Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посветла коса

Дискусија во 'Коса' започната од bluberry, 27 ноември 2009.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
  2. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Женски
    Јас!:hai:
    Пред две години кога не бев фарбана, а сакав да ја осветлам, па пробував се и сешто.
    Само наместо со балзам маската ја имам правено со мед цимет и лимон.И немаше никаков ефект нормално.Освен што циметот многу ја омекнува косата и многу убаво мириса до следното миење.Е тоа беше ефектот.:D
    Пробај ја сепак, не губиш ништо можеш само во плус да бидеш ама ако очекуваш инстант ефект нема, можеби со континуирано користење ќе ти се осветли и ќе се нијансира малку косата.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ја имам пробано и одма ти велам,не очекувај чуда. :D
    Јас додадов и рицинусово и маслиново масло,пошто имам сува коса.
    Ми се осветли ептен малку,незабележиво дури,направив 3,4 третмани и баталив работа.
    Ама убава маска е за сјај и мекост на косата,пробај си,ништо не губиш.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Јас косата ја осветлував со спреј од Балеа, во ДМ маркетот го има. Содржи малку хидроген и не ја оштетува косата.
     
  5. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    A isprobano e zs ke odam na plaza denes? :)
     
  6. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Ако одиш на плажа не ставај! Ќе ти стане косата слама. Јас еднаш ставив, и тоа беше пролет, шкорка ми бидна косата, тешка за расчешлување, абе права слама. Лимонот ја прави некако чудна.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Ауу фала што ми кажа сега ќе одам на плажа не редам :)
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shinystar

    Shinystar Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Девојки искуства со Балеа спрејот за осветлување? Дали можеби ќе опадне малку бојата има накај жолтеникав сјај, не потполно ама барем сјајот со тек на време? :*
     
  9. ubavica25

    ubavica25 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Со лимон, камилица и пиво до природно осветлување на косата


    Доколку сте русокоси или светло кафени, наместо да одите во фризерски салон, може да ја осветлите косата во вашиот дом.

    Лимон
    Цитрусната киселина која ја има во лимонот, кога ќе биде изложена на сонце, од топлината ги отвара кутикулите на косата и го истакнува пигментот. Исцедете лимон во шише со распрскувач, додадете вода (три пати повеќе од количината на лимонот) и прскајте на вашата коса пред да излезете надвор.

    Чај од камилица
    Камилицата е уште еден од природните осветлувачи на косата. Камилицата е подобра за брунети, бидејќи постепено влијае, за разлика од лимонот. Процесот е едноставен, подгответе една шоља чај, оставете ја да се излади, а потоа откако косата ќе ја измиете со шамон и балзам, нанесете го чајот од камилица.

    Мед
    Медот го содржи ензимот пероксид, кој е ефикасен осветлувач кога се меша со дестилирана вода за да се активира. Плус, вашата коса ќе мириса убаво и ќе биде мека после овој третман.

    Пиво
    Користете светло пиво и овој третман правете го кога ќе останете дома, за да не мирисате на алкохол. Пивото содржи витамини Б и протеини, затоа покрај тоа што ќе ви ја осветли, ќе помогне во заздравување на оштетната коса.
     
    На Acka22 и Eli23 им се допаѓа ова.
  10. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали си пробала некои од овие начини??
    Јас сум природно плава и имам пробано осветлување со лимон и чај од камилица.
    Ефект нула.
    Од лимонот косата ме се исуши, мислиш ако ја рпевиткаш на пола ќе се скрши влакното, ко слама шкорава стана.
    А камилицата дава само мал сјај, и тоа дента кога ќе ја преплакнеш, до следното миење. Едвај забележлив сјај.
     
  11. ubavica25

    ubavica25 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Вчера за прв пат со камилица после миење,а пред миење ставив пиво,ја чував околу пола саат..посјајна и помека ми е најверојатно од пивото,а посветла сеуште не е ,рано е,само еднаш го имам пробано тоа,но ќе продолжам и ќе ти кажам дали ќе има ефект )
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Како испаѓа спрејот за осветлување на балеа на кафеава коса?
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.131
    Допаѓања:
    33.873
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира ова...
    има некој ефект?
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.532
    Допаѓања:
    106.105
    Пол:
    Женски
    На Tajnaotrovna и Fatalnata им се допаѓа ова.
  15. andrit_1993

    andrit_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    за спрејот од балеа. Дали бојата што се добива минимално опаѓа или останува таква засекогаш. Малце на жолта нијанса ми фати ме интересира дали сјајот ќе го снема и како да го отстранам. Иначе за тие што прашуваат има ефекти нависитна и не ја оштетува косата воопшто.
     
  16. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.478
    @andrit_1993 колку што прочитав исто како фарба трае, значи не опаѓа.
    Така ќе ти остане на жолто, имам видено девојки правени со спрејот и веднаш се приметува многу е лоша бојата ако се претера на кафена/светло кафена коса. Јас се направив 4-5 и многу природно ми излезе, воопшто не се приметува додека некои претерале и изгледаат како фарбани, но бидејќи спрејот нема моќ како фарба се добива портокалово-жолта боја.
     
  17. andrit_1993

    andrit_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    не ми е којзнае колку лоша ама сепак несакам да ми остане вака.Кога сум фатила да менувам боја барем да ја средам. Како и да е сакам да ја офарбам косата сега на природно темно плаво нешто како ash dark blonde. Некоја фарба за препорака. иначе природна ми е косата темно плава.
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.532
    Допаѓања:
    106.105
    Пол:
    Женски

    Спрејот на Балеа содржи хидроген затоа и има моќ да ја осветли косата. Еве предлог , фарбите на Гарниер се добри , незнам како ти се допаѓа оваа 7.0
    [​IMG]
     
  19. hajdi lejdi

    hajdi lejdi Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    28
    koga sme kaj farbanjeto odamna ne sum stavila nisto pa sega se mislam da stavam kako ovaa na gariner od 3.16 skros mi e crna pa se mislam dali ke mi ispadne bas takva
     
  20. andrit_1993

    andrit_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    vo red e bojata ne mi izgleda bas napadna na slikata. E sea poso prvpat se farbam neznam boive izleguvaat prilicno kako na slikava?