Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    На крај ќе не дотепаат многу работи. Веќе мислам дека дали СДСМ или ВМРО ке дојдат на власт исто не чека. Нашите девојки ако отидат во странство таму семажат и остануваат.
     
  2. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека нема да биде исто кога ќе биде сдсм на власт,да и кога сдсм беше на власт се отселуваа луѓе ама не како што сега се отселуваат
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    :D Ааа извини, нема да бидам себична и нема да си гледам за моите желби туку во име на државата ќе родам 10 деца! :D
    Значи крааај е муабетов! Можеби во Македонија сме малку, ама во светов сме премногу така да пред да го напишеше ова тебаше да мислиш малку и на глобално ниво!
    Леле леле албанките невинашчиња незнаеле што е полов орган затоа по парковине сите знаеме што прават само ваквите ко тебе знаат да продаваат приказни за моралот.
    Албанката ќе роди 10 деца да, затоа што тоа и е работа освен раѓање деца ништо друго не прави, да не оди на работа случајно. Сама ќе ги истресе и ќе ги пушти на улица да си играат терористчиња. Немој ти се молам со ваков муабет, дај и на македонката услови па можеби ќе раши да роди повеќе од две деца. Знаеш зошто, прво размисли дека таа жена оди на работа, а во случај да е трудна и се заканува отказ и се влечка социјалната помош со години и на крај ќе добие мизерни 100 евра кои ќе ги потроши за пелени у рок од една недела. Друга работа е еманципацијата, фала богу дека не ми е амбицијата да седам цел живот дома и само да раѓам деца, ама на албанката тоа и е должноста затоа што така и рекол закоравениот маж и обичаите и традициите кои ги спомна, а тие мислам дека одамна ги надминавме ние или барем требаше да ги надминеме, за жал турските серии ви го испраа мозокот, ова е типичен продукт на тоа.
    Трето кој сака повеќе од две деца нека дигне два прста, што ќе ти се повеќе? Што ќе правиш со повеќе? Овие две едвај ќе ги израснеш и истераш на прав пат (?) па замисли кои финансиски средства се потребни за плус уште неколку деца...? Башка што после второто веќе се откажуваш и не си ни способен ниту имаш волја да поминуваш низ тие фази одново и одново, и организмот дали ќе може да издржи е прашање, чест на исклучоци и оние кои сакаат толкаво големо семејство, а и нормално ако се случи терба да е секогаш добредојдено, зборувам за оние кои немаат такви намери и желби. Треба ли у име на наталитетот во државава да се згнат и да направат чопор деца?
    Несакам бе ете може несакам, кој ќе ме присили? Побитно ми е да шетам, да искачам, да градам кариера, да се обезбедам материјално. Хедонизмот грев да не е? Да не несмеам да си го живеам животот како што сакам? Несакаме, не сме глупи да дозволиме животот да не претвори во машини за правење и изнесување деца во државава. Сега ќе ме извреѓаш и ќе ме наречеш со погрдни зборови, кој како му е ќеиф така нека си живее, ако сака нека роди 10 деца, ака сака нека не раѓа ич.
    И да, ќе се мажат македонките надвор, и младината ќе се сели надвор и децата нивни ќе се раѓаат надвор затоа што си се снашле за подобар живот, си избрале пат кој ги прави среќни и ни ти нути државата нема право да им суди.
    Наталитетот паѓа најпрво заради економските услови, на млад брачен пар за да си основа дом му требаат пари, им треба работа и им треба пристојна плата. Тие неможат една свадба да напраат, а не па деца да раѓаат и да се гржиат за нив. Втора причина е напредокот во размислувањата, океј да важно е семејството и децата и се, ама ти ако прво не си се реализираш ко личност ќе ти падне се во вода.
    Така е, браво, нека се укинат странските програми нека дава Сител само турски серии во име на промовирањето на семејството.
    Бисер на годината беше ова :clap:
     
    На galapce, dragan4eDR, okcenzi и 6 други им се допаѓа ова.
  4. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    ^ Не, тоа беше Валерија vol.3 or 4, not sure
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Тоа не беше за минатата година? :lol:
     
  6. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Ок, што се возбуди толку? Полека, па полека.

    Германија, светска индустрија, богата земја, а 1.2 деца во просек и тоа билдање од имигранти. Денес Германија влегува во демографски минус, и цела држава во трегова, знаеш зошто? Затоа што ти немаш појма од политика, демографија и наталитет, а се прскаш наоколу. Ако почне државата да губи население тоа е пропаст за едно општество.

    И, не неможеш да правиш што сакаш во животот!

    Да, Албанките се цвеќиња за Македонките, и не ги нарекувај прости и грди, затоа што не се ни приближно такви. Молам тоа јавно лечење комплекси чувај си го за тебе.

    Населбите полни со Албанци, Турци и Босанци е полно со вехабии, џамиите им се полни со верници и ти мислиш некој кој живее така ќе дозволи сестра да му се курва по кафичи и паркови? Give me break for a second please!

    Јас не можам на никој да му ставам пиштол што да прави во животот, но немој утре да доаѓаш и да плачеш зошто живееш така и вака. Не само ти, туку сите. Семејства без деца , или неоженети ликови не носат никаков економски прогрес, затоа што утре нема кој да ги замени во општеството. Земи малку читај и учи, заборави ти тоа хипстерски термини “кариера“ во Теа модерна. Не сум измислил топла вода, ова го напишале многу попаметни ликови од мене. Западот нема цел живот да е развиен, и тој пропаѓа ако не гледаш, а знаеш зошто? Зошто мислиш дека се случуваат и економски кризи, рецесии и слично?

    Ете јас сакам да си го живеам животот како што сакам. Утре ќе дојдам и ќе те силувам, распарчам на делови. Тоа е мојот хедонизам, а ти како таква мора да го почитуваш, затоа што владеат правата, нели?

    Не ми е цел да те убедувам некој да прави работи по мое, но не сакам и некој цел живот да обвинува некој трет само затоа што не е способен за ништо во животот, а не дај боже деца да расне. Те Грујо му бил крив, Бранко му бил крив, а кога ќе покаже со сопствениот прст кон себе? Кој ја чини државата?
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Точно! Многу точно.
    Губитокот на население е пропаст за една држава, ама кој треба да се грижи за тоа? Јас или ти само? Не, државата треба да ги реши прво основните проблеми и потреби на населението и да створи услови за размножување, а под тоа не мислам да вложува во рекламни спотови за трето дете и за многудетни семејства кои живеат во утопија. Погледни ја малку реалноста, ти дали би створил повеќе од едно дете ако со партнерот имате примања од по 200 евра месечно? И да не спомнам дека притоа можеби треба да плаќате кирија, кридити и слично... Дали би створил кажи? Јас не би, не би ни размислувала за тоа, затоа што несакам по секоја цена моето дете да трпи утре и да неможам да му ги овозможам основните потреби.
    Знаеш ли дека многу млади мајки кои ги познавам немаат добиено никаква помош ни од социјално ниту пак исплата од работодавецот затоа што биле на трудничко боледување? Кога ќе ги добијат тие пари, кога детето ќе наполни 20 години? Сега им се потребни, сега! Знаеш ли дека кога одиме на интервјуа за работа во приватни фирми (бидејќи за во државно несмееш ни да помислиш) прво прашање што не прашуваат е дали имаме деца и дали планираме да имаме во скоро? И сега?
    Албанките јас не ги нареков ниту прости ниту грди, не се тие виновни што покрај нивните мажи паѓаат во сенка и буквално немаат право на избор. Не реков дека се прости ама сега ќе кажам, закоравени се и не се мрднати со размислувањата уште од пред 5 века, е затоа се прости. Затоа што додека светот оди напред тие мислат само на тоа да се котат и да тероризираат. Не верувам и дека нивните жени со задоволство раѓаат 10 деца туку ете мораат. Немој да ми ги правиш поштени, има не дека нема, тоа не е ничиво право да осудува, ама поголемиот дел под мантиите кријат многу гадости верувај. Она ќе се омажи невина ама затоа постои и анален секс ако одиме веќе во крајности, така да те молам немој да ми ги морализираш. Затоа што тоа е уште по гадно и по подло од некоја мераклика што не се крие воопшто низ град. А комплекси воопшто и немам, а и би ми било жал да ги лечат на сметка на албанки. За споредба албанките во Албанија се 200 години напред од овие тука и ние можеме вода да им носиме, така да комплексите пре на нив би си ги лечела. Комплекси спомна бе :D
    За Ромите си размислил зашто и они раѓаат по 10 деца? Од љубов кон државата и од почитување на семејните вредности нели? :D

    А гледам и Кина и Индија цветаат поради големиот наталитет, мхм. Што напишале попаметните луѓе дека без разлика на се треба да се размножуваме?
    Тоа ти што го кажа е само доказ дека наталитетот е најголем во неразвиените земји кои се разможуваат без ниакви планови и без никакви цели туку само поради тоа што се неедуцирани и неписмени. А не дека многу се грижат за да станат силна економија. И да не речеме дека кај нас е мал наталитетот затоа што сме многу паметни и едуцирани или дека сме развиена земја ќе останам на тоа дека и покрај лошите услови за одгледување семејство пак гураме со едно две деца.
    Незнам незнам ти што очекуваш, колку деца имаш? Тргни прво од себе па после збори пошироко.

    Секој може да живее како што сака исто како што за се си постои последица. Точно, ти можеш ако сакаш да бидеш и крадец и убиец и силувач ако тоа те прави среќен ама затоа мораш да си сносиш и последици кои среќа се регулирани со закони. А ниеден закон мене неможе да ми каже кога терба да се мажам, кога терба дете да родам и колку деца треба да родам.

    Луѓето ја чинат државата, се е наш избор, ама не секогаш зависи се од нас. Има семејства со по 10 деца кои ги родиле онака рандом зашто така им дошло и не размислувале дали ќе можат да ги прехранат, па сега питачат по улици. А има и семејства кои живеат скромно, посакувале многу деца ама имаат само едно затоа што само тоа можат да го издржуваат.
    Немој да ми кажуваш дека државата не е крива, крива е, затоа што вложува во сосема погрешни и некорисни работи, затоа што секаде постави критериум „да имаш врски„ за да се вработиш на некое поубаво место, затоа што образованието е прескапо, затоа што студентите имаат огромни давачки, а пензионерите скоро никакви. Затоа што социјалната помош е еднаква на 0, а граѓаните плаќаат високи даноци и казни и за воздухот што го дишат. Крива е затоа што у државна болница неможеш дете да родиш без да закачиш ти или тоа некоја инфекција, а за да се породиш у приватно ти требаат 5 годишни плати. Ќе го свртам прстот кон мене кога јас ќе бидам таа што нема да успее по своја вина, ќе го вперам прстот во мене ако и после секој мој труд утврдам дека сум глупа и дека не ме бива да работам било што. А дотогаш политичарите ќе ми бидат криви затоа што се неспособни и алчни говеда кои го изедоа народот!
    Поздрав до тебе и се надевам дека ти и оние кои размислуваат како тебе ќе го подигнат наталитетот во државава, а со тоа и ќе придонесат кон создавање на по силна и економски по моќна земја.
     
    На mh23, dragan4eDR, okcenzi и 7 други им се допаѓа ова.
  8. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
  9. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Да се надоврзам на темата погоре. Јас сум родена во Скопје, не живеам веќе таму. Јас не планирам да се враќам таму освен ако баш не ми се укаже прилика што не се пропушта, ама како некој кој израснал таму немам желба да се вратам. За што да се вратам? Јас го сакам Скопје убаво ми е ама само за викенд. Од многу причини не би се вратила не гледам никаква иднина таму, и не планирам утре кога ќе родам деца да им вадам македонско државјанство иако ќе им следува.
    Јас не сум видела ништо од таа држава а они па тек нема да видат. Уствари да сум видела како не сум видела, сум видела како е да растеш со родители што имаат 400 евра плата вкупно и месечни пати за кредити 200 евра. Едно детство едни убавини со 200 евра за 4 члено семејство, убавини.
     
    На TIGRICA123, Andrianaaaaa, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Абе не е еднострана работава. Да, дел од Македонките не раѓаат. Да, според некои машки примероци секоја друга жена е цвеќе во споредба со Македонката и на такви “аристократи“ сигурно им е под чест да им пристапат и да им прават деца на “такви“ Македонки (не од што навистина се такви колку што некој сака да ги гледа на толку низок начин).

    Е па тогаш, нема љутиш ако некој друг, странец или шодае веќе сака да и` направи дете на “таква“ и го прави истото со големо задоволство. Така што, наместо вината да се префрла само на Македонките, не ќе да е лошо и Македонците со ниско мислење за своите жени да почнат да ги сакаат и почитуваат своите сонароднички. Дете треба да е плод на љубов, а каде љубов во толкаво етикетирање и омаловажување на македонските жени... јас да би била во таква ситуација, никогаш не би сакала да имам дете со човек којшто има толку ниско мислење за мене. За среќа, не направив таков неправилен избор во мојот живот.

    Он топик, за премиеров актуелен немам негативно мислење. Шознам, оптимист бев и на почеток и се`уште ми се нема скршено филмот.
     
    На okcenzi, Elissa и dragan4eDR им се допаѓа ова.
  11. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Пвемиевот како физичка појава е непријатен и за око и за уво, навредлив за интелегенција на било кој човек со поголем ај кју од цигла а како политичка појава се работи за тотален арамија кој во свои раце го има избирачкото тело кое најчесто се состои од луѓе зависни од неговата парија за физичка егзистенција.
    Другиот дел на верниот електорат се мртовци кои гласаат и лица од Пустец.

    Преоѓа во традиција на премиерско место да доаѓаат такви особи. Сетете се само на `рошавиот` со брадата и транзицијата.
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Од премиерот наш

    Владината програма за породилно отсуство ја разбранува експертската јавност

    http://24vesti.mk/vladinata-programa-za-porodilno-otsustvo-ja-razbranuva-ekspertskata-javnost





    Белешки за популизмот: Телохранители со докторски дисертации

    http://proverkanafakti.mk/beleshki-...ulizmot-telohraniteli-so-doktorski-disertacii

    „Удар - за Македонија се работи“, мирен протест пред Собрание

    http://24vesti.mk/„udar-za-makedonija-se-raboti“-miren-protest-pred-sobranie



     
  13. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Redno bese da se odrzi protestov,i jas bev na nego iskreno ocekuvav poveke luge ama dobro e sto dojodoa okolu 150 :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Ги прочитав првата и последнава страница но ова ми остави впечаток.
    Законот или важи за сите граѓани или не, или е применлив на сите или не. Ако не важи тогаш е дискриминаторски. Тоа е исто како да се донесе закон за субвенции само во одредени региони или за социјална помош само во Кривопаланечко и Радовишко.

    Економијата е изговор ама постоел хедонизам?
    Некој да споменува хедонизам во земја каде огромно мнозинство на население зема 150-200 евра, огромен број на невработени и главна преокупација е да се помине месецот и да се платат сметките - или не го знае значењето на поимот, или не е особено бистар или е во сериозна делузија.
     
  15. mh23

    mh23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    47
    Верував во овој човек до пред некоја година. Но сега стана синоним за диктатор!!!
    Демократија навистина постои тоа во оваа земј??? Во онаа земја каде упорно има протести и никој не сака да смени ништо односно нема право на глас не е демократска. Ужасие им посакувам се како мене помножено со 10
     
    На dragan4eDR и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    ete vi go vasiot premier si menuva grbovi oga ke mu kefne,si stava spomenici na sekade si glasavte za nego epa trpete gi promenite ;)
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Грбот кога тогаш мораше да се смени, што не е јасно овде не знам. А спомениците не му стојат на никого пред врата па да му сметаат, и сите оние што се против спомениците се отепаа од сликање околу истите.
     
  18. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    :tmi:
    Аплауз на отворена сцена.
    Спомениците се градат со пари собрани од даноци. Тие пари би можеле да се употребат на милион попродуктивни начини наместо лепење гипс-картон и стиропор на згради,, дури би се осмелил да кажам дека тие пари би можеле да се употребат да се спасат детски животи во случаи кога фондот наеднаш нема пари за итна интервенција или да се загреат училници каде деца минуваат по 5 или 6 саати.
    Освен ако не сметаш дека барокот има приоритет пред нечии животи.
     
    На Ina Ina, Hipster, Emy867 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Барокот ич не е приоритет, ама во било која земја во светот се гради по нешто нели, парите поарно на споменици да се трошат отколку некој да ги лапне и како што беше многу години наназад. Никаде во светот сите државни пари не се наменети за социјална помош или за спасување некого. Кај нас што им фали на децата??
    Дали не се погрижил некој за нив, посебно за децата без родители, СОС детско село и слично.
     
  20. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Важно нешто прават? :D