И јас не сакам посебна соба за спиење, ама сакам посебна работна соба. И соба-теретана, неодамна низ муабет заклучивме дека ни фали таква просторија дома зашто нема кај да се вежба на раат. Се погоди цимер што не рчи, па преминавме на решавање други просторни прашања, тоа е. За спиењето што знам, воопшто не го романтизирам како чин, едноставно убаво ми е.
Сакам посебна соба, да се наспијам ко човек. Маж ми станува ноќе, де вода да пие, де до тоалет да оди
И маж ми знае да хрчи неподносливо, особено ако е многу уморен. Ама тој не може толку многу да хрчи колку што јас можам да го будам. Посебни соби за работа/активности би сакала и тоа како, посебна соба за спиење-не. И покрај тоа шо имаме различни навики за легнување/будење не си сметаме еден на друг. Кој е буден е во дневна, кој спие во спална.
Јас не би сакала посебна соба, ниту посебни кревети ама идниот маж веројатно ќе сака. Многу немирно спијам, зборувам во сон и не дека некој досега станал сред ноќ и се преместил (барем не сум осетила) ама гледано долгорочно напорно ќе му е. Инаку, не сум за спиење посебно. Работни соби или соби за некои активности ми се прифатливи ама спална една.
Баба ми и дедо ми секоја вечер легнуваат заедно, а после полноќ дедо ми секоја вечер ја брка баба ми да оди во дневна затоа што хрчела. И така веќе 30 години, баба ми после полноќ се мести во дневна. Ја прашав еднаш зошто дедо ми не го избркала барем еднаш. Ми вели од љубов, и он хрчел како моторна пила, ама не сакала да му каже, да не го навреди.Човекот е уверен дека не хрчи. Јас лично би сакала да спијам со маж ми. Порано спиевме заедно. Откако се породив имаше промени. -На почеток се менувавме, јас спиев сама тој со бебето кога беше слободен од работа, а кога одеше на работа јас со бебе он сам. - Потоа кога почнав на работа и јас немаше услови да се менуваме и си распоредивме тој што е рано наутро на работа да спие во дневна, а ако сме и двајцата прва смена заедно со бебето сите. -Имавме план за детска соба за конечно да спиеме како што треба, дете во детска соба, ние двајца заедно, ама детската соба ја пренаменивме за друго. Не можеме сите во спална веќе бидејќи детево го научив самостојно да спие во креветче. Не сакам да биде лепенка до мене како порано. Сакам мирен сон. А во спалната немаме простор да поминеме, а не креветче да сместиме. Сопругот е запнат кога е слободен да спиеме тројца на спална, ама искрено се плашам син ми да не изгуби навика да спие сам, па после кога ќе биде готова неговата соба да не можеме да го оставаме и да бидеме приморани да спиеме со него. Многу ја комплицирам знам, ама еден период син ми не сакаше да спие сам, со месеци се лепеше за мене. Ниту спиев ниту се наспав, премногу читав за СИДС и стегнав заби неколку недели ечеше цела куќа од бебешки плач, ама го научив сам да си спие во креветче. * Маж ми е како дете, тој период син ми ме бараше исклучиво мене. Значи и кога беше ред за маж ми да спие со детето он се согласуваше да спие залепен до малиот, ама син ми вриштеше додека не ме види мене. Тогаш маж ми целиот тажен викаше ај сите во спална да се гушкаме. Јас не сакав и уште не сакам. Ако спијам со маж ми сакам да спијам на раат, не на работ, не да добивам удари од сите страни. Сега пак немаме стално место за спиење. Се менуваме дневна/спална за со малиот, креветчето е во дневна уште. Вчера баш една пријателка ја прашував како спијат тие со 4 годишно девојче. Вели дека девојчето спие во кревет ама со татко и. Мајката сама се шири на спална. Јас замислував дека кога ќе биде готова детската соба син ми ќе спие сам, а ние на раат. Ама изгледа нема да е така во некое скоро време.
Јас би сакал што е можно повеќе купатила, бидејќи кај мене во соба освен што се пресоблекувам, ништо друго не правам. Ова ме изнасмеа.
Ми се допаѓа идејата и познавајќи се себеси вероватно и ќе имам. Не за спиење, како катче, ама може и кауч еден за секој случај
Демек секс имате само во брачен кревет. Знаете што значи да си константно ненаспан зашто едниот грчи, му смета светло не знам што како.. Море супер е идеата. Јас сум за посебни соби, да се изнаспие човек.
Been there done that, never again! Со екс-мажот 8 години спиевме во различни соби и живеевме како цимери. Сега посебни соби само entertainment rooms, за мене библиотека/читална за него game room толку. За спиење во посебни соби имаме паднато на муабет ни тој ни јас не сакаме да спиеме посебно, и не нема никаква врска со секс.
После 40 ка не посебна соба ќе посакате и посебен влез во куќа или посебен стан. Малку раат од сите понекогаш.Од пубертетлии што идат во ниедно време,траскаат врати и седат до сабајле ,од мажи кои ги фаќа средовечна криза а вас хормони до плафон.Посебна соба ама со звучна изолација и клуч од една страна само.
Јас би сакала посебна соба полна со книги и една удобна фотелја. За спиење сакам заедно, не сакам сама да спијам, супер ми е заедно.
Мислев сум единствен "чудак" што сака да има посебна соба со партнерот. Не верувам дека ќе издржам цел живот да спијам во ист кревет со некој . Плус сакам убаво да си отспивам, да се растегнувам и превртувам низ цел кревет. Сакам тишина и темница (телевизор уклучен дур се спие не доаѓа у предвид). А и башка тралалајките декорации низ соба .
Најдолго шо сум спиела заедно со дечко е одењето на одмор. После 2 дена не можам да трпам, а не сакам ни тој мене да ме трпи. Станат кутриот 3 сати не можи да мрдни. Ова ми важи за скоро се' во животот (пример не сакам некој да ме чека додека во соблекувална пробувам алишта, да ме чека да дојадам...). - За уредување сме многу различни, јас сакам хипи стил, тој повеќе модерно. Ова и не ми е толку проблем, поголем проблем е шо сакам се' да стои на местото кое јас ќе го изберам. Малку да отстапува се нервирам, а не можи некој да е роб на моите навики. Не само од естетски туку и од хигиенски аспект сакам да е по мое. - Жешко ми е да спијам со едно заедничко ќебе. Две ќебиња не, ми се берат на средина и пак ми е жешко. Терсене табиет сум, мајка ми принцезата на зрно грашок ме викаше. Уште од мала ми пречат работи. Мојата рутина да се сместам во кревет е 10 минути (да не ме стегат пижамите, да не е собран чаршавот, да не ме боцка косата) па ако мрдни тој до мене ааајде 10 одново. - Се будам и на најмал звук. Дечко ми не грчи многу ама кога грчи многу лоши работи му мислам. 《Офтопик - комшијата под мене грчи до степен шо ниедна изолација не помага, бункер можда. Имав гости еднаш се уплашија мислеа земјотрес има. Едвај чекам да е трета смена на работа да поспијам. Помош. 》 Работите погоре само мене внатрешно ми сметаат, не му се жалам на луѓето, да не речите не се живеј со ова. Така да, ДА за посебни соби.
Сосема ок би ми било да имам свое катче , онака кога сакам глава да одморам од се и од сите . Може да има и кауч некој за предремување , но ноќе кога спијам ( или како во случајов не спијам ) сакам да се гушкам , па претпочитам да спијам со мм до мене . Не е дека не ми смета некогаш неговото превртување и ползење по кревет , ама како сум изморена некогаш , мислам топ над глава да ми пука , нема да се помрднам не па да се разбудам . Оние ноќи , кога ме нервира неговото превртување , едноставно станувам ( за да ме нервира нешто треба да не ме фаќа сон , а не е дека цврсто спијам , но можам да толерирам галама до некој степен ) и си правам кафе ( и онака не ми делува , кога ми се спие , спијам како заклана кокошка ) и си седам додека не ме фати сон . Е коа ќе ме фати сон , може слободно нуклеарки да паѓаат , не би ми сметало .
Дали сакам да имаме посебни спални и посебно да спиеме, нееее.... А што правиме ако не е тинејџерка ни блиску до тоа, а верува во љубовни романчиња и вели не. Се шалам, не верувам во љубовни романчиња, ама во спиење ние двајцата заедно да, така ни е одлично, немам поплаки на таа тема. Инаку спалната ни е декорирана по моја замисла, а бела техника и секакви додатоци од таа категорија по негова, така да компромис во уредување и компромис во кревет, ни вришти спалната од зен. Е сега може да има некој позитивен ефект што е огромен креветот и просторот во спалната, некако не штедевме кога ја средувавме. Буквално се што сакавме си приуштивме да имаме во неа, што се не собира, како мини станче е. Ама да се надоврзам на мислењата на повеќето членки кои велат би сакале, еве пример од дедо ми и баба ми по мајка, тие не спиеле заедно. Си имале разделени спални соби, бидејќи жена и 4 деца секогаш било хаос во спалната, а тој имал многу одговорна работа и сакал да си е на раат и наспиен на мирно. Мене ова ми е чудно, ама ете се си има по светов и доколку партнерите си се така среќни и јас се радувам за нив што си нашле такво решение. Која како ќе си ја нареди работава за ова, ама ако партнериве се раководат од тоа дека жена е за дома, кујна, сплна и вц, додека си го пишувала ова ако си во кујната ете до тоа ќе да е, смени соба или стопан. Како беше онаа емисијана Мењам жену, село- град, увоз- извоз, па таму има место и во штала за спиење. Ме изнасмеа за мечето Ги ставив, се е по моја замисла во однос на декорација, дури и ѕидовите.
Не сум за посебни соби, не ни имаме услови за тоа. А и да имаме, не верувам дека би спиеле разделени. Барем засега не чувствуваме потреба да спиеме во посебни соби, а понатака ако дојде до тоа, еден би требало да се пресели во дневна. Ама колку еден кауч може да биде подобар од комоцијата на кревет во спална, не знам, но знам дека така никогаш не би биле наспани ко што треба, ако главната цел на таа одвоеност е да се наспие човек. Еве, деновиве поради сплет на околности не спиеме заедно, и не сме воопшто наспани. Среќа, краток период е.
Не дека е до комоцијата на каучот, ама да кревет си е кревет, поудобно е, само што празен кревет во друга спална и тој со него во нашата спална ми нема споредба. Мене спењето заедно ми има посебно значење, пиша некоја членка погоре е исто и јас така не дека го романтизирам како чин, ама важно ми е и ми прави да се чувствувам поубаво.