Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.979
    И тоа што стадионот не бил по сите ДЕНЕШНИ стандарди и со 4 трибини значи дека таа градба не се важи. Ајде еве објективно процени што е потешко:да се изгради нешто од нула или да се догради нешто што е 70% комплетирано? Пред да се догради стадионот на него не се играа Европски натпревари? Плус, спорно е зборчето изгради во дотичната програма/отчет/какоидасевика, а не тоа дали Бранко, Колишевски или Ченто прв го проектирал стадионот. И да, има нешто останато во државава што не е именува Филип или Александар?
     
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Е па ај да го срушиме стадионот па нека изгради некој нов.Ако тоа некого го исполнува во душата. Кога се најде човек и за стадионот да наоѓа маани, јас немам ни што да коментирам овде.
     
  3. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.979
    Јас си кажав погоре што е проблемот, ама не си разбрала....проблемот е што стадионот се претставува како градба на ВМРО, односно за нив тој не постоел пред нивното владеење. Секое зборче освен изгради о отчетот би било прикладно:догради,реновира,модернизира,ревитализира.....ама не, мора да се труби дека се ГРАДИ :x
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.944
    Допаѓања:
    143.182
    Факт е дека не го изгради, туку прв пат откако е изграден е дограден и реновиран. Инаку за трибината која е изградена или трибините, не знам, еден од едеето, не се сеќавам кој беше, може Макрадули, кажа дека била неправилно изградена и за една година ќе се урнела и ке загинеле илјадници луѓе. По една година он со син му од тему гледаше натпревар. Примерот ми е дека важно е да се плука по се, без аргументи. Добро, не е изградена, туку доградена(нешто што сдс не знаеше да го направи) но сеуште не знам кај се тие илјадници предвидени загинати кои ги предвидоа опозиционерите?
    Срамно е никогаш, за ништо да не кажат, еве ова чини. Се однесуваат како некоја љубоморна девојка чиј дечко е со појака женска од нив, па ајде на се маани да и најдеме :) Многу се детинести.
     
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Во оваа ли тема некој се бунеше за патиштата во Мк што не биле направени? (никој до сега едно 50 и повеќе години уназат што не се потруди)...
    Е па ете за ваша информација овие неколку дена се започна со изградбата на патот Ск - Штип - Свети Николе, на патот Кичево - Охрид и автопатот Демир Капија - Смоквица веќе некое време е во изградба. Се надевам сега помалку ќе се нервирате :hai: .
     
  6. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.979
    Пак ќе ти речам - автопатот Е-75. Пред 2 дена се возев, повторно е истата ситуација, посебно кога се разделуваат двете спротивни ленти-крпеница до крпеница, како низ пустина да се возиш.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Па неможе во еден ден се да се направи. Сега од Демир Капија накај Гевгелија скрос нов ќе го направат. Секако дека за некое време целиот автопат ќе биде ремонт.
     
  8. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    ^ Честитам на оптимизмот, ама годините не газат сите. Ќе остареме чекајќи... некое време да помине.
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Вечерва гледајте го Грујо кај Миленко на Канал 5 во 22:30. :)
     
  10. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Секако еве го најавуваат 3 дена да видиме шо ке кажат сите собрани на купче. :D :D
     
  11. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Хехе да видиме што има да ни каже пастирот колективно на сите како нација. :D Грујо коловоѓа. :D Добар премиер имаме, можеби не е идеален, можеби му ја критикувам работата и партијата во последно време, ама знам дека се добри, сакам да ги мотивирам да бидат уште подобри. :D
     
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Ајде да гледаме и слушаме внимателно.
     
  13. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Тооооо бе Грујо национале легендо скоро 5 часа одговараш на прашањата на интервјуто. :D Секогаш со волја и енергија и неизморен момак едноставно тоа си ти.
     
  14. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    :D


    Бисериве морав да ги издвојам, дечки, улизувањето да не е преносливо преку тв екран или како...?
    Зафрканција, без Љутиш, само овие два коментари ептен ми се видоа како коментарчиња, мислам и сам Грујо би ве подизмерил со поглед... ништо злонамерно кон никого инаку :D
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    Баш би сакала овој неуморен момак да го видам на дуел со Шеќеринска од едно 5 саати а не во наместени интервјуа со партиски послушници кои не смеат да го прашаат ништо повеќе од она што им е наложено. АМА овој момак нема храброст да води дуел со некој што не размислува како него и што ќе го убие у поим со аргументи. Театар од стиропор за 40 мил.евра бре,бре,бре каков момак ни е премиеров.
     
    На FotoLina3, cocoa28, babyblond и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Ај колку да потсетиме за дел од она што го сработи Груевски.

    Во 2012 година целосно беше заокружен проектот за набавка на автобуси за јавен градски превоз.
    Беа набавени 200 двокатни автобуси, 80 нископодни автобуси, 16 минибуси и 17 двокатни автобуси од отворен тип.
    Обновата на возниот парк на јавниот градски превоз чинеше околу 50 милиони евра.
    Старите автобуси од кои некои и по 30 години се заменија со нови и модерни, со што за граѓаните обезбедивме удобен, безбеден и модернизиран јавен градски превоз.
    Со ова сообраќајот во градот Скопје се унапреди и доби еден нов лик.

    Во академската 2013/2014 година се запишани 4071 студент повеќе одколку во академската 2005/2006.
    Зголемениот број на студенти е резултат на намалувањето на студентската партиципацијата, новоотворените универзитети и факултети како и на дисперзирани студии низ градовите во Македонија.
    Со овие и многу други мерки и реформи, образованието во Македонија стана поквалитетно, а воедно стана и подостапно за сите граѓани.
    Персоналниот данок се намали од 24, 18 и 15 на 10%.
    Со ваквите даночни намалувања Македонија стана една од најконкурентните држави во Европа по даноците.
    Со намалувањето на даноците практично се подобри инвестициската клима и се зголеми бројот на странски инвестиции.
    Во 2013 година Македонија ја посетиле 399.680 странски туристи.
    Споредбено со 2005 година, Македонија во 2013 ја посетиле 102,7 % туристи повеќе.
    Зголемувањето на туристи е резултат на зголемената туристичка понуда, како и на мерките и политиките за промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација.
     
  17. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    804
    :puke: :puke: :puke: :puke: :puke: :puke: :puke: Бедак низаеден.
     
    На bubamara12345, FotoLina3, cocoa28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Mа супер ни е јас го обожавамм :inlove: :inlove:
     
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Да, направи многу убави работи, ама за погрешни луѓе. :!: Да ги направеше истите работи за точни луѓе и јас ќе го обожавав. :clap: Без навреда ама сите што го обожаваат човеков сега не ми делуваат со помалку испран мозок од грците во врска со Македонија и од несоцијалистичките германци за време на втората светска војна. :swear: Ова во врска со работата, а лично ми е супер, женет, прибран ,образован, шармантен. ;)
     
    На bubamara12345 и curious-doll им се допаѓа ова.
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    За разлика од нас,на Грција моментално и помагаат земјите на ЕУ за да ја преброди кризата.
    Но,Македонија бидејќи не е и нема во блиска иднина да биди во ЕУ,а прибидејќи до 31,01,2014 јавниот долг ни е 2 милјарди 774,9 милиони евра јас мислам дека уште сега да направи Грујо еден проект "пиштол во секој дом"
    Бидејќи толку светла иднина ќе не снајди,а тие си се обезбедени за сва времена фино лепо ќе ја напуштат Македонија кога ќе згусни,а нас ќе ни остани само пиштолот.
     
    На christinnn, hristinnnna, Cimorelli и 4 други им се допаѓа ова.