zenski dali hidrogenot ja gori mnogu kosata? sakam da probam da ja osvetlam.. koja brojka na hidrogen se koristi :?
Девоооојки, помагајте Имав кафеава коса и ја осветлував, супер ми беше и после некој период сакав да ја направам чоколадно кафеава, ама ми излезе црнаа!! Бев кај неколку фризери и ми рекоа нема шанси да ја осветлам, морам да чекам да ми падне косата Имал некој вакво искуство? Слушнав дека има нешто по нашиве салони за вадење боја, дали е вистина, дали некој знае каде? Помагајте ве моламмм
Болдираниот и зголемениот дел од цитатот погоре... Уште се смеам... Сигурно не си била кај неколку па и фризери бидејќи оној кој е фризер ќе знае што треба да прави. Ако знае, може и од црна веднаш руса да ја направи, ама сепак, да не претеруваме, не е Македонија како развиениве држави со искусни луѓе, а не новоникнати салони на секој агол. Вака, со тоа што ти кажале „фризерите“ на памет ми доаѓа само дека од фарбањето си ја оштетила премногу и нема да сакаат да се нафатат да „работат“ на твојата коса. Доколку не е тоа, косата може да биде осветлена но треба доста работа во домашни услови или искусен фризер/ка. Средства за вадење на боја има но се релативно скапи. Сметајќи дека со нив дополнително ќе си ја оштетиш косата, нема потреба од таков потег.
Може некој да ми ја пообјасни постапкава со хидрогенот? Колку постотен,колку време? Мојата коса е светло кафена,а сакам да добијам некоја мед нијанса..
не прави ништо сама дома , оди си на фризер нека ти ја средат косата таму, тие знаат колку време да ја држат смесата на косата без да ја изгорат
Драги феминки како мала сум имала чиста плава коса сеа ми потемне нешто како темно плава и сакам да ја осветлам со лимон,ако може некоја од вас да ми ја објасни постапката..Фала многу
За нормална коса: Искомбинирајте 1 дел свежо цеден лимонов сок со ¼ дел топла вода. Ставете го миксот во шише со прскалка. За сува коса: искомбинирајте 1 дел лимонов сок со ¼ дел кондиционер за коса Набавете крема за сончање бидејќи осветлувачкиот ефект ќе го „работите“ на сонце, па претходно треба добро да ја заштитите кожата од штетните зраци. Испрскајте од миксот по целата површина на косата и исчешлајте ја неколку пати со благи движења. Доколку сакате да направите прамени, натопете топче памук во мешавината и поминувајте низ прамените кои сакате да ги осветлите од горе до долу. Внимавајте кои прамени ќе ги осветлувате, бидејќи процесот ќе треба да го повторувате неколку пати. Доколку ја користите мешавината со кондиционер, аплицирајте од неа на прамените со помош на четка за печива, но треба да знаете дека со овој микс ќе ви биде потешко да ги осветлите прамените, отколку со оној од вода и лимон. Сместете се на сонце, најдете удобна положба и седете така 60-90 минути. Потоа повторно нанесете од мешавината и седете на сонце уште 30 минути. На крајот измијте ја косата и притоа нанесете поголемо количество кондиционер или маска за коса. Бидете трпеливи за ефектот. Не очекувајте дека веднаш можете да постигнете драстична промена како со фарбите. За нијансирањето со лимонов сок е потребно време. Ова го најдов на кафе пауза се надевам дека ти помогнав
Фала многу денеска пробав и искрено не видов некои резултати,но после неколку дена пак ќе пробам бидејќи мислам со едно миење не се постигнува некој многу видлив резултат.
Се надевам ќе помогне Инаку и јас ќе пробам со камилица и лимон. Чај од камилица и сок од лимон: Со овој третман може да добиете до две нијанси посветла коса. Помешајте сок од 1 лимон со 750 мл. чај од камилица и нанесете ја смесата на мокра коса по бањање. Исушете ја косата на сонце за да добиете најдобри резултати. Витамин Ц и сок од лимон: Промешајте 3 истолчени таблети витамин Ц со две лажици сок од лимон. Додадете малку шампон за да добиете компактна смеса. Нанесете ја смесата на косата и масирајте, па ставете најлонска ќеса и држете ја најмалку 50 минуи. Измијте ја косата со шампон. Маслиново масло и мед: Измешајте две лажици маслиново масло со 4 лажици мед, па оставете ја смесата да отстои 15 минути. Потоа нанесете ја на косата, почекајте 40 минути, па исплакнете со млака вода. Повторувајте го овој третман се додека не ја добиете посакуваната нијанса. Цимет: Помешајте 4 лажици мелен цимет со 2 лажици регенератор, нанесете на косата и покријте ја со пластична ќеса. Оставете ја на глава најмалку 4 часа или преку ноќ. Измијте со млака вода и потоа измијте ја косата со шампон. За најдобар резултат мора да го повторите третманот околу 5 пати.
Jас имам во план да и направам некој ,,третман'' на косава со сокот од лимон, па ќе пишам резултати ако воопшто ги има. За овие другиве рецептичи со цимети, мед, камилици, влакно од еднорог и слично, премногу сум мрзелива. Неште ме тера да верувам дека нема да имам никаков исход на крај, затоа што сум прескептична за овие домашниве рецепти некогаш, ама пуста желба за светла коса ќе ме убие некој ден...
Тоа со чајот од камилица и лимонот навистина делува, ама сметајте дека треба да ви се здрви газот од печење на сонце. Јас не сакам толку многу да се пржам и затоа се откажав после 3-4 пати тортура, ама имаше резултати и се осветли косата за нијанса-нијанса ипол. Но, јас сум (природна) мешавина од неколку руси нијанси и имаше некои така, да ги наречам резултати. Тогаш кога експериментирав со циметот, ви пишував и ако немате живци ич да не се мачите. И секако, не очекувајте премногу, оти ќе се разочарате. Повеќе од јасно е дека некоја која има катран црна коса дека нема да стане смеѓа по 4-5 „третмани“, ама дефинитивно бојата се освежува и минимално се осветлува. Плус, сега како што припекува, пробајте некоја од смесиве, набавете си добра книга, кафето до вас, наочарите на глава и ... осветлувајте се!
Имам костенливо кафеава коса и решив да ја осветлам со чај од камилица и лимон. Е сега,колку би траела таа светла нијанса? Дали за неколку недели ке ми се врати истава што сега ми е или ќе трае повеќе? Исто така додека ја осветлувам ќе треба повеќе третмани па дали може да го правам секојдневно на пример 4 дена по ред или така ќе ја уништам косава?
Ваквите третмани не се како оние со фарба или колор шампон и нема да ви „падне“ бојата, туку по одредено време нијансата ќе си се врати таква каква што си била на почеток и нема воопшто да се познава на пример кај коренот каде што подникнала косата. Немаат врска ваквите третмани и не се ориентирајте како кога би се фарбале. Плус, планирајте дека за да има ефект треба да се седи што подолго на сонце и тоа да се повторува минимум 5-6 пати за да се добие некој првичен ефект, па и не очекувајте којзнае какви осветлувања. Не ставате хемикалии, така да нема потреба од страв дека косата ќе се оштети, само внимавајте со лимонот зашто наводно ја сушел косата, ама со добар регенератор, маска или спреј би требало да е ок. Не е убаво да се прави неколку дена по ред, затоа што мора да се измие косата (инаку ќе лепи), а да ја миете секој ден и не е баш така добра идеја, освен ако не ви е премногу мрсна, па да мора да се обави и таа процедура.
Oсвен третманиве со лимон и камилица кои навистина делуваат, јас ви препорачувам и еден шампон, кој и те како помага, посебно ако сте светло кафени или па косата ви се прелива на плаво или светли бои. Има и регенератор и маска, јас сум задоволна, зашто ги истакнува моите светли премени,плус летно време со сонцево си има ефект. Не прави чуда ама делува, зашто тој шампонот што е за кафена коса ми ја боеше косата на уште потемно, а јас имам кафено-црвена коса(природно црвена само со текот на времето ми потемнува). Дефинитивно ми е поцрвенкаста како што би беше порано и прерасно мириса дека е со екстракт на камилица. За 98 денари шампон ипол.
Јас денеска дремев едно саат време на сонце со лимонот на коса. Гледав некако сонце да ме фаќа само на главата, затоа што имам алергија на сонце и кај се изнамачкав со креми со висок заштитен фактор, кај пак изгорев и алергијата ми се прошири. Сега сум цела црвена, затоа што црна да бев ќе беше премногу меинстрим. Мајка ми ја чекам да се врати од работа, и спремам говор во самоодбрана зошто го направив тоа. Е сега, после првиов третмачич, нема нормално некој резултат на косата, задутре продолжувам пак и тогаш има цела во скафандер да се пикнам, само косата надовр. И ќе пробам и со шампонов од Хипстер, нешто ќе комбинирам.
^ Има и уште еден шампон, More Blond Ги имам и двата користено и во мојот случај, бидејќи јас се фарбам плава, ми ја одржуваат бојата и не ми паѓа толку брзо како кога се мијам со обичен шампон. А бидејќи сум и природна плавуша , забележувам дека кога малку ми е подраснат коренот, шампонов ми го прави посветол. Има разни шампони и регенератори за плава коса, наменети и за фарбана и за природна руса коса. Имам користено и Кене, Еугене Перма (го имаат најдобриот силвер шампон против жолтило за плава фарбана коса), па се до поевтиниве како Балеа и можам да кажам дека сите добро си ја вршат работата
vaka ne se osvetluva so cimet voopsto da ne se laze nekoja samo mislis deka ti se osvetluva za toa so limonot ne sum sigurna zasto ne sum probala jas si koristam med i maska (regenerator) izmesano si stanas na kosata i sedis taka okulu eden cas kosata se zdrvuva i posle odma se mie iskreno kaj mene ima rezultati i toa go pravam sekogas pred banjanje kosata definitivno mi e i pomeka i posvetla a imam taka smegja kosa probajte ne e nisto stetno samo med stavate hhh pozz
Јас два дена поред ја мачкам косата со сок од еден лимон и иста количина вода и седнуувам на тараса на сонце едно 2 сати со другарка ми кафе пијаме и стварно има ефект - скептична бев но за една нијанса ипол ми е посветла - попладне пак ке пробам сакам уште малку посветла да ми биде