Мое советче ти е да не се фарбаш црна ниту плава, најдобро некоја посветло нијанса на кафена според мене. затоа што црната и плавата се многу и тешки да се одржаваат а и си ја гориш косата. зошто не експериментираш со должината? има време кога да се фарбаш верувај не почнувај уште сега. Секоја постара жена се кае што почнале од многу млади со фарба со хидрохен и се и сешто. Можеш да го примениш советот погоре со лимон за малку да ја осветлиш, но совет исчешлај се после, затоа што може не рамномерно да се нанесе. позз и известине за твојата одлука
Тие што имаат светло смеѓа коса а сакаат да им стане уште посветла ама по природен пат ( без фарби ), тогаш мијте ја косата со чај од камилица и со лимон, посебно од лимонот многу се осветлува косата.
А овој експеримент може ли да се применува и на темна коса,за осветлување ќе има ли ефекти или тоа пали само кај русите коси?
Zdravo, jas veke se farbam cela godina, no ja zeznav kosata so toa sto korenot mi e posvetol(svetlo kafeav) a nadolu kosata mi e temnoo kafeava ko crna mi e! Se macam so farbanje no nikako ne osvetluva. Najmnogu se nerviram sto korenot mi e posvetol . Dajte nekoj sovet nekako da ja osvetlam kosava sto pobrzo sakam da dobijam svetlo kafeava lesnik boja! Blagodaram odnapred.
Не знам од каде тоа дека ако стоиш на сонце косата ке то осветли Тоа е точно косата ке ви осветли ама ке си направите поголема грешка бидејки тоа не е осветлување косата што станува посветла туку е горење на косата.Не за бадијала сите кажуваат кога ке се оди на одмор(или сонцето ко ке биде појако)обавезно да се носи капа или да се ставаат заштитни препарати за косата.Со самото изложување на косата не само што ке ја оштетите ке ви стане и сува-значи контра ефект.Ова е само мое мислење прашајте некој ваш постручен(фризер)ке ви го кажи истото.
како да ја осветлам косата Vака,косата ми е црно фарбана,сакам да ја осветлам некако ама по природен пат,не сакам да ја горам уништена ми е ако знаете нешто со што би мозела кажете ми,иначе имам користено некој си хидроген млечен за нега и осветлување на косата но незнам колку е ефикаснооо нешо не сум приметила многу промена..
Сум слушнала и јас за ова со лимонот, ама како се става на косата на мокра или сува коса?! и нели лимонот ја здрвува косата, треба ли после пак да се измие откако ке се исуши? Ај ако некој пробал нека каже
а зошто не пробате со колор шампон ( тоа о сигурност не ја оштетува косата ) кај нас во парфимерија се по 50 ден ..ако ви е подолга косата наместо еден земете 2 колор шампони . Траат 3 миења и секој може да си ги дозволи.Советувам да не се експериментира ова со лимонот , не ми е некако безбедно .
А постапката со лимон........цел лимон го нанесувате??? од коренот до врвовите?? и дали на мокра коса или сува?
Лимонот осветлува, да, ама исто така расцветува врвови ко ништо друго Јас не би препорачала ваков третман
Дали нанесувањето на чај од камилица (на светла коса) може да ја осветли косата, ама без додавање на лимон и по колку време се гледаат резултатите? - јас ја полевав мојата недела дена со чајот ама некако слабо осветлувањето, слабо! А имам слушано дека помага, пробала некоја од вас?
Мислам дека нема фајде во осветлувањето од камилицата. Може да ти ја омекне косата само. Инаку за промената со црна фарба... Зошто додека не ставите црна не експериментирате малце со боите? Откако ке ставите црна, макотрпно е враќањето и испробувањето на други бои. Ке се оддадете од пари, ке ја оштетите максимално и пак нема да можете да ја осветлете саглам.
Имам темно кафеава коса и сакам да ја осветлам некоја варијанта на светло-кафеава.Но пробував да ја офарбам и не ми излегува како што сакам.На пример вака нешто
И јас исто сакав да прашам.Косата ми е темно кафеава, а сакам посветла нијанса. Како опција исто така ми е и шатирањето, да ја осветлам со посветли нијанси
Па ако имаш долга коса како мене, ќе ти треба повеќе од еден лимон, барем три. Јас го нанесов на цела коса(сува). Почекав да ми се исуши ама не докрај и после со шампон најнормално. Се познава само на природно светла коса ама не некоја драстична промена, треба да се повтори барем 3-4 пати за осветлување. Кај мене испадна супер и косата после ми беше многу мека. Поздрав!
јас ја осветлив мојата коса со лимон ии баш убава боја добив и природно изгледа...Исцедив 4/5 лимона и на сува коса ги нанесов паа чекав дури сосема не се исуши и после ја мијаш косата со шампон...
Сакаш да кажеш дека после едно ставање ти се осветлила косата??? НЕ е можно... а со фен ја сушеше после или така??
Имам слушнато, ама немам пробано... За осветлување на коса црна фарба (значи само фарбата без хидроген) убаво ќе ја измешате со вода, да не останат грутки и така на 3,4 дена ке ја намокрите косата и да постои 5 минути, после со шампон убаво ќе ја измиете.... Ми рекоа осветлува и ако имате жолто плава коса за да го намали жолтилото.... Повторувам немам пробано, незнам колку е вистина... Ако некој пробал нека објасни подобро...