Не живеам во Мк, незнам, а овде го среќавам во продавниците, ми паќа во очи дека многу сакам да ја осветлам косата, а не ми се оди на фризер овде скапо е многу за шишање само, а за фарбање или нијансирање не сакам да помислам. Инаку кога ќе си дојдам во Мк точно знам кај ќе одам и што ќе правам со косава ама до тогаш не ми се седи вака шарена во главата затоа си експериментирам со фарбите
Сaмo блaнж или декoлoрaтoр прoбaј гo oвoј штo си гo нaшлa дoвoлнo е мaлку дa ти oсветли кoсaтa пa дa стaвaш пoсветли фaрби вaкa кoлку и дa се фaрбaш џaбе ти е
Да, мислам дека ќе го пробам, само ме интересираше некоја ако го има пробано да ми каже, да не е како колор шампон да не си давам пари за џабе.
Не е тоа како колор шампон, слично е како Балеа спрејот за осветлување и не се забележуваат резултати од прв пат. Потребно е повеќе од месец дена за да забележиш значителна промена, во спротивно косата изгледа како фатена од сонце. Ништо повеќе. Нема толку голем процент на хидроген во составот за да делува и драстично да ја осветли косата од неколку пати употреба.
А да ставам само надоле плава фарба? Има шанси така да се изедначи? Инаку сеа пред нова година се фарбав па нема да ми биде подрасната на корените и следниот пат кога ќе се фарбам пак да ставам плава ама на цела коса.
Не , немa дa се изеднaчи , тешкo се oсветлувa пoтемнa кoсa , aкo се oсветлувaше oд фaрбa никoј немaше нa фризер дa oди сите фaрби ќе стaвaвме. Земи си гo декoлoрaтoрoв прoчитaј кaкo се нaнесувa и пoтoa фaрбaј се вaкa ништo немa дa смениш
Женски ми требате за совет Сакам да ја осветлам косата со прамени. Мојата е темно кафеава и незнам дали ќе ми успее замислата, во спојлер ќе ставам слики од мојата коса и косата што сакам да ја добијам. Секој совет е добредојден Спојлер
Читам на многу сајтови пишува дека косата може да се осветли со чај од камилица па ме интересира дали сте пробале и какви биле резултатите, бидејќи пред неколку месеци пробав со витамин ц и добив наранџеста боја која страшно ме нервираше, Ве молам за совет се надевам ова со камилица не дава наранџеста боја. Веќе 4 години се фарбам црна и сега сакам да променам барем малку да ја осветлам но никако со хемикалии така да помагајтеее
И јас го имам истиот проблем веќе подолго време се обидувам да ја осветлам косата пробав се бланширав и резултатот беше кај црна кај црвена кај жолта поточно семафор и тотално ја уништив косата. И јас прочитав нешто со лимон со мед и со камилица се осветлува косата но треба да седиш на сонце така да чекај лето па пробај нема ништо штетно во ова и јас чекам сонце и ке висам со лимон у глава на тераса. Најважно е да не се откажуваш биди упорна сами сме криви што сме ставиле црна фарба
Не се oсветлувa кoсa ниту сo лимoн ниту сo цимет , лимoнoт мoже дoпoлнителнo дa тијa исуши и кoсaтa , незнaм зaштo се мaчите вaкa местo дa oдите нa фризер ти и сaмaтa си кaжa декa и сo блaнш не ти се oсветлилa кoсaтa a лимoни џaбе ќе стaвaте нa глaвa зa црнa фaрбa дa извaдиш сaмo нa фризер
Има еден спреј за осветлување на косата. Во ДМ го видов 170 денари беше, само не ми текнува како се викаше. Од темна кафена баш осветлена косата ја прави. Оди дури накај плаво. Многу другарки имаат пробано и се мислам сега и јас да пробам. На мокра коса напрскуваш од спрејот на целата коса и со фен ја сушиш. И колку повеќе ја сушиш толку повеќе ќе се осветлува. И спрејот паѓа исто како фарба што паѓа. Ќе пробам деновиве и се надевам ќе ми излезе нијансата која што си ја посакувам
Осветлувањето со камилица делува само кај девојките со природно руса коса, т.е. кај оние со многу светла коса. Во спротивно, освен сјајна коса, не очекувај никаква друга промена. Јас со години косата ја измивам со камилица и некои драстични промени не сум приметила, освен сјајност и освежување на мојата природна боја.
Со фарба тешко брзо да ја осветлиш. Секој фризер ќе то каже дека за брзо, бланш па после фарбај се или шатирање прамени како опција, па ти бирај !