Најпрво честитки, да сте живи и здрави мамичке ♥️ Читајќи ја твојата приказна, се потсетив на мојата, која е 99 посто идентична и солзи почнаа да ми течат.И јас исто така се породив во Штип, најверојатно и истите доктори не пораѓале. Не сакав царски, сакав природно, започнав да плачам,да молам. Ми дадоа лист да потпишам дека одбивам царски и ја преземам целата одговорност доколку нешто се случи. Тогаш се исплашив од таа помисла, не сакав да го ставам во ризик животот и здравјето на моето бебуле. Со тешко срце се согласив на царски. Не би да се потсетувам понатака, не го паметам мојот пораѓај по добро, најмногу поради нехуманиот и арогантен однос на персоналот, секако имаше исклучоци. Се' ќе помине мајка, и болката од раната, и болката во душата. Гушкајте се, чувајте се...тоа е единственото богатство во животот
Д Фала ти.. кои доктори те пораѓаа? Од операцијата главно сум задоволна, добро помина, ама после тоа беше хорор, сестри и болничарки не можев да се изначудам колку беа ладнокрвни. Ме тераа да си го местам сама креветот за нив да не ги карале, ме тераа да кревам и да влечам железно креветче за да имало место и проодност во собата. А јас со рана, едвај стоев и по некој чекор давав..
Бранислава Серафимов и Емил Џидров. Моето искуство е пред седум години, а еве сега гледам дека таму ништо не се сменило. Арогантни акушерки кои се прават поголем фактор и од самите доктори и кои само гледаат да им се подаде нешто. Тебе кои те породија?
Блазеси ти. Баш охрабрувачки, со оглед на тоа дека најголем дел од породувањата се болни и долги... Ќе се обидам да мислам дека имам шанси за слична среќа живи и здрави да сте и двајцата. Се најдобро ❤️
Андра не те прочитав што направи како си? Честиткииии, живи здрави Што убавоо , лесно ко на филм Честитки живи и здрави да сте
На 22.06.2020 се роди мојата втора принцеза Сара. Сабалјето заминав на преглед ехо и цтг и да се договорам за царски бидејќи и со првото бев ,малото почна да заостанува во развојот ги примив инекциите за зреење ама не очекував дека ќе ме вратат за истиот ден,ме спремаа и во 12и 20 ме внесоа всала со спинална анестезија бев и во 12и41 се роди куклата малечка 1900 гр и долга 43цм .Јас по 8h станав без никаков проблем и без болки ,еве една недела од царскиот ни болка ни ништо ,на сите идни мамички ви посакувам како моево брзо закрепнување
Ајде да ја споделам и јас мојата породилна приказна Ми се јави сестрата на 24.06 да појдам на цтг тој ден (наместо на 26.06 како што имав закажано претходно) бидејќи докторката имала некоја промена во распоредот. Ме ставија на цтг, после преглед со рака, 5цм отворена ме прашуваат дали имам болки, јас велам не, а нели чувствуваш стврднувања, па чувствувам.. е тоа биле болките за кои ме прашувале, а јас чекав навистина да ме боли Ме пратија дома да си се подготвам и да се вратам за два часа... дошол денот Д Торбицата секако ми беше спремна, јас се средив и правец на болница. Ми ставија клизма, инфузија, потоа на цтг... почнаа посилни контракции, ми го пукнаа воденикот и ми рече докторката сега ќе чекаме, бидејќи си прворотка може до вечер да оди, еден цм за еден час... и така јас спремна психички за долго породување, но брзо почнаа посилни болки и на пократко временско растојание, е тогаш почна навистина да боли си реков што ќе правам јас вака до вечер како ќе се издржи... не помина ни еден час почнаа навистина силни болки, ме прегледаа и ми викаат ајде, спремна си за да раѓаш Докторката не можеше да се изначуди како брзо се отворив... Ме ставија на бокс, почнаа да идат напоните ама како сила да немав.. ме слегоа да движам и ми рекоа каде ќе добиеш напон клекни и туркај... два пати така веќе почнав да чувствувам дека главчето почна да излегува, ме вратија на бокс, уште два напони и моето бебе излезе во 17.30ч... 2800гр, 45цм, малечко како глувче, најубавото нешто што моите очи го виделе во животот. Го избришаа и го повија и ми го ставија на гради, дури и ме фотографираа.. тие се фотографии преполни со емоции, предраги ми се Дај Боже на сите вака брзо природно породување, навистина ќе ми остане како пријатно искуство
Стварно фала ви што пишувате вакви позитивни приказни за нас упрпаните Да е живо и здраво малото и многу да ве радува
Навистина од срце на сите ви посакувам вака брзо, па ајде да речам и лесно да минете како мене. Најважно е да сте смирени, да не паничите и да му верувате на вашето тело, тоа знае што прави. И да не ја трошите енергијата на викање, чувајте ја за кога ќе дојдат напоните тогаш најмногу ќе ви треба за побрзо да се олесните. Исто така вежбајте техники на дишење, додека траат болките навистина олеснуваат (иако во моментите на крај забораваш дека треба да дишеш)
Мислам дека веќе можам да ја споделам мојата приказна. По скоро четири месеци се е слегнато и мирно. Беше веќе четврти ден после терминот, сабота. Бидејќи мојата докторка не работи сабота ме испрати во болница за цтг. Имав термин во 9 часот наутро. Претходната вечер мислам дека почнав да добивам некои болки но јас ги претставував како грчеви (бидејќи појма немав како изгледаат породилните болки). Тоа утро мм отиде на работа и јас останав будна а не му кажав дека осеќам нешто во стомакот. Некако ме фати некоја паника да не се случува нешто со бебето па едвај дочекав 8 часот и отидов во болница. Скоро како во маало да ни е и отидов пеш. Таму ме ставија на цтг, ме проверија и ми кажаа дека е се уредно, сум била отворена 4цм но дека бавно ќе одело отварањето бидејќи сум со прво па можело да си одам пак дома. Дојдов дома легнав као демек да спијам. Какво спиење бре се мавав по дома да мине време. Накај 2часот попладне почнав да звонам на мм дека ќе треба да си иде веќе. Си дојде тој но почекавме уште малце дома па накај 3ипол отидовме во болница. Таму не примија во соба сами со мм. Ме ставија на цтг и рекоа дека веќе морам да чекам таму нема одење дома. По некое време станав и шетав низ соба, вежбав. Доаѓаа сестра и бабица ме контролираа. Морам да кажам дека ме гледаа буквално како да помагаат на нивна сестра По некое време ме однесоа во породилната сала (а таа беше премногу пријатно уредена што ќе помислиш дека уствари дома си се пораѓаш, потоа со мм ми коментиравме дека ние очекувавме сала како по филмовите со апарати и доктори насекаде хаха). Потоа влегов во када а мм и бабицата цело време до мене, ми зборуваат, ме галат. По некое време седнав на бокс, сум била доволно отворена но водењакот никако да пукне. Па мораше сосила да се пука. После неколку напони и туркања бабицата која досега беше сама ја викна докторката па и таа дојде. Малце ме фати паника, си викам што се случува кога не може сама ама така требало уште еден напон кога дојде докторката и главичката на бебо излезе дури така како што бев свиена ја видов малце е понатаму малце докторката помогна со притискање на стомакот и ооп излезе цело тоа мало ангелче. Во точно 19ч 33м.Заплача и одма ми го ставија на гради и мислам дека прв пат се радував во животот што некој плаче оно плаче, јас плачам а гледам дека и мм си бриши солзи му дадоа нему да ја пресече папочната. Така плачејки бебо се искија неколку пати а јас се стопив. Гледајки ги тие очиња дури се налутив кога ми го зедоа да го избришат и средат. потоа го дадоа на татко ми кој малку ме зачуди како го држи со оглед дека бебе кое не седи не беше држел до тогаш хаха ама сега си е негово. И така поминавме ние. Не средија и двајцата и не однесоа во соба да си се гушкаме и радуваме на новиот дар што се вика живот. И иако сме си сами дома ние тројцата си се навикнавме еден на друг и сега веќе не може да функционираме поинаку. Ви посакувам сите вие што си чекате бебиња да си поминете така лесно и убаво како мене. И радувајте се на бебињата тие се смислата на животот.
Здраво мајки. Најпрво ви честитам на сите кои веќе ја добивте животната награда, вашите прекрасни бебенца. Да бидете сите живи, здрави и најсреќни. Имам прашања до сите кои веќе сте породени. Дали некој има искуство бременоста да му ја води Др. Снежана Костовска на Млечен и како сте задоволни. Дали пораѓањето го одредивте уште во рана бременост и си најдовте лекар за пораѓање, или има некои што директно одевте на клиниката каде сакавте да се породите? Која какво искуство и да имала, ве молам пишете ми. Искрено незнам во ситуацијава во која клиника и кај лекар да се породам. Во средина на бременоста сум. Ви благодарам и извинете ме за долгиот пост. Се најдобро ❤️❤️❤️
Има други теми за овие прашања, во Труднички муабети прашај. еве тука https://forum.femina.mk/threads/Труднички-муабети.13506/page-5663#post-5068348
Кај нас за таткото да дознае нешто за сопругата и детето треба да се јавува на 20 места и врски да бара иначе нема еден да дојде и да го удостои да му каже информации особено во државна болница. Памтам лани кога се породи мојата тетка во државна болница и кажав дека она нема маж и дека е самохрана мајка, но докторката ми кажа дека само на таткото кажувале информации. После еден наш близок човек се претстави како татко бидејќи жената имаше проблеми, беше на интензивна нега и ние сакавме да знаеме само нас не имаше така кажано како роднини и таа кога почна нели немаше маж жената, од каде сега вие вака така неќеше да каже барем дали се добро. Од тие на шалтер да ги молиш да ти кажат. Значи и викаш самохрана мајка, и кажуваш се како е за она на крај да те праша а таткото каде е. По пишаното одма се познаваше дека не е во СРМ ова тоа сакав да кажам.
Ај дур е тазе да ја раскажам мојата втора породилна приказна Втора бременост во вторникот бев на преглед и докторот рече работата е тргната ако не биде до четврток вечер само по себе ќе ме прими во болница за програмирано пораѓање со провокации.Така и бидна си се спремив во четвртокот попладне и со маж ми отидовме во болница .Ме примија се сместив докторот помина кажа дека ќе ме качат во предродилна сала во 11 ноќта ќе ми дадат вагиналета и вика сабајле кога ќе дојдам јас ќе раѓаш здравје Ме качија ми ставија вагиналета и ми рече акушерката сега легни одмори се да се отспиеш убаво до сабајле да имаш сила ,од спиењето ништо не бидна во 5 сабајле дојде акушерката цтг ,ме прегледа вика супер 3 цм си се отворила до 12 на пладне вика ќе родиш ,од тогаш почнаа болки ,кај 7:30сабајле вика морам да те прегледам пак докторот ќе дојде да го информираме до кај си 3-4цм отворена ,јас почнувам да добивам многу јаки болки викам сестрата да дојдат епидурал да ми стават пошто веќе болките не се издржуваат доаѓа анестезиолог 8 :15 веќе обезболена ама напони многу почнав да осеќам и кажувам на акушерката вика чекај да те прегледам и само ме прегледува и вика на болничарката девојчево ќе раѓа подитно на бокс ,полека ме префрлија на бокс дур одев тие 4-5чекори ми пукна водењакот го извикаа докторот дојде одма ме качија на бокс ,напнав два три пати ,мораше да ме сецнат малце и со еден напон излезе цело моето глувче тешко 3130гр ,долго 49цм во 9ч сабајле Ми ја ставија на гради ме сликаа ме снимаа ,после му се јавивме на маж ми кој ради коронава немаше среќа да биде на овој пораѓај како што беше на првиот ама тоа е битно одма доби слики снимки се .После за шиењето видов малце мака епидуралот ми откажа престана да делува ,па малце повеќе почнав да крварам ама среќа докторот ме смири знам дека боли ама мора итно да се делува во вакви ситуации дека морам да издржам па стиснав заби и тоа помина Се на се не беше тежок пораѓај брз и лесен ,без крајниот дел со шиењето и крварењето ама се тоа се заборава кога ќе си го гушнеме најмекото бебуле на свет