вака..имам природно плава коса,но сакам да ја осветлам да биде барем нијанса посветла..е сега имам читано овде дека со тоа со лимонот или камилица можи да осветли..ама ме интересира..дали има некој пробано и дали забележал промена..дали стварно осветлува? исто така се мислеф за со колор шампон ама и не сум баш сигурна..тие што имаат пробано ако сакат нека пишат фала однапред
Јас имам кафеава коса. Не е многу темна, ама е цврста и виткава. Колор шампонот ми ја промени сосема малку, не се ни приметуваше, ама и даде прекрасен сјај. Ти викаш твојата е плава, значи најверојатно ќе помогне. А лимонот, ми помогна помалку од колор шампонот, значи скоро ич, а косата ми беше многу сува после тоа, за никаде.
и јас имам плава коса природна и пред 1 год. сакав да ја осветлам малце со колор шампон но ни малку не ми се осветли не ми фати бојата ич туку уште повеќе ми ја потемни можеби косава моја е таква не прома боја а ти пробај си еднаш па ќе видиш што резултати ќе даде
Леле жено кажувај брзо.Се продава во маркет колку чини и дали тој е за фарби само или обичен шампон Пиши брзо А за лимонот и јас ке пробам утре..
Значии лееееле пробав да осветлам со 3% хидроген и ништо не испадна ноо си купив 12 % и косата ми е неколку нијанси посветла и многу се радувам прекрасно ама сакам да ја повторам постапкава и сакав да прашам дали толку многу ке ми се оштети ? што викате да пробам уште еднаш или ке биде мн лошо ....?????????????
Ако ти е добра вака не ставај пак почекај барем извесен период за да не ја изгориш. Инаку во Веро се продава прашок за осветлување на бојата на косата се меша со хидроген и ја оставаш да стои во зависност од тоа колку сакаш да се осветли, јас не сум пробала и не можам да ти кажам колку ке ја оштети косата.
мислам дека зборуваш за бланш. да со тоа се шатира ... инаку се предомислив не би ставила пак добра е вака косата ....
Сакам да прашам на кој начин се нанесува хидрогенот на косата? Ке пробам со 6%, дали има шанси премногу да ми се осветли пр. да добијам ептен плава нијанса , бидејки имам средно кафеава сакам само ептен малце да ја осветлам. Ве молам ако може некој да ми одговори, фала многу
Од искуство ти кажувам дека со 6% хидроген не правиш ништо, не викам дека нема да ти се осветли но може многу малку.Јас пред да почнам да се фарбам на темно кафена коса ставав 9%хидроген и со почесто ставање успеав да добијам светло кафена, но со црвенкаст сјај и после пренинав на фарбање.позз
Може некоја од феминките која користела прелив за коса, подетално да објасни како се изведува, дали ја оштетува косата, колку трае?
Девојки јас имам плава коса и сакам да ја осветлам ама без да ја оштетам . Изводливо е тоа или не? За лимон сум слушнала ама после била сува косата . Значи ова отпаѓа Нели со некое масло се осветлуваше ? Со чичково ли не знам кое беше..
Може ли некоја да ми каже дали имала искуство со црвенкасти тонови после фарбање?косата ја осветлувам од црна стигнав со средно кафена но на светло мн како црвенкаста ми е, па ако знаете некое чаре
И мене ме интересира што направи со 6% проба ли,јас имам темно кафена фарбана и сакам да ја осветлам малку ама ми страв да не ја изгорам а имам густа и долга коса.Сакам темно плава да ставам на кене.
Здраво драги Феминки... Ме мачи нешто, и не сум многу сигурна дали да го сторам тоа. Вака; имам ептен светло кафеава коса, дури и руса некои делови, но сакам да ја осветлам многу повеќе (на природна база). Сум слушнала за лимонот, т.е. неговата киселина и седење на сонце, доста јако... али сеа у овој период кај да го најдам сонцето гледам тука коментирате нешо за хидрогенот, а нели е штетен за самата коса, односно главата!? Ако имате некое искуство, споделете, можда ќе помогнете на некој начин. Љубоов.
Има и друг начин на осветлување на косата. Мислев дека до сега некој го напишал овој метод ама како што гледам не се најде некој што е запознаен па еве ќе ви објаснам што треба да се направи. Има два начина на припрема Пред се потребен ви е сад каде што ќе ги ставите состојките бидејки треба да одстојат 10-20 минути, а во состојките спаѓаат : I начин : - Мед ( поради малите траги на хидроген пероксид што се наоѓаат во медот, што во овој случај би требало да ви ја осветлат косата, со постепено применување на методава, без користење на јаки средства кои значително би ја оштетиле косата ) - Маслиново масло - Банана (една половина, за дополнителна нега на косата) Количината на продуктиве зависи од должината на вашата коса, затоа ќе треба сами да си одредите. * Е сега сето тоа добро ќе го измешате во садот, гледајте бананата да е што подобро изгмечена за да не ви се заглават потоа парчиња во косата кои со тешки маки ќе ги извадите. Од кога од сите овие продукти ќе добиете хомогена смеса ќе го оставите на косата 30 до 40 минути и потоа сето тоа ќе го исплакнете, ќе ја измиете косата со шампон и тоа што вообичано го нанесувате на косата и done E сега да ве предупредам дека може да се случи да се измачите додека да ја исплакнете косата со овој првиов начин. II начин : Овој метод обично се прави по измивање со шампон! - Мед - Регенераторот што вообичаено го користите И по желба може да ставите, бадемово, чичково, маслиново или било какво масло. На една лажица мед треба да дојдат до две лажици регенератор ( сеа лажиците регенератор како ќе ги измерите незнам ама можете да го забележите количеството од око ) * Од кога убаво ќе ја измешате смесата ќе ја оставите да одстои 20 минути и потоа ќе ја нанесете на целата коса и како и кај првиот начин ќе оставите да одстои 30 - 40 минути, потоа темелно ја плакнете косата и готово. Резлутати не се видливи по првото користење дефинитивно. Јас го користам вториот начин, и после 4-5 пати забележувам разлика, не драстична но сепак разлика постои. Јас имам темно кафена боја ( бев црвена сакав да ја вратам мојата боја, светло кафена ама некако се измешав со фарбите па ми испадна потемна од посакуваното.. многу потемна) и сакав да ја осветлам неколку нијанси. Почнав да го користам овој начин за да ја осветлам, ама дефинитивно пресудното нешто, за да продлжам беше начинот на кој што косата ја чувствувам секој пат после третманов, мека и нежна, со посебен сјај. Пробајте па пишете резлутати. Третманов е пред се за светла коса но ете мене ми помогна
Јас сум пробала, и после не ми беше сува. Само јас во кило вода стиснав еден лимон и ги смешав обаво. Гледај да нема раски и семки нормално Истури ја на косата и после не ја измивај. Најдобри резултати има кога не се суши со фен, туку на сонце. Сега нема баш услови за ова, али во пролет, лето, седни на балкон/прозор и стои така едно 20 минути. Мене значајно ми беше посветла
Јас имам природно кафена коса не многу темна, и ставив 12% хидроген, не ми се изгори косата ама ми се осветли и имав многу убава темно медова нијанса ама ми маваше на црвенкасто на друго светло.. Како и да е може многу да ви кажат различни случаеви но се зависи од пигментот на косата, на некои ќе фати и фарба а на некои не.. Јас исто сакам темно плава боја да постигнам, нешто како природна плаво-кафеава како бебињата што имаат и после хидрогенот ставив плава боја и ми фати ама многу на златно ми маваше, па ставив од гарниер 7.1 мислам и ми испадна исто ама еве сега после неколку миења ми падна бојата и пак сум жолта.. Дадете некој совет и за мене со која фарба и која нијанса да се фарбам, а бланш никако не сакам да ставам затоа што имам многу лошо искуство со него и скарана сум со бланшот