аххх деца деца, значи сервирате маалски муабети.
    И јас можам да кажам дека премиерот отишол на пријателката на баба ми па од внука и тазе пружените алишта и ги бутнал од жица, зашто внукава не сакала да се фати со синот од братучедот на премиерот. И кој ќе ми поверува? Никој, така и муабетот со наводниот кафе бар, наводните не продажби на алкохол, наводните малолетници кои не пиеле ама овие од власта им купиле по едно пиво па ги бутнале назад во кафе барот :rofl: А да си бидеме искрени, знаеме и кафичиве колку бараат лични карти кога продаваат алкохол, затоа секоја вечер се влечат пијани малолетници по улиците. Затоа, не дека не ти е уверлива прикаската туку и многу невозможна.
    А ти за твоите 20 илјади евра за 4 години што си ги дала данок за државата, кај се за што се, во врска со што се. Јас толку пари не сум видела за овие 4 години а вие ги фрлате како данок? Немој ти се молам :o
    И јас не сум задоволна од некои работи, најпрво од тоа што сеуште не сум вработена, секако благодарение на илјадниците работни места кои ги распишува власта а јас не се најдов никаде. Но, да пишувам се и сешто, притоа и самата знаејќи колку е тоа бесмислено и неиздржано, но само за да плукам по власт бидејќи овие или оние политички обоени повеќе ми се допаѓаат е крајно смешно и неиздржано.
    Факт е дека постојат многу напредоци во државава откако дојдоа актуелниве што се на власт, значи тоа се факти кои постојат, како што постои приватизацијата како факт од едно време кое донесе само негативности кои и ден денес ги трпиме.
    Тоа што на мене, Петко, Станко, се нешто не ни одговара, па даноци сме имале, па не сме вработени, па оној вака овој вака е друга работа.
     
    corto.maltese, Nati.P and Daydream like this.
  5. Youknow

    Youknow Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2014
    Messages:
    2,210
    Likes Received:
    4,419
    Gender:
    Female
    Abeja мене не можиш да ми кажиш дека немаш ништо против никој, те гледам дека ептен сакаш да се докажуваш на анонимен форум, нема сврха мислам :geek:
    Маалски муабети?! Во градот искрено немам намера да се фалам, ама сите не знааат мене и моето семејство и важиме за едни од повлијателните луѓе, иако јас не се сложувам ние сме обични луѓе само поразлична ни е работата. А ова не е рекла казала муце, мал е мојот град не седам јас во Скопје.
    И ако сака татко ми ја дознава секоја информација до детаљ, а пошто порано беа ортаци со газдата на локалот што му дојде инспекција не можи да се маалски муабети, исто и кај мене кога последен пат дојде инспекција 5.000 евра не пишаа и баш пред моите очи,па како можи да се малски муабети срц? Можи маалски муабети,ама за тебе :)
    П.С Лихвари сме. И имаме уште еден приватен бизнис ама нема да откријам со што се занимаваме. Ако ти треба дополнителна инфомација за да ти кажам колку пари се 20.000 евра слободно пиши ;)
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,391
    Likes Received:
    17,613
    Gender:
    Female
    " Шта речи" :emo:
    Муце, цуце, тоа со пријателките така прави си муабет, или од слушање на дотичниов ти останало во навика ;)
    Ај цуце ај муце
    http://www.youtube.com/watch?v=3HEK8RT-X9M

    Абе штом сте толку влијателни луѓе и татко ти може секоја информација да ја дознае, бидејќи нели сте лихвари и опасни приватници, можеби сте и лустрирани :lol:
    Ви дошла инспекција 5 илјади евра оп казна :rofl: , на пријателот 3, 500 евра казна, што бизниси ќе вртите со толкави казни. Тоа е голем оптек на девизни средства, сигурно имате голем капитал од претходната власт па сега ве пече кога ви се зема неправедно стекнатото. Ова онака само, нагодување.
    Да не сте можеби Сопранови? :rofl: (ги обожавам)

    Многу ти се хаос мислењата, мора да почнеш да ги средуваш за да имаат смисла и пази какви тајни издаваш на форум во врска со вашиот не/чесен приватен бизнис, од кај знаеш кој се чита, да не ти дојде пак инспекција на врата ама сега на 10 илјади евра :rofl:
     
    misel23 likes this.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Joined:
    May 31, 2013
    Messages:
    1,682
    Likes Received:
    6,472
    Gender:
    Female
    Youknow ај жити се исклучи се од форумов и оди води си ги бизнисите. Смачено ми е да ти кажам од такви како тебе, се испофали овде дека сте највлијателни луѓе, имаш приватен бизнис, САМО за казни даваш по 5 000 евра, а колку заработуваш тоа е друга приказна и ќе ми се жалиш овде и ќе плукаш само. Па што сакате јас не знам, колку сакаш да заработиш? Колку казна сакаш да платиш? Јас разбирам дека казните се големи, се согласувам ама ти барем работиш нешто, така? Имаш приходи и како што гледам и како што прочитав па и не се жалиш нешто многу на заработувачката туку само на казните, значи солидно живееш и што уште сакаш? Не ве сфаќам навистина, само да се збори и да се жалите значи. Па добро, ако ти се големи казните, остај бизнисите, и земи работи земјоделие, не знам во кој град живееш ама во секој град има некоја култура што е најмногу застапена. Земи оди на нива работи па нема да плаќаш казни. Ми се повраќа од вакви како тебе, најискрено ти кажувам. Да дојде некој што сади тутун да се жали во ред, ја знам таа мака, да дојде некој што нема леб да јаде да се жали пак во ред, ама ти со триста бизниси овде што изнаброја и што се испофали да се жалиш е срамота.
     
  8. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2013
    Messages:
    475
    Likes Received:
    1,030
    Gender:
    Male
    Многу напнуваш со ова. Сериозно.

    ;)
     

    Attached Files:

  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Joined:
    Apr 16, 2011
    Messages:
    2,013
    Likes Received:
    856
    Абе јас не прашав за пријателот на татко ти, јас тебе те прашав оти гледам дека во секој пост пишуваш како премиерот те крадел. Си помислив дома ти дошол од под перница ти ги зел :D Не мора да откриваш имиња, адреси, фирми и да кажуваш примери. Јас за тебе прашав, ама твое право е дали ќе ми одговориш. Сепак, ова е јавен форум.
    А тие приказни дека купиле алкохол, па дека седнале во кафич на сок, па дувале, па не знам што... не ти држат вода. Обично на сметките си пишува броој на маса, барем таму кај што одам јас. Може многу лесно да се види што е продадено, и на нив и на тие пред нив. Секако, доколку воопшто издаваат сметки :D
     
  10. Youknow

    Youknow Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2014
    Messages:
    2,210
    Likes Received:
    4,419
    Gender:
    Female
    Во нашата држава се си е можно.Се извинувам што се изреволтирав :D
     
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Joined:
    Apr 16, 2011
    Messages:
    2,013
    Likes Received:
    856
    Значи одговорот на сите прашања бил тој, дека во нашата држава се е можно :D :D не сум знаела. А ние тука дискутираме кои биле проблемите и како да се решат :D :$
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,140
    Не се карајте за џабе. Да, се прави нешто, ама тоа не е доволно. Во времето кога на политичката сцена противници беа Бранко и Љупчо јас не гледав реклами од типот “На овие не може да им се верува...“. Погледнете странска репортажа тазе за нашата земја и ќе се разочарате. Гледав скоро од Б92 и баш потенцираа дека 30% се сиромашни, дека сме нестабилна држава со меѓуетнички конфликти и дека спомениците се на кредит. Исто и на ХТВ гледав како не искритикува и на една босанска тв. Далеку од сјајни сме. Не е само да се тешиме дека има бетер од нас. Нас и нацијата ни се разнебитува со тоа што многу ќе заминат по светот и нема да се вратат. Македонци се женат со Албанки и етнички ја губиме земјата, макар да нема немири, за 10-20 год ќе имаме многу мелези. Чистата македонска нација мислам дека со години се доведува во прашање, а и опстанокот на државата.
     
  13. Youknow

    Youknow Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2014
    Messages:
    2,210
    Likes Received:
    4,419
    Gender:
    Female
    Одговорот е дека за џабе отварате вакви теми кога нема дебата туку само расправија со кој што не се постигнува ништо. А, твојот одговор е дека си кефој со 10.000 ден? :D
     
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Joined:
    May 31, 2013
    Messages:
    1,682
    Likes Received:
    6,472
    Gender:
    Female
    Youknow а ти знаеш да дискутираш со тоа што другите ги омаловажуваш за тоа колку заработуваат?

    И тоа си го кажуваш онака исмејувачки на јавен форум каде што сигурно некој од членовите овде работат за тие пари или пак ако не тие лично можеби нивните родители работат, можеби против своја волја но сигурно издржуваат семејства со тие пари и им се едиснтевни приходи. Немам зборови со кои би ја искажала твојата ситна душа. Ако малку имаше култура и совест во тебе требаше да се засрамиш за твоите зборови.
     
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2012
    Messages:
    1,431
    Likes Received:
    3,485
  16. misel23

    misel23 Активен член

    Joined:
    Nov 3, 2013
    Messages:
    55
    Likes Received:
    10
    Youknow не си го троши времето фалејќи се по форуми чим така оди терај си бизниси колку илјади евра изгуби расправајќи се тука :?: иии пази тоа се околу 165 евра ке ти се најда за да поткупиш некој инспектор... Али знаеш како рекле парите се убава работа но не можат да те гушнат кога си осамен а ти со твоево понашање( и надвор од форумов сигурна сум дека си поголема лигајца) тераш накај тоа...
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,391
    Likes Received:
    17,613
    Gender:
    Female
    До кога ќе им верувате на тие "странски" телевизии, баш па тие имаат за кого и за што да зборуваат. Не можат да си го средат нивниот хаос па нашле другите да ги оправаат. Демек Босна и Србија се ептен стабилни и без меѓуетнички конфликти. :D Зар не гледате дека тоа е пропаганда која баш има цел за наша дестабилизација. Кога ќе сфатите дека ни кај нив не тече мед и млеко, ако не е така нема луѓе јавно преку весник да се откажуваат од дипломата со која не можат да најдат работа (тазе случај од Ниш). Комшиите секогаш ќе најдат што да зборуваат, а забораваат на нивната черга.
    Не знам кој ви ја шири таа пропаганда дека македонци се женеле со албанки, кај се тие случаи или тоа е финта која се користи во намерата да се заплаши народот дека му доаѓа етничко чистење. Јас до сега не сум сретнала ниеден македонец да се жени со албанка муслиманка. Можеби има такви работи, не викам не, ама тоа се многу ретки случаи. А и не се за во оваа тема, не ги жени премиерот па да се најде муабетот тука.
    А и тоа етничко мешање како што го викаш нема да биде случај само тука па со тоа да се жалите како власта "ве мелези", тоа е случај насекаде низ светот, кога постои ваква преселба на народи, мешање националности, вери нормално е да се очекува мешање на народот. Такви се сите поголеми земји, да ги земеме за пример САД па и многу европски земји, Франција, Германија итн... Нормално дека не можеме да се мериме со нив, затоа и таквите случаи тука се реткост.
    А тоа дека спомениците ни биле на кредит, абе пуста љубомора, пу завидлк :D

    Кога се зборува за политика не можеш само да кажеш еј овие зборат така за нас, еј јас вака слушнав, ах тие грујо и компанија не изедоа, даноци ни воведоа, рекетот упс. пардон приватниот бизнис ни го упропастија, на оној инспекција му пуштија. Подобро ќе биде да не му пуштат инспекција, да го остават да продава алкохол на малолетници, покрај алкохол којзнае што друго се "дила"?
    Значи теми има доволно, материјал за дебати има, ама муабетот од типот-баба ми и баба му на исто сонце гаќите ги сушеа, не е за политика. Сакам да кажам дека сите муабети за кои овде зборувате а се состојат во тоа дека на некој таму ова му направиле, на оној казна од 5000 евра му дале, па етничко чистење беа никакви релевантни статистички податоци, па бизнисот ни го сотреја, тоа ми изгледаат како пуштени зборови од опозиција во краен немоќ да се постигне нешто на попаметен начин.
    Ниту јас не сум задоволна од власта бидејќи сум невработена (татко ми не крадел во времето на бранко и немаме приватен бизнис иако често знам да му го речам тоа-е така ти е тато кога не си крадел кога сите краделе па сега имаат приватни бизниси, станови, имоти па живеат од кирија и си ги прчат по кафичите-добро не му го кажувам баш со последните зборови :lol: ), ама кога зборуваш за политика некогаш и денес и кога зборуваш за превземање мерки, суштински промени, треба да бидеш и рален. Политиката не е твојот рекетарски бизнис, или зголемените даноци за твојот неброен движен и недвижен имот, туку истата е во преземање на мерки за подобрување на ситуацијата. Тоа се последици од кои се гледа дека нешто се работи, за разлика од порано.
    А кога ќе прочитам овде некој безврска муабет, леле ни го казни биснисот, епа тоа ти е македонче, епа глупави сте, епа партиски обоени сте, ми лични како на женичката од еден клип-бранко сите ги остави на улица, бранко битанга...не дека тоа не е далеку од вистината, но со малку повеќе интелигенција би можела да му објасни на народот на кој начин е направено сето тоа, а "бранко битанга"не ни кажува многу за политиката, освен само за карактерот ;)
     
  18. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Joined:
    Mar 9, 2011
    Messages:
    188
    Likes Received:
    132
    Забегавме малку од темат за премиерот, но ок, се во државава (треба да)се врти околу него... или околу братучедот ;)

    Абеја, во однос на странските телевизии, факт е дека секој си тера на своја страна, мене тоа не ме загрижува. Проблем ми е тоа што не можам да им верувам на нашите телевизии. Среќа што постојат интернет порталите.. па ајде и Телма, за ако не повеќе, барем да се чуе другата страна на приказната.

    Дека некој ги сотрел бизнисите на начин на кој беше опишано погоре и јас сум скептик, но дека правдата е селективна и тоа како е видливо. Па оттука, факт е дека во едни кафулиња може да пијат малолетници без проблем, да се пуши внатре, па дури и на пријава никој да не мрдне со мал прст, додека во други влегува инспекција во истиот момент кога во оние првите кафулиња малку ќе падне прометот.

    Проблемот е и во тоа што се краде на големо и за тоа никој не одговора, ама затоа пак го „јадат“ само ситните риби колку да се покаже дека се работи работи 24/7, како и оние што се политички неподобни.

    Зарем не Ви е чудно што државата е најголем работодавец и инвеститор, додека во исто време се промовира пазарно општество? Зарем не Ви е смешно тоа што во Аеродром на пример се градат макети од цркви на секој чекор, а сега слушам ќе никнел и незнам-колку-метарски крст, а сите поголеми инвестиции веќе им се дадоа на муслимани? Мене лично второто не ми пречи, ама ми е смешна апсурдноста на ситуацијата и удирањето во гради со некаков квази-патриотизам.

    И да , јас нема да се задоволам со 10 илјади денари плата и да велам - „ќути добро е“ или пак да седам дома за да го спасувам наталитетот на државата која очигледно лицемерно се однесува кон граѓаните.

    Ах, да врв на приказнава ми беше последната мерка за задолжително познавање англиски јазик за вработените во администрација и таксистите. Па не така мал дел од нив не го познаваат ниту македонскиот јазик! Да не споменувам пак како звучи англискиот на нашиот Премиер.
     
    Youknow likes this.
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Joined:
    Apr 16, 2011
    Messages:
    2,013
    Likes Received:
    856
    Ако мислиш дека нема што да дискутираш не пишувај :)
    И зошто да не сум кефој со 10 000 денари? Секој мора да почне од долу па да оди нагоре, нели? Како прво и основно, немам кој знае колкаво искуство за да можам да си го дигам носот во облаци, како демек нема шанси јас да работам за 10 илјадарки. Како второ, се уште немам семејство за издржување. Кога ќе го имам можеби и ќе го сменам мислењето, ама со сигурност и времињата до тогаш ќе се сменат.
    Како што кажа и Abeja, што да правам кога татко ми не бил партиски обоен и не крадел :D

    Неее, 30 000 па и повеќе, онака нема шанси, ќе си седам јас дома во фотеља :?: :D
     
    Elissa likes this.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,140
    СЕ фативте за 10.000 сите. Факт е дека се малку. И не само почетници, еве јас со 5 год искуство земам толку. Кога ќе ми се покачи мене плата овдека во помал град? Ќе остарам чекајќи. Кај да одам, никаде не е сигурно и засега подобра опција немам?Тоа само во бајки и реклами има секогаш мопжност за подобро. И ќе кажете упорност. Да евбе упорност работам за 2 луѓе, и пак земам 10.000. Да имам сеемјство во депресија ќе паднам. Овдека трудот не се вреднува.
     
    bubamara12345 and makedonkamak like this.