Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. anitka-fifa

    anitka-fifa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    383
    Кај кој доктор беше? Болеше епидуралот?
     
  2. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Др.Панчевски ,епидуралот не боли ич.
     
    На anitka-fifa и BeloMache им се допаѓа ова.
  3. BeloMache

    BeloMache Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    201
    Знам дека има други теми, но и после толку читање за одредени работи не најдов одговор. Затоа помислев дека кај вас кои имате поминато цела бременост кај одредени доктори и сте веќе породени, ќе може да добијам одговор. Сепак извинете ме и благодарам.
     
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Штом си на средина на бременост почекај може короната ќе помине, па нема да бидеш под притисок да бираш доктор и болница. Јас сакав во Чаир да раѓам ама се деси пандемијата и отидов во Ремедика (таму ја водев бременоста). Доктор за породување можеш да избереш во 36та недела, да одиш кај него на цтг и да се договорите за пораѓај. Во приватните болници кој и да го избереш нема да згрешиш, во државните има посебна тема за тоа ќе прочиташ таму за повеќе доктори.
     
    На kavadar4anka, BeloMache, Среќичка и 2 други им се допаѓа ова.
  5. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Јас сум 7ми месец и уште не знам што да правам искрено. Чаир ми беше опција, ама без врски не знам како ќе пројдам со оглед на тоа што сега сите таму одат на пораѓај... Одговор можат да дадат мајкиве што се тазе породени од март/ април па навака...
     
    На BeloMache му/ѝ се допаѓа ова.
  6. alex.eli

    alex.eli Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    148
    Мојата втора породилна приказна. Уште ми се измешани чувствата, но фала му на Бога што сме добро и двете. Мојата втора девојка се роди во 41ва недела на 02.07. во четврток. Првиот пат се породив во Систина, преубаво искуство, брзо и лесно. Не сум од Скопје и овој пат решив да не ризикувам, сите доктори ми викаа дека многу брзо ќе родам вториот пат и решив да не патувам за Скопје. Така и бидна, ме разбуди чувство како да ми се откина нешто внатре во 6:25 сабајле и рипнав од кревет да не случајно пукнал водењакот. Добив контракција како многу јака менструална болка, ама во половини ништо и викам ај ќе почекам може пак е од лажните оти си ги имав повеќе време. Арно ама на секои 4 мин се повторија исти такви контракции неколку пати и решив да не ризикувам се измив земав стварите набрзина и правец - болница. Веќе беа на 2-3 мин. Ме ставија на ЦТГ вика акушерката не ти се толку јаки за да раѓаш сега. Да не именувам место, тука пораѓаат со царски 95% од жените, оти земаат големи частовки после раѓањето, па ако те чекаат за природно може да заврши смената. Јас без отворена за раѓање така да царскиот им отпадна, ама не ме остави докторот да добијам напон за што побрзо да се породам (се погодив на крај на смена). Ме притискаше на стомак и беше многу грозно. Нејсе, родив со 2 напнувања во 07:30 и беше за среќа многу брзо, ама ми направи епизиотомија иако акушерката вика немора ќе роди женава и така. Шиењето беше со многу малку локална анестезија и ме уништи. ;( Ќе родев 10 деца наеднаш и немаше толку да боли. Ама тоа е. Бев благодарна и среќна што родив здраво преубаво и тивко женско бебенце и што сме и двете добро. :l:

    Велат сè се заборава, ама никогаш повеќе доверба во државниот здравствен систем.
    Ве поздравувам и охрабрувам бидејќи жените сме чудото на природата и сè можеме. :muscle:
     
    На NNA, LadyC, thelittle17 и 37 други им се допаѓа ова.
  7. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Да ја споделам мојата прва породилна приказна.
    Пишував и овде, некаде од 27ма недела ми почнаа секојдневни (подготвителни) стврднувања на стомакот. Цтг правев редовно од тогаш па се до пораѓај, каде се куцаа контракции до 80 па и 100 на редовни временски интервали. Се сеќавам само што влегов во 7ми месец, матичната еднаш ми рече "после вакво цтг, може да се породиш многу наскоро, ако добиеш болки викендов на 10тина минути трк до болница" Си реков во себе, оваа нормална ли е, јас не планирам сега да раѓам, рано е, бебе ми е неспремно сеуште. Знаев длабоко во себе дека не е време и не се потресував многу за нејзините искази. Да напоменам истава ме извади од памет уште во 10та недела, кога измери граничен нухален набор кај син ми па благодарение на неа, докторирав на темата набор и пренатални испитувања! Како и да е, цела бременост ме прогонуваше таа мисла и бев во некаков грч. Инаку греота е да се пожалам, убава бременост имав без поголеми тегоби. После сите перипетии стигнавме најпосле до 37+ недела. Кул си реков, сега може да се опуштиме, бебе нема да го сметаат за предвремено родено па ќе избегнеме дополнителни испитувања.

    36+6 бев на редовна контрола и и' напоменав на докторкава дека веќе 2 дена ми истекува безбојна и безмирисна течност долу, многу поразлично и пообилно од жолтиот исцедок кој го имав цела бременост. И' реков да направи еден тест да провери да не е можеби плодова вода тоа што тече. Ме провери со рака, нема отвореност, цервикс 2.7 значи се е до ред!
    Утредента станав околу 7 и почнав да работам низ дома, имав зацртано што треба да сработам за тој ден :D плус тоа бев убедена дека ќе ми се исполни една желба што си ја имав, кога ќе дојде време да раѓам тоа да биде наутро откако добро ќе се наспијам и ќе се напијам кафе па може да почнеме.:makeup:
    Вечерта околу 9 откако цел ден минав на нозе, осетив како ме пресече стомакот ниско долу, на начин на којшто дотогаш немав осетено.
    Му реков на маж ми да одиме до болница, да ме ѕирнат.
    Околу 9 и 30 една префина девојка ме прегледа долу и рече дека само 1 прст отвореност има, а откако и кажав за исцедокот истестира дека се работи за плодова вода, и беше запрепастена од неодговорноста на матичната заради која цели 4 дена бевме изложени јас и бебе на опасност од инфекција! Веднаш ми пушти антибиотик да тече и кажа дека ќе пуштаат нова доза се до пораѓајот за да не дојде до компликации. Колку ли само бев гневна во тие моменти!!! Ми идеше да прелетам и да ја задавам докторкава!!!
    Ме уклучи на цтг, лежев 1 час и си рачунав кога отприлика ќе се породам, со оглед на тоа дека нели кај прворотка обично се смета 1цм на саат :D
    Околу 11 часот го испратив маж ми дома да одмори, и му реков дека ќе го барам кога да дојде, заради коронава ми рекоа дека кога ќе започне пораѓајот тогаш смее да влезе и таткото.
    Ме пратија во соба да одморам и кога ќе станат ептен силни болките да ги барам, доколку сакам да примам нешто за ублажување на болка.
    И така шетав саат два околу креветот, а најсмешно беше што морав со себе да ја туркам и онаа закачалката со кесето антибиотик што ми беше прикачено(facepalm)
    Околу 1 и 30 ме симнаа долу во родилна сала, ме прегледаа и рекоа да го барам маж ми да дојде:nod: болкиве стануваа се посилни па се плашев да не не стигне на време. Да напоменам цтг одеше до 50 максимум и веќе немаше пауза помеѓу контракции. Цело време бев сама во родилна, одвреме навреме ме проверуваше една бабица. Конечно стигна маж ми, ми олесна и морам да кажам дека неговото присуство ми годеше. Му се жалев дека сум многу уморна и се каам што цел ден се убив од работа дома!
    Околу 3 дојде бабицата и ми рече да легнам да ме прегледа, јас врескав дека сакам веднаш епидурал, оти до овде е работава:whew: аа вели таа, готово 10цм отворена касно е за епидурал сега остануваат напоните уште и ме бодреше дека сум била многу издржлива и храбра:clap:
    И така long story short 7-8 напони и сечење по моја желба (таа сакаше да ме поштеди од тоа) се роди СИН МИ, нешто најпрекрасно што сум го видела дотогаш, си ја родив љубовта на мојот живот!
    Ви посакувам на сите лесен и убав пораѓај и не плашете се, се' се издржува.
     
    На NNA, LadyC, Mokiche и 46 други им се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    Нека е здрав и жив, да ве прави среќни:party:
    Ме интересира која ти е матична?8-|
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Фала многу:)
    Не сум породена во Мк, но секаде има вакви "доктори", а јас особена среќа да секогаш на вакви налетувам.
     
    На mariz, ALISA0000, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Да пишам и јас набрзинка додека имам време:D

    Прва бременост, во средата бев на цтг и си добив преглед со прсти,вели докторот 2 цм си отворена, ајде ќе биде немај гајле, следен преглед во сабота ми вели.
    Доброо, му велам на мм ќе одиме во петок на преглед, да му речеме за провокација. Дојде петок. Јас имав мали менструални болки,на саат време некаде, си продолжив да спијам. Станав во 10 и 30 приметувам болки на 5,10,6 мин си велам ова не е тоа, прво се на различни интервали, второ не се јаки.
    Го разбудив мм во 12часот, јадевме, пиевме кафе,му кажувам, велам ќе биде до понеделник сигурно, вака почнува тоа. Во меѓувреме почнуваат болките да се малку појаки, отидов се средив за секој случај, испратив маж на работа, велам ако има нешто ќе те барам.
    Почнаа болки на 2 мин и почнува за време на болкитр да ми се оди во вц, и се јавувам на сестра ми, вели одма во болница оди, добиваш нап ти. Реков ај да не направам беља да одам на преглед. Му се јавив на маж дојде од работа, а само што замина.
    Велам ај земи ја торбата за секој случај нека седи во кола.По пат му велам, докторот ќе ми рече лажни се, ќе се разочарам.
    Влегуваме во болница, ајде цтг, покажува болки 70,80,60 ,вели сестрата не се за раѓање овие ама ќе биде. Дојде докторот ајде на бокс да видиме што е работата. Ме проверува, вели 8 прста си отворена, ми го пукна водењакот,вели ќе се породиш. Цело време зборував таму лелее не можам да верувам дека 8 прста дојдов отворена , се смееа сестрите со мене.
    Си шеткав во предродилна може половина час и за време на болките напнував за бебе да застане во канал. Ме качија на бокс почнав да напнувам, ме сецнаа еднаш и тогаш вриснав. Значи многу болеше сечењето, 2 пати напнав и излезе Софи моја:inlove: тешка 2800гр и 50 цм долга.
     
    На Milobebence, NNA, LadyC и 71 други им се допаѓа ова.
  11. BeloMache

    BeloMache Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    201
    Ѕи благодарам многу, па и ми олесни... Бидејќи претходно добив совет што побрзо да сум се одлучела за лекар и клиника. Не ми иде сега за сега... Ќе оставам за на есен. Поздрав и секое добро ❤️
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. One Life *

    One Life * Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    И мојата породилна приказна. Во Понеделникот 40+3 и докторот ми рече нема да чекаме дојди во Среда ќе ставиме провокација и ќе се пораѓаш ..Штом е за во Среда му реков дај да дојдам утре барем на убав празник ќе биде буци и име ќе му чекаме :)... Иии така бидна , дојдов во Вторник во 7 , ме качија горе во соба и ми ставија провокација ..За еден саат почнаа минимални болки, за во 8 ипол веќе да ми стават епидурал.. Е сега пошто јас сум често баксуз , епидуралот не фати како што треба , во смисла цевчето кое што треба да биде поставено во текот на целиот пораѓај кај мене не можеше да се постави (анестезиологот кажа дека за неговото 13 годишно искуство ова се случува првпат )Дозата која што ми ја пушти ми рече дека е доволна да бидам обезболена околу 4 часа..Ако за тоа време не се породам ќе ме буцне пак... Ии се разочарав малце пошто си реков ехе кај ке родам за 4 саати јас којзнае кои болки ќе ги трпам...Ме качија на породилен стол кај 9 и пол а јас не осеќав ништо под градите од епидуралот , тотално обезболено .. Кога дојде акушерката да ме преглед колку сум отворена и рече ехее 8 прсти ми се плачеше од среќа :$ Во 11 ипол веќе бев комплетно отворена ама затоа што буци беше многу горе , не веше воопшто симнат морав секој напон да го туркам . Се породив во 12:40 :whew::l:
    Многу се разранив внатрешно дека бебето беше многу високо и нонстоп пикаа раце и докторот мораше и на стомак да ми се качи за да се породам полесно , па повеќе време ме средуваа долу, Од болка ниту б не осетив
    Можам да кажам дека имав релативно брзо и лесно породување :inlove:
     
    На NNA, thelittle17, Chikitaa и 43 други им се допаѓа ова.
  13. BeloMache

    BeloMache Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    201
    Честито мајка. Здрави и најсреќни да се со бебче ❤️ Сепак прекрасно искуство. Каде се породи? Бакнежи до вас. Уживајте во секој миг заедно ❤️
     
    На One Life * му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Што убаво вака да ве чита човек душа му исполнувате :inlove: и го охрабрувате за денот што доаѓа:D И честитки да е живо и здраво:inlove:
     
    На BeLLaDona23, Ivona S, Broki5 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. One Life *

    One Life * Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Во Плодност Битола, препорачувам на секој кој што е во можност тука да се пораѓа :l:
     
    На Chikitaa, MartinaMM, BeloMache и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. BeloMache

    BeloMache Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    201
    Сепак во Скопје ќе се пораѓа, иако имам слушнато многу пофалби за Плодност. Уште еднаш честитки ❤️
     
  17. monka_bonbonka

    monka_bonbonka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2017
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.013
    Пол:
    Женски
    :inlove::inlove::inlove:
     
    На LadyC и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  18. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Во кратки црти второво породување нешто слично на првото
    (Нема да одам многу во детали)
    Во глобала потешко (што е чудно за втор пат ама ете..)
    Примена со 3 прста отворена во четвртокот
    Во петок сабајле во 6 ми пуштија провокација преку инфузија,во 16 часот попладне ме провери вагинално Оп 5 прста вика ајде горе одиме ова брзо ќе биде.
    Јас жива среќна не ме боли нешто страшно и дека рече брзо ќе е,позитива добив и нагоре трчанката :)
    Е сега тука почна се...си тече уште провокација проверки вагинални на секој 40мин си добивав, и болките прејјаки почнаа,а јас не мрдам од тие 5 прста... :(
    Така со саати ми рекоа да стојам до креветот да се спушти убаво бебе за да се отворам,никако да лежам :|
    Закачена на Цтг до кревет стоев до 23:30 стоечки сите планини ги поминав :)
    Значи од 16и30 попладне до 23и30 вечер во огромни маки бев (првокации 2 шишиња ама течеа како река брзо :) )
    Последната проверка беше 8 прста и ајде на бокс
    На бокс од 3 пати излезе сонцето во 23и55часот
    3и100тешка со 48 сантима
    Ми ја ставија на гради и се друго заборавив :f:
    Вчера си дојдовме дома едвај чекав да ја видам ќерка ми и да и го покажам бебето
    Прекраснотии луѓе...нема појаки чувства и среќа од ова!
    За сите само радост да има и лесни породувања (јас не сум таа среќа ама живи здрави сме најбитно)
     
    На Annora, NNA, Turna и 50 други им се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Ајде ајде, топ си! Далеку од тежок пораѓај е ова :)
    Да сте живи и здрави, имајте лесна адаптација дома :)
     
    На happygirl, mariz, Bella* и 3 други им се допаѓа ова.
  20. alex.eli

    alex.eli Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    148
    :l::l:

    Неописливо чувство кога ќе го видиш првото како се радува на второто! Јас со стврднати гради преболни, неспиена 3 дена, си дојдов дома, ама кога ги видов двете :l::l: заедно полетав! Да ти се живи и здрави и ти со нив!
     
    На Chantal, Bella*, BeloMache и 5 други им се допаѓа ова.