Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Грујо е пресуетно човече и не може да замисли дека народот не му верува или не му изгласува доверба, затоа 3 пати сакаше да ја преиспита одлуката на народот во општина Центар, правам мала ретроспектива на она што беше лани. :D Некако настанува поларизација во моето мислење према нашето боксерче. :D Генерално и натаму позитивно мислам за него, ама се чини дека луѓето околу него се многу аздисани и збеснати после 8 години власт и време е да добијат жолт, ако не и црвен картон од народот. Се доаѓа преку к*р, па така и нечие владеење. :) Си местат тендери, купуваат медиуми, рекламираат дека тече мед и млеко и тече точно е тоа за тие што се најблиску до власта, Македонија е огромна контрадикторност + сјај и беда сиве овие години.

    Ќускијата (министерот) по здравство колку беше смешен правејќи се мутав и од Марс паднат дека не знаел кому дава тендер, тоа е просто комично, го изеде и издаде body language-от кога како мало дете беше седнат на столче да се правда за бељата што ја направил. :rofl: И покрај сето тоа остана жив и во министерска фотеља, а народот како стадо од овци мирно ги проследи сите овие случувања. Очигледно никој не се замара како се трошат народни пари, затоа секој сака да се приграби до власта. Да не се загрижуваат феминките дека сум сменил страна апсолутно не е така, и СДСМ се исти ѓубриња ги интересира само да дојдат на власт и да ги заблажат рацете од народниот мед. Затоа не очекувајте ниедна партија да ви ги реши работните проблеми засукајте ракави, менувајте професија ако сте згрешиле, правете што ќе правете само добри пари направете. :D

    Да се навратам на феноменот грујовитис, тежок политикант и рекламатор е. 2-3 дена после случајот со Ивона тендерашица ги решава проблемите на стечајците и вработените во АРМ. После тоа донесува закон за некоја си илузорна минимална плата која во тек на 2-3 год. ќе достигне 10 000 ден. Со реклами, пропаганди и сл. сака да не убеди дека добро живееме наместо да направи стварно добро да живееме, ете таа е таа формула која после 8 години е конечно разбиена, разоткриена, демистифицирана и демаскирана, само слеп и тендераш не може да ја види. :D Пензионерите се најтинтрана категорија на луѓе нормално заради гласовите само, додека студентите не постојат во речникот на оваа влада од причина што знаат и свесни се дека сме многу јаки и никој не може да не манипулира. Не се така лесно пере млад мозок со популистички мерки.

    Нема што друго да се каже, т.е. има но избори ќе си дојдат и ќе видиме каква е волјата на народот. Моја хипотеза е ако ВМРО победи ова ќе им биде последен циклус да владеат и има шанси да победат со минимална разлика ама сепак да формираат влада или ќе победат со убедливо голема разлика (помали шанси за ова сценарио), ама како и да е последниот џокер т.е. градење на патишта и инфраструктура ќе го искористат оваа година и готово нема повеќе што. :D

    Ете тоа беше бесплатната политичка експертска анализа by PussyHunter, за повеќе инфо кои бројчиња ќе се паднат на лото слободно контактирајте ме. :rofl:
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.757
    Допаѓања:
    141.717
    Нема АКО ВМРО ПОБЕДИ. Секако ке победи ВМРО на следните избори, од едноставна причина- со ваква опозиција, секој ке победи. Опозицијата како коректив на власта, кај нас не постои. Од некој без идеи и некој кој работи и грешки, го бираш оној кој работи, отколку оној кој е безгласна буква и во сопствената партија.
    СДСМ повеќе не се опција, туку гребатори за последната капка. И те молам, немој тендери на Груевски да спомнуваш и да ме влечеш за јазик за тендерите до пред да дојде ВМРО на власт. Оти закон НЕМАШЕ за тендери. И да, за татко му, чичко му, стрина му и слични Заеви. Не ви одговара ич оваа ситуација, подобро премолчете си ја.
     
    На Elissa и manja666 им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Морам да се сложам со претходното мислење.
    Не ни е толку јака владата и Груевски воопшто не е толку добар лидер колку што ни е очајна опозицијата. Затоа веќе со години Грујо си дава за право со некои постапки да ги губи гласовите од народот затоа што ако веќе немаме избор и мораме да се одлучиме, барем јас лично го бирам помалото зло. Одамна не ми се пишува во темите за политика, ама навистина оваа опозиција ништо ново не нуди, ниедно ново лице ниту пак некоја изборна програма која што би била примамлива. И згора на се после омразениот Б.Ц го стваат Заев на чело на партијата заедно со Шекеринска. Добро, кога ќе сфатат овие дека ни е преку глава и од неа и од тоа полтрончето? Да понудеа некои нови лица, нова програма, нешто ново да имаше, тие со децении наназад се едно исто си дробат и очекуваат некој дека ќе ги гласа. Бедни ми се...
    Се додека не се појави некоја солидна опозиција, се дотогаш Грујо ќе диктира правила и ќе мести тендери. Впрочем и му се може кога нема некој поасален да се појави и да го замени.
     
    На PussyHunter и sagittarius57 им се допаѓа ова.
  4. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    А ЗА ТЕНДЕРИТЕ И СИТЕ ПРИВАТИЗИРАЊА ВО 2012-2013 ОД СТРАНА на Камчев и Мијалков ?! Ко ке ми одговориш на ова,тогаш ке имаш право да доминираш демек се знајш,а ти пустото молиш по штабови за 10.000 денари ;)
     
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    А ти ќе ни одговориш за тендерите пред Груевски да дојде на власт? Од твоите постови заклучувам дека ти одиш и молиш по штабови за 10 000. Или пак, те праќаат по форуми да шириш религии :?: Што знам :D
    Кога не можеш со факти, преминуваш на навреди ;)
     
  6. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    Јас не сум ВМРО се изјаснав срцка, по кои штабови јас молам? Ах бе мизерија :D mwa
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.757
    Допаѓања:
    141.717
    Не си срцка ти ВМРО, не можеш ни да бидеш. Уствари можеш, само овој месец во една општина во Скопје имаше 59 бивши комуњари, кои станаа членови на ВМРО.

    Инаку, ако знаеш толку за тендерите у време на сдс, ај те молам кажи ми, до 1998 дали имаше или немаше никаков закон за тендери?
    Да ти помгнам
    а) Немаше,
    6)Немаше ниту помислено на него
    В) Помислија, ама им беше страв да го донесат.
    Душичке, прв закон за тендери се донесе кога Груевски беше министер, а претходно се купуваше само од блиски пријатели. Немаше никаков закон, уредба, правилник.

    А за мене не се грижи, јас не се срамам од тоа која сум, ниту за висината на мојата плата. ТИ се срамиш да кажеш дека си еддеес :) И мене би ми било на твое место.
     
    На Nati.P и misel23 им се допаѓа ова.
  8. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    Kој бе не може? Ех колку понуди сум имала за да гласам за нив, ама неќе бре селска партија ми е некако. И солиш памет без веза... не можеш да знаеш како ми е и нема никогаш да знаеш различни типови сме:D И пак ке речам јас,многу Сител телевизија гледање,не
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    А ова комуњари повеќе кажува за твојот ментален склоп, отколку за луѓето кои имаат различно политичко убедување од твоето. :rofl:
    И што е најсмешно, тоа комуњари треба да е демек навредливо, а пола ВМРО-овци сегашни се од семејства кои и тоа како добро го искористиле минатиот систем. Баш и затоа толку скокаат, работава лоповот вика „Држ'те го лоповот“. А бе смешки...
    И не, комуњари во ОВАА Македонија и со ОВОЈ систем не само што не е навредливо, туку и делува како комплимент.
    Кој разбира-ќе сфати, така велат паметните. :D
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.757
    Допаѓања:
    141.717
    Каков е мојот ментален склоп, кога разговорно, комунистите се нарекувани комуњари, а сдс е партија наследник на КПЈ?
    И јас не навредувам, именувам. Никој не треба да се навреди од тој збор.

    Истовремено сакам да потсетам на една европски документ, од пред неколку години кој го осуди комунизмот...
     
  11. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    А ова комуњари повеќе кажува за твојот ментален склоп, отколку за луѓето кои имаат различно политичко убедување од твоето. :rofl:
    И што е најсмешно, тоа комуњари треба да е демек навредливо, а пола ВМРО-овци сегашни се од семејства кои и тоа како добро го искористиле минатиот систем. Баш и затоа толку скокаат, работава лоповот вика „Држ'те го лоповот“. А бе смешки...
    И не, комуњари во ОВАА Македонија и со ОВОЈ систем не само што не е навредливо, туку и делува како комплимент.
    Кој разбира-ќе сфати, така велат паметните. :D[/quote]




    Сфативме комуњар си и не се вреѓаш комплимент е за тебе ;)
     
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Не се лути само давав мое реално видување на ситуацијата. :lol: :*

    Не е толку Груевски светец колку што се прави, ама од друга страна имаме утепана од бога опозиција и затоа ВМРО константно си добива на избори. Не дека народот е презадоволен од оваа власт, ама друга опција реално нема и затоа се одлучува да го избере помалото зло. Како и да е, сметам ќе има турбуленции и ВМРО ќе почне да паѓа од избори во избори. :P

    Само сум реален пошто не застапувам ниедна опција. Допрва ќе се одмотува клопчето и ќе се види кој колку милиони свиткал под вмровска капа за “добро на народот“. :) За Заев знаеме дека е класична барама и бесрамно дели тендери на своите најблиски, додека ВМРО тоа го прави многу подмолно и скришно, затоа секое нивно откривање е шокантно и губат репутација кај народот.
     
    На Barbica и Azriel1 им се допаѓа ова.
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Смешки сте во темава, сфатете веќе еднаш дека темава е за политика а не за лични препукувања!
    Иначе, озбилни сте со ова дека владата ќе почне да паѓа и ќе се намалат гласовите на владеачката коалиција?
    Таман кога почна нешто такво, кога им се намалија гласовите на последните парламентарни избори и за разлика од предходните избори СДСМ доби значително повеќе пратенички места се случи 24 декември, во кој опозицијата со своите постапки направи да ги изгуби и оние гласачи кои што беа во нивна полза. Навистина тогаш премногу се избламираа и ја изгубија и онаа малку почит од народот што им беше останата А сето ова се докажа на локалните избори, изгубија не убедливо, не катастрофално, изгубија засрамувачки многу. Доказ за тоа е баш мојот град Куманово каде што првпат досега успеа убедливо да победи кандидат на ВМРО по што сегашниот градоначалник експресно направи дил со албанците и пак си остана на власт а ние овде буквално мизеруваме.
    Секој еден Кумановец овде може тoа да ви го потврди, не мрднавме од мртва точка, не направија ништо, градот е заостанат со години а за инвестиции и отварање фирми немаат ни абер. Да не зборам за тоа дека сите асални фирми под раководството на СДСМ беа експресно затворени и народот остана на улица па многу од нив беа приморани спасот да го бараат во Авганистан и на блискиот Исток.

    Епа ете затоа не ја сакам опозицијата. И баш затоа мојот глас никогаш нема да отиде на нивно конто. Не ме интересира за другите како се покажале и дали Заев ја изградил Струмица, си гледам за мојот град кој што одамна пропаѓа а овие не сакаат ни да мрднат со мал прст. И како да бидам задоволна и да ги фалам? Врз основа на што!?
    Ни едните ни другите не се добри, ама пак ќе повторам, од две зла го бирам помалото.
     
    На makedonkamak и Cka им се допаѓа ова.
  14. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Смири се Мањичке никој со никого не се препукува тука сме да споделиме мислења и нормално е да има различни мислења. :) Нема така лесно ВМРО да си замине од власт се додека имаме ваква опозиција не се секирај. Повеќе сум за моменталната власт да остане отколку СДСМ да се врати пошто знаеме какви будалетини се веќе ја продадоа државата за власт сега што чувствуваме се само последиците од тоа и баш заради тоа си дремат во опозиција 8 години и уште толку можеби ќе скапуваат. Кој работи тој и греши така што критиките се добредојдени. Моите критики према Грујо се со цел да стане подобар и појак. :D Не му е лесно и на него има притисоци од сите страни, сега го притискаат да подржи консензуален кандидат за претседателските избори па ќе видиме што ќе биде. Море више да се поништи тој рамковен договор и законот за територијална поделба, да се истреби племето и конечно Македонија да ја биде како држава, па после не е битно дали ВМРО или СДСМ ќе е на власт битно нема никој да не уценува и ќе бидеме силна држава.
     
    На Azriel1 и manja666 им се допаѓа ова.
  15. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Имам испит за спремање, и се чувстувам доволно компетентна да коментирам на темава иако не работам, така да ќе ве позамарам малце. :D

    Факт е дека кога ВМРО дојдоа на власт државата не е дека баш ни цутеше. Е тоаш ако не цутеше сеа венее. Зошо? Затоа што земам пример од мојот град, во една година во можам да кажам една од најпрометните улици се затворија половина дуќани. Не му се дава можност да приватњакот да оствари профит, значи секој месец има нови давачки,нови закони,инспекција врие. Епа нека врие насекаде, нека врие и на Пластичарска,нека врие и кај големците, а не се запнале на фирми со смешни приходи и ќе полнат буџет. Казните се исти и за мали и за средни претпријатија што не ми е воопшто јасно,пошо кога ќе решат да те затворат те затвораат и за најмала ситница. Самата знам колку пати се тресела мајка ми кога ќе кажат дека има инспекција, бидејќи едвај вади пристоен приход од дуќанот што го имаме покрај сите давачки, па уште и казна од 1000 евра да и лупнат. Цел годишен приход не и изнесува толку. Башка и луѓето немаат пари, посебно во внатрешноста, значи мртво е не знам како не разбираат некои.
    Се дадоа пари за фамозното Скопје 2014 кое морам да признам е величенствен проект, ама во многу погрешно време. Демек се цвета во државава немаме на што да ги потрошиме парите па ајде ќе градиме. Колку луѓе погинаа само последнава година по патиштата? Во какви услови се студентските домови? Факултетот мој нема зграда? Па во градовите во внатрешноста нема едно кино бре, да излезат луѓето да се релаксираат.
    Медиумска слобода јок, не знам како не се најде некој на Латас да му каже дека вести не е исто со ток шоу, како навијан е упм седнувам да гледам вести на денот после 1 минута се исклучувам пошо
    гомна му течат од уста
    . Латас ако читаш прекини те молам! На Заев не може да му се верува ние сме најдобри бла бла се тоа финансирано со наши пари а државата тоне.
    Чисто за споредба, пред 2001 со семејството одевме по 2 пати во годината на летен одмор, + годишно излети до соседни земји. Последниве 5 години не сме биле на летен одмор, мајка ми и татко ми едвај сврзуваат крај со крај, јас работам на лето и со тоа парцијално си ги финансирам студиите.
    И да се смени власта не верувам дека работите ќе тргнат подобро ( мада полошо од ова не можам ни да замислам, т.е може пошо на добар пат сме да станеме диктатура со фирерот ).
    Пу ако ми направат тракинг сега со IP адреса наебав се изнајадов л*јна. :D
     
    На bubamara12345, Hipster, Li0ness и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.757
    Допаѓања:
    141.717
    Медиумска слобода јок???
    Саше политико, човек на Шекеринска, има свој портал и јаде трици на дневна основа за Диктатура.
    Нова портал на сдс, поранешни А1, јадат трици за се што ке им текне.
    Линбертас, исто така. Во Вест секој ден има став на уредникот, кој е секогаш анти владин. Телма уста не затвараат против владата.
    Плус инфо, Фокус, Слободен Печат, сите финансирани од Сорос, а1он, бриф, се е тоа опозициски портали. Не може некој да рече дека нема слобода кога овие јадат се што сакаат, против сите владини проекти.
    Диктатура, не може да се каже дека постои каде што има избори каде убедиливо победува една партија, со години по ред. Тоа што народот нема друга опција, бидејќи нема друга партија која е способна да поведи на избори и да работи, не покажува дека е диктатура на власта, туку дека нема сериозна опозиција.
    Во демократијата секој глас е ист, па исто се брои. Од тука, мнозинството си гласа, и никој не може да кажа дека е диктатура.
    Инаку, студентските домови беа крш и јас кога бев студент, ама тогаш за една година студирање, беше 2000 евра на медицина, сега е 400, постдипломските ми беа 4000 евра, сеа се 1500, стпнедијата ми беше 3000 денари, сега е многу поголема(не берете гајле и јас на времето ја чекав 6 месеци, наеднаш да ја исплатат).
    Оние паноата со На Заев не може да му се верува, не го плаќа владата, имаш слободен пристап до информации, можат да ти дадат податоци за да видиш кој уплатил за нив. Затоа, пресумпции за нешто, никогаш не биле доволен доказ.
    И не бери гајле со ИП адресата, денес тоа не се случува, ама кога јас сакав да влезам у студентски дом, есдеето дома ни прати луѓе кои му кажаа на татко ми дека ако сака да живеам во дом, треба цела фамилија да гласаме за нив. Не знам од каде излегоа информациите, ама дома тројца ко попови ни дојдоа и нормално, ги избркавме. Во дом влегов со поткуп на директорот, кој беше познат по тоа што место даваше за едно виски и да му платиш сметка во кафана. Ме кошташе тогашни 4700 денари плус 1000 за виски. Имав дом, и јас и уште куп други кои поткупивме, оти со сите бодови максимум, условот за поткуп беше задолжителен. Денес, директорот на домот, член на едсдеето, е сеуште партиски функционер таму. Сите пропативме од нив, и затоа повторно не идат тие на власт.
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    специјален поздрав за CKA како најголем поборник за вмро и NIKOLA GRUEVSKI ...како не те заболеа прстите веќе од пишење те едно исто па исто, тоа не ми е никако јасно.....млад човек си па како бистриш политики ехеееее, политичариве актуелни не бистрат толку политикаколку ти тука на форумов--олади малку женска, не се нервирај губиш од лепота.
    Mоже сакаш министерка да станеш во иднина :) :) :) те позз со песнава......во продолжение

    http://www.youtube.com/watch?v=gA1tXQgLqyk
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Cka, не знаев ма дека си толку про-владина!
    КОја медиумска слобода жити се? Наброј ми една телевизија која го спомна скандалот со Ивона и Латас?
    Се скапа плукање по а1 Латас на крај тој бетер испадна. Ивонче си лапна милион, ги нема ни неа ни Латас да се појават на вести, што е најстрашно Латас не излегува со никаков демант, пропадна човекот.
    Минатата година кога беа протестите на Битпазар,Сител излегоа со една смешна репортажа од 2 минути во централниот дневник. Срамота. Кога беа протестите на Бранко вонредни вести имаше!
    Саше политико пред еден месец имаше многу јако видео, ако не си го видела еве на
    https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=61S6QgC43OM
    .
    Може од постојано гледање Сител и Канал5 некои работи не ти се јасни, па може ќе ти се разјаснат.
    На тема студентски дом, јас минатата година на регуларен конкурс не бев примена, иако и мајка ми и татко ми беа со минимална плата.Пробавме преку партија. Знаеш што се случи потоа? Добив повик за време на изборите за студентски претседател. Здраво, ние сме од тој и тој месен комитет, ве има на списокот за студентски дом, дали ќе гласате на студентските избори? Така да истите работи се случуваат и денес, само ти си на другата страна очигледно и не примеќаш. Стипендиите се иначе сеуште 3000 денари месечно.
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.757
    Допаѓања:
    141.717
    Македонка, за толку низок пост не трошам прсти да ти реплицирам, под ниво си ми. Извини.
    Те молам кажи ми од кај знаеш, Американска жено, за Ивона, ако никој не ја споделил веста? Треба да знаеш дека секој има слобода се да каже во земјава, па дури и самонаречените новинари. Владата на ВМРо ја декриминализираше клеветата на новинарите, односно, ставот од Кривичниот заонок со кој новинар за искажан став можеше да оди во затвор, ја избрша ВМРО а беше ставена од есдеедс. Да беше уште нивниот закон, новинарите во затвор ке одеа, а не само да бидат тужени за изнесени лаги. СЛобода на говор на новинарите значи да си кажат што имаат, а притоа да не лажат. Ивона нема ништо со медиумската слобода, тоа се две ралични приказни и нема потреба да се спинува.
    Саше политико не е новинар. не знам како сопственик на портал кој нема завршено новинарство, може да се изјасни ко новинар. после испадите низ градов и јавното молење за пари, јавно искажаната желба за смрт на Џамбазов, некој може да го смета за здраворазумна чиност која ке му биде отскочна дацка за некој став. Саше политико е дно на сите дна, човек кој е платен за да зборува против или за некој (има сам изјавено дека ако вмро му дадат повеке пари од есдеес веднаш ке смени став, оти работел за пари, за жена му и детето) и навистина не ми е јасно како е возможно некој да го смета за репер.
    И супер што со ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ родители те примиле во дом. Јас имав двајца невработени, 100 бода на приемен и сите петки во средно, ама бев некадарна оти не бев комуњарка. Моето дело е застарено, не можам да го тужам оној што ми зема пари за домот за кој се позајмија моите (живеев 100 км подалеку), а ти зошто ќутиш? Мене немаше кој да ме поучи тогаш, ама еве јас ти кажувам. Твоето дело не е застарено, можеш јавно да кажеш. Еве Политико, и пари би ти дал само за да напише? Зошто не пријавиш? Тужи! Кажи, со врски влегов во домот, сакаат да гласам за нив. Јас не станав комуњарка, дадов кеш, ама немаше кој да ми каже кај да пријавам. Да сум со овој памет, би пријавила тогаш. И не се изненадувајте дека некој е симпатизер на ВМРО, тоа не е реткост. Многу поретки се симпатизерите на есдеес, и за нив треба да се чудите кога ќе ги видите.
     
  20. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Дај бе жити се, демек Латас и Канал5 не се платени од Грујо. Може Саше е чакнат малце ама секоја му чест за видеото, кажа се точно како што е.
    И како да пријавам, со кој здрав памет да ги тужам? Па одма истиот ден ќе и се нацрта инспекција на мајка ми пред дуќан и ќе ја затвори.
    Да не се разбериме погрешно, јас не сум за сдсм, јас сум сигурна дека утре ако се смени власта дека истото срање ќе е. Народот 20 и кусур години пати и се брука а исто срање се двете.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.