сакам да прашам колку често го користите овој спреј бидејќи пишува дека ја оштетува, па незнам на колку денови од прилика да го нанесувам?
Дали си го користела деколораторот ( за да знам со сигурност дека не ја оштетува косата), се употребува ли и за црна коса и колку пари е ???? Благодарам
Да,го имам користено и тоа на црна фарбана коса, ми ја извади фарбата и не ми ја оштети косата воопшто имам ставено и слики на темата бпјадисување на косата. Има внатре упатство како се става а го има во космо околу 800 ден
само еднаш имам нанесено сеуште не гледам многу разлика затоа прашав на колку време го нанесувале[/QUOTE]
Јас не би ти препорачала да ставаш од овој спреј зашто внатре има хидроген за да осветли косатс, ако па толку сакаш земи го ама не ставај често , 2-3 пати месечно
Само да знаеш немој да очекуваш којзнае колку да ти ја осветли косата, само ќе ти ја извади фарбата од косата а потоа можеш да се осфарбаш. Каква боја сакаш да се фарбаш потоа?
Вака женски, пред 10тина дена си решив сама на своја глава да земам и да си се офарбам (инаку имам светло кафена коса) па сакав 1-2 нијанси да ми биде псветла меѓутоа коренот ми излезе портокалов.. и размислувајќи како да најдам решение на проблемот, повторно на своја глава си купив чоколадна боја, бидејки сакав да ми биде потемна, незнаејќи дека тие нијанси содржат црвени пигменти, и си се офарбав и повторно грешка, коренот пак маваше накај црвено, а надолу косата убаво фатила... и така очајна си отидов на фризер да најдам спас и фризерката ми рече дека единствено решение е да пробаме со потемна фарба и така и направивме, ме офафба со некоја темна боја, костенлива но повеќе накај црна... и се беше океј се дур не почна да ми паѓа бојата после првото миење, до сега 3 пати се измив и коренот ми е некоја кафено-портокалова нијанса... а доле темна... (инаку косата ја мијам на 2 дена бидејќи многу ми се мрси)... е така сега имате ли некое решение, како можам да добијам кафеава боја без портокалови, црвенкасти пигменти..??.
Уф , ти многу бои си испоизмешала најголема грешка фризеркава што те офарбала скоро црна тој црвен пигмент скоро сите го имаме за жал , инаку можеш да пробаш од деколораторот Colorb4 со тој ќе ја извадиш црната боја ама нема да осветли нешто посебно и пак ќе ги има тие црвени пигменти или бланш што и ќе ја извади црната боја и ќе ја осветли косата ама бидејки веќе многу бои имаш испомешано најубаво е повторно да си оидеш на фризер таму да ти стават бланш па потоа да те исфарбаат во бојата што ја сакаш , зашто тоа темното многу тешко се вади а ако ставаш сама бланш може да ја оштетиш многу косата
Ама нели бојата после неколку миења паѓа и бланшот останува..да не бидам портокалова јас како што се мијам секој 2 ден... се заебав што се заебав сега незнам како да си ја опраам косава а и тие деколоранти имаат слични карактеристики како бланшот и хидрогенот? Дека слушнав и со хидроген се вади бојата
Најдобар начин, ефикасен и ефтин е да почнеш со осветливачот на коса од Балеа,го имам користено лани одкога плавата коса си ја направив кафеава. Потоа на кафеавата сакав омбре, но резултатите беа стварно повеќе од што очекував. Препорачувам, пробајте,ама не знам какви би биле резултатите на црна коса ..
Темната боја тешко се вади, дали ќе ставиш хидроген , бланш,деколоратор. и јас лани имав црна коса прво почнав со деколораторов сма бидејќи ми беше потоа црвено портокалова морав да ставам и бланш за повеќе да се осветли. Само со хидроген не сум пробала ама што и да ставиш косата ќе биде портокалова се додека не ја исфарбаш во др боја. Ако ставиш бланш многу повеќе ќе се осветли косата одколку да ставиш деколоратор или само хидроген. Јас би те советувала бидејки од бланшот може да се оштети косата доколку не се употреби како шго треба накубаво е да отидеш на фризер и по бланшот нека те офарбаат секако во посветла боја
и јас барам начин да ја осветкам косата, бидејќи ми е темно кафеава, а јас сакам да ми биде светло кафеава со некои посветли прамени ќе се обидам со спрејот од balea што го препорачаа феминките погоре, но да прашам дали некоја има искуство со спрејот ама на природна не-фарбана коса?
Јас го користев спрејот на природна коса и резултатите беа одлични. Косата ми се осветли за неколку нијанси (не ја ставав на целата коса, туку како омбре).
Девојки го има некоја пробано ова? Имам кафеава коса, пробувам да ја осветлам, светло кафеава ама 3 - 4 пати ставив плава и само на коренот ми фаќа, а не сакам да ставам бланш да не ја изгорам.
Oвoј прoизвoд незнaм дaли гo имa вo мк, a џaбе си ги фрлaш пaрите нa фaрби , oди нa фризер и некa те нaпрaвaт пa пoсле фaрбaј се дoмa нa темнa кoсa кaквa и фaрбa дa стaвиш џaбе е не фaќa. Или прoбaј гo декoлoрaтoрoт кoлoрб4
Го нема кај нас Sunkiss jelly-то. Јас го купив од Хрватска кога ми светна да си направам омбре и го користев некое време, забаталено ми е некаде. Не сум нешто посебно задоволна, треба многу миења и многу трпение додека да ја постигнеш посакуваната нијанса. Ако веќе сте решени да си ја осветлите косата, подобро купете фарба. Овие работи ми се само како залажување дека пробуваш да направиш нешто слично, со мисла дека нема да и` наштетиш на косата ... јеа рајт.