Како што кажа една членка погоре еднаш коцкар цел живот коцкар. Јас сум од неодамна мажена и сеуште немам деца,па можеби затоа така размислувам, ете не знам, но кога јас би била во твојава ситуација би го оставила. Пак ќе кажам можеби да имам деца поинаку би размислувала, ама не можам да ги разберам луѓето кои дома имаат фамилија а прават такви работи. Со тие 1000 евра што ги троши таму размислува ли што се би купил за домот, за детето? Извини ама мислам дека никогаш нема да се откаже од тоа, а тебе само потешко ќе ти станува
Како тоа уплаќа по 1000 евра на спортска? Сакаш да кажеш дека ги губи? Па ако тој туку-така има да си уплаќа по 1000 евра за кладење тогаш вие немате никаков проблем со финансии, зошто толку се замара? Ако има долг, секој нормален човек со тие пари би го намалувал а не би одел на ризик да ги губи.