Кај мене лимонот имаше ефект . Го измешав со кокосово масло бидејќи во спротивно ја суши косата и ја прави ко слама, и поседав на сонце околу 20 минути. Нема некоја голема разлика ама сепак за нијанса ми ја осветли косава.
За сите сто прашувате за спрејот за осветлување на балеа, има ефект. Другарка ми го користеше и по неколку ставања доста и се осветли косата па престана. Природно има кафеава коса и од спрејот и стана темно плава ама со портокалов одсјај. Само треба да се пази, или прво пробајте на еден прамен зошто косата може да ви стане портокалова, се зависи од тоа каков ви е пигментот.
Јас од неодамна ја осветлив за неколку нијанси мојата коса и дека тенот ми е бел ми се допага како ми стои, Дури и на него му се допага
Следнава недела од црна боја се враќам на плава пак и знааам колку гории и уништува се тоа кажете ми некои домашни маски пошо планирам турбо да почнам после тоа со редовно шишање без пеглање и само негување и некој шо ја има осветлено веќе од црна на плава нека пишеее ☺☺
Ставај масло(можеш кокосово) на малку навлажнета коса пред миење, стопли ја малку со фен, стави кеса на главата, и држи највеќе што можеш, прмер неколку часа или преку ноќ. Мене тоа многу ми ја омекнува и храни косата.
Сакам да пробам со лимон, ама лимонот нели ја суши косата и создава првут? Ве молам кажете ми ваши искуства и совети.
Не сум за темни нијанси, посветлите повеќе ми се свиѓаат, ама зависи од тенот на лицето, останатото е ствар на вкус.