1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пороци и како да се справиме со нив

Дискусија во 'Брак' започната од majatri, 22 јануари 2010.

  1. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Јас по незрела и бизарна упатена порака немам слушнато до сега :x Кој вели дека или ќе пиеш или ќе пушиш или ќе се дрогираш или к....ш? Јас не сум слушнала дека некој велел вакво нешто,ова прв пат од тебе слушам.И слободно пијте? Прашај ги оние семејства со сопруг,татко,свекор или било кој член пијаница во семејството како им е,слободно пијте боже господе.
    Според тебе не постои живот без пороци така? Едно мора да правиш ?
     
    На Boni995, Lady-in-white, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  2. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја активитрам темава
    Маж ми се коцка и тоа на големо. Шест години како сме во брак се исто.
    Ќе се соземе некој месец и после пак по старо. Најлошо е што на работа се коцкаат. Има кредит должи кај лихвар позајмува од кого стигне.
    Јас незнам како да се поставам спрема него до сега му простував, ајде ќе се смени се надевав ама не бре. Ддве деца имаме барем за нив да мислеше.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.394
    Навистина ова е голем проблем, незнам што да ти кажам освен да имаш коњски живци па да се расправаш со него Ја незнам маж бре створил фамилија кај лихвари се задолжува а бе ке ви дојдат дома сред нок со пиштол на глава Стварно се енрвирам ептен многу кога ке прочитам ваков проблем И самата знаеш дека с него живот немаш коа ке ве заглаве убаво децата за една лижалка ке ти бидат страдни ,закани му се со равод види како ке биде ако не бива фати остави го ,имав кај нас у комсии еден сличен ваков ги изпозаглави со кредити ,со лихвари и на крај си ја продади и жената на албанци некои му ја поработија некој месец
    Седни разговарајте ако треба и цркај викај белким ке го освестиш и најбитно немој да го криеш
     
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Како бе тоа си ја продаде жената? таа негова сопственост е да ја продава? Може јас да си го продадам маж ми ми фалат кондури и облека ? па после да си го откупам? Да не е трагично ќе биде смешно. Не ми е јасно...
     
    На Anacid, Bozica1980 и fificaaa им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.394
    е така лесно и убаво викај недај боже да те снајди зимал пари со камата од албанци лихвари не вракал се направил поголем длг му влегле дома му ја земале жената и се знае што правела за да ги врати парите односно да ги изработ парите
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Ова е нешто друго значи на сила му ја грабнале жената. Јас разбрав као он ја продал за пари да земе. Како и да е се ужаснувам од вакви работи незнам кај ги наоѓаат вакви токмаци.
     
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.394
    тоа ти е живот незнаеш у кој момнет ке откачи нема иднина со вакви луѓе
     
  8. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали некој успеал да се извлече од ваква зависност.
    Надежта последна умира.
    И како јас да му помогнам? Што да сторам пред да се откажам од него?
     
  9. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Да, има такви луѓе што успеале да се извлечат од коцкање, а тоа најчесто е смрт.

    Мислам го гледаше дека се коцка? Кај ти беа очите кога стапуваше во брак? Затоа треба да се следи разумот, а не срцето.

    А, твојот маж е тешко клошариште, имбецил невиден. Има две деца дома, желни за љубов и нормален татко, а тој се коцка и поебува пари наместо на нив да ги потроши. За такви само куршум во чело без тронка сожалување. Толку од мојот совет, а се друго ти е само залажување. Бегај додека имаш здрави нозе, а пред се психа.
     
  10. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    еххх тие пороци и татко ми е голем коцкар мисслам беше (ако можам да кажам така) не се свести се додека не го прокоцка и домот во кој живеевме срека што омавме уште една кука инаку каде ке ни беше крајот и сега си ја сфати грешката па отиде америка да работи
     
  11. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Поима немав дека се коцка кој да ми каже, он сигурно не би.
    Сакам да побегнам, ама тешко е да се одлучам. Каде со две мали деца без работа. Не е така лесно.
    Сурово многу. Ама како викаат давеникот за сламка се фаќа.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  12. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Како влијаеше тоа лично на тебе. Знам, лично е прашањево, ако несакаш не одговарај.
    Јас најмногу сум загрижена за децава" сега се мали не разбираат, ама утре кога ќе пораснат незнам како ќе биде.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    епа вака кога ке си дојдеше дома буквално му чадеше главата од тоа колку пари изгубил и воопшто не ми беше лесно да ги гледам и мама и тато тажни поради тоа кога разбрав дека станот на некој начин отиде се повлеков во себе и секоја нок плачев ама еве дојдов некако во нормала а кога замина америка неможев просто да се совземам плачев 3-4 дена секако зошто отиде воопшто не ми беше лесно што останавме 3 деца само со мајка ај јас сум 17 можам да се консултирам само со мајка ми за некои раб ама сестра ми е 8 а брат ми 13 а нив најмн им тереба татко но и мајка у сестра ми мн се повлече во себе зошто кога замина имаше само 6 год и сега кога ке ја слушнам како го моли да се врати сега а не во март душава ми се кине се на се мн лошо влијаеше тоа на мене но исто така и на мајка ми брат ми и сестра ми
     
  14. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Работава е од двете зла да го избереш помалото. Ако се разведам пак децата ќе се најповредени, ако останам пак лошо за нив.
    Никако не сум.
    А пак тие душички не се ни најмалку криви што имаат таков татко, да не речам нетатко
    ПС многу ми е жал што морате да минувате низ таков проблем артур.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    потполно те разбирам ако сум мала само можам да ти кажам дека прегрдо е чувството да бидеш дете на разведдени родители но исто така и на татко нетатко кој придонесува многу за тоа грдо чувство инаку и моите беа разведени но за срека пак се заедно и супер им оди фала богу
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Јас едно нешто ќе ти кажам, а ти како сакаш разбери ме.
    Ако децата ти се мали, а имаш каде да одиш, бегај што е можно подалеку. Оди кај твоите ако можеш, оди било каде. Нека помине некое време, не мораш одма на развод да мислиш. Ако не се заинтересира за тебе и децата за тоа време, поднеси барање за развод. Подобро да поминеш сега низ тоа, отколку после 5-6 години или кога ќе имаш деца тинејџери да гледаат како секојдневно им пропаѓа семејството. Траума е..и за тебе и за нив.

    Пак ќе ти речам, како сакаш разбери ме, ама за твое добро е. Џабе простуваш, само повеќе стрес и нервози си навлекуваш на себе :)
     
  17. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    јас познавам маж, кој што од коцка стигна до тоа дериџе и си ја продаде жената и детето, од село се луѓето, пред тоа немаше што не продаваше, од кондури, до телевизор, до се што имаше дома, само и само за да има пари да се коцка, и на крајот одите и жена му со детето... инаку тој беше пијаница, ги малтертираше дома и жената и детето, и на крајот ги продаде кај некој во Дебар, па сега тие живот си живеат |(

    а за натали, може да кажам дека во потполност се согласувам со коментарот на дуст, бегај ако имаш прилика, ем подобро за децата, ем подобро за тебе... штом тој толку време не се сменил, и кога се менел тоа е за кратко време, не ти треба, тој секогаш ќе си остане ваков
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Спасувај се и ти и децата, познато ми е чувсвото да ти е страв да кренеш телефон, врата да отвориш ако некој зазвони. Наутро во 5.00 полиција звони, разноразни луѓе ти доаѓаат го бараат.
    Јас се спасив иако после тоа пак звонеше телефонот, се влечка полицајци со години, ама раат дишев и мирно спиев со моето најмило, без страв дека нешто ќе ни се случи.Фала богу по некоја работичка излегуваше за да преживееме, со помош на родителите. Тој ниту размислуваше за детето ниту пак сега, ама ич не ми е гајле.Можеби кај тебе не е се така црно, ама јас си го кажав моето мачно искуство.
     
    На moon1 и Dust им се допаѓа ова.
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Не знам дали власта гледа кој се е по Спортските Облужувалници?
    Да не сте писнале дека тоа не е коцка.:!:
    Мислам дека така се почнува.
    Ги гледам со ранци од училиште , како носат ливчиња.
    Денес мала сума ке уплати ,утре ке добиее трократно и после нема крај.
    Спортот треба да постои за рекреација и пред се да го подобрува здравјето,а не да го зема.
    Не знам, но мислам дека спортот почна да се доближува до коцката и тоа по заслуга на власта.
    Коцкањето е легално и почна да е тренд, што треба да не загрижува сите.
    Може мислите дека имате среќа ако добиете поголема сума на пари, но реалноста е сосем друго.
    Вие сте навлечени на нешто од кое ке станете зависни, од кое нема излез и со сигурност ке ве однесе на дното.
    Затоа кога застанете на прагот на Спортска Обложувалница или на Казино знајте дека сте на прагот на пеколот.
    Порано пишав пост дека борбата со пороците е тешка, и тешко се победува сам.
    Најголема подршка може да ни биде државата и нејзините закони.
    Кој сака да се коцка , пак ќе се коцка , но барем тоа да не биде пред очите на малолетници.
     
    Последна измена: 7 ноември 2014
  20. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Не сме стигнале до полиција и закани, сеуште. Затоа што се договори со лихварот за плаќањето, и сега долговите ги отплаќа сам од својата плата. Се договорија преку еден познаник инаку немаше шанси.
    Неговите плаќаат сметки и се друго. Да не се они не би имале ни за леб.