Деца нашле да разговараат за политика... ај, нека ви е... ама морав да искоментирам на она, не знам кој го напиша, „подобар премиер Македонија немало да има“... искрено - можеби ќе имаме, и тоа не еден, ама дали ќе го дочекаме тоа, не знам. Само знам дека со деца држава не се прави - а тоа е она што го гледам во моментов - владата ни е детска градинка - и затоа државата ќе ни пропадне. Не знам за другите сектори ама за здравството знам - тотално го растурија, го уништија, и ќе ни треба доста време да се опорави. А најдобар здравствен систем имавме - колку што знам и Германија има таков систем, да не зборувам за скандинавските земји, а ете и Обама сака во Америка да воведе сличен здравствен систем, а не му даваат богатите. Не сум партиски определена, најважно ми е да имаме способни луѓе на власт кои ќе раководат со државата како што треба, за да напредуваме, а не да назадуваме, што е сега случај. Не дека не назадувавме и претходно. Ама ова е врв. А уште полошо ќе биде, верувајте. Само не знам и не сакам да знам колку лошо ќе биде, и се надевам дека на време ќе се свестиме. Кате, едно ќе ти кажам - вашиот градоначалник доби пари за патот затоа што премиерот одобри. Ако тој не дадеше зелено светло, патот немаше да биде направен. Верувај дека секоја пара во државава тој мора да ја одобри кај ќе оди. Сите оние министри се тука само како фигури, за да се замачкаат очите на народот, но и на сите од надвор - одлуките ги носи само еден. Тоа не ми се допаѓа. Јас не го гледам како човек, го гледам како некој што е на одговорна позиција и треба да прави добро за државата и народот. Нормално дека работите нема да се сменат преку ноќ, ама ова што сега се прави - служи само за залажување на наивните луѓе. Кога ќе се вжешти ситуацијата, премиерот ќе биде прв што ќе избега - во тоа сум сигурна. Никого нема да разубедувам, ниту пак да го терам да го промени мислењето, ама криво ми е што сме толку наивен народ.
девојко, никаде ја не спомнав дека не чинело во време на Тито, затоа што неможам да зборам за нешто за што не сум била присутна. Поентата на спомнувањето на Тито е дека од кога он и таа држава направиле нешто за здравството, ништо од тогаш не е сменето. Од никој до сега. Значи, во превод кој што би бил сфатен од пошироката народна маса, мојот пост се однесуваше на фактот, дека секој премиер до сега, само се вади на * па и до сега беше така* и затоа ние стоиме во место, те. кога во нешто не се инвестира со години, нормално дека се расипува. И неможеш да ми кажеш, епа и во време на Бранко беше така. Ок , било. ама не е веке Бранко на власт, Груевски е веке 4 години, и колку што гледам ништи не е подобрено, туку само Фондот за здравство е попразен од било кога претходно. ( и самата си кажа дека одење на лекар те чинело 1000 евра, ама ај и затоа Опозицијата е крива) И не осудувам никој што има корист.И јас да имам корист ке гласам за Грујо. Пишав претходно дека баш заради тоа Груевски ке остане на власт долго време. Само ме нервира фактот што млади луѓе не сфакаат колку е тоа лошо за едно демократско општество. (те ке сфатиш и ти коа ке завршиш факултет и нема да можеш да работиш тоа за што си завршила)
Не коментирам, бидејќи немам некое мислење, а и не сум политички определена. Нашава држава со политичките партии е катастрофа, ни едните, ни другите не чинат според мене. Најмногу што мразам е политика и политички дискусии. Истакнувам мое мислење само кога е во прашање за доброто на државата, јас, како поединец. Кога ќе има гласање, бидејќи ќе ми биде прв пат и ќе морам да гласам, ќе гласам за партијата која има пореалистични и попридонесливи идеи за државава.
Браво за постов Annath. Целосно ги споделувам твоите гледишта. Не сум партиски определена, но морам да признам дека ми се повраќа од она што во моментов се случува во државата (благо кажано!). Не може некакви случајни 25-30 годишни луѓе да бидат министри, директори, раководители (добро, не се случајни – направиле нешто значајно за „партијата“). Врв на се е изјавата на битолскиот градоначаник Талевски по повод држењето на по 2-3 функции од страна на неговите сопартијци: тие имале по неколку функции и плати, затоа што Македонија била мала земја и немала доволно кадри, т.е. способни луѓе! И ова ми го кажува човекот кој го глумеше Двојче во „Здраво генијалци“ (немам ништо против актерите, напротив – ги обожавам и нив и театарот; само сметам дека има барем неколку илјади луѓе во Битола што би биле поквалификувани за функцијата градоначалник од него). Како и да е, искрено се надевам дека ќе се свестиме и дека некогаш ќе се сменат работите од корен. Само што, гледајќи што се случува околу мене, навистина ми е тешко да поверувам дека тоа ќе се случи во блиска иднина. Хмм... не го ни спомнав премиерот. Се извинувам што сум оф-топик. Барем гласав на анкетата
ЈАСМИН Не знам дали моите претходни постови на темава ги прочита, ама само ќе се надоврзам на твоево мислење - погледни го градоначалникот на Аеродром - Ивица Коневски... Па, Никола Тодоров, Александар Трајковски, Влатко Ѓорчев....
Се согласувам со постов истово би го напиишала па да не должам...Едноставно неможе да си играме држава со млади луѓе без искуство не велам дека можеби не се квалитетни но според мене треба мн леб да се изеде како велат,за да се носи една таква одговорна функција,се е извештачено небаре театар исе случува не реална политика!
Кај сега ова го свати дека е кажано за лица од форумот? Не бе Лолипоп ...Се однесува општо на одреден дел од народот во МК.
врска немам од кој град си ама сепак прво помини низ битола пред да коментираш за градоначалникот, од кога знам за мене битола нема видено подобар градоначалник, од како е тој градоначалник беше целосно реновирано и прекопано градското шеталиште во кое дури се пронајдоа и мини, потоа беше исто реновирано околу безистенот, околу општината, поголем дел од патеките за пешаци(скоро сите), исто така и таканаречениот широк сокак беше реновиран, околу театарот исто така, целосно беше прекопан патот кон центарот (кога ќе идиш од кај прилеп) и беше направен кружен тек, за да можат патниците да врват додека се реновира тој пат беше направен и отворен нов пат, низ целиот град беа заменети сите стари семафори, беше конечно завршен и направен таканаречениот нов пазар, за кој сите претходно само ставаа по една тула пред избори и сл. ако знајш некој подобар кажи одма за него ќе гласам(ако постои) и така наредниот пат и јас ќе можам, а ако не подобро не зборувај напразно следниот пат
POLITIKA Gi citav postovite i samo mozam da vi kazam sto se zamarate tolku pa se prepukuvate edna so druga koj bil podobar i sl.Fakt e deka site se isti i ovie sega i tie sto ke dojdat ,sekoj gleda za svoj interes i da si gi polni dzebovite so pari.Politicki ne sum opredelena ,niti pak glasam na izbori zatoa sto SITE VETUVAAT MN NESTA A POSLE STOM DOJDAT NA VLAST ZABORAVAAT NA SE.Takva e situacijata vo Makedonija taka da stom vi se ukaze sansa begajte od tuka...
Да и кажам само на Џули, мила, не сум јас во општина Прилеп И за тој градоначалник имам негативно милсење, не зборувам за тоа сега ај Првиот мафијаш во Прилепон ти е тој. Ама од друга страна Прилеп никогаш не бил поубав и посреден! Тоа е факт! И еве уште едно нешто што не ми се допаѓа кја Груевски- многу им верува изгледа нба тие што се околу него, па доушниците така убаво ја забошотуваат работата. Треба да застане малку сите негови да ги преслуша. АКо мислите вие дека се е од и до него, не е !
Нели имаше спомнато дека си од Прилеп? Ок..Точно Катенце..и јас имам кажано погоре во постовите дека не зависи од него и дека друг кој е во позадина ги држи конците во рака..И баш напоменав дека Прити грл знае на кого алудирам(си го спомна она уште кога имаше расправии за Ск вс провинции)
Хаха, мила моја, не,не, најчесто сум Прилеп, и ми е доста близу, ама не спаѓам во Прилепска општина Друга сум. И јас абер немам кој е во позадина, ама некогаш го фаќам Груевски како се „мачи“ во позадина И пак ќе речам, пола од тоа што се случува по општините тој абер нема
Нели? Мислам крвот вода не бидува тоа е јасно..И тука нема што да се кажува.Ама секоја чест колку си реална и совесна и ги согледуваш работите, најважно не си субјективна..туку не се слагаш со денешнава политиката воопшто.Тоа ценам.
Фала Џули за комплиментите.... А,за ова дека крвта вода не бидува имаш право Ама, прашање е сега со мојата крв, што правиме??? Оффтопик сум, се извињавам