Да тоа го знам, но дали постои можност да се продолжува или да се извади друго боледување за предвреме родено бебе?
Можеш боледување да извадиш. Но ти треба мислење од специјалист и соодветна дијагноза. Види тука можеш ќе најдеш што ти треба.
Душо како за причина дека е предвреме родено немаш продолжување на породилно.Мораш или да извадиш боледување од матичен со причина слабокрвност на пример или види со специјалист и соодветна дијагноза,физикална терапија на пример
Me zamolija da prasam za bliska licnost: Dali vo dokumenti koi se dostavuvaat posle poroduvanje, se dostavuva i otpusno pismo na rabota?
Здраво, ме интересира дали доколку сум осигурана во Мк, а се породам во странство, дали ме следува породилно, односно 9 месечната исплата?
Здраво, ме интересира дали има некоја рамка за отварање породилно како што е кај патолошка 45 дена порано? Ми е останато во глава 28 дена порано за регулар ама не сум сигурна.
Задолжително е да се отвори 28 дена порано или тогаш најрано можеш да го отвориш. Со првото за 6 дена не фатив породилно, се породив порано и појма немам како е.
Така пишува 28дена, ни можеш и подоцна од искуство. Јас отворив на денот на пораѓај, т.е повеќето што ги знам отварале породилно на ден на пораѓај или 2-3 дена порано.
Нејќам веќе планови да правам зошто ми пропадна убавиот план, ама мора да праам комбинации. Последната комбинација вика 3 или 4 недели максимум да работам па да отворам породилно. А секогаш стои и опцијата да поработам 2 недели и да отворам веднаш на 28ми ден, или пак да земам две недели обично боледување и да отворам породилно.
Zdravo , da ve prasam, okolu vremetraenjeto na porodilnoto,za bliznaci e primer 15 meseci, ama sega gledam vo dokumentite za porodilno sto gi spremi maticnata, pocnuva 12.11.2022 a zavrsuva 04.02.2024 neli treba da trae isto do 12ti ? Zosto 8 dena porano?
Е планот беше таков, ама се разболев непланирано и отиде планот низ вода, а многу се нервирам ама тоа е. Сега ќе мора да оставам се на случајност а јас и моето оцд тоа ич не го сакаат.
Здраво ме интересира дали има некоја членка искуство со породилно после патолошка бременост? Колку изнесува породилното дали е 100% ? И во однос на отворањето на породилно при патолошка бременост, пишува задолжително 28 дена пред пораѓај? Ми е конфузно кој знае точен датум на пороѓај....
Породилното без разлика на патолошката е 100% од просекот од платата на која си осигурана последните 12 месеци(ако си осигурана помалку, просек од помалку но не пократко од 6 месеци). Ако си на патолошка согласно закон комисија мора да те упати да отвориш породилно 45 дена пред термин (се рачуна терминот по последен циклус). Значи во тие 45 дена не смее ни матичен гинеколог да ти отвори боледување. Обично се манипулира за да не се оди толку рано на породилно со користење на денови годишен одмор или евентуално боледување од општ лекар колку што може да издаде. Ако не си на патолошка согласно закон вика 28 дена, ама и тоа не може никој да те примора. Мене претходната бременост одев на работа додека влегов во 9ти и тогаш си го земав одморот. Во меѓувреме се породив и породилното ми беше од ден на породување.