Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.969
    Си се возела скоро по автопатот Скопје-Велес? До Охрид, најтуристичкиот град, патот преку Битола е со една лента. Докторите ги направија писари, повеќе документација пополнуваат отколку што си ја работат работата. Доволно е само 15 минути за преглед?
     
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    А кај реков јас дека „сме“ подобри? Реков некаде? Ако Латас ми беше роднина немаше да седам овде и да вртам исти муабети, туку ќе бев во удобна фотеља :D :D
    Сите крадат, не викам не. Само што некои крадат без усул, а некои на „фин и поштен начин“ преку така наречената приватизација се обогатија на грбот и на маките на народот. И богами беше приватизација. Сите пари отидоа во џебовите на високите функционери, се знае кои се. Колку фабрики се затворија во времето на приватизацијата, кога на власт беше СДСМ, а? А колку се отворија? Кажи ми.
    Денес колку се затворија, а колку се отворија? Правиш споредба? На страна крадењето, и тие крадат и оние крадат.
    Имаш право - за иднината се живее. Ама темелите на кои ја градиш иднината се наоѓаат некаде во минатото, знаеш? Ако не се добро поставени, каква ќе ти биде иднината? Сигурна?
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.610
    Пол:
    Женски
    [/quote]Си се возела скоро по автопатот Скопје-Велес? До Охрид, најтуристичкиот град, патот преку Битола е со една лента. Докторите ги направија писари, повеќе документација пополнуваат отколку што си ја работат работата. Доволно е само 15 минути за преглед?[/quote]

    Се возам многу често, и тој пат колку години постои????????
    Од коа е на власт Груевски или???
    Инаку ќе се прават патиштата допрва. А за накај Охрид веќе се најави изградба на патот. За докторите не сакам да коментирам, ете тоа биле светски стандарди, така секаден се работело, но тоа и мене не ми се допаѓа. Сега овие незадоволните македонци во сето направено бараат нешто малку што не е направено или не чини, а порано ништо не се ни правеше па така не можеше пазнините да се увидат. Времето ќе си го покаже своето, до прва ќе се работи во Македонија.
     
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.610
    Пол:
    Женски
    1. за патиштата - од периодот од 2006 до 2013 година изградени, реконстриурани или рехабилитирани се над илјада километри на патишта. Од нив, 469 километри магистрални и регионални патишта со вкупна вредност од 92 милиони евра и 302 локални патишта во вредност од 45 милиони евра.
    Премиерот најави дека во 2014 и 2015 година планирана е изградба и реконструкција на нови 63 километри патишта со вкупна вредност од 35 милиони евра, како и почеток на реализација на трите најкрупни инфрастуктурни проекти во државата – изградбата на автопатите Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Свети Николе-Штип и Кичево – Охрид во вкупна должина од 132 километри и финансиска конструкција од 790 милиони евра.
    2.Образование- сите деца имаат бесплатни учебници, за што плаќаат сега?, за разлика од јас кога учев основно и средно, плаќавме за книги, за тетратки за работни листови за свашта. Универзитетите се со намалени партиципации и секаде во Мк се отворија дисперзирани студии па секој може да си дозволи да се запише на факултет е сега ако му се учи на некој на приватен нека си плати.
    3. Социјалните станови 90% со сигурнос се доделени на социјални случаи, познавам такви луѓе и баш ми е мило за истите, а они кои добиле манипулирајќи со државата на истите ќе им бидат одземени, и овде станува сбор за свеста на алчните граѓани.
    4. Вардар и Металург си имаат спонзори, имаат инвеститори, но се изгради ли Стадион преубав за фудбал, кога имавме таков?? се изгради ли СРЦ Борис Трајковски?? тоа мала ли работа е, а и репрезентациите редовно се помогнати од државата.
    5.Тутунот и социјалната ако ги имаш ќе ги добиеш, ако си го предал тутунот ќе си ги земиш парите, лани знам има го плаќаа 180 денари по килограм и уште 60 денари субвенции добија од Владата, значи не лупам точно ти кажувам оти знам луѓе што рабоеа тутун.
    6. Фабриките - е тоа не е државно нели, сега не е крив Груевски за некој искомплексиран газда што сака да заработува на маката на обичните вработени. Ама затоа пред една недела се донесе Закон за минимална плата, сега нема да се занесуваат газдите како сакат, се донесе и закон за бремените жени да не смеат да бидат испуштени од работа, а не како предходно што беше, ако остане бремена одма лета од работа.
    7. А за СОС детското село оди таму прашај ги дечињата не е битно на кој е препуштено, битно е некој да работи и децата да се згрижени.
    Ама нема веза на незадоволните вечно ќе им фали нешто, им смета сето она што се работи.

    И на крај ако имаат само пропаганда ВМРО земи ја таа програмата што ја ветија пред избори и кажи ми што не е реализирано. И каде беше програмата на сдсм во нивно време?
     
    На beached и misel23 им се допаѓа ова.
  5. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    Е па ако од СДСМ краделе овие треба ли да се дуплираат во крадењето и апашлукот??? Стварно не те разбирам, наместо да се оправат па да докажата дека се подобри од претходните овие ја растурија државата,го осиромашија до даска народот со даноци,извршители итн. Мислиш дека Бранко уназад не можеше да начука даноци на се за да се собира во буџетот? Можеше но во секоја држава мора да постои сива економија нормално во одредени граници за да може и невработениот да преживее. И те молам, кој Вмровец да го прашаш на оваа тема како по инерција ти одговара ,, A VO VREMETO NA SDSM......???? Pа Сдсм не се на власт бре 8 години а овие Македонија си ја претворија во приватна сопственост а ние сме им слуги за гласање за да можат да продолжат со апашлукот и глупостите. Мизерија од луѓе,ненаситни створења. Станови,коли,фирми во странство,тендери,телевизии,весници, и тоа само одреден број на луѓе. Милионери станаа бре. Глупи наградни игри наместо враќање данок на граѓаните,демек социјални станови а сите уствари членови на Вмро,ај да не набројувам понатаму ќе си го расипам денот. И фино ако ти одговара да имаш минимална плата 10.500 до 2018 (најновото откритие на пвемиевот :clap: ).Може цел свет да ни позавиди на минималнава плата :envy:
     
    На Youknow и makedonkamak им се допаѓа ова.
  6. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    ВМРО имаат добра пропаганда како што кажа некој горе и тоа е тоа што и пере мозок на македонската раја
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    1. за патиштата - од периодот од 2006 до 2013 година изградени, реконстриурани или рехабилитирани се над илјада километри на патишта. Од нив, 469 километри магистрални и регионални патишта со вкупна вредност од 92 милиони евра и 302 локални патишта во вредност од 45 милиони евра.
    Премиерот најави дека во 2014 и 2015 година планирана е изградба и реконструкција на нови 63 километри патишта со вкупна вредност од 35 милиони евра, како и почеток на реализација на трите најкрупни инфрастуктурни проекти во државата – изградбата на автопатите Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Свети Николе-Штип и Кичево – Охрид во вкупна должина од 132 километри и финансиска конструкција од 790 милиони евра.
    2.Образование- сите деца имаат бесплатни учебници, за што плаќаат сега?, за разлика од јас кога учев основно и средно, плаќавме за книги, за тетратки за работни листови за свашта. Универзитетите се со намалени партиципации и секаде во Мк се отворија дисперзирани студии па секој може да си дозволи да се запише на факултет е сега ако му се учи на некој на приватен нека си плати.
    3. Социјалните станови 90% со сигурнос се доделени на социјални случаи, познавам такви луѓе и баш ми е мило за истите, а они кои добиле манипулирајќи со државата на истите ќе им бидат одземени, и овде станува сбор за свеста на алчните граѓани.
    4. Вардар и Металург си имаат спонзори, имаат инвеститори, но се изгради ли Стадион преубав за фудбал, кога имавме таков?? се изгради ли СРЦ Борис Трајковски?? тоа мала ли работа е, а и репрезентациите редовно се помогнати од државата.
    5.Тутунот и социјалната ако ги имаш ќе ги добиеш, ако си го предал тутунот ќе си ги земиш парите, лани знам има го плаќаа 180 денари по килограм и уште 60 денари субвенции добија од Владата, значи не лупам точно ти кажувам оти знам луѓе што рабоеа тутун.
    6. Фабриките - е тоа не е државно нели, сега не е крив Груевски за некој искомплексиран газда што сака да заработува на маката на обичните вработени. Ама затоа пред една недела се донесе Закон за минимална плата, сега нема да се занесуваат газдите како сакат, се донесе и закон за бремените жени да не смеат да бидат испуштени од работа, а не како предходно што беше, ако остане бремена одма лета од работа.
    7. А за СОС детското село оди таму прашај ги дечињата не е битно на кој е препуштено, битно е некој да работи и децата да се згрижени.
    Ама нема веза на незадоволните вечно ќе им фали нешто, им смета сето она што се работи.

    И на крај ако имаат само пропаганда ВМРО земи ја таа програмата што ја ветија пред избори и кажи ми што не е реализирано. И каде беше програмата на сдсм во нивно време?[/quote]

    Ај вака по ред :emo:
    Од што изградиле патишта,од кредити а се градат споменици со пари од буџет од милијарди евра од кои пола се во приватни џепови,докажано со документи,па ни ги задолжија и нашите деца за наредните 200 години (немој само во времето на Сдсмс било вака и онака). И само да ти кажам дека и тие тендери за градење на патишта се наместени на фирми на Вмровски членови што врска немаат со градење патишта а ова не го пишувам на памет туку издржано зошто еден од нив што гради ми е добар пријател.

    За образованието,плаќале нашите родители книги ,да, ама не плаќале обезбедување,па нови табли по одделенијата,па морало Giotto фломастери,темперни,мрсни бои значи ништо поевтино,па базари каде давам пари за двете деца да се купи нешто а потоа истите работи ми ги продаваат учителките по дупла цена,па тоалет,сапуни и влажни марамици итн.да не набројувам,значи далеку е од бесплатно туку ти е танте за кукурику.

    Социјални станови,смејурија,сите се со книшка од комитите,немој да се трудиш да ми објаснуваш дека не е така зошто и ова ми е познато како и на многу други во државава,исто како и со добивање на работно место во Македонски шуми,демек транспарентно (омилен збор на патриотите).

    Спонзорите немаат врска со владата,тоа се приватни пари,стадионот си постоеше од времето само се догради, и салата беа почната исто се догради (не измислиле нешто ново).Исто како патот за Охрид :)

    За тутунот и социјалата најдобро нив лично да ги прашаш колку се задоволни а не некој што го купиле за 50 евра па се превртува кај милионерот Латас на Сител и се прави презадоволен од исплатената реколта.

    Фабриките,фирмите,сите што не отидоа во стечај поради големите давачки и казни од УЈП се врзани со владата така да ова е само игра за да се задоволи народна маса.Кој суд бре ќе му пресуди на пр.на Тинекс ако избрка бремена жена од работа,не се филмувај жити се.Тоа е на папир а во реалноста нема везе.Во однос на минималната плата хахахаха ако си ти задоволна со 10.500 до 2018 година а при тоа со истите пари да гледаш деца алал да ти е.Само немој ова да го кажеш пред некој од нормална држава на пр.Америка или Германија ќе ти се изнасмее.

    А за СОС детското село драго ми е што дечињата се згрижени на некој начин и тоа не е ништо ново,но истите тие како завод не плаќаат на добавувачите за храната што ја користат и само на еден партнер на маж ми му должат пола милион ЕВРА кој иако ги даде на суд немаат намера да му ги исплатат. Ама под капа на државата се ,нели?
    Од програмата во сто чекори напред единствено нешто што направија се екстремно лично богатење и милион чекори назад на оваа Чудесна Македонија.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Девојче не тропај зелени, кои патишта си ги поминала ? Најглавните патишта каде секојдневно поминуваат стотици превозни средства се во катастрофална состојба. Црни точки има насекаде. Сообраќајки насекаде. Не е од несовесност само.
    Јас не викам дека ВМРО треба да ми го купи лебот, изџвака и пикни во уста, ама нека не се маваат во гради дека нешто направиле. Ситен асфалт туриле во некој слеп сокак и гледајте ме чудете се.
    Најавил ќе правел патишта.
    Знаеш што ќе направи? Сакаш да ти кажам? Ќе тргни да го прави патот, ќе ги пренасочи сите возила да дуплираат километража минимум две години.
    Ете тоа.

    Образованието? Ти знаеш колку е намален квалитетот? Програмите им се за никаде.
    Најновата глупост што направија нови учебници.
    Ја гледам внука ми, второ одделение, уствари трето со деветолетка.
    Учителката знаеш што ги учи?
    СЕКОЈ ЗБОР ШТО Е НА ПОЧЕТОК НА РЕЧЕНИЦА Е СОПСТВЕНА ИМЕНКА
    А, сите влегуваат партиски на работа, тоа е факт.
    Македонски, природа учебникот ги видов, ми се плачеше.
    Имаа лекција "Живеј во град, но сакај го селото". МА-ЛО-УМ-НО!
    Наредно, учителката ги тера да купуваат Другарче зошто им требало за на час. Знаеш од мали, дете од 8 години учи за инфлација, девизна политика и кредитен рејтинг? Да, да, тоа го има во Другарче.
    Порано се купуваа учебници,ама порано се имаше пари.
    Ете тоа направија, ни ги собраа сите пари од даноци и ни дадоја бесплатни учебници направени со наши пари и ете ви, бесплатно образование. Дај не трескај зелени.
    Намалени биле партиципациите на факултет.
    На секоја глупост се плаќа административна такса, се плаќа за книжен фонд,се плаќаат казни, потврди.
    Не е ништо сменато, ништо.
    Социјалните станови ги доделија на партиска книшка. Едни пријатели беа останати буквално на улица, затоа што им ја рушија куќата,решија да прават голем маркет до нив. Ќуќата им се руинира, ги имаше и по тв, државата со прст не мрдна да ги заштити. Побараа социјален стан,а ги прашаа колку време се активисти на ВМРО? Да најдат мимимум 20 гласачи со име и презиме и ќе го добијат. Да.
    Стадион за фудбал. Кој онај кај парк? Дај не ме смеј. ВМРО го изгради? ВМРО додаде трибини. Не е исто.
    За Борис да, ама дека некако допринесле да се унапреди спортов не.
    Во време на СДСМ Кометал беа Европски шампиони.
    И?
    Тие тогаш немаа услови каде да тренираат?
    За овогодинешниот тутун знам и блиска ми е ситуацијава. НЕ ГО ОТКУПУВААТ. Се оди од 3 сабајле, се чека цел ден и сите ги враќаат. А пред да почне да се сади беа залетани, потпишувајте договори, што повеќе тутун, сега одат тутун од прва класа им го проценуваат трета.
    Јас ти зборувам за оваа година тутунот. Од прва класа, ради еден лист што не беше допеглан го класираа ЦЕЛ ТУТУН трета класа.
    А, ти знаеш, си садела некогаш тутун да видиш дали се исплаќа да земиш толку пари?
    Си нижела тутун?
    Си пеглала?

    А,за фабриките и сите институции. Тие што се под закрила на ВМРО и добро ги знаеме сите кои се го прават следново- им даваат пример повисока плата,а ги осигуруваат на минимална.
    За бремена жена последниов случај го знам од пред два месеци , ја избркаа откако замина на породилно.

    Аааа, не било битно на кого било препуштено СОС? Знаеш дека вистинските социјални работници волонтираат за денар скршен?
     
    На LaraSolare, Marossa, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  9. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    804
    Ова да кажам за ова што го болдирав,секаде во Мк отворија дисперзирани студии,тоа е точно,ама ги отворија за нивните да се образуваат,колку има сега што се државни службеници а допрва сега полагаат од факултет,и тоа замисли,го слушам муабетот пред некој месец,положил 6 предмети во еден ден.. човек од 40 и кусур години,државен службеник. Охооо браво,честитки... Сега гледат да си се спастрат со образование кога веќе власта им го плаќа,па кога ке се смени барем колку толку да имаат, оно секако се тупсони ама ај,да се имало црно на бело.
     
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Државата ни цвета од нашиот премиер.Имаме споменици,патишта,сали но дали имаме квалитетен живот?
    Работа освен ако не си од владеачката партија не можеш ни да се надеваш дека ќе ја добиеш во денешно време.Ја зголемиле платата во приватниот сектор минимално :clap: Ти да живееш со десет илјади месечно.
    Го подобриле образованието.Поише би рекла дека го усрале.Во секое градче факултет,намалена партиципација..ма јас би ја зголемила зошто и шуто и рогато се запишало на факулет.Па и во државна квота а поима си немаат во животот.Поклонети оцени,дадени прашања од екстерно така ли ќе го управате образованието со неквалитетен кадар?
    Само се збори за Заев ваков бил таков,крадел а вие не? Вие сте тие на власт и сте во центарот на вниманието.Но не за џабе рекле нападот е најдобрата одбрана.
    А да може уште некои поволности да им дадете на пензионерите сепак они ве крепат во голама мера со нивните гласови,а другите не се битни нека црнчат за корка леб.
     
    На babyblond, Ani.taa, bubamara12345 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Ајде без навреди ве молам или :punch: ;) .
    Туку во контекст на муабетот за образованието,искрено квалитетот отиде јабана.Порано се знаеше кој може да се запише на факултет.Како прво цело средно образование учениците се спремаа ,пазеа на секоја четворка да не им руши просек за факултет,одеа на натпревари,собираа награди и уверенија и сл.Денес секој втор е со двојки или понављач.Упорно се објавува и втор и трет уписен рок само да се потполнат некои нереални останати квоти ,а не се гледа на квалитетот.Па не мора да се пополнат квотите ако гледаш дека нема никаков реален квалитет.
    И со професорите не е тоа тоа.Се знае кој треба да биде проф.на универзитет,а не вака.Секоја вечер на вести некои анонимуси гледаме,демек професори де и познати“аналитичари“.
     
    На makedonkamak, bubamara12345, angelina1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за едно под друго мислење,ама ова е проклето точно. Само пензионерите и селаните не тепаат за да дојдеме до питачки стаб. Ама мене ми се чини дека се гледа крајот, заедно сме посилни! Пада влада! Полека но сигурно... ;)
     
    На Ani.taa, bubamara12345, Kaley и 2 други им се допаѓа ова.
  13. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    804
    На грујо и на грујовстите ке им дојде крајот... Тоа се знае. Па зошто го направи он новиот затвор во К`шење? Нов,убаво среден... си знаат што ги чека :)) Само за нив и шутка е премија.
     
  14. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Да бев Заев ќе изјавев дека овај премиер е најдобар !!!
     
  15. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.969
    Си се возела скоро по автопатот Скопје-Велес? До Охрид, најтуристичкиот град, патот преку Битола е со една лента. Докторите ги направија писари, повеќе документација пополнуваат отколку што си ја работат работата. Доволно е само 15 минути за преглед?[/quote]

    Се возам многу често, и тој пат колку години постои????????
    Од коа е на власт Груевски или???
    Инаку ќе се прават патиштата допрва. А за накај Охрид веќе се најави изградба на патот. За докторите не сакам да коментирам, ете тоа биле светски стандарди, така секаден се работело, но тоа и мене не ми се допаѓа. Сега овие незадоволните македонци во сето направено бараат нешто малку што не е направено или не чини, а порано ништо не се ни правеше па така не можеше пазнините да се увидат. Времето ќе си го покаже своето, до прва ќе се работи во Македонија.[/quote]
    И пошто не е изграден во негово време не треба да се санира, поправи, модернизира така? Се фалат со километри и километри патишта, а главниот пат, аортата на Македонија е во МИЗЕРНА состојба.
     
    На Andrianaaaaa и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  16. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
  17. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    А што врска има паметот со линкот на преродбенициве?????? Па малку посаглам нема ни да ги чита зошто сите тие проекти се гола вода,машина за перење пари. Нема врска со реалноста.А бе да не носат 3д наочари нивниве гласачи па се им е виртуелно??????
     
    На bubamara12345 и Andrianaaaaa им се допаѓа ова.
  18. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.969
    Ауф, Ајнштајну, извини што не знаевме дека Вмровците се најпаметните :x .

    И да како тоа, Градски стадион е изграден од страна на Вмро? Што имаше на негово место пред 2006? Јаболкови насади?
     
    На bubamara12345, Antula, Andrianaaaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    804
    ете како и од кои е изгласан дотичниот :) :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На bubamara12345 и Antula им се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.610
    Пол:
    Женски
    Имаше половина трибина, и таа сигурно не ја изгради бранко...