1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Порно во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од SANY4E, 26 септември 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.881
    Допаѓања:
    102.912
    Пол:
    Женски
    Луѓе а мене мм ми предложи да одиме да гледаме стриптиз заедно :o
    и кога виде дека не ми се допаѓа идејата рече абе се зезам па ти, ( но не верувам дека се зеза)
    инаку во тој стрип клубот танцуваат и мажи и жени :lol:
    што мислите вие би оделе ли заедно?
     
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    ^Да, зошто да не?
    Ќе се позаебаваме, јас ќе гледам мажи, тој жени, ќе се напиеме по некоја пијачка и ајт со здравје по домите.
    Не гледам зошто не би прифатила.
     
    На WildCherry, imelda, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    И јас би отишла на стриптиз заедно со дечко ми, јухууу, каква ноќ за паметење.
    На последната ергенска вечер на еден другар, идната невеста забранила стриптизета и - момакот ја послуша!
    :D
    Папучарење левел 2016!

    Јас сакам самата да изнајмам стриптизета за ергенската вечер на идниот мој маж, по мој вкус, не некоја дроља, дури ќе и дадам и на кои песни да ги затресе близначките и на крај да каже од кого е подарокот и да ги поздрави славениците на журката!
    :rofl:

    На темава - јас гледам порно кога ќе ми текне, а понекогаш гледаме и заедно.
    Прво демек не удира на смеа, а во принцип е страшно добра предигра.
    Дечко ми моментално мислам дека гледа послабо од порано.
    А немам ништо против, големо ДА за порното во бракот!
    :mm: :party:
     
    На Marilyn-Monroe, Annath, imelda и 5 други им се допаѓа ова.
  4. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    ахахаха и моево е слично ,еднаш заедно баравме нешо на ком и коа излага од историја порн хаб и ја го гледам и се напраив дека не го видов ,не се лутам и да гледал па што може ке научи нешто од таму :lol:
    а сум го прашала абе ти не сум те прашала ја тебе како стоиш со тоа порното :lol: глеаш или не,и он ми одговори некад да а ти нееее така :lol: ,ахаха ја не нее ,ако како не и ја некад глеам :lol:
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    A Kоритси, зашто ти не му направиш стриптиз :P :P . вие ако сакате одете, ама мислам дека него ќе му биде пофилм ти да му направиш.
    или индирекно да не сака дечково да ти покаже дека сака да му го затресеш газето? :D
    Jас не знам, не сум по вакви работи, порано и сметав дека никогаш не би отишла на секс шоу, ама знаеш кога би требала да бирам секс шоу или на стриптиз, дефинитивно на секс шоу предложи му, мислам дека е понапалувачки од стриптизети и стриптизери 100 пати :)

    A за порно во бракот, да сум, зашто да не :D
    да си се гледаме во старите години и да си плачеме, зашто лилето не се крева веќе :rofl:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Ако имам маж дома, јас ќе се замамувам да гледам порно на тв? :^) :x

    Зошто да седам пред тв и да се лигушам гледајќи како двајца си ги прават ќеифовите, кога можам и јас да си го правам мојот ќеиф??????? :D

    За мене тоа е исто, како да гледам како некој јаде вкусна торта, а истата торта ја имам во фрижидер. Ама лиги ми течат над туѓата.
    Или гледам како некој вози луда кола, а јас истата ја имам в гаража. :^)
     
    На Sunshine88 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Абе нема ти цело време да седиш со скрстени раце да гледаш и на крај да легнеш да спиеш. Тоа е само да ти ја разбуричка фантазијата, да ве настрви што се вика, па да си се џитнете еден на друг. Исто ко гледаш некој јаде торта ко што имаш ти дома, се стрвиш цело време, на крај идеш дома и со огромен мерак ја смачкуваш тортата. :rofl:
     
    На Annath, Mrs.Bass, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Мене ми е многу глупо кога ќе слушнам некој дека забранува порно на мажот, не и се свиѓа, лута е и сл...
    Со маж ми знаеме заедно понекогаш да гледаме, а зошто сме и двајцата будалетинки невидени, нема воопшто да ми биде чудно некогаш да отидеме на стриптиз, ма би отишле уште веднаш, ама незнаеме каде има :$
    Заедно одиме и во секси шоп и сето тоа многу нормално го доживуваме. И покрај тоа што сме задоволни од сексуалниот живот, не мора да значи дека тука треба да застанеме, нешто + за зачинување на сето тоа никогаш не е на одмет. Зошто да ни здосади од монотон и секојдневно ист секс кога може да биде многу поразлично и поинтересно секој нареден пат. А сето ова можат ситници да го направат ;)
     
    На Annath, Mrs.Bass, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас не сум за порно оти не ми е тоа тоа, сум гледала, сме гледале заедно, ама многу ми е механизирано некако. Повеќе сум за еротски сцени каде знам, гледам и слушам што прават, ама не им е се живо на мегдан.
    Обожавам еротска литература, не слики туку книги, и си ги купувам сама, па и маж ми некогаш ми подари некоја. Заедно одиме во секси шоп, и да, од прва бев усрамена, (срамотни :$ ) играчки на сите страни јас не смеам да ја погледнам продавачката во очи, додека не влегов во втората продавница... па во кои броеви го имате овој catsuit?

    Зачините, новите работи, експериментирање, го прават сексот многу поинтересен за двајцата, и нема ништо страшно во тоа доколку партнерите се сигурни во себе, и еден во друг, па доколку нешто некому му пречи да прави треба да си каже најискрено, како на пример, не сакам да ме врзуваш со лисици, или не ми е убаво мене да носам униформа, ама забрана на работи кои еден партнер може сам да си ги понуди(ако бидеме големи и смееме да признаеме дека сите имаме исклучиво свое време за такво внимание кон самите себе), од видот -не смееш да гледаш порно, или -како така си се осмелила вибратор да си купиш а да не ми кажеш, не се здрави ниту за бракот во генерала, ниту за сексот во бракот.

    Во ред ми е да слушнам од девојче дека и пречи ако дечкото гледа порно, оти сеуште не ја сконтала поентата и чуствува некоја љубомора кон „актерките„, или некое соперништво кон истите, па ајде несигурности во изглед или техника, ама не од жена во брак што требало досега да разбере дека гледањето порно не е замена за вас. Ако немате добар секс или ако воопшто немате секс, проблемот е на друго место а не во екранот.

    А да, би отишла на мешан стриптиз со маж ми. Доколку е женски стриптиз ќе го пратам сам со другарите, ако е машки стриптиз би отишла со другарките, за да се извикаме, смееме, свиркаме, и да уживаме во шоуто без да се засрамиме од мажите наши оти толку сме биле безобразни :o :lol:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317

    БАШ ТАКА! :)
     
  11. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Јас не сум во брак ама воопшто не ми смета ако дечко ми гледа некогаш знаеме и заедно да си гледаме па после кога ке се грабнеме уфф :D .Или на мешан стриптиз да одиме заедно и тоа не ми е проблем, луда журка луда коќ и ајде чао нема ништо лошо.
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Да гледаш порно заедно, е како да гледаш сама ти, сам тој, со додаток на образно црвенило, доза на укоченост, срамно смешкање, настрвување, распарчување на облеката, под неа забележлив голем исход на убавиот филм, див напад на мерак, имитирање на некои од активностите, полудо од стандардно лудување под ќебе.

    Порно во бракот е како секој друг филм во бракот. Се филмаш и ти е убаво, нели?

    Само баш во бракот кога гледаш порно, не чекаш до крај за да ја земе за жена. Во бракот сигурно не!
     
  13. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    Насловов некако кулинарски ми звучи... као "пиле во фурна"...
    a коментариве као... ако нека гледа филмчиња нешто можда и ќе научи...
    а ние се си знаеме... гледаме чисто колку нешто да не заборавиме... :^)
    Незнам ако се учело од филмчиња,.. ја до сега ко Џејми Оливер ќе бев...
    а во брак гледал негледал... тоа ти е... само грав ќе јадеш... :)
     
  14. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Па и гравот може да се прави на различни начини нели :)
    Нови зачини ,нов начин на готвење, тавче гравче ,црн грав.
    Треба инспирација и негување за да не стане монотоно (за да не претече гравот ) :D

    Понекогаш заедно да ,но во никој случај секојдневно па наместо предигра тоа да стане потпалување на огнот .
     
    На ancetupance и Annath им се допаѓа ова.
  15. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    Па сега...
    ако е за утеха се може,..
    само не може да загори...
    тој е огинот... :)
     
  16. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    si gledame porno zaedno,,jas sum inicijatorot pocesto:PPPPPPhahahhahha a posle.......... :lol:
     
  17. ayam

    ayam Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    порно и покрај лјубов

    проблемот је вака во брак сум али сопругот гледат порно редовно имаме секс али пофторно гледат порно и маструбират кога јас дознаф збеснав и сега неми збори веке цетири дена и неје само тоа и постојано гледа голи зени кога го прасувам ми вика за модели ги земам оти сака да црта али јас не веруам у тоа ве молам за мислјејне оти спобудалев фала однапред позз
     
  18. mdb

    mdb Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2010
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    269
    Од пред недела дена приметив дека маж ми почна да гледа порно кога не сум дома. Не е важно како, ама знам. И баш првите денови кога го приметив тоа бевме скарани, ама после се помиривме. Прво си мислев ај да истера напнатост сакал, ај ова ај она... Ама пак и кога се помиривме, типот пак си гледа порно. Имавме редовно односи и те денови, и незнам што е проблемот. Може и не е проблем, ама не ми е сеедно, зашто нејќам да му кажам дека знам, али ете. Вие што мислите? Вашиот партнер гледа порно сам, без вас? И зашто би го правел тоа?
    Молам советче...
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Не дека е нешто страшно, не е проблем. Освен ако не почне да ви смета во сексуалниот живот, ако избегнува да имате секс, а си завршува работа сам, тоа е веќе проблем. Инаку не е баш. Сите гледаат, некои си кажуваат некои не. :)
     
    На mdb и SimonaTino им се допаѓа ова.
  20. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Проблем, верувам сигурно не е...Ако тоа ќе те утеши - гледа и мојот партнер, со или без мене.Ако тоа не преоѓа во некоја секојдневна опсесија, не гледам зошто би имало проблем.Тоа е само обичен филм, а вие двајца сте реалност.Гледај на тоа само како добра забава...
    Но, она што мене ми боде очи е тоа што тој се крие од тебе кога гледа порно, а ти не му признаваш дека знаеш?Е, тоа е веќе проблем.
    Зошто тој се крие од тебе за таква смешна работа?И зошто ти тоа сознание го туркаш ,,под тепих,,?
    Ако почнете да се криете еден од друг и да се шпијунирате еден со друг за вакви работи, тогаш што останува кога ќе тропне на врата некој посериозен проблем меѓу вас?
    Еден мој поранешен професор велеше - Ќутењето не е секогаш злато, драга колешке!
    Разговор, разговор и само разговор!
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.