А каква врска има грижата за партнерот со одвоен простор спиење или со време за себе поминато на страна во своја соба? Како во спиење се грижите за парнерот? Го пазите да не падне од кревет Да речеше интимни моменти и слично ок, пошто разбирам дека некои се посклони на мазење, ама каква грижа во спална еве не знам.
Мислењето е посветено на членката која што напиша дека ако не спиела во иста соба со партнерот подобро да се разделат. Истата членка на која што во други теми пишува дека не ѝ е гајле за партнерот
Ееј, не ме игнорираш? Затоа не те тагнав. Во онаа тема ги игорираше моите реплицирања. Дали не ти одговараат што знам. Нема тука да ти цитирам од другата тема какви глупости пишуваше, ама судејќи по ова што го пишуваш на тебе ти е битно само сексот со партнерот, а за останатото јок. Јбг не се сите како тебе. Зошто бришеш бе?
Еве мм дека е опседнат со хорор филмови и често го бркаат демони и вештерки во сон и рипа и зборува нешто као демек е во борба..и јас тука морам да се грижам и да му свикам АЛОООООО и една клоца во потколено. Егзорцизам, иначе ќе ми се опседне
Земете си мачки за спиење. Не хрчат. Зимно време топлат. Предат и така намалуваат стрес. Отарасете се од мажот денес. За повеќе совети за мирен сон, заследете ме. Или лајкнете.
Е многу убаво ќе направеш што ќе го исфрлеш како да не е он човек како да сака да рчи па ќе го исфрлаш во гаража
Еднаш јас имам паднато од кревет, еднаш тој. Во различни периоди и баш ко спиевме заедно Не успеавме да се довардиме
Od tie prichini bash e preporachlivo posebno da spiete. Normalno kje padnesh od krevet, ko nema dovolno mesto. Fizika Sote, chista fizika
Не бе чоек. Кинг сајз ни е спалната. За него, не памтам точно, оти падна... пред 10 години беше, ама јас летово се акнав. Сонвав дека бегам од некој/нешто, а во реалност ми беше жешко... напокриена... и во обид да избегам од кебињата, а и тоа во сонот и се џитнав од кревет. А на викенд бевме, на втор спрат во вила со дрвен под... сабајлето, цело друштво збораше за мојот 'храбар подвиг' во 4 сабајле
Чоек, не ми ја уништувај поентата сега со небитни детали. Разбрав дека од втор спрат на кревет си паднала , па препрочитував дур разберам
После 10 години брак и претходно 2 години заедничко живеење, можам да ти кажам дека преферирам заедно да спиеме. На секој му треба свој простор и време за себе, ама спиењето заедно, е време за двајцата. Моментите пред спиење, гушкањето во текот на ноќта, будењето заедно наутро, мене лично ми се убави, затоа што откако сме со деца, тоа е времето само за нас. Ако го нема ни тоа, баш ќе бидеме само другари кои живеат заедно и имаат заедничка одговорност околу децата. Кога ќе земеме предвид дека двајцата сме на работа, некогаш и во различни смени, после дома со домашни обврски и околу децата, некако со одделното спиење, би се осеќала како да се доразделуваме уште повеќе. Инаку имаме работна соба, ама баш само за работа ја користиме, за одмарање таму потешко. Одмор и луфтирање мозок, исклучиво надвор. Мислам, тоа е кога имаш мали деца
Ништо поубаво нема од тоа кога човек ќе си се наспие сам и на раат. И најмал шум ми пречи а не некој да ми хрчи по цела ноќ. Дури и длабоко дишење ми пречи и нема шанси да заспијам. А многу ме нервира тоа дур јас гледам во таван и неможам око да склопам некој да си спие. Рај си е посебна соба, спиење и интимност нема врска едно со друго. Секој кој има услови за поголемо живеалиште каде има соба само за себе треба да е среќен.
Ние уште сега на почеток на врска функционираме така што си спиеме во различни кревети, супер ни е, и многу сме блиски, ама за спиење, секој посебно, и мене искрено да кажам ми годи да си спијам сама затоа што мува да ми прелета над глава, би се разбудила, кога некој ме буди доволно е еднаш да ме допре на рамо и да рече Нина стани јас ќе станам одма, лесен сон имам многу..
Не би можела јас вака да функционирам, во принцип сум голема маза и сакам да се гушкам. Често среде ноќ се будам и се пикам во мм да го гушнам бидејќи се осеќам посигурно. Откако се породив првите два дена мм спиеше во дневна ради малиот, да не го буди со р'чење и со алармот насабајле, ама и тогаш не додржав без гушки и го вратив во спална.
Да имав можност би сакала посебни соби за хоби и свое катче за разбистрување мисли рекреација и како што кажав за хоби секој во своето да ужива во мирот но за спиење не. Научени сме да спиеме заедно и поинаку не можеме да функционираме.