Фала ти..видов според мислењава иста е цената и во ремедика и во систина ...се зачудив ремедика ги стигнале систина со цените беше поефтино.
Сите што сте пред пораѓај и планирате да раѓате во Систина, да ви кажам дека од денес нема посета воопшто. Ни од сопруг, ни од било кој друг, заради Корона вирусот. Досега беше со маски задолжително и смееше само еден на посета (сопругот), сега никој.
Браво за Систина, и се надевам ова ќе го спроведат во сите останати болници, и приватни и државни. И не само поради Корона вирусот, туку и грипот кој го има во моментов. Секси, извини, знам дека ти е тешко сама, и може малку пцуеш, ама дефинитивно е за доброто на сите.
И јас ги поддржувам, стварно браво за болницава, вака е најдобро за сите. Сепак тука се родилки и бебиња, најранливата категорија. Мм и онака доаѓаше на пола саат, не дремеше цел ден, ама и он е поднастинат, па секако се договоривме да не доаѓа деновиве. Само тие пациентки што се за испис може да дојде сопруг да ги земе, инаку нема влегување. И јас се надевам дека сите болници ќе го воведат ова, во моментов е стварно неопходно. И не само заради Короната, туку и грипот и вирусите кои хараат периодов.
И во ремедика се забранети било какви посети ради вирусот. Денес ми кажаа. Да знаете тие што ќе се породувате таму
Имам едно прашање за тие што се породиле во Систина. Кои документи ми требаат за таму? Кои испитувања ги бараат да ги имам?
Честитки, да е здрава и жива ❤ ! И јас планирам во Систина, 36 +4 сум. Природно се породи ? Како си задоволна ?