Мое и негово катче во различни соби би имала.Но,не би сакала да спиеме во различни кревети.Би сакала да го почувствувам дека е до мене,тука.
Се сетив на текстот од сликата, одвреме навреме да спиеш со тој шо го сакаш - мислам да. Ама ако ти грчи секој ден, тој ќе е причина за твојот стрес и неспиење (а то никако нема да го продолжи неговиот живот).
Јас станувам рано и хрчам на неа и смета тоа. Многу лесно спие и затоа спие во различна соба има осетлив сон а и покасно од мене си легнува. Јас можам да заспијам до неа и добро да спијам но таа не може затоа спиеме посебно.
Една заедничка спална, и две различни соби за “me time” . Секој има потреба од време за себе, мислам дека и помалце расправии и несогласувања ќе има со ова. Идеално, барем за мене.
Аууу! Маногу сакам. Спиеме башка со маж ми, повеќе од деценија. Многу ми е криво што не зедовме стан со една соба+. В дневна цело време ми се претерват и ми сметаат (ноќе седам, дење спијам)
Имам комшија си има своја работна соба, работи од комп. Еднаш случајно видов дека си легна во работната соба, не отиде во спална со жена му. Сосема е во ред секој да си има свој дел од домот кај што ќе ужива, релаксира, па дури и работна соба. За спиење не би спиел сам. Ако спијам сам што ќе ми е тогаш жена? Замисли водите љубов и после тоа секој во своја соба. Глупо. Како цимери да сме, убаво пишавте погоре.
Љубовта нема благе везе со здрав сон. Не значи дека не го сакаш некој, ако ти е потребно да се наспиеш. Ти, како биолог, би требало многу добро да го знаеш тоа. Кога спиевме заедно, ич не бев спана. Кога не спијам, анксиозноста ми е Х10 Поарно секој башка, отколку да се реметам цел живот, а јас ако се реметам и тој ќе биди реметен. Не. Се' си има свое место.
Вајлд спиј посебно, спиј заедно, твој проблем. Ама ако партнерот хрчи треба да се засекираш, а не само да отидеш на кауч. Под тоа мислев - дека многу си ги сакате. Да им речете доктор да видат. Не за спиењето заедно. Ако хрчи ептен ретко може да е само случајно лоша поза. Ако е нонстоп у секоја поза за спиење...ај да не кажувам другото. И хронично хрчење може да ти заебе цело здравје, не само врската или бракот. Ваљда се разбравме.
Абе види, јас кога се замислувам во иднина пример со посебни соби, не сметам дека би постоело некое цврсто правило секојпат да спиеме одделено. Знаејќи се себе, повише би ми доаѓало заедно да спиеме, отколку не. Така и после секс, мислам дека природно со гушкање ќе заспиеме заедно. Нема да се осеќам ко гост во негова соба сигурно. Ама самото тоа ко опција е супер.
Се потсетив на почетоците кога почнавме врска со маж ми и дојде време да одиме заедно на викенди, одмори и слично. Луѓе златни типов спие ли спие, јас цела вечер стражарам око не можев да склопам. Не бев навикната некој да спие до мене, боже пази ме нервираше и неговото дишење дури. Па уште ми вели тој и до шишарка да сум го оставела, ќе си заспиел без мака Моментално спиеме на одвоени кревети ради горештиниве, бидејќи тој уште си се покрива со ќебе (и тоа зимско!), а јас сакам да спијам со отворен прозор Плус тој си станува на сабајле многу рано, а јас сум спанка и мразам и се лутам многу кога некој ме буди. Од друга страна, јас седам до касно навечер и гледам Нетфликс, а тој треба да стане за на работа другиот ден. Греота е да му прекинувам сон и да замарам со серии, а да знам дека треба да е наспан убаво. На зима ќе си се префрлиме пак заедно Според мене убаво е да се има некоја соба така како man/woman cave каде што ќе си го имате цел простор само за вас, без разлика дали е соба за gaming, walking closet, make-up катче, мини винарија, затвор Некогаш му треба на мозокот малку рестарт од секојдневието и сметам дека е баш здраво да се одвои такво време за себе.
Јас знам за кое другото пропушташ да пишуваш, може со право го скокаш, а може и не, бидејќи ако не знаат треба да се едуцираат и да им се каже. Ама заедници во кои побитен е комодитетот наместо да се помогне и реши проблемот од корен, особено кога е од областа на здравствен проблем еве вака ќе ги читаме по темава. Инаку апсолутно се согласувам за тоа дека треба да се има здрав сон и со тоа од сликата на погорниот коментар, ама пишав и што мислам во ситуација на озбилен здравствен проблем. Е сега ако на некој здрав сон му е спиење во различни кревети и соби немам јас ништо против тоа.
Ние во моментов имаме посебни соби за занимација. Он неговата со компјутер, сони и остали играчки-ја мојата со справи за вежбање односно wanna be домашна теретана (едно време зборевме walking closet да ја правиме ама сега за сега е теретана). Е имаме 1 спална и спиеме заедно освен ако некој од нас не заспие во дневна. Иначе многу битно у куќа се 2 вециња, да не беа ќе се заколевме до сеа и 2 телевизори он на неговиот фудбалот ја на мојот сериите. Среќа не хрчи често, дали 2-3 пати до сеа коа бил ултра уморен, али не се трпеше луѓе ми идеме у вц у када да спијам само да не го слушам. Така да ги разбирам тие што нејкат да спијат со партнерот кој хрчи цела ноќ. Тоа е реално хорор и мачење.