Ми изгледаше како да нема ваква тема, но сепак ми е потрбна ваша помош, па ве молам не ја "фрлајте" темава. Веќе некое време се мислам да ја фарбам косата во Milk Tea Brown. Девојчево на YT ( bubzbeauty) што е ја бојадисува косата со некоја си Liеse фарба на која пишува Milk tea brown. Во Мк секако ги нема тие фарби, но дали имате некоја претпоставка која фарба би излегла слично на оваа боја. Бојава е премногу убава.. а и јас имам црна коса веќе 1 година ја фарбам со кна па ќе треба да ја осветлувам па да ми излезе оваа. Еве го посакуваниот резултат: Спојлер Ако имате препорака ве молам пишете.. Фала однапред Кејти хх
Па провери по поголемите маркети таму бар имаш многу видови фарби ќе прашаш некои од вработените ќе ти помогнат, јас многу сакам кафена да се офарбам бидејќи сега сум шатирана и ми мина кеифот па ќе пробам со некоја од фарбите на Гарниер не е скапа а и мајка ми ја користи и е задоволна поздравии
Разгледав но немаше баш нешто како овоа. Или пак има поинаква слика, па овака испаѓа. Ако има некој од вас ваква боја, ќе може да ми помогне
Здраво Кејти, Јас долго време имав црна коса па ја освтелив во кафеава..ми ја осветлија во фризерски салон но потоа сама ја фарбав со лореал 6ка и ми излезе како на сликата само сто мене природно косата ми има црвенкас пигмент па незнам дали би го добила и ти истиот ефект
Посети фризер тие имаат добри фарби и може да ти препорачат некоја. Инаку може да пробаш со шварскоб некоја светла боја.И се надевам ќе дојдеш до некои резултати. Паа со среќа.