Оф леле, гледам колку се трудиш да го одржиш тој мрак (брак). Сега се договорил со овој лихвар(ќе има и нареден не се секорај), неговите плаќаат сметки, до кога!? Да не се они не би имале ни за леб токму така, а што понатаму, тие деца имат потреби како растат се поголеми, затоа што ниту една мајка нема да сака нејзиното дете да се почувствува потценувано од другите затоа што ќе нема разноразни глупости(што би рекла јас) телефон пример што од бебиња ги имаат. Мислиш децата не ја гледаат целокупната состојба? Како памук се се вцицуваат. Моето мото, еднаш коцкар засекогаш коцкар. Сум гледала разноразни случаеви, како жени ги влечат од казина мажите, остануваат на улица зошто и домот го искоцкал итн да не набројувам.
Здраво..тука сум да си го раскажам мојот проблем и на дечко ми исто така со казиното.. Пред пола година лично јас го убедував мојот дечко да влезиме во казино да изиграме една 100 ка на апаратите..тој не сакаше ама го убедив и влеговме..како што минуваа деновите ние се почесто и почесто одевме во казино..почнавме да коцкаме повеќе пари...станавме зависни..не верував дека тоа може да се случи .мислев дека ќе можам да се контролирам барем јас..ама ние почнавме да одиме секој ден и да губиме по 2000-3000 денари ...пробуваме да се контролираме да не одиме ама не тера одвнатре да отидеме...ако не отидеме сме нервозни, се караме ...најлошото од се е што и двајцата сме зависни ..незнам веќе како да си помогнеме како да не одиме повеќе или барем да намалиме со одење ...секој ден се надеваме дека можеби ќе добиеме некоја поголема сума за да си ги вратиме досега изгубените пари ама ни тоа не се случува...знам јас сум најмногу виновна што е фативме во мрежата на овој порок..но никогаш не сум била среќна и секогаш ме привлекувале вакви работи мислејќи дека ќе заборавам на другите проблеми ..не ја ни гледам смислата на животот, ништо не ми е убаво , никоја активност не ме расположува само кога сум во казино се чуствувам најубаво...а свесна сум и знам дека тоа не е правилно...незнам како да си помогнеме и да се спасиме од оваа ситуација....секој совет и искуство се добродојдени..поздрав
Ич немој да се надеваш дека во казино големи пари ќе направиш. Само газдите на казината прават пари. Ете и сама си свесна дека сето тоа не води никаде и пак продолжуваш. Биди решителна и бегај од таму. Твојот живот е во твои раце, мораш сама да избереш дали ќе го уништиш или не.
Фала за одговорот и издвоеното време, ама за жал иако сум свесна не е воопшто лесно туку така да престанам...ова е еден вид тешка зависност ..се надевам еден ден целосно ќе се ослободам од неа..
Некои пороци се тешки...од што и да се одвикнуваме....мал момент треба и се оди во вода...од искуство...треба да се победиш самата себеси не чекај да те уништи тоа...
Мене ме интересира од кај наоѓате по 2-3000 денари секој ден? Од главата си патите, не знам од што треба да се спасувате? Ве терало од внатре, бре мајката, што не ве тера да одите на нива и да садите тутун?
Лесно е да се кажи ама тешко е да се направи и да се тргни на подобро..инаку во врска за парите кај ги наоѓаме дечко ми оди на работа зема плата...а и јас имав некои заштеди ..бидејќи студирам и одам на пракса во аптека а и сега имам за учење многу не одам на работа никаде моментално...ама не сфаќаат сите колку е тешка зависноста ова е како дрога ..ако не земиш доза ќе полудиш....
Е арно де што работи, ама 50 евра на ден во коцкарница - малку потешко. Нема да полудиш, ниту без дрога, ниту без казино. Наспиј се и олади малку. Учи и положи ги испитите.
. да се изјаснам малку подобро ..фала богу не коцкаме секој ден по 50 евра ама почна да има и такви денови кога ке изгубиме 2-3000 ...некогаш губиме по 200, по 400 итн ...ама некогаш и добиваме по 2-3000 илјади некогаш и помалку или повеќе ...во глобала се вртевме со парите ама последниоте 2-3 недели почнавме само да губиме ..слабо добивка и некогаш и по 2-3000 ама не секогаш! кој немал вакво искуство незнае колку е тешко да се откажиш туку така...
Сте добиле еднаш два пати и си мислите секој ден ќе има добивка. Ете гледаш дека почнувате да губите. Сум била и јас во казино, онака на шала после излегување. Ставив 100 ден извадив 600 и станав и си отидов. Ми пушти на среќа, зошто поим немам ни како се игра, но ајде да пробам. И толку веќе немам ни желба да одам. Зошто да си ги трошам парите што знам како тешко ги заработувам. Колку и да земеш од казино тие пари не се слатки. Нема поубави пари од оние заработени со труд, со многу капки пот. Имаш време да се освестиш. Бидејќи колку подлабоко паѓаш во дупката, толку потешко после ќе излезеш.
Која игра и да ја играш во казино (слотови, покер апарати, рулет итн.) знај дека се' e тоа електроника и наместено. Можеби еден ден ќе добиеш или неколку денови по ред, ама на долг рок 100% ќе изгубиш. Победник од казино можеш да излезеш на 2 начина: 1) Влегуваш, играш, добиваш и никогаш повеќе не се враќаш 2) Никогаш не влегуваш во казино Тоа е. Се' друго е илузија и зависност. Било која игра во казино ти нуди под 50% шанси за добивка, значи математички играш сам против себе. Единствено покер е добра игра пошто играш против други играчи, а не против казиното. Но, и тука ти треба вештини да знаеш како да играш, па и среќа малку да те посака картата. @taznata :( ако сакаш да бидеш среќна батали казино додека не е касно. По ова што си го напишала приметувам дека си навлечена. Имаш блага зависност и стануваш роб на опасен порок. Точно е ова, ама нема да полудиш, така ти се чини. Како што никотинот од цигарите ствара зависност, така и коцкањето. Ја менува хемијата во мозокот и тоа е во суштина сржта на секоја зависност. Инаку најдобар начин за справување со пороци е силно информирање и разбивање на илузијата дека на пр. од запалена цигара ни е подобро и не смирува, дека само што не сме добиле на коцка, дека пиењето алкохол прави да се чувствуваме подобро итн. Во моментот на консумација на пороците можеби ќе сме хај и на врв на светот, ама после хај, следи супер лоу. Не е страшно да се има(ло) порок, битно е да се извлече лекцијата. Сепак... 1 живот имаме и секој греши кога тогаш, а и не си го проживеал животот ако не вкусиш и лоши работи, ама битно да извлечеш поука дека се лоши работи и да го пренесеш знаењето на други.
Ми треба совет. Мојот сопруг почна да ме загрижува зашто се клади за големи пари на сајт bet.com. Сум пробала да разговарам многу пати. Ми вика дека тоа го правел за да го врател кредитот кој е огромен, а за мене тоа е нереално. Му кажав дека за мене ова што го прави е проблем и дека ќе морам да се обратам кај неговите и моите ако продолжи. Една недела не се занимаваше со тоа итолку...сега пак видов дека си игра. Многу сум загрижена бидејќи имаме бебе и затоашто си продолжува да си тера по негово. Навистинасум против тоа што го прави. Ве молам за совет.
Коцка ти е најтежок порок од се...алкохол, жени па и од дрога ќе се откаже човек ама коцка ако не се фати со време нема назад...ај спортска не е толку драстично мада што знам случаи каде и таму губеле куќи коли и бизниси, ама казиново е од самиот ѓавол лично, еднаш влезеш, два пати три пати па 10 ќе се сторат па 110 и на крај нема ни да излезеш од таму па тоа какви фаци се шетаат внатре страшноСум била неколку пати со другари (само друштво да им правам, не сум играла никогаш!) абе ги гледаш сите лупаат по тоа апаратите, рулетите пропаднати отечени никакви, не ли мислат за утре што ги чека и фамилиите дома, стварно не можам да ги разберам што им е толку задоволството кога знаеш дека ќе си зијан секако, оди боље уплаќај ливчиња по 50, 100 денари ако ти е до толку а не утре фамилија да си растуриш и лихвари на врата да ти тропаат! (Многу вакви случаи имам во блиска околина, за жал)
Мене ми е страв што мојот уплаќа по 1000 евра на спортско кладење и уште вика дека тоа го правел за мене и бебето за да го врател кредитот што е многу голем. Јас се секирам што вака нереално размислува, му кажав дека тоа е за мене проблем и дека ако продолжи ќе го кажам на моите и неговите. Една недела не играше и сега пак видов дека играл. Многу сум разочарана. Некој совет?
Јас мислам дека тоа со враќањето на кредитот му е само изговор. Или се работи за многу незрела и неодговорна личност. Голем кредит му виси над глава, а тој уплаќа 100 евра на спортска? Сериозно? Ова е голем проблем. Прво седни и смирено разговарајте. Ако не бива, јас би му се заканила дека ако не се откаже од тој порок, ќе остане без мене и без детето. Одење во крајност е да, ама коцката е болест. И што побрзо спречиш, тоа подобро.
1000 евра се во прашање, не 100. Страшно! Многу се секирам. Му се заканив дека ќе го кажам на неговите и моите, не играше неколку дена ама пак почна. 1000 евра, да. :/ За жал, се работи за 1000 евра.
Јас стварно незнам колкав ви е кредитот ама со 1000 е би вратил добар дел од него,ако има за на спортска да става значи без проблем си го исплаќа кредитот.Јас мислам дека тешко да се извлече од тој порок ќе игра доживотно само место 1000 ќе става 100 ден.Ама никогаш баш никогаш нема да престане целосно.
Soprugot moj ima 46 god. Jas imam 27 god. Sepak se slucia mnogu nedorazbiranja, vo vrska so finansii, golem kredit, pa negovo oblozuvanje na bet so nadez deka ke go vrati dolgot? Nezadovolstvo i nesonica od druga strana.