Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    804
    Анкетата на оваа тема за тоа какво мислење имаме за премиерот кажува се. :D
     
    На poenta, bubamara12345 и drakulce им се допаѓа ова.
  2. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Се согласувам со напишаното. Баш убаво доловени и сликовито претставено. За голема жал истово и јас веќе подолго време го мислам и стравувам дека ќе ни се случи во блиска иднина. Доколку нешто не смениме тоа не чека. Точно е дека сите тие си се имаат и тоа како обезбедено за деца и нивни поколенија. На наш грб ќе падната сите последици од нивните кобни и уништувачки политики. После ќе следува прашањето кој е крив за сето тоа? Цацко ами кој друг :( :( :( :(
     
    На TIGRICA123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.675
    Допаѓања:
    14.140
    Полиција има многу низ град и казнуваат и пешаци и возачи. Ќе не “одерат“ сите. Не знам кај ќе е крајот. Страшно, се повеќе сум загрижена за иднината наша во Македонија. Џабе се залажуваме, не чекаат црни денови во секоја смисла, и економска, и безбедносна...
     
    На danielka0507 и PussyHunter им се допаѓа ова.
  4. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Избори се, да бидеме перфектни граѓани. :D Возење кола само во најнеопходни случаи, појас обавезно ставен, фарови обавезно вклучени, застанување на секој пешак што сака да помине на пешачки, застанување на жолто пред да стане црвено, никако возење после 23 часот ако немате повеќе од 2 год. од возачката, никако фрлање отпадок на земја, плукање не пошто 50€ казна, пушење во јавни простории не итн. итн. пошто се собира на големо арач од народот, последен арач од оваа власт. :D
     
    На drakulce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Go home Grujo you are drunk. :D Немаш више легитимитет т.е. ќе го изгубиш за 20 дена, врати ги прво милијардите што ги испумпа со братучедот и кумашинот. Грујо (2006-2014) case closed. :D Нов Љубчо Георгиевски на македонската политичка сцена. Присутен а никој не го есапи.
     
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Вечерва гледајте го пастирот кај дебелото и тумпарестото бурекџиче звано Јанко, еве за 30 минути почнува шоуто и молењето за гласови. :D Последното интервју на Грујо како премиер... најверојатно. :D Let it be.
     
    На drakulce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    :D :D :D :D :D Taка ќе да е.
     

    Прикачени фајлови:

    На danielka0507, Iv.girl55 и PussyHunter им се допаѓа ова.
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Го проследив целото интервју кај Јанко бурекот и можам да сумирам премиерот како ретко кога беше исплашен и со кротка и скромна фацичка. Јанко исто така беше со тажен и сериозен поглед како да знае дека прави интервју со премиер во заминување. :) Сумарно срцепарателна атмсофера. Но... сето тоа е театар. :lol: Не паѓајте на емоции и не заборавајте дека вистината е на сликата. :)

    [​IMG]
     
  9. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    :lol: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: Чекај.............. :D :D ова го слушам и гледам. Ахахахах
    Фала тебе Господе.
    Спот и песна ахахаххаххахаххааааааааааааааааа :rofl: :rofl: и оваа глупост постоела.
    пазите-Дојде време, дојде часот да се решиме, кого ке избереме, да не згрешимеее-Никола мајка го роди ... не можам дефинитивно ахахахха мизерија.
    http://www.youtube.com/watch?v=JdZMGetCma8
     
    На makedonkamak и Dvolicen им се допаѓа ова.
  10. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Овој премиер дефинитвно е најуспешен за себе си и за неколкумина кои ја кројат политиката, останатите можат вода да му носат, а народот е ставен во пивско шише...Си поигрува на туѓата мака, и го манипулира...Еве за пример само последните изјави за отпишување на долговите над 1 година, согласно законите сите јавни давачки застаруват над 1 година, значи доколку ЕВН и др. би ги тужеле ваквите должници, ќе изгубат поради застарененост на долгот, но еве Грујо ке им ги отпише и тие ќе се пресреќни...Многу закони, многу работи што ги направи оваа влада се во стилот на топ шоп, реклами до бесвест, можеби и затоа на Иванов не му излегува од уста космодискот :). Многу пати сум се прашувала како тоа народот неможе да согледа некои работи??? но има еден единствен одговор...преголема сиромаштија...во земјите со преголемија сиромаштија криминалот цвета.... И што е најжално досега не се гласа за подобра варијанта, туку за казна на оној што е на власт...со такви политичари уште многу ке тапкаме во место....
     
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Еден од ретките луѓе што се дрзна да ги стави на тест луѓето и да го направат следниов избор: леб или слобода? :!: Тоа ти се вика МОЌ! :wasntme:
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Еве до каде не донесе нашиот Премиер. Срамота! Еве малку по малку албанците ќе го бараат ветеното од га*олижачот на Ахмети. За жал крајната сметката ќе ја платат македонските граѓани. Незнам што ќе биде следно, но од ова што го читам и слушам од околината не е на арно.
    http://brif.mk/?p=147740
     
    На makedonkamak и TIGRICA123 им се допаѓа ова.
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Премиерот ве донел до овде????
    а овој сега што се кандитира за претседател.
    [​IMG]
    Од ваквите како Стево и Бранко до ова дојдовме и сега премиерот ви бил крив. Барем вмро не им се моли за гласови.
     
  14. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Што е страшно ова? Да никако неможе Груевски да е крив, тоа ни на сон. Тоа што му го ветува на албанците е тоа и тие си го бараат. Така да оди кажи им на некои што неразбираат и на вмроовците, мене не ми кажувај. Јас многу полоши работи деноввиве слушам и читам по порталиве. Тоа треба да ни е знак за предупредување, а не за еден мо*ан билборд сте се фатиле. Мене не ми кажувај, јас гледам се убаво и знам како стојат работите во Македонија. Вие што немате допирни точки со западна Македонија не знете и само си лупетате некои работи. Браните си го Грујчеи и далеку ке стигнеме.
    Врвна мизеријаааааааааааа...........за греота. :D :D СВАШТА, секој ден по една глупост и комедија.
    http://brif.mk/?p=147663
     
    На TIGRICA123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    4.311
    И затоа ДПМНЕ за отприлика десетина години кога (за жал!) македонците можеби ќе станат малцинство во сопствената држава, ќе ги изгуби сите избори а албанските партии ќе лудуваат.

    Освен ако ДПМНЕ не се промени во тој поглед и почне да се води според идеалите на Гоце Делчев и Питу Гули кои ги повикуваа во крушевскиот манифест подеднакво сите, и власи и македонци и турци...
    Во тоа е мудроста на Пендаровски, јас му забележувам што нема плакати на турски, ромски и српски. Поентата е да ги придобиеш противниците, а не да ги намножиш за подоцна полесно те победат.

    Што се однесува до премиерот, мислам дека имаме мошне способен човек, но делумно опкружен со погрешни луѓе и и погрешни идеји, или пак добри идеји на погрешен начин реализирани и со делумно измешани приоритети. Наместо СК2014 требаше да биде Македонија 2014 со веќе изградена пруга (барем) до Бугарија. Наместо субвенции за соларни колектори требаше да се потпомогне или отворањето или директно да се изградат фабрики за произвосдство на ефтини и а квалитетни соларни панели. Како што на денарот пишува: леб за сите, така гесло да му биде во МК сончева енергија за сите.
     
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Штом го слушнам името Бранко или Пендаровски СЕГА и веќе не слушам, знам дека е или за билбордите на албански или за власта на Бранко од пред 7 години. Се дури не станите покреативни, секакво оправдување или реклама во контекст Бранко и крив ви е бесполезно, со нив на млади луѓе не придобивате гласови. И престанете да правите глупави реклами и да понижувате академски професори, со државни пари, толку не сте сигурни дека ќе победите, кога пола Македонија ја вработивте(секој има барем еден далечен роднина вработен во државно, па фала Богу дека цела фамилија ќе гласа за вас, никој не сака никого да го носи на душа, за еден глас)?!
     
  17. Katy12

    Katy12 Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Премиерот на РМ, ногу придонесе за оваа држава, само со 2 000 денари сака да ги купе граѓаните да гласат за него и неговата партија, но и со крадење на гласови!!
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски

    Ама он си е сигурен во себе, само ај си вика да не остава на случајности оти овој македонскиот народ знае и да изненади :lol: човекот си е планер и не сака ништо да остави на случајности па после да се чеша кај што не го чеша :lol:
     
  19. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Криминалчиште...
     
    На Antula и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.675
    Допаѓања:
    14.140
    Премиерот води антимакедонска политика според мене бидејќи се прави слеп за иселувањето на младите. Ако се иселиле 300.000 млади во странство, сите да имале макар по 1 дете, Македонија изгубила 300.000 македонски деца. Празни училишта, пусти градови, и македонските партии ќе се соочат со недостаток на гласачко тело во иднина. Тогаш ќе бидеме малцинство. Секој ден на провладиниве тв што не личат на ништо слушаме за инвестиции, да ама ке дојдат тие за 2 - 3 год, а може и никогаш како Субрата. И да вработат ќе биде тоа мала бројка на луѓе која ќе рмба за 8050 денари и пак економијата нема да тргне. Ние илјадници невработени. Ако во град каде има 20.000 невработени се вработат 200 или 500 луѓе за мизерни пари, дали тоа ќе доведе до некои промени? Ништо драстично, гола егистенција.

    Ако било тука убаво и ако реално нешто прават народот нема да бега од државата. Рмбам со факс за 200 евра, а читам погоре дека младите не сакаат да чујат за оваа сума. Дали ако сега бев мајка ќе можев да работам некогаш и по 9 - 10 сати на ден за некој ситен надомест плус од плата? Не, тогаш и оваа работа ќе ја изгубев и ќе бев без проход, а кога си без денар и без осигурување не можеш ни ан лекар да појдеш како човек.
     
    На danielka0507, TIGRICA123, bubamara12345 и 2 други им се допаѓа ова.