Во стан, ама прилично голем е башка дуплекс е. Детето спие со нас во спална пошто е мало (година и 8 месеци) за своја соба, башка се буди навечер и жива мака би ни било да е во посебна соба па да треба да стануваме на секое нејзино кенкање а и може да не ја слушнеме. Здравје ко ќе пркне една од собите ќе биде нејзина а ние ќе си ги делиме "луксузите".
Некој мудар некогаш рекол: Ако го сакаш некого остави го да спие. Стварно не гледам што е спорно во ова ако е по договор на двајцата партнери. Јас како некоја што буквално цел живот спиела сама од бебе многу ми е тешко да спијам со некој во ист кревет. Со бившиот кога ќе спиевме заедно по одмори, викенди и сл. во 90% од случаите бев ненаспана и нервозна и многу се воздржував да не го исклоцам од кревет на под. Мене ми треба целосен мрак и тишина за добро да спијам. Имам лесен сон и не можам да поднесам ниту некој да ми диши гласно до мене, не да хрчи. Ете таква сум, терсене. Можам цел ден да се гушкам, да водам љубов и се, ама кога ќе дојди време за спиење stay away from me. И до мене е тоа, без разлика дали го прифатил некој тоа или не така функционирам. Не ми смета да сме во иста соба цел ден, ама за спиење сакам сама да сум.
Јас би посебни соби за некогаш, па и плус гарсоњера една би. Секој има право да почувствува дека сака да е сам, и од деца и од маж или жена. А, јас како човек што е импулсивен со краток фитил и т'нк нерви имам почесто потреба да издишам сама. Така што, големо ДА
Освен за имање секс или одење по свадби. Тогаш мора други да ти кажат **** Бтв на темава ако дојде ред да не можеме во иста соба да спиеме, раскинување ќе му е само мајката. Дури и развод ако треба.
Вака како катче, да. Да се одвојам во тек на ден, нешто да правам што сакам. За спиење, не. Не сакам да спијам одвоено од мм.
Па еве на пример маж ти не може да спие, има несоница, лесен сон, ти тропаш и си гласна, легнуваш касно...пример...одма развод а? Освен ако не се мразите, па од таа причина да спиете одвоено, за други причини не знам зошто би се разделиле.
Доколку постои можност, убаво е секој да си има своја соба, без разлика дали само како катче или ќе има и кревет внатре. Едноставно на секој во одреден период му треба тоа време за себе и на секој различно нешто убаво му влијае. На некој му годи спиењето заедно, на некој не. Ни првите се категоризираат во романтични, ни вторите во цимери, затоа што и во двата случаи има исклучоци кога се спие разделено или заедно. Сите сме различни, кој како му е најубаво, така ќе функционира.
Ако со некој не можеме да се погодиме за толку битна работа, не сме еден за друг. Како што за немање секс се разделуваат, и за ова јас би.
Абе многу побитни работи има во врската/бракот од тоа да имаш посебна соба кај што ќе можеш да одмориш и правиш работи што ги сакаш, ама како сакате вие. За некои врската е само секс, а за други многу повеќе од тоа, како на пример грижа за партнерот
Ако не ме остави да се наспијам, ќе го мразам богами. Глуп пример, јас сакам да спијам во темница, со темни завеси. Летно време се разденува во 4 сабајле, тој сакал без темни завеси. Или не знам, тој спие со отворен прозор, да му цивкаат пилињата сабајле, мене ме будат во 5 ѓубреџиите со контејнерите. Значи, да спремам папирите за развод, нема друго
Со сигурност би имале свои катчиња, работна соба/релакс соба само за себе, да и правиш што сакаш и да правиш што сакаш во неа. Ама ќе имаме една спална соба. Сакам интимност и сакам контакт, затоа имам и партнер, а и спална соба. Што се однесува до трескање и секакви шумови, од животов во згради научив едно нешто- кога ќе поседувам сопствено живеалиште ќе има звукоизолирачка изолација на целиот простор, и одделно на спалната. Тоа ќе биде а маст. Е уште не сум измислила начин за да спречувам навлегување на мириси однадвор, ама имам време да го решам и тој проблем. Јас немам проблем со гужва, и галама, и трескање ако е со осет и во нормални часови. Но сум уште поголем сакар по тишина. Затоа ја сакам ноќта, тогаш е најтивко. И по принцип се будам рано, но има варијации на тоа "рано" во зависност од денот. Оти по принцип рано е 6,30 за работа, но рано е и 9 за викенд. Разликата е во тоа што не сум гринч наутро. Станувам и почнувам. Ако имам потреба од повеќе време да се расонам молчам и зборувам по потреба, инаку се е точно.
Имам спиено и сама и со партнер. Избор е сама. Нејќам да ме пипка никој, да ми диши во врат, абе една рака на мене ќе префрлеше и се будев. Делење ќебиња не доаѓа во предвид, евентуално кинг сајз кревет да не се пипаме освен по потреба
Ние сега за сега сме сите 3 на спална. Син ни во средина. Секој си има посебно кебе/ фортирка. Огромна е спалната и не си сметаме. Имаме уште 2 детски соби, од кои едната е на синко полна со играчки, другата е со голем плакар и работна маса. Ама поубаво ми е да работам во дневна, поубаво е средено. Не ми смета да спиеме заедно, јас цврсто спијам. Маж ми ако сака нека си бега во дневна.
Ти си ми сродна душа. И јас би и посебен стан да имам, мал, за да им кажам одам на пат и да гледам серии 2 дена со сладолед и пица Супер ми е идејата за посебни соби. А да, гледам муабет ако не може да се трпите да спиете заедно треба да раскинете, нема врска. Некои луѓе едноставно се такви, сакаат одвоени моменти, време за себе, не знамчи дека тоа трае вечно,ама сметам дека на секој човек му е потребна пауза од рутината. Има и такви врзани ко црева цел живот, па не се посреќни од други парови кои имаат потреба за време за себе. Така да, секој да си прави како што сака, т.е. како што може, пошто јас мислам ќе немам пари за две спални
Можеби сме уште млади и немаме проблем со рчење, но кога спијам со него ми е најубаво. Не сакам посебни спални соби. Ако почнеме да рчиме на старост, можеби ќе сменам мислење.
Идејата ми е од Сексот и Градот кога Кери си ги задржа станчето...неостварен сон засекогаш, во филм живеам ептен