Нема бегање од алохолизмот. А посебно ако оној што пие не сака да престане. Не сакам да потенцирам за кој станува збор но наследно е. Мене ми е повеќе жал и ме боли за тие околу мене затоа што јас воопшто не се замарам со "личноста" едноставно веѓе ја изгуби вредноста за мене и сите зборови што доаѓаат од таа личност се безвредни и не допираат до мене. Мн ми е жал ме боли мн за тие околу мене што мн ми значат и што тоа мн влијае на нивниот живот. Како што се изјасниле и феминките погоре овде нема установи и закони кои би ја спречиле оваа трагедија што како што приметувам е се почеста. Како и да е тоа е. Еден е животот. На кого како му го запишале...
Постојат ДНЕВНИ БОЛНИЦИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА АЛКОХОЛИЧАРИ(Скопје,Прилеп,Битола)кога лицето алкохоличар е пријавено од семејството или од фирмата каде што работи тогаш морада оди на лекување во овие болници,доколку не се лекува или продолжи да пие го губи работното место.Кога се во апстиненција одат редовно во КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ(таму имаат свои активности и обавезен разговор со психолог/психијатар).Меѓутоа еднаш алкохоличар-секогаш алкохоличар и се додека не му е сериозно загрозено лично него здравјето не престанува со пијање,тоа е мое лично мислење.
Може во поголемите градови има такви институции ама кај нас нема.Веке нагласив дека живееме во мало место.Знам дека штом му се наруши здравијето ке престане,АМА КАСНО тоа ми беше целта да сфатите дека овој порок е сличен на дрогата и дека правењето алхохол по дворови треба да е со закон казниво. Да се донесе закон со кој тоа би се забранило. Строго само во фирма да се произведува и цена малку повисока од реалната.Знам дека во поразвиените земји алхохолот и цигарите се прилично скапи,а дали тоа е случај кај нас.ДОСТАПНИ ЗА СИТЕ.И како нема да се пуши и пие. Еве јас како ги оставив цигарите. Ја праќам мојата 6 годишна керкичка да ми купи и и дадов 50 денари се врака со цигари и вика НЕМА ВИШЕ ЧОКОЛАДКИ.Цената на една кутија од 35 на тогашенПАРТНЕР на 50денари за останатите 15 си купуваше животинско царство .Леле како ме гледаше , ме стопи ....Тогаш реков аааа не се секирај ти, ке имам јас секогаш да ти дадам пари за за чоколадки ако за ништо друго . Нема више цигари. ТАКА Е И ДЕН ДЕНЕС НЕМАМ ЗАПАЛЕНО НИ ЦИГАРА И СЕ ГОРДЕАМ ШТО УСПЕАВ.Законите ни се слаби ,се продава алкохол и на малолетници исто и цигари а во секоја продавница пишува забренета продажба на алкохол и цигари на малолетни лица ама кој тоа го почитува...Не можам а да не спеменам дека има случаеви на нелегална продажба на истите. АКОХОЛ КОЈ Е ПРАВЕН .РАЗРЕДУВАН МЕТИЛ АКОХОЛ И ЦИГАРИ БЕЗ МАРКИЧКИ ИЛИ СО ЛАЖНИ МАРКИ И КОЈ ЗНАЕ ОД КАКОВ ТУТУН СЕ ПРАВЕНИ.За крај ке ви порачам само дека е подобро да се спречи одколку да се лечи, како што вели една наша поговорка.
И е со Закон казниво ама за жал не се применува сеуште тој Закон. Мислам дека лани на почеток на 2012год го воведоа т.е изгласаа Спојлер Има Закон и за - дека не смееш да правиш ајвар во двор, цепиш дрва на улица, переш теписи на улица, пешачка патека, фрлаш ѓубре на улица.... инспекторите сеуште спијат
Е не би требало да спијат за тоа се платени и тоа им е работа.Гледате ли дека и тие имаат ВИНА. ВИНОВНИ СЕ И ТОА КАКО.Од такви неодговорни инспектори страда државата,па после граганите, моето семејство , можеби и вашето.Затоа токму тие се виновници за многуте проблеми со кои се сочуваме секојдневно.Невработеноста расте , расте бројот на малолетничка деликвенција, расат заболени од рак на белите дробови од цигарите.Проституцијата.Криминалот. РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД АЛХОХОЛ ОД СИДА ,ОД ДРОГА.Со еден збор борбата со пороците на денешнината станува се потешка и нашите инспектори спијат оти нема кој да ги разбуди. Власта е таа што на овој проблем треба да му обрне посебно внимание. Уште од најмала возраст потребно е децата да знаат што е лошо , за тоа трба да бидат навремено предупредени.Повеке внимание треба да се посвети во воспитно образовниот систем. Со директени средби со лица кои се лечат од овие пороци па и членови на нивните фамилии.Средби со полицајци со социјални работници, пред се со лекари. Нема тука ништо срамно и смешно како што мислат некои . Туку едноставно учење од грешките на другите.Со предавања на овие теми.Со секојдневно ангажирање на сите нас.
да се надоврзам на виножито.. мене најмногу ме нервира рекламирањето на алкохол...значи страшно ми иде на живци...затоа што маркетингот е врв...и скопското е кул...карикирам...али мрзам реклами за алкохолни пијалоци... и друго што ми иде на слепо црево е што- некако станува скоро па нормално мажот во текот на цел ден да си потпивнува... мажот на другарка ми...иде на работа, сабајле една-две зти...после на ручек пиво...после дома пак една две чашки зта..ако дојдат гости вечер вино....а тоа е као кул и многу нормално... кај мене дома, мн ретко се пие алкохол и затоа ми е чудно... инаку алкохолизмот е болест на зависност која се лекува во психијатриски установи.. прво треба силна воља од самиот пациент, па потоа се друго..но ретко кој признава дека има проблем со алкохол...далеку е америка...
Како што сме тргнале, уште малку и дрогата ке ја направат легална а не па да забранат акохол и цигари. Тоа онака само на хартија кај нас се става.Како може да бидеме толку незаинтересирани за овие проблеми ,кои се според мене главни виновници за многуте несрекни семејства не само кај нас туку во целиот свет.Кога на еден проблем ке му се погледне од реалната страна тоа не е веке проблем пола е решен.Никој сам нема да рече дека е пијаница и му одговара да си пие . Така нема ни проблеми ни ништо. Се му е полно и рамно. Тоа е така оти никој прв не прави чекори да стаса до Америка . Нели сме горда нација....Немаме проблеми па да ги решаваме.Зошто да се замараме со некои си таму пијаници..едино грците ни стојат на патот.Извинете ако забегав од темата .
Освен цигари и алхохол друго не.... порано млади луди години и повеќе пиевме сега се помалку и помалку ( имам многу лоша пијанка ) хаха тешко тие околе мене кои се цигарите немам намера да ги оставам и неможам и да сакам а др не !ама како велат или ке пиеш или ке пушиш или ке се дрогираш или ке се курвш така да СЛОБОДНО ПИЈТЕ И ПУШЕТЕ НЕМОЈТЕ ДРУГО
Nana 19 имам едно прашање. Мислиш ли да продолжиш со пушење и кога во твојата уторба ке носиш свое чедо.Си размислувала ли дали е фер што некои мајки пушат дури се бремени,како влијае никотинот на плодот а подоцна и на новороденчето.Или едноставно не можеш да ги оставеш цигарите и ке загрозеш нечиј живот.Баш ми е мило што се збори дека ке ги покачат цените и ТРЕБА.
svatlivo mi e pusam cigari ama ne mozam da podnesam zeni so pusat i koga se bremeni pusam 10 godini od ko imav 15 sega imam 25 koga denta razbrav deka sum bremena gi ostaviv koga sinmi napolni 1 godina jas pak ja zedov cigarata v race sega sakam pak da gi otkazam ama dusava ne mi dava
Јас сум нова на форумов. и сакам да си ги пиделам и моите маки со вас....и мм има проблем со алкохолот...одличен татко и сопруг во се ми помага ама со тоа пиењето ме вади од такт...поготово кога. лаже дека не е пијан а јаас го познавам од километар... и најтрагично оде. се е тоа што кога е пијан не знае што збори и кога ке се испокараме ми вика ако не ти чини оди си....незнам како да се справам со тоа
Тешко дека можеме да најдеме некое решение и јас го има истиот проблем кога не пие е супер ама кога ке се напие а се случува често незнаеш како да постапиш ,кога зборуваш зошто зборуваш кога кутиш зошто кутиш незнам како да постапувам имам големи трауми од алкохоличар, чичо ми бесе алкохоличар и тоа тежок ,проблеми еден куп бидејки живеевме во еден двор па се ми бесе прет нос, тој успеа да се излечи тек тогас кога почна да халуцинира беше во болница во Велес откако се врати од таму нема погледнато во алкохолот, еве веке 7 години како е чист од алкохолот но моите трауми и ден денеска постојат ,со бензин се има палено ,има кршено прозорци па ги пресече вените крв низ цела кука ,метци ставаше на загреана рингла и многу други страшни ствари сето тоа остави трауми кај мене, сега мажми кога е пијам се нешто му смета неколку пати ме има и удрено во алкохолизирана состојба утрето ден на колена се извинува ама траумите со извинуване не исчезнуваат, ке си теглиме мака најмногу што сум мразела во животот е човек што конзумира алкохол а со таков се оженив моја неорпстлива греска која ке ме прати цел живот
Многу е тешко да се има сопруг алкохоличар,ништо добро нема од тие...прости што овака ти пишувам но само болест се добива а тој мака ќе нема.... Пробај со разговор или лекување ама искрено нема ништо добро од сето тоа... дај боже да бидеш среќна ова најискрено ти го посакувам и немој да се нервираш обидисе да си најдеш работа...
a da ve prasam dali znaete dali ima nekoj program za otviknuvanje od kockata na nekoj odel vo psihijatrija tuka kaj nas vo makedonija moja blisa licnost ima probem pa bi sakala da znam dali nes takvo postii i vase mislesnje dali ima sansi covek da se izvci od toj porok ili bolest
не постои такво нешто еднаш коцкар цел живот коцкар нема управување може на моменти да затаи ама до првите пари во геб и отиде се по ѓаволите
Eва Eва, како бе вака тап на прва и сервираш дека нема шанси и со тоа и алудираш да се откаже од борба. има шанса, секогаш има. Hе знам дали постои институција за тоа, ама знам дека татко ми коцкаше и по три дена не се враќаше дома, ама мајка ми никогаш ни во еден момент не се откажа од него. Cамо таа си знае Kако и било да го бара по куќи и сали и да го враќа дома и да го моли да престане или кога барала заем зошто ја изгубил куќата,ама еве го денес, повеќе од 20 години не е влезен во сала и е најголем противник на истите. Dо девојката која бараше совет. не се откажувај. ако ти е маж, татко или брат, не кревај раце. и најважно од се, немај доверба. Cекогаш кога излегува сам прави скандал, оди по него, криј му ги парите. ќе биде тешко, но сама процени дали вреди. ако можеше татко ми по сигурно 20тина години "кариера" да се откаже, има и други кои можат и само зошто некој имал негативно искуство не значи дека нема такви кои успеале. имам и Eден друг пример во фамилија, мажот коцка, жената знае, ама кога излегува тој , му вели ајде убаво помини си (демек да избегнела кавги, со убаво да го фатела) , па Kога ќе искоцка се, плаче туфка. TAKA HE TPEбA. голема жртва е, ама ако си решила бори се. Tи посакувам од срце да успееш.
знаеш колку успеале да се извлечат ?1 од 1000 и биди срекна што е тоа татко ти прочитај на темав ананазад дали едн аима пишано дека се извлецил нејзиниот маж или брат или татко а и времето пред 20 години било друго господ по земјата одел немало вакви кризи како сега да см естрадни за се едно нешто каде што едвај ја чекаш датат да донесе плата дома да купиш прашок да ги изпереш децата и да му купеш што треба и дошла датата а него го нема дома цел аден и нок и погоди што ?си доага без пари кај не ти помага низ дома со деца гледање па и финансиски не те подрзава кој не живеел со комарѓиј ане знае како е јас немам добро искуство и тоа отворено си го кажувам што незначи дека треба да се откажат нека се борат и нека успаат а као успеат кое здравје ек го имаат натаму еден господ знае
Hемој да се лутиш Eва, те разбирам дека ти е тешко, се сеќавам на твоите мислења, сакам само да ти кажам да не и ја уништуваш надежта, можеби баш нејзиниот случај ќе биде тој 1 од 1000. Tатко ми немаше да престане ако не беше упорноста на мајка ми, можеби и девојкава со упорност ќе разбуди човечност во него. иначе мила, баш пред 20 години не шеташе господ по земја. Tогаш се распадна Jугославија, фабриките нагло се затвораа, претрпевме разни ембарга, платите нагло се намалуваа,па така мајка ми остана без работа а татко ми неговите ги коцкаше. дури и Kолку повеќе имаше во моментот толку повеќе коцкаше, а кога веќе немаше шTо отиде и куќата. Tежок коцкар беше. затоа и имам надеж дека и други можат да престанат. Cе надевам и молам сите да успеат во борбата зошто знам какви трауми се да не знаеш дали ќE најдеш заем за да си ја вратиш куќата или недај боже да те убијат, оти со нив нема зафрканции. Cамо ќе додадам : оној што се бори може и да изгуби, ама оној што не се бори од старт е губитник. Tи посакувам и ти да го решиш проблемот
Ева, неможеш така да тврдиш дека нема шанси. Да, мали се шансите, ама од кај знаеш дека тој нема да биде тој 1 од 1000. Така лесно нека не се откажуваат од него. Нека пробаат се, па тогаш нека дигнат раце ако стварно нема никакво подобрување.